МАКЕДОНСКО АЛГОЛОШКО ДРУШТВО

МАКЕДОНСКО АЛГОЛОШКО ДРУШТВО (МАД) – невладина организација формирана во 2000 г. на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со цел да се промовира алгологијата како наука во Македонија, за едукација на младите, за организирање научни и стручни собири, печатење публикации и слично. Прв претседател е проф. Светислав Крстиќ. Св. К.