„КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Детроит, САД, 8. Ⅶ 1986) – друштво на македонски доселеници по потекло од Теарце (Тетовско) во Детроит и во Виндзор. Активно за собирање и зближување на членовите и нивните пријатели. Сл. Н.-К.
Tag: К
КИРИЛ, митрополит
КИРИЛ, митрополит (с. Царев Двор, Преспанско, 23. Ⅵ 1934) – архијереј на Македонската правславна црква. Основно образование завршил во родното село, а Богословија во Призрен. Се замо-Кирил, митроплит полошкокумановски нашил во манастирот „Св. Пречиста” кај Кичево (1964), а потоа работел како службеник во Македонската архиепископија. Во 1965 г. се запишал на студии на Московската духовна… Continue reading КИРИЛ, митрополит
КИРИЛИЦА
КИРИЛИЦА – словенско писмо наречено во чест на св. Кирил, иако тој не ја има составено помладата кирилица, туку најстарото словенско писмо – глаголицата. Во најстариот период од словенската писменост (Ⅹ–XI в.) кирилицата се употребува паралелно со глаголицата. Се претполага дека официјално воведување на кирилицата е извршено на Црковнонародниот собор во Преслав во 893 г.… Continue reading КИРИЛИЦА
КИРЈАЗОВСКИ, Ристо
КИРЈАЗОВСКИ, Ристо (с. Чифлик, Костурско, 6. Ⅰ 1927 – Скопје, 2002) – историчар, научен советник во ИНИ во Скопје, специјалист за НОБ во Егејскиот дел на Македонија и за Граѓанската војна во Грција. Бил учесник во ЕЛАС и во ДАГ (февруари 1943 – август 1949) и член на КПМ (од август 1943). По поразот на… Continue reading КИРЈАЗОВСКИ, Ристо
КИРКОВ, Благој Ангелов
КИРКОВ, Благој Ангелов (Велес, 23. Ⅲ 1923 – Г. Оризари, Велешко, 9. Ⅰ 1943) – учесник во НОБ. Гимназијалец, организатор на младинското движење во Велешката гимназија, борец на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов” (од 1942), член на СКОЈ (од 1938), на гимназијалното раководство на СКОЈ (од 1941) и на МК на СКОЈ за Велес (од 1942).… Continue reading КИРКОВ, Благој Ангелов
КИРКОВ, Никола
КИРКОВ, Никола (Велес, 21. Ⅵ 1920 – Скопје, 19. XI 1993) – новинар и публицист. Учесник во НОБ од 1941 г. Во јуни 1943 г. како партиски инструктор во Одредот „Добри Даскалов”, уапсен во Велес под недоволно разјаснети околности, осуден на доживотна робија, но избегал од КПД „Идризово” на 28 август 1944 г. По Ослободувањето… Continue reading КИРКОВ, Никола
КИРКОВ, Панче
КИРКОВ, Панче (Велес, 1927 – 30. Ⅳ 2007) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и научник. Дипломирал на Технолошкиот факултет на Универзитетот во Загреб (1952). Докторирал во Загреб (1956). Имал повеќе студиски престои во многу земји во Европа и во САД. Еден е од основачите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, каде што работел… Continue reading КИРКОВ, Панче
КИРСАНОВА, Нина
КИРСАНОВА, Нина (Москва, 21. Ⅶ 1899 – Белград, 1989) – балерина, педагог и кореограф. Завршува кореографска и висока театарска школа во Москва, како и археологија на Филозофскиот факултет во Белград. Истакнат балетски уметник, учесничка во балетската група на Ана Павлова. Балерина и шеф на Балетот при Народното позориште во Белград (1934–1939). Од 1954 г. постојан… Continue reading КИРСАНОВА, Нина
КИСЕЛИНОВСКИ, Стојан
КИСЕЛИНОВСКИ, Стојан (с. Б’мбоки, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 10. Ⅰ 1943) – историчар, научен советник во ИНИ, истражувач на македонското минато од Егејскиот дел на Македонија во периодот меѓу двете светски војни. Во текот на Граѓанската војна во Грција, заедно со други деца, бил одведен во Романија (1948), каде што завршил основно образование во… Continue reading КИСЕЛИНОВСКИ, Стојан
КИСЕЛИНЧЕВ, Лазар
КИСЕЛИНЧЕВ, Лазар (с. Косинец, Костурско 20. Ⅰ 1874 – Софија, 18. Ⅻ 1946) – револуционер, учесник во Илинденското востание, костурски војвода. Се школувал во Атина. За ТМОРО пренесувал оружје од Грција во Костурско. Учествувал во Илинденското востание како војвода и член на Костурското горско началство. ЛИТ.: Х. Сил®нов, Освободителните борби на Македони®, Софи®, 1983, И,… Continue reading КИСЕЛИНЧЕВ, Лазар
КИТАНОВ, Александар
КИТАНОВ, Александар (Сандо) (с. Лешко, Горноџумајско, 1868 – с. Русиново, Малешевско, 23. Ⅻ 1906) – учител, револуционер и војвода. Завршил педагошко учите во Скопје (1898). Учителствувал во родното село. Бил активен член на МРО, учесник во Аферата Мис Стон, четник во четите на Г. Делчев и Крсто Асенов. По Илинденското востание бил војвода во Кукушко… Continue reading КИТАНОВ, Александар
КИТАНОВ, Ванчо
КИТАНОВ, Ванчо (Пехчево, 1923 – месноста Врши Дол, Виничко, 21. Ⅴ 1943) – првоборец од НОБ. Како ученик во Струмичката гимназија станал член на СКОЈ (1941), а наскоро потоа и член на КПЈ. Бил борец на Првиот плачковички НОПО, а при неговото разбивање од бугарската војска и полиција успеал да ја пробие блокадата (18. Ⅻ… Continue reading КИТАНОВ, Ванчо
КИТЕВСКИ, Марко
КИТЕВСКИ, Марко (с. Слатински Чифлик, Охридско, 13. Ⅳ 1950) – истражувач на македонскиот фолклор, научен советник во Институтот за македонска литература. Ја завршил гимназијата во Струга (1969), а потоа дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје (Југословенски книжевности). На истиот факултет магистрирал на темата „Фолклорните елементи во делата на Стале Попов” (1980) и докторирал на темата… Continue reading КИТЕВСКИ, Марко
КИЧЕВО
КИЧЕВО – град во западниот дел на РМ: 27.067 ж. (2002 г.). Се наоѓа во јужниот дел на Кичевската Котлина, околу Калето, на составот на Зајашка и Тујнска Река, на надморска висина од околу 620 м. Преку него поминува магистралниот пат М–4 кој на север го поврзува со Гостивар, а на југ со Ох-рид. Со… Continue reading КИЧЕВО
КИЧЕВСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија
КИЧЕВСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија – формирана во ⅩⅤ или почетокот на ⅩⅤⅠ в. со седиште во Кичево. Во 1598 г. била присоединета кон Дебарската епархија. Се знае само за двајца нејзини епископи: Атанасиј, кој се спомнува во 1529 и 1532 г., и Герасим, забележан во натписот на кичевскиот манастир „Пречиста”. Во почетокот на ⅩⅤⅠⅠⅠ… Continue reading КИЧЕВСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија
КИЧЕВСКА КОТЛИНА
КИЧЕВСКА КОТЛИНА – претставува неотектонска творба чи-јашто рамка ја прават планинските масиви на Бистра и Стогово од запад, Бушева Планина, Баба Сач, Бабењ и Плакенска Планина на исток. Дното на котлината – поле-то е на надморска височина од 680 м до 570 м. Најниската точка се наоѓа во источниот дел кај с. Атиште (570 м).… Continue reading КИЧЕВСКА КОТЛИНА
КИЧЕВСКИ МАНАСТИР
КИЧЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН
КИЧЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН (Кичево, 23. IX 1943 – с. Сливово, Ох-Борци од Кичевско-мавровскиот партизански одред (Иванчишта, јуни 1943) ридско, 11. XI 1943) – прв баталјон на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Бил формиран од околу 100 борци на Мавровскогостиварскиот и Кичевскиот НОПО и од новопристигнатите борци главно од Кичевско, Мавровско и Гостиварско. Водел… Continue reading КИЧЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН
КИЧЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ТЕРЕНСКИ БАТАЛЈОН
КИЧЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ТЕРЕНСКИ БАТАЛЈОН (Кичевско, средината на септември 1943) – воена единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран од околу 500 борци, со задача, во отсуство на оперативните единици, да ја брани слободната територија од нападите на непријателските сили. Со укинувањето на штабовите на Првата и Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ (во првата… Continue reading КИЧЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ТЕРЕНСКИ БАТАЛЈОН
КИЧЕВСКИ ОКТОИХ
КИЧЕВСКИ ОКТОИХ -.пергаментен македонски ракопис од средината на ⅩⅠⅠⅠ в. Пронајден е во 1926 од Тома Смилјаниќ-Брадина во црквата „Св. Атанасиј” во с. Премка (Кичевско) и заедно со други словенски ракописи ги предал во Музејот во Скопје, а кога директорот Р. Груиќ во 1937 г. е избран за Лист од Кичевскиот октоих професор на Богословскиот… Continue reading КИЧЕВСКИ ОКТОИХ
КИЧЕВСКИ, Димче
КИЧЕВСКИ, Димче (Крешево, БиХ, 1. Ⅻ 1950) – каратист. Завршил гимназија во Скопје (1969). Бил член на Карате клубот „Вардар” во Скопје. Првак на Македонија 21 пат. Двократен првак на Југославија (1973 и 1982). Настапил за Репрезентацијата на Југославија 52 пати. На Балканското првенство во Скопје (1980) освоил златен, а на Европското во Брегенц, (Австрија,… Continue reading КИЧЕВСКИ, Димче
КИЧЕВСКО-ДЕБАРСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија
КИЧЕВСКО-ДЕБАРСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија (крајот на ⅩⅤⅠⅠ – поч. на ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) – на еден псалтир е запишано името на Дебарско-кичевскиот митрополит Јоаким (1705). ЛИТ.: Р. Грујић, Кичевско-дебарска епархија, во: Азбучник Српске православне цркве, Београд, 1993. Рат. Гр.
КИЧЕВСКО-ДЕБАРСКА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА
КИЧЕВСКО-ДЕБАРСКА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (Кичевско, почетокот на октомври 1944 – Горно Јаболчиште, 6. Ⅹ 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од околу 650 борци како дополнителна бригада во составот на Четириесет и осмата (македонска) дивизија на НОВЈ, но само 30 борци биле вооружени. Истовремено била издадена наредба да замине кон с.… Continue reading КИЧЕВСКО-ДЕБАРСКА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА
КЛАРК, Весли Кејн
КЛАРК, Весли Кејн (Њеслеѕ Канне Цларк) (Чикаго, Илиноис, 23. Ⅻ 1944) – американски генерал со четири ѕвездички и командант на НАТО, пензиониран по 34 години служба во Армијата на САД и во Департментот за одбрана на САД (1966–2000); командант на Здружените сили за операции во Косовската војна (1999) во времето на мандатот на Врховен сојузнички… Continue reading КЛАРК, Весли Кејн