МИРЧЕВ, Димче Ѓошев

МИРЧЕВ, Димче Ѓошев (Велес, 13. Ⅺ 1913 – Кавадарци, 6. Ⅳ 1944) – револуционер, организатор на НОБ во Велес, народен херој. Член на СКОЈ (од 1933) и на КПЈ (од 1935). Организатор на повеќе работнички штрајкови (1936 – 1941) во Македонија и во Димче Мирчев Србија. Повеќе пати бил затворан. Во 1941 г. активно се вклучил во подготовките за оруженото востание. Бил член на Воениот комитет при МК на КПЈ за Велес, организатор за формирањето на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ (април 1942) и замениккомандант на Одредот (од септември истата година). По разбивањето на Одредот (1943) преминал во илегалност, а од февруари 1944 г. заминал на работа во Кавадарци, како секретар на ОК на КПМ за Кавадарци. Загинал во судир со бугарската полиција. ЛИТ.: Велешки партизански одред 1942, Скопје, 1999; Ѓорѓи Малковски, Животниот и револуционерниот пат на Трајко Капчев, ГИНИ, ЏЏИЏ, 1–2, Скопје, 1985. Ѓ. Малк. Ефтим Мирчев