КЛИНЧЕ, Атила (Гостивар, 30. Ⅹ 1958) – актер. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1982), каде што е примен за асистент по техника на говорот; актер во Турскиот театар и негов директор (2002–2006). УЛО.: Мемед (во истоименото дело), Цибра во „Тетовирани души”, Енкиду во „Гилгамеш”, Човекот во „Куќа на граница”, Реџеп-ага во „Хурем… Continue reading КЛИНЧЕ, Атила
Tag: К
КЛИСАРОВА, Лилјана Ѓорѓиева
КЛИСАРОВА, Лилјана Ѓорѓиева (Скопје, 24. Ⅶ 1939) – редовен професор (1997) на ПМФ (Институт за хемија). Преминала на работа на Фармацевтскиот факултет во Скопје и заминала во пензија во 2002 г. Дипломирала (1962), магистрирала (1979) и докторирала (1984) во Скопје. Изведувала настава по органска хемија, органска стереохемија и хетероциклична хемија за студенти по хемија и… Continue reading КЛИСАРОВА, Лилјана Ѓорѓиева
КЛИТ
КЛИТ.: Васил Куноски, Лимани Јаја Каба (1924–1945), Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, 204–209; Народните херои од Македнија, „Починка”. Прилог на „Нова Македонија”, Скопје, 11. Ⅹ 1976, 8; Садо Хаме, Лиман Каба, Схкуп, 1978; Љутви Руси, Лиман Каба, Скопје, 1980. С. Мл.
КЛУКАЈДРВЦИ
КЛУКАЈДРВЦИ (Пицидае) – фамилија мали, до средно големи птици од редот детловидни птици (Пициформес), од кои во Македонија се регистрирани 10 видови: вртивратка (Јѕнџ торљуилла), црн клукајдрвец (Дрѕоцопус мартиус), тропрст клукајдрвец (Пицоидес тридацтѕлус), голем шарен клукајдрвец (Дендроцопус мајор), белогрб шарен клукајдрвец (Дендроцопус леуцос), сири-Клукајдрвец ски шарен клукајдрвец (Дендроцопус сѕриацус), мал шарен клукајдрвец (Дендроцопус минор), средноголем… Continue reading КЛУКАЈДРВЦИ
КЛУЧКА ХИПОДРОМ
КЛУЧКА ХИПОДРОМ –. некропола со горени покојници од самиот преод кон железното време (XI в. пр. н.е.). Се наоѓа на источната периферија на Скопје, откриена при градежни работи за изградба на автопат. Досега е истражен само дел од неа, со вкупно 11 гробови. Ритуалот на погребувањата подразбира кремирање на покојниците во рамките на некрополата и… Continue reading КЛУЧКА ХИПОДРОМ
КЉУСЕВ, Никола
КЉУСЕВ, Никола (Штип, 2. Ⅹ 1927 – Скопје, 17 И 2008) – економист, научен истражувач, унив. професор, општественик, државник, литерат, академик. Основно училиште и гимназија завршил во родното место. Дипломирал на Економскиот факултет во Бел-град (1953), каде што го одбранил докторатот од областа на економските науки (1964). По дипломирањето се вработил (1953) во Институтот за… Continue reading КЉУСЕВ, Никола
КНЕЖЕВСКИ СЕМЕЈСТВА ВО КРАТОВО
КНЕЖЕВСКИ СЕМЕЈСТВА ВО КРАТОВО. Во изворите од ⅩⅤⅠ в. во Кратово се спомнуваат кнежевските семејства Бојчиќевци и Пепиќевци, познати по својата дарежливост кон манастирите и црквите во Македонија. Кнезот Димитрија Пепиќ бил еден од закупувачите на кратовските рудници, а се чини и ги раководел собирите на рударите и ги решавал нивните спорови. Кон средината на… Continue reading КНЕЖЕВСКИ СЕМЕЈСТВА ВО КРАТОВО
КНИЖНИ ВОшКИ И СЕНОЈАДИ
КНИЖНИ ВОшКИ И СЕНОЈАДИ (Псоцоптера-Цорродентиа) – ситни инсекти без крилја. Телото им е долго од 0,5 до 6 мм. Имаат устен апарат за грицкање. Според големината и бојата (како прав), ги нарекуваат и прашни вошки. Во светот ги има околу 2.600 видови. Во Македонија се познати 48 таксони од две фамилии, меѓу кои, видот Липосцелис… Continue reading КНИЖНИ ВОшКИ И СЕНОЈАДИ
КНЧОВ, Васил
КНЧОВ, Васил (Враца, Бугарија 4. Ⅶ 1862 – Софија, 22. Ⅰ 1902) – бугарски етнограф. Основно образование завршил во Враца, гимназија во Лом; студирал хемија на Харковскиот универзитет и хемиска технологија на универзитетите во Минхен и штутгарт (1885– 1888). Потоа доаѓа да работи во Македонија, и тоа најпрвин како учител во Солунската гимназија, каде што… Continue reading КНЧОВ, Васил
КОВАЧ, Бане
КОВАЧ, Бане (Скопје, 12. XI 1919 – Скопје, 15. Ⅴ 1983) – еден од првите новинари и стенографи во Македонија. Завршил Трговска академија во Скопје. Учесник во напредното движење, од крајот на 1941 до септември 1944 г. во затвор во Бугарија. Иницијатор и директор на првата едногодишна Новинарска школа во Македонија со 40 слушатели (1950).… Continue reading КОВАЧ, Бане
КОВАЧЕВ, Ванчо Панев
КОВАЧЕВ, Ванчо Панев (Радовиш, 26. Ⅴ 1927 – Скопје, 24. Ⅻ 2007) – физиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Студиите по медицина ги започнал во Ленинград (Русија), а ги завршил во Скопје. На Институтот за физиологија на Мед. ф. во Скопје е од 1954. Бил директор на Институтот и продекан. Носител и соработник… Continue reading КОВАЧЕВ, Ванчо Панев
КОВАЧЕВ, Владимир
КОВАЧЕВ, Владимир (Штип, 1875 – Софија, 1910) – поет и револуционер, автор на заедничка песнарка со Христо Силјанов („Тагата на робот”), близок соборец на Гоце Делчев, брат-близнак на Владислав (Славчо) Ковачев, истакнат активист на ВМРО и автор на публицистички труд од капитално значење. Живеел и творел како емигрант во Бугарија. Во текот на релативно краткиот… Continue reading КОВАЧЕВ, Владимир
КОВАЧЕВ, Владислав
КОВАЧЕВ, Владислав (Славчо) (Штип, 5. Ⅰ 1875 – Софија, 13. IX 1924) – учесник во Илинденското востание, водач и идеолог на МЕФО, журналист, судија во Бугарија. Завршил Воено училиште во Софија. Бил секретар на Врховниот комитет (1899–1901) и редактор на неговиот орган в. „Реформи”. Во 1902 се определил против врховизмот, со чета заминал во Македонија… Continue reading КОВАЧЕВ, Владислав
КОВАЧЕВ, Јосиф
КОВАЧЕВ, Јосиф (Штип, 14. Ⅰ 1839 – Софија, 31. Ⅹ 1898) – педагог и просветител, модернизатор на школството и образованието во Македонија во втората половина на ⅩⅠⅩ в. Се школувал на Духовната семинарија во Белград (1860–1863) и на Духовната академија во Киев (1864– 1868). По враќањето во Штип (1869) го основал првото Педагошко-богословско училиште во… Continue reading КОВАЧЕВ, Јосиф
КОВАЧЕВСКИ, Никола
КОВАЧЕВСКИ, Никола (Скопје, 9. Ⅻ 1923 – Скопје, 3. Ⅶ 2001) – еден од доајените на македонското спортско новинарство. Почнал како соработник на „Спортски глас” (1949) и на „Спорт”. Одговорен уредник на „Спортски глас” (1952), од 1953 г. до пензионирањето (1983) во „Нова Македонија” (во еден период уредник на Спортската рубрика). Еден од основачите и… Continue reading КОВАЧЕВСКИ, Никола
КОВНИЦИ НА ПАРИ ВО МАКЕДОНИЈА
КОВНИЦИ НА ПАРИ ВО МАКЕДОНИЈА (монетарници, дарбхани, тарапани) – познати се уште во античкиот период и подоцна во средниот век. Тесно биле поврзани со експлоатацијата на рудните богатства и со обработката на благородните метали (злато, сребро и бакар). Со доаѓањето на Турците османлии на Балканот и во Македонија повторно се активирале во: Серез, Кавала, Солун,… Continue reading КОВНИЦИ НА ПАРИ ВО МАКЕДОНИЈА
КОДРА, Масар
КОДРА, Масар (Масар Кодра) (Дебар, 1932 – Скопје, 2004) – историчар, научен соработник, унив. професор. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (Група историја, 1955). Докторирал на Филозофскиот факултет во Загреб на тема „Албанска националност у Македонији у народноослободилачкој борби” (1974). Беше асистент и научен соработник во Институтот за национална историја во Скопје (1. Ⅰ 1967… Continue reading КОДРА, Масар
КОДРА, Џафер
КОДРА, Џафер (2. Ⅳ 1923 – Скопје, 2. Ⅴ 1995) – комунистички деец. Бил учесник во НОАВМ (од 1941), член на КПМ (од првата половина на 1943), секретар на ОК на КПМ во Дебар (од септември 1943) и заменик политички комесар на Седмата македонска шиптарска НО бригада (од септември 1944). По Ослободувањето извршувал разни политички… Continue reading КОДРА, Џафер
КОЖАНИ
КОЖАНИ – град во Егејскиот дел на Македонија, Грција, со 35.700 ж. (2002 г.). Се наоѓа во југоисточното подножје на планината Снежник, на надморска висина од околу 700 м. Во него се вкрстуваат две меѓународни сообраќајници: Е–90, која на исток го поврзува со Солун, а на запад со Егуменица на брегот на Јонското Море и… Continue reading КОЖАНИ
КОЖУФ
КОЖУФ – висок планински масив што се наоѓа во крајните јужни делови од РМ, на македонскогрчката граница, помеѓу Тиквешката Котлина на северозапад и Гевгелиско-валандовската Котлина на исток. Се протега во правец јз–си. Планинското било е заоблено и нерасчленето. Негови највисоки врвови се Зелен Брег (2.165 м), Дудица (2.138 м), Смрека (2.112 м), Порта (2.097 м)… Continue reading КОЖУФ
КОЗАРЕВ-БАЛКАН, Иван
КОЗАРЕВ-БАЛКАН, Иван (с. Добриниште, Разлошко, 5. Ⅳ 1901 – Добриниште, Разлошко 1. Ⅳ 1944) – првиот партизан во Македонија и на Балканот. Учествувал во Септемвриското востание (1923), бил еден од најактивните членови на ВМРО(Об). Прогонуван од четниците на Иван Михајлов, нелегално живеел во Софија, Сливен, Пловдив и др. Бил уапсен (1935) и осуден на 5… Continue reading КОЗАРЕВ-БАЛКАН, Иван
КОЗАРОСКИ
КОЗАРОСКИ (Козар), Мице Лазаров (псевд. Јандре) (Варош, Прилепско, 24. IX 1910 – с. Нежилово, Велешко, 19. Ⅻ 1942) – припадник на работничкото и коМице Козароски мунистичкото движење. Во 1934 г. бил член на КПЈ и член на прилепскиот Местен комитет. Раководел скоевска група и се истакнал со револуционерната активност, поради што бил прогонуван и затворан.… Continue reading КОЗАРОСКИ
КОЗИНЕЦ, МАЕРОВ
КОЗИНЕЦ, МАЕРОВ (Астрагалус маѕери Мицевски) – флористички субендемит, опишан од академик Кирил Мицевски од Галичица, а името на видот е посветено на познатиот словенечки ботаничар, академик Ернест Мајер, голем пријател на Македонија. Вл. М.
КОЗИНЕЦ, МАРИОВСКИ
КОЗИНЕЦ, МАРИОВСКИ (Астрагалус мариовоенсис Мицевски) – локален македонски флористички ендемит од подрачјето на Мариово (Гола Скрка кај с. Витолиште), од фамилијата Фабацеае, опишан од академик Кирил Мицевски. Вл. М.