ЛАХТОВА, Ката

ЛАХТОВА, Ката (Радовиш, 30. Ⅷ 1924 – Скопје, 24. Ⅱ 1995) – општественик и политичар. Студирала на Земјоделско-шумарскиот факултет. Била заднински активист на НОБ, политички комесар на чета (септември 1944) и на баталјон во Четвртата македонска НО бригада. По Ослободувањето била директор на Музејот на Револуцијата на НРМ (1951–1952), претседател на АФЖ на Македонија (1952–1964),… Continue reading ЛАХТОВА, Ката

ЛЕБАЈА

ЛЕБАЈА – стар град во Горна Македонија. Првпат се спомнува кај Херодот, како престолнина на некој крал, а во врска со преданието за потеклото на македонската кралска династија на Аргеадите. Се наведува дека токму во овој град извесно време престојувале тројцата браќа Гаван, Аероп и Пердика. ИЗВ.: Херодоти, Хисториа, Оџонии, 1927. К. М.-Р.

ЛЕБАРКИ

ЛЕБАРКИ (Блаттоидеа) – инсекти правокрилци. Телото им е сплескано и овално со тенки и долги пипала. Достигнуваат големина од неколку милиметри до неколку сантиметри. Имаат долги нозе со четинки. На задниот дел од телото имаат еден пар израстоци (церци). Усниот апарат им е приспособен за гризење. Некои видови се приспособени за живот во човечки домови,… Continue reading ЛЕБАРКИ

ЛЕБЕДИ

ЛЕБЕДИ (Цѕгнус) – род крупни птици од потфамилијата гуски и лебеди (Ансеринае), од кои кај нас се среќаваат 2 вида: црвеноклун или нем лебед (Цѕгнус олор) и жолтоклун или лебед пеја£ (Цѕгнус цѕгнус). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф… Continue reading ЛЕБЕДИ

ЛЕВИ, Салватор Ардинов

ЛЕВИ, Салватор Ардинов (Битола, 28. Ⅴ 1919 – Скопје, 26. Ⅶ 1963) – радиолог, вонреден проф. на Мед. ф. во Скопје. Медицина запишал во Софија, а дипломирал во Белград (1947). Специјализирал во Загреб (1953). Организирал и опремил РДГ-одделенија во Битола и Прилеп. Од 1955 е асистент во РДГ-институт, а потоа доцент. Супспецијализира дијагностика на ГИТ… Continue reading ЛЕВИ, Салватор Ардинов

ЛЕКАРСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ЛЕКАРСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА -. професионално здружение на лекарите од Македонија. Ги заштитува и ги унапредува стручноста, етичките должности и правата на лекарите и се грижи за угледот на лекарската професија. Има јавни овластувања: води регистар на лекарите и издава, продолжува, обновува и одзема лиценци за работа. Формирана е на 15. Ⅻ 1929 г. како… Continue reading ЛЕКАРСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ЛЕКИЌ-ШПАНАЦ, Данило

ЛЕКИЌ-ШПАНАЦ, Данило (с. Крале, Андриевица, 23. Ⅵ 1913 – ?, 1986) – генерал-полковник. Како студент по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје и Данило Лекиќ -шпанац член на КПЈ (1935), бил еден од лидерите на комунистичкото движење во градот, другарувал и соработувал со Кочо Рацин. Наскоро по дипломирањето (1936) заминал како доброволец на Републиканската армија… Continue reading ЛЕКИЌ-ШПАНАЦ, Данило

ЛЕКОВСКИ, Александар

ЛЕКОВСКИ, Александар (Ниш, 11. Ⅻ 1933) – диригент и композитор. Во 1959 г. дипломирал диригирање на Музичката академија во Белград (проф. Ж. Здравковиќ), каде што и магистрирал (1967). Бил на специјализација во Италија. Од 1960 работи како диригент во Операта и Балетот на МНТ. Две години (1975–1977) бил на должноста директор на оваа институција. Во… Continue reading ЛЕКОВСКИ, Александар

ЛЕКСИКОГРАФИЈА КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ

ЛЕКСИКОГРАФИЈА КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ. Иако официјално кодифицирана во слободната земја (1945), македонската наука за јазикот не е без традиција во областа на лексикографијата. Уште во ⅩⅤⅠ в. е направен еден речник на костурски говор, а во 1802 г. во Венеција е напечатен и „Четиријазичникот” на Даниил (македонски, грчки, влашки, албански). Македонски речнички материјал оставија Константин Петкович… Continue reading ЛЕКСИКОГРАФИЈА КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ

ЛЕОВ, Јордан

ЛЕОВ, Јордан (Велес, 29. Ⅷ 1920 – Скопје, 20. IX 1998) – раскажувач, романсиер, правник. Го завршува Правниот факултет во Белград. Член е на ДПМ од 1952 г. Неговите литературни интересирања датираат од пред Втората светска војна, но со првите свои творби се јавува по војната во списанието „Нов ден”. Вниманието на македонската критичка мисла… Continue reading ЛЕОВ, Јордан

ЛЕОН

ЛЕОН (Леон) (крајот на Ⅳ и првата половина на Ⅲ в. пр.н.е.) – пајонски крал (280/279-250 г. пр. н.е.), најверојатно втор син на пајонскиот крал Авдолеон. На престолот дошол непосредно по навлегувањето и пустошењето од Га-лите (280/279 г. пр.н.е.). Тој успеал да ја консолидира и да ја возобнови опустошената земја. Неговото име се среќава на… Continue reading ЛЕОН

ЛЕПЕНЕЦ

ЛЕПЕНЕЦ – притока на р. Вардар. Извира од планината Жар, во Косово, на височина од 1.860 м, а се влева кај населбата Злокуќани во Скопје, на височина од 253 м. Од изворот до Качаничката Клисура тече во правец запад-исток, а потоа свртува во правец југ-југоисток. Долга е 75 км, има вкупен пад од 1.603 м… Continue reading ЛЕПЕНЕЦ

ЛЕПЕШКАРИ

ЛЕПЕШКАРИ (Геотропинае) – тврдокрилни инсекти. Се среќаваат на свежи измети од говеда и на разни мрши. Бројна, но слабо проучена фамилија во Македонија. Најпознати претставниОбичен лепешкар ци се: обичен лепешкар (Геотрупес стерцорариус Л.), мајски бумбар (Мелолонтха мелолонтха Л.) и носорожец (Орѕцтес насицорнис Л.), кој е заштитен вид. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје,… Continue reading ЛЕПЕШКАРИ

ЛЕРИН

ЛЕРИН (Флорина) – град во Егејскиот дел на Македонија, Грција, со 15.100 ж. (2002 г.). Се наоѓа на западната страна на Леринско Поле (јужниот крај на Пелагонија), во подножјето на планината Бигла, на надморска висина од околу 700 м. Од македонско-грчката граница е оддалечен 17 км, а со Солун е поврзан со железничка линија и… Continue reading ЛЕРИН

ЛЕСА

ЛЕСА (коцељ)‡ женски украс за на коса. Составен е од низа плетенички украси (плетенчики) направени од природна коса. Овие плетенки се широки околу 1 цм, а се долги 50-60 цм. Пришиени се на парче платно – богасија, широко околу 5 см. На главата се прикачува од двете страни со помош на куки. Самите плетенки, околу… Continue reading ЛЕСА

ЛЕСТВИЦА

ЛЕСТВИЦА . – македонски ракопис од третата четвртина на ⅩⅣ в. Од 1955 год. се чува во Народната библиотека на Србија (Бел-град), сигн. Рс 416. Има вкупно 273 хартиени листови. Јазичните особености упатуваат на западномакедонско потекло. Текстот содржи Лествица на Јован Схоластик, на л. 261 има Слово на Јован Златоуст и на л. 271 почнува… Continue reading ЛЕСТВИЦА

ЛЕТНИК

ЛЕТНИК .- календарски обичај во спомен на светата преподобна маченица Евдокија (1/14. Ⅲ). Кај народот е познат како Летник зашто тогаш започнува новото лето. Природата што преку зимата била огрдена, започнува да се разбудува и да се разубавува. Низ цела Македонија на овој ден се изведуваат обичаи што врз магиски принципи треба да обезбедат заштита… Continue reading ЛЕТНИК

ЛЕЧИЌ, Лазар

ЛЕЧИЌ, Лазар (Скопје, 1939) – кошаркар и тренер. Завршил Виша тренерска школа во Белград (1961). Успешен тренер на КК „Работнички” во Скопје и други клубови во земјата и во странство. Тој е еден од тренерите на разни селекции на југословенската репрезентација, со кои освоил голем број медали на балканските, европските и светските првенства и на… Continue reading ЛЕЧИЌ, Лазар

ЛЕШИ, Аќиф

ЛЕШИ, Аќиф – брат на Хаџи Леши. Потекнува од беговско семејство. Пред Втората светска војна бил албански емигрант во Кралството Југославија и соработник на југословенската разузнавачка служба. Во 1943 г. се приклучил на НОАВМ. По Ослободувањето бил претседател на Народниот одбор и претседател на Околискиот народен одбор во Охрид, а набрзо и потпретседател на Президиумот… Continue reading ЛЕШИ, Аќиф

ЛЕШИ, Мустафа

ЛЕШИ, Мустафа .- син на Аќиф Леши. Во времето на НОАВМ бил командант на Командата на местото во Дебар. Во 1946 г. бил вработен од УДБ, каде што напредувал до чин поручник, а потоа пребегал во НР Албанија (1950). С. Мл.

ЛЕШИ, Хаџи

ЛЕШИ, Хаџи (Албанија, 1913) – бајрактар, командант на НОВА, генерал-мајор и државник на НР Албанија, брат на Аќиф Леши. Потекнува од беговско семејство. Подолг период бил жител на Дебар (до 1941), а потоа стапил во НОВА во четата на Мислим Пеза. Подоцна и самиот станал командант на партизанска чета (од летото 1942). Бил учесник на… Continue reading ЛЕШИ, Хаџи

ЛЖЕВ, Георги

ЛЖЕВ, Георги (Воден, втора пол. на ⅩⅠⅩ в. – прва пол. на ⅩⅩ в.) – македонски мелограф и музички деец. Еден од групата први македонски мелографи на народни песни од крајот на ⅩⅠⅩ в. Неговите трудови се печатени во софиските зборници на народни умотворби (1890-1900), препечатени во книгата „Македонските мелографи од крајот на ⅩⅠⅩ век”,… Continue reading ЛЖЕВ, Георги