МАКЕДОНСКИ ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ

МАКЕДОНСКИ ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ (Женева, швајцарија, почеток на 1899) – комитет основан од македонски интелектуалци, студенти на тамошните универзитети, по иницијатива на д-р Георги Капчев, за да ги претставува интересите на Македонија. Централниот комитет објавил „Апел до заштитниците на човековата совест, праведноста, мирот и човечноста“ (12. И 1899) за да се спаси македонскиот народ од ужасниот… Continue reading МАКЕДОНСКИ ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ

МАКЕДОНСКИ, Димитар Василев

МАКЕДОНСКИ, Димитар Василев (с. Емборе, Кајларско, Егејскиот дел на Македонија, Грција, 1847 – Истанбул, 20. Ⅱ 1898) – македонски учебникар, учител, општественик и публицист. По основното грчко образование во родното село, оди кај татка си во Цариград и учи во Големото народно училиште, во Грчко-францускиот лицеј и во Бугарското Димитар Македонски училиште. Објавува три учебника… Continue reading МАКЕДОНСКИ, Димитар Василев

МАКЕДОНСКИ, Кирил

МАКЕДОНСКИ, Кирил (Битола, 19. И 1925 – Скопје, 4. Ⅵ 1984) – Кирил Македонски композитор. Музичка академија (композиција) студира првин во Загреб (К. Одак), а дипломира на Музичката академија во Сараево (И. Бркановиќ, 1959). Магистрира на Музичката академија во Љубљана (Л. М. шкерјанц). Потоа работи како професор во Битола и во Скопје на Педагошката академија… Continue reading МАКЕДОНСКИ, Кирил

МАКЕДОНСКИ, Славе

МАКЕДОНСКИ, Славе (с. Железница, Малешевско, 24. Ⅱ 1931 – 2002) – поет, раскажувач, драмски автор, публицист, издавач на весници и списанија; истакнат и мош-Димитрија Чуповски (1917) не плоден писател од Пиринскиот дел на Македонија, којшто пишувал на бугарски и на својот роден осоговски дијалект, како и на руски јазик. Подолго време живеел во гратчето Елин-Пелин,… Continue reading МАКЕДОНСКИ, Славе

МАКЕДОНСКИЈ ГЛАСÎ

МАКЕДОНСКИЈ ГЛАСÎ (ЛА ВОИЏ ДЕ ЛА МАЦÉДОИНЕ)“ (Солун, 5. И 1885 – 1887) – прв македонски весник, орган на македонската емиграција во Бугарија. Основачи и издавачи биле Димитар Ризов од Битола и Илија Ѓоргов од Велес. Објавени се вкупно 35 броја. Весникот „бара од големите сили најитно реализирање на членовите 23 и 62 од Берлинскиот… Continue reading МАКЕДОНСКИЈ ГЛАСÎ

МАКЕДОНСКИЈ ГОЛОСÎ

МАКЕДОНСКИЈ ГОЛОСÎ (МАКЕДОНСКИ ГЛАС)“ (С.-Петербург, 9. Ⅵ 1913 – Петроград, 20. Ⅺ 1914) – „Орган на приврзаниците на независна Македонија“. Списанието го уредува Редакциски совет на Македонската колонија во руската престолнина. Издавач Д. Д. Павле-Чуповски, а одговорен редактор И. П. Кулезнев (во последните два броја Д. Д. Архангелски). Најавено е дека ќе излегува „од еднаш… Continue reading МАКЕДОНСКИЈ ГОЛОСÎ

МАКЕДОНСКО АЛГОЛОШКО ДРУШТВО

МАКЕДОНСКО АЛГОЛОШКО ДРУШТВО (МАД) – невладина организација формирана во 2000 г. на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со цел да се промовира алгологијата како наука во Македонија, за едукација на младите, за организирање научни и стручни собири, печатење публикации и слично. Прв претседател е проф. Светислав Крстиќ. Св. К.

МАКЕДОНСКО АРХЕОЛОШКО НАУЧНО ДРУШТВО

МАКЕДОНСКО АРХЕОЛОШКО НАУЧНО ДРУШТВО – асоцијација со професионално членство, формирано како Археолошко друштво на СР Македонија на 28. Ⅺ 1970 г. во Прилеп. Прв претседател бил Бошко Бабиќ, а потоа: Саржо Саржоски, Вера Битракова-Грозданова, Паско Кузман, Костадин Кепески, Драги Митревски, Воислав Санев и Ирена Настева Колиштркоска. Основните статутарни определби му се: да ја следи, да… Continue reading МАКЕДОНСКО АРХЕОЛОШКО НАУЧНО ДРУШТВО

МАКЕДОНСКО ДЕЛО

МАКЕДОНСКО ДЕЛО“ (Виена, Париз и Берлин, 10. Ⅸ 1925 – 25. Ⅴ 1935) – весник, орган на ВМРО(Об), на бугарски јазик. Бил покренат со помош на Балканскиот револуционерен центар во Виена, со цел да ги популаризира принципите на Мајскиот манифест (6. Ⅴ 1924). Излегувал на 10 и 25 во месецот. Редакцијата ја сочинувале: Јордан Анастасов,… Continue reading МАКЕДОНСКО ДЕЛО

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (Женева, швајцарија, 1916–1919) – друштво основано со цел да дејствува за независност на Македонија и во функција на тоа да работи за запознавање на европското јавно мислење, особено пред и во времето на одржувањето на Мировната конференција. Активни членови на Друштвото можеле да бидат само Македонци, без оглед на… Continue reading МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО НА БОРЦИТЕ од Втората светска војна

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО НА БОРЦИТЕ од Втората светска војна (Торонто, Канада, 1983 >) – друштвото е член на Канадската лига на ветераните. По поделбата (1989), се основани две самостојни македонски боречки друштва со истото име. Ги слават националните и другите празници на Македонија и на Канада. Сл. Н.-К. Страница од Македонското евангелие на поп Јован

МАКЕДОНСКО ЕВАНГЕЛИЕ НА ПОП ЈОВАН

МАКЕДОНСКО ЕВАНГЕЛИЕ НА ПОП ЈОВАНмакедонски ракопис од крајот на ⅩⅠⅠ – поч. на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Се чува во Архивот на ХАЗУ, Загреб, сигн. Ⅲ ц 1. Ракописот $ припаѓа на Михановиќевата збирка (бр. 33). Има 133 пергаментни листови. Името на ракописот е по приписката на поп Јо-ван на л. 17в. Јазичните особености на… Continue reading МАКЕДОНСКО ЕВАНГЕЛИЕ НА ПОП ЈОВАН

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА НЕФРОЛОГИЈА, ДИЈАЛИЗА, ТРАНСПЛАНТАЦИЈА И ВЕШТАЧКИ ОРГАНИ

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА НЕФРОЛОГИЈА, ДИЈАЛИЗА, ТРАНСПЛАНТАЦИЈА И ВЕШТАЧКИ ОРГАНИ (МЗНДТВО) – формирано на 1. Ⅸ 1991 г. во Скопје заради интердисциплинарно интегрирање на стручњаците од разни профили во изучувањето и попречувањето на бубрежните болести и создавањето вештачки органи. Прв претседател е д-р М. Х. Поленаковиќ. Првиот конгрес е одржан од 7 до 10. Ⅹ 1993… Continue reading МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА НЕФРОЛОГИЈА, ДИЈАЛИЗА, ТРАНСПЛАНТАЦИЈА И ВЕШТАЧКИ ОРГАНИ

МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ

МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ“ (Софија, И, 1, 14. Ⅵ 1932 – Ⅲ, 31, 1. Ⅶ 1934) – орган на македонската прогресивна емиграција во Бугарија. Неофицијален неделен орган на ВМРО(Об) што се појавува по киднапирањето на Симеон Кавракиров од михајловистите и претставува најширок израз на македонската национална мисла, против фашизмот во македонското движење и за Балканска федерација. Излегува… Continue reading МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ

МАКЕДОНСКО ЛЕКАРСКО ДРУШТВО

МАКЕДОНСКО ЛЕКАРСКО ДРУШТВО (МЛД) – здружение на лекарите од Македонија. Основано во 1945 г. Прв претседател бил д-р Б. Спиров, проф. по историја на медицината на Мед. ф. во Скопје. Главен носител е на континуираната медицинска едукација во Македонија. Ја унапредува медицинската и сродните науки, го чува угледот на лекарската професија и ги штити интересите… Continue reading МАКЕДОНСКО ЛЕКАРСКО ДРУШТВО

МАКЕДОНСКО МИКОЛОШКО ДРУШТВО

МАКЕДОНСКО МИКОЛОШКО ДРУШТВО (ММД) – невладина организација формирана во мај 1998 г., со седиште во Институтот за биологија при Природноматематичкиот факултет во Скопје. Има основна цел да ја проучува разновидноста на габите на територијата на РМ и да се грижи за нивната заштита. М. К.

МАКЕДОНСКО НАУЧНО-ЛИТЕРАТУРНО ДРУГАРСТВО

МАКЕДОНСКО НАУЧНО-ЛИТЕРАТУРНО ДРУГАРСТВО ВО С.-ПЕТЕРБУРГ – најзначајната македонска национална и научно-културна асоцијација во периодот до Ослободувањето, што се зема и како историска основа на МАНУ. Основано на 28. Х 1902 г. во С.-Петербург од 19 потписници од сите краишта на Македонија (К. Мисирков, Д. Чуповски, Г. Константинович, Д. Мишајков, С. Дедов, М. Стоилов и др.).… Continue reading МАКЕДОНСКО НАУЧНО-ЛИТЕРАТУРНО ДРУГАРСТВО

МАКЕДОНСКО НАУЧНО-ЛИТЕРАТУРНО ДРУГАРСТВО ВО СОФИЈА

МАКЕДОНСКО НАУЧНО-ЛИТЕРАТУРНО ДРУГАРСТВО ВО СОФИЈА – филијала на МНЛД во С.-Петербург, основано од К. Мисирков и Ст. Дедов во Софија (23. Ⅺ 1903). Меѓу членовите основачи се десетина интелектуалци, но и револуционерите Д. Мирасчиев и Ј. Ангелов, а се очекувало да му пристапат „и некои од лидерите на Организацијата“. Меѓутоа, само по два дена бугарската… Continue reading МАКЕДОНСКО НАУЧНО-ЛИТЕРАТУРНО ДРУГАРСТВО ВО СОФИЈА

МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ ВО КАНАДА

МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ ВО КАНАДА (1972) – политичко движење со центар во Торонто, основано со цел да работи и да се бори со сите средства за национално ослободување и обединување на Македонија во самостојна македонска држава. Се застапувало за осамостојување на СР Македонија и како независна неутрална демократизирана и зацврстена да го изврши обединувањето на… Continue reading МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ ВО КАНАДА

МАКЕДОНСКО НУМИЗМАТИЧКО ДРУШТВО

МАКЕДОНСКО НУМИЗМАТИЧКО ДРУШТВО. Македонското нумизматичко друштво е основано во 1972 год. во Скопје и под тоа име фукнкционира до 1996 год. кога се пререгистрира и продолжува да работи под името Нумизматичко друштво „Паионон“ Скопје. Друштвото е сновано како доброволно здружение на граѓани и денес брои осумдесетина активни членови. Основни цели на друштвото се популаризацијата и… Continue reading МАКЕДОНСКО НУМИЗМАТИЧКО ДРУШТВО

МАКЕДОНСКО ПРОГРЕСИВНО ДВИЖЕЊЕ ВО АРГЕНТИНА

МАКЕДОНСКО ПРОГРЕСИВНО ДВИЖЕЊЕ ВО АРГЕНТИНА (1932–1939). Почнало со основањето на првата Македонска прогресивна група во Буенос Аирес (почеток на 1932), со цел да ги обедини македонските иселеници во Аргентина „под чистото знаме на македонскиот револуционерен идеал издигнат од Гоце Делчев за национално ослободување на Македонија и идеалот на новото македонско националноослободително движење ВМРО(Об), ослободување и… Continue reading МАКЕДОНСКО ПРОГРЕСИВНО ДВИЖЕЊЕ ВО АРГЕНТИНА