ЛАЗАРОПОЛЕ – село во мијачкиот крај. Се наоѓа на југозападните падини на планината Бистра, на надморска висина од околу 1.300 м. Со Дебар, по долината на Мала Река е поврзано со локален асфалтен пат. Во минатото Л. било големо село. Населението се занимавало со номадско сточарење. Во 1953 г. во него живееле 962 ж., но… Continue reading ЛАЗАРОПОЛЕ
Tag: Л
ЛАЗАРОПОЛСКА РЕКА
ЛАЗАРОПОЛСКА РЕКА – десна притока на Гарска Река. Извира од јужните падини на планината Бистра, на височина од 1.663 м, а се влева на височина од 715 м. Долга е 8,4 км, има вкупен пад од 948 м и просечен пад од 112,9 ‰. Сливот зафаќа површина од 12,1 км , а средногодишниот протек 3… Continue reading ЛАЗАРОПОЛСКА РЕКА
ЛАЗАЧКИ
ЛАЗАЧКИ (Ситтидае) – фамилија ситни птици од подредот на птиците пејачки (Осцинес). Во Европа се распространети вкупно четири вида, од кои во Македонија се среќаваат три: обична или шумска лазачка (Ситта еуроапеа), лазачка камењарка (Ситта неѕмаѕер) и карполазачка (Тицходрома мурариа). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12,… Continue reading ЛАЗАЧКИ
ЛАЗЕСКИ, Борко
ЛАЗЕСКИ, Борко (Прилеп, 22. Ⅹ 1917 – Скопје, 16. Ⅵ 1993) – сликар и педагог, со пресудна улога за осовременувањето на фреско-сликарството и воопшто за процутот на монументалната уметност. Учествувал во НОБ. По дипломирањето на Државната ликовна академија во Софија (1943), специјализирал фреско, мозаик и витраж во Париз. Учествувал во формирањето на ДЛУМ, Уметничката галерија… Continue reading ЛАЗЕСКИ, Борко
ЛАЗОВ, Петар Ристов
ЛАЗОВ, Петар Ристов (Кавадарци, 25. Ⅵ 1946) – математичар, ред. проф. (1989) на ЕТФ. Дипломирал (1969) на ЕТФ во Белград, каде што магистрирал (1975) и докторирал (1977) со темата Полиномни решенија на алгебарски диференцијални равенки и нивна примена при факторизација на полиномни диференцијални оператори. Публикувал трудови главно од областа на диференцијалните равенки. Н. Ц.
ЛАИЈАИ
ЛАИЈАИ (Лаиаиои) – пајонско племе, првпат спомнато од Тукидид во делото Историја, во врска со походот на тракискиот крал Си-талк (429 пр.н.е.). Живееле јужно од пајонското племе Агријани, во горниот тек на реката Стримон (Струма). Ковеле свои монети. Нивните октодрахми имале просечна тежина од 32 грама, со претстава на брадест маж што управува кола влечена… Continue reading ЛАИЈАИ
ЛАИНОВИЌ, Андрија
ЛАИНОВИЌ, Андрија (Грахово, Црна Гора, 1903–1986) – историчар, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Дипломирал историја, компаративна книжевност и француски јазик на Филозофскиот факултет во Белград (1927), докторирал на Сорбона (1956). Предавал историја на народите и народностите на Југославија (нов век) на Филозофскиот факултет во Скопје (1959– 1975) и во Приштина (1963– 1975). Објавил… Continue reading ЛАИНОВИЌ, Андрија
ЛАКИНСКА, Благородна Ѓоргиева
ЛАКИНСКА, Благородна Ѓоргиева (с. Бохула, Кавадаречко, 9. Ⅷ 1946 – Скопје, 9. Ⅴ 2006) – педагог, универзитетски професор. Завршила Учителска школа и Педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1970). Магистрирала при Центарот за информациски науки на Универзитетот во Загреб (1981), а со докторат на педагошките науки се здобила на Филозофскиот факултет во Скопје (1989). Од… Continue reading ЛАКИНСКА, Благородна Ѓоргиева
ЛАЛА, Димитрие
ЛАЛА, Димитрие (Битола, 1843 – Атина, 1912) – капелмајстор, виолинист и музички деец. Уште од најрана возраст пројавил музичка надареност. По завршувањето на Грчката гимназија, и покрај противењето на таткото, Л. заминува за Германија на музичко школување во Лајпциг и во Дрезден. По пристигнувањето во Бајројт, соработува со композиторот Рихард Вагнер на првиот Бајројтски фестивал… Continue reading ЛАЛА, Димитрие
ЛАЛЕ, МАРИАНИНО
ЛАЛЕ, МАРИАНИНО . (Тулипа марианае Линдтн.) – локален македонски флористички стеноендемит од фамилијата Лилиацеае (кринови). Се развива само во околината на селото Криволак (Орлово Брдо). Вл. М.
ЛАЛЕ, ШАРПЛАНИНСКО
ЛАЛЕ, ШАРПЛАНИНСКО .(Тулипа сцардица Борнм.) – локален македонски флористички ендемит од фамилијата Лилиацеае (кринови), познат за планината Жеден и околината на селото Радуша. Вл. М. Радомир Лаловиќ
ЛАЛОВИЌ, Радомир
ЛАЛОВИЌ, Радомир (Скопје, 22. Ⅱ 1933) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1960). Се занимава со проектирање разновидни објекти – станбени и општествени: ОУ „Моша Пијаде” во Кочани (1968); Комплексот банки во Скопје (1970, со О. Папеш); Домот на културата „Марко Цепенков” во Прилеп (1971); Стоковната куќа „Југохром” во Р.… Continue reading ЛАЛОВИЌ, Радомир
ЛАМАНСКИ, Владимир Иванович
ЛАМАНСКИ, Владимир Иванович (С.-Петербург, Русија, 26. Ⅵ/8. Ⅶ 1833 – Петроград, 19. XI/2. Ⅻ 1914) – унив. проф. и академик, руски славист – филолог, историчар, етнограф и општественик. Го завршил Историскофилолошкиот факултет на Петербуршкиот универзитет (1850– 1854) и работел во Публичната библиотека и во Архивот на Министерството за надвор. работи. По магистрирањето (1860) патувал по… Continue reading ЛАМАНСКИ, Владимир Иванович
ЛАМИСКА ВОЈНА
ЛАМИСКА ВОЈНА (323/2 пр.н.е.) – востание на хеленските полиси предводени од Атина против хегемонијата на Македонското Кралство. Избувнало веднаш по веста за смртта на Александар Ⅲ Македонски. Атињаните ги повикале другите Хелени на борба за осамостојување, при што им се приклучиле полиси од Централна Хелада, Тесалија и Пелопонез. По почетните успеси во битката кај Ламија… Continue reading ЛАМИСКА ВОЈНА
ЛАНГАР
ЛАНГАР (? – ок. 335 пр.н.е.) – крал на пајонското племе Агријани. Бил современик на македонскиот крал Филип Ⅱ и во пријателски односи со Александар Ⅲ Македонски. Кога Македонското Кралство презело поход против Трибалите (335 пр.н.е.), навлегол во земјата на Автаријатите и со тоа го спречил нивниот напад на војската на Александар Ⅲ Македонски, за… Continue reading ЛАНГАР
ЛАНТ, Хорас Греј
ЛАНТ, Хорас Греј (Хораце Г. Лунт) (Колорадо Спрингс, САД, 12. IX 1918) – член на МАНУ надвор од работниот состав, лингвист на полето на славистиката и професор емеритус на Универзитетот во Харвард, САД. Ученик на познатиот лингвист Роман Јакобсон. Докторирал на животот и делото на Борис Андреевич Пилњак. Негов главен интерес е стсл. (црсл.), протословенскиот… Continue reading ЛАНТ, Хорас Греј
ЛАПЕ, Љубен
ЛАПЕ, Љубен ( Прилеп, 11. Ⅹ 1910 – Скопје, 24. XI 1985) – историчар, унив. професор, член на МАНУ. Се школувал во Прилеп и во Белград, каде што ги завршил студиите по историја. Бил професор по историја во Подгоричката гимназија. По капитулацијата на Југославија (ИВ 1941) се вратил во Македонија (Прилеп). За време на бугарската… Continue reading ЛАПЕ, Љубен
ЛАПРДИ
ЛАПРДИ -. календарски обичај поврзан со празникот Велики поклади (Прочка). Во Зборникот на браќата Миладиновци се вели: „На поклади вечерта децата играет околу црков со лапрди. Лапрди сет др’гови не толку д’лги, на врхот разцепени, и в цепот накладено сено сврзано. Ⅴ сеното клавает јаглен, и вртет лапрдата на десно на лево, дури да се… Continue reading ЛАПРДИ
ЛАСТОВИЦИ
ЛАСТОВИЦИ
ЛАСТОВИЦИ, БЛАТНИ
ЛАСТОВИЦИ, БЛАТНИ (Глареолидае) – краткоклунести, мали водни птици од редот на бекасиновидните птици (Цхарадрииформес), од кои во Македонија се среќава еден вид – блатната ластовица (Глареола пратинцола). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус. Цамбридге, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф тхе Бирдс оф тхе Њестерн… Continue reading ЛАСТОВИЦИ, БЛАТНИ
ЛАСТОВИЦИ, НОќНИ
ЛАСТОВИЦИ, НОќНИ (Цапримулгидае) – фамилија ноќни птици од редот козодои (Цапримулгиформес), кои се хранат во лет, а се гнездат на земја. Кај нас се среќава еден вид: ноќна ластовица или козодој (Цапримулгус еуропаеус). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф… Continue reading ЛАСТОВИЦИ, НОќНИ
ЛАТИНСКО ЦАРСТВО
ЛАТИНСКО ЦАРСТВО (1204– 1261) – држава основана во 1204 г. од крстоносците од Четвртиот крстоносен поход, по ликвидирањето на Византија, со престолнина во Цариград. За прв цар бил избран грофот Балдуин Фландриски (1204–1205/6), а за цариградски патријарх бил поставен венецијанецот Томазо Морозини. Царството ги зафаќало Тракија, северозападниот дел на Мала Азија, поголемиот дел на Македонија… Continue reading ЛАТИНСКО ЦАРСТВО
ЛАХТОВ, Васил
ЛАХТОВ, Васил (Радовиш, 15. Х 1914 – Охрид, 15. Ⅰ 1964) – археолог. Дипломирал на Катедрата за историја на уметноста на Филозофскиот факлутет во Скопје (1955), а докторирал на Филозофскиот факултет во Љубљана (1962) во областа на праисториската археологија. Истражувач на Охрид и Охридско. Врши ископувања на повеќе локалитети: некрополите Требениште, ТребеВасил Лахтов нишко Кале… Continue reading ЛАХТОВ, Васил