ЛИСАБОНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА

ЛИСАБОНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА – популарен назив на Декларацијата на Европскиот совет на ЕЗ за поранешна Југославија (27. Ⅵ 1992), во која се изразува подготвеност за признавање на „ПЈРМ” во рамките на нејзините постојни граници, во согласност со Декларацијата од 16. Ⅻ 1991 г., под име што не го содржи поимот Македонија. ИЗВ.: Декларација за Југославија, 27.… Continue reading ЛИСАБОНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА

ЛИСИМАХ

ЛИСИМАХ (Лѕсимацхос) (Пела, ок. 350 – Куропедион, во Лидија, 281 пр.н.е.) – македонски великодостојник, соматофилакс на Александар Ⅲ Македонски и еден од дијадосите по неговата смрт. Ги добил на управување Тракија и полуостровот Херсонес. Подоцна ги завладеал хеленските колонии на западниот брег на Црното Море и ја проширил територијата до утоката на р. Дунав. Учествувал… Continue reading ЛИСИМАХ

ЛИСИЧАР, Петар

ЛИСИЧАР, Петар (Блато, о. Корчула, Хрватска, 14. Ⅱ 1908 – Сплит, 1987) – универзитетски професор, истражувач на античкото минато на Рим, Грција, Египет, Стариот Исток. Докторирал на Филозофскиот факултет во Белград (1951) на тема „Црна Коркира и колониите на античките Грци на Јадранот” (Скопје, 1951). На скопскиот ФФ предавал општа историја на стариот век со… Continue reading ЛИСИЧАР, Петар

ЛИСИЧАРКА

ЛИСИЧАРКА . (Цантхареллус цибариус Фр.) – една од најзастапените видови габи. Расте во иглолисни и листопадни шуми. Една е од најексплоатираните кај нас. М. К. Станке Лисичков

ЛИСИЧКОВ, Станке

ЛИСИЧКОВ, Станке (с. Логодаш, Горноџумајско 29. IX 1913 – Горна Џумаја, Бугарија, 20. Ⅷ 1942) – револуционер-комунист, еден од првите партизани во Горноџумајската околија. Со незавршена гимназија станал професионален револуционер. Бил секретар на Околискиот комитет на БКП за Горноџумајската околија, член на Окружниот комитет (1936), апсен и осуден (1937), борец во партизанското движење во Пиринскиот… Continue reading ЛИСИЧКОВ, Станке

ЛИСКУНИ

ЛИСКУНИ – силикатни минерали што релативно често се појавуваат во природата. Кристализираат моноклинично, а кристалните облици се обично псевдохексагонални. Имаат совршена цепливост по моноклинична база. Според хемискиот состав се разликуваат повеќе типови, од кои најзначајни се: мусковит (калиумски лискун), парагонит (натриумски лискун), флогопит (магнезиумски лискун), биотит (магнезиумскожелезен), лепидолит (литиумски), цинвалдит (литиумско-железен). Бојата на лискунот зависи… Continue reading ЛИСКУНИ

ЛИСНИ ВОшКИ

ЛИСНИ ВОшКИ (Апхидидае) – мали паразитски еднаквокрилни инсекти. Се среќаваат по листовите на разни видови растенија, четинарски и листопадни дрвја. Имаат голема репродуктивна способност. Во Македонија се среќаваат лисни вошки што цицаат растителни сокови од различни видови домаќини, како ружина лисна вошка (Мацросипхум росае Л.), праскина лисна вошка (Рхопалосипхум персицае Л.), јаболкова вошка (Сцхизонеура ланигера… Continue reading ЛИСНИ ВОшКИ

ЛИТ и ИЗВ

ЛИТ и ИЗВ.: НБКМ-БИА, ф.: 641, оп.1, а.е. 16, л. 95; Борбите в Македони® и Одринско 1878–1912 – Спомени, Софи® 1981. Ал. Тр.

ЛИТИ, Абдурахман

ЛИТИ, Абдурахман (с. Желино, Тетовско, 1945) – правник, амбасадор на Република Македонија во РБ. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1969). Се вработил во Градскиот совет и подолго време останал на работа во Собранието на Општината во Тетово (1969-1988). Како претседател на Комитетот за здравство и социјална политика, поради залагање за поголеми политички права на… Continue reading ЛИТИ, Абдурахман

ЛИХНИД

ЛИХНИД (ЛуцнидÁВ, Лѕцхнидус) – градот Охрид, на брегот на Охридското Езеро, спомнуван од Диодор (Диод. ⅩⅤⅠ, 8), кога Филип Ⅱ ја освоил оваа област. Градот се спомнува од Ливиј (Лив. ЏЏВИИ, 32, 9), кога локалниот водач Ероп го одзел од власта на Филип В. Една од најпознатите населби во Дасаретија (Горна Македонија), која се спомнува… Continue reading ЛИХНИД

ЛИЧАУЕР, Виктор

ЛИЧАУЕР, Виктор (Литсцхауер, Виктор) (1879–1939) – австриски ботаничар и миколог со светско реноме, кој дава значаен придонес во проучувањето на кортикоидните габи, посебно од родот Томентелла на шар Планина и Кораб. М. К. Лазар Личеноски (автопортрет)

ЛИЧЕНОСКИ, Лазар

ЛИЧЕНОСКИ, Лазар (Галичник, 28. Ⅲ 1901 – Скопје, 10. Ⅳ 1964) – Л. Личеноски: „Натфрлување со камен” положниците на македонското модерно сликарство. Имал голема улога и влијание врз развојот на ликовната уметност кај нас. Студирал на Уметничкото училиште во Белград (1921-1927). Од 1927 до 1929 г. учел сликарство кај Андре Лот и фреско-сликарство кај Марсел… Continue reading ЛИЧЕНОСКИ, Лазар

ЛОВЕЧКИ ТРОФЕЈ

ЛОВЕЧКИ ТРОФЕЈ – дел од дивечот или цело животно подготвено или препарирано (за да се зачува подолго време). Трофеите се траен, материјален доказ за квалитетот на дивечот, а со тоа и за вредноста на определено ловиште. Со развојот на општеството се менувало и значењето на трофеите. Во денешно време ловечките трофеи претставуваат и материјал за… Continue reading ЛОВЕЧКИ ТРОФЕЈ

ЛОВНА ДРУЖИНА

ЛОВНА ДРУЖИНА (1941–1944) – специјална воена единица на бугарската војска (наречени и ловни баталјони), користена во специјални услови за борба против партизанските единици и за про-наоѓање и ликвидирање на борците во Македонија. Тоа биле добро извежбани единици за дејствување во најтешки услови (снег, планински терени, студ) и оспособени за ракување со секаков вид оружје. Учествувале… Continue reading ЛОВНА ДРУЖИНА

ЛОВНА КИНОЛОГИЈА

ЛОВНА КИНОЛОГИЈА – наука за ловните раси кучиња. Според најновата систематизација на Меѓународната кинолошка федерација (Федеретион цѕнологиљуе интернатионал, ФЦИ), ловните раси кучиња се распоредени во следните групи: Ⅲ група – териери (29 раси); Ⅳ група – јазовичари (9 раси); Ⅵ група – гоничи (терачи), крвоследници и сродни раси (70 раси); Ⅶ група – птичари, континентални,… Continue reading ЛОВНА КИНОЛОГИЈА

ЛОВСТВО

ЛОВСТВО – дејност чија основна цел е одгледување, размножување, заштита, ловење и користење на дивечот. Основна цел на активностите од овој домен е формирање и трајно одржување стабилни популации дивеч, со оптимална полова и возрасна структура за континуирана репродукција на здрави и квалитетни единки со високи трофејни вредности. Како стопанска дејност $ се придава посебна… Continue reading ЛОВСТВО

ЛОГИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА

ЛОГИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА .- филозофска дисциплина што ги проучува поимите, принципите и законите што ги користат сите науки во откривањето, засновањето и систематизирањето на знаењата во своите подрачја (пошироко значење). Во ова значење, ги опфаќа логичките дисциплини: теорија на познанието, формална логика и методологија; под потесното значење на поимот логика се подразбира само еден нејзин… Continue reading ЛОГИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА

ЛОГОРИ на Вичо

ЛОГОРИ на Вичо (1948) – работни логори на КПГ и ДАГ за Македонците осомничени за „титоизам” во текот на Граѓанската војна во Грција. По судирот меѓу КПСС и КПЈ, КПГ презела мерки за изолација. Обвинетите за разузнавачка дејност во корист на Југославија биле стрелани (Буфската афера, Африканската афера). ЛИТ.: Р. Кирјазовски, Народноослободителниот фронт и другите… Continue reading ЛОГОРИ на Вичо

ЛОЗАНА, Мушереф

ЛОЗАНА, Мушереф (Приштина, 18. Ⅷ 1933) – актерка. Била член на Обласното позориште во Приштина (1951-1955), а потоа (1955-1991) била член на Турската драма на Театарот на народностите во Скопје. Улоги: Скамполо и Мирандолина во истоимените дела, Ана („Мајка Храброст”), Емина („Лудата Емина”), Долорес „(Јерма”), Капларот („Кавкаски круг со креда”). Р. Ст. Ристо Лозановски

ЛОЗАНОВСКИ, Ристо

ЛОЗАНОВСКИ, Ристо (Битола, 3. Ⅳ 1925) – доктор по земјоделски науки, редовен проф. по наставниот предмет општо поледелство со агроекологија, дописен член на МАНУ од 1988, а редовен од 1996 г. Бил продекан и декан на Земјоделскиот факултет во Скопје. Во научноистражувачката активност (објавил повеќе од 150 научни и стручни трудови, значаен дел од нив… Continue reading ЛОЗАНОВСКИ, Ристо

ЛОЗАНОСКИ, Ристо

ЛОЗАНОСКИ, Ристо (с. Големо Илино, Кичевско, 5. Ⅲ 1923 – Бел-град, 13. Ⅴ 1965) – сликар, педагог, претставник на фигуративното и апстрактното (лирско и енформелно) сликарство. Дипломирал на АЛУ во Белград (1951). Учесник во НОБ. Член на групите Денес и Мугри. Ретроспективна изложба е претставена во Скопје (МСУ, 1986). Се инспирирал од прилепскиот пејзаж (Маркови… Continue reading ЛОЗАНОСКИ, Ристо

ЛОЗАНЧЕВ, Анастас

ЛОЗАНЧЕВ, Анастас (Битола, 8. Ⅳ 1870 – Софија, 8. XI 1945) – учител, револуционер, член на Битолскиот окружен комитет и на Главниот штаб на Илинденското востание. Се школувал во Битола и во Солун, каде што завршил егзархиска гимназија. Учителствувал во Смилево и во Могила, Битолско (1891–1893). Учествувал на Солунскиот конгрес (јануари 1903), бил еден од… Continue reading ЛОЗАНЧЕВ, Анастас

ЛОЗАРИ, ЛОЗАРСТВО

ЛОЗАРИ, ЛОЗАРСТВО – македонско „национално-сепаратистичко” културно-литературно и ослободително движење сред младата македонска интелигенција и емиграција во Бугарија што се појави како тенденција кон крајот на 80-тите и се изрази во почетокот на 90-тите години на ⅩⅠⅩ в., именувано по насловот на сп. „Лоза” (1892), орган на Младата македонска книжовна дружина во Софија. Поради сепаратистичките идеи… Continue reading ЛОЗАРИ, ЛОЗАРСТВО