ИСА-бег (втора половина на ⅩⅣ в. – Сараево, БиХ, меѓу 1469– 1475) – османлиски војсководец, управител на Скопје (1414–1444) и истакнат ктитор на верски и други јавни објекти. Бил син на Исхак-бег и внук на Јигит-паша (освојувачот на Скопје и прв командант на Скопското краиште). На должноста трет краишки војвода, го заменил својот татко. Се… Continue reading ИСА-БЕГ
Tag: И
ИСА-БЕГ
ИСА-БЕГ (ⅩⅤ в) – управник на Скопското воено краиште (1444– 1463). По заземањето на Босна (1463) бил назначен за нејзин санџакбег. Одржувал трговски врски со Дубровник и бил еден од најголемите феудалци во тоа време. Во Скопје изградил повеќе профани и сакрални објекти, од кои најпозната е неговата џамија, во чиј комплекс имало и библиотека… Continue reading ИСА-БЕГ
ИСАЕВСКИ, Милан
ИСАЕВСКИ, Милан (Скопје, 16. Ⅰ 1932) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје по предмети од областа проектирање и градење железници. Пред доаѓањето на Факултетот (1961) работел во градежната оператива. Паралелно со наставната и научната дејност, како консултант активно учествувал во реализацијата на проекти од областа на железниците и патиштата. Љ. Т.
ИСАИЈА СЕРСКИ
ИСАИЈА СЕРСКИ (диецеза на Липлјанската епископија на Косово, меѓу 1300 и 1310 – светогорскиот манастир „Свети Пантелејмон”, по 1375) – монах, српски дипломат и книжевник. Напуштајќи го семејството на таткото Ѓорѓи и мајката Калина, првин се замонашил во Осоговскиот манастир кај Крива Паланка, каде ја започнал и книжевната дејност, а потоа заминал на Света Гора… Continue reading ИСАИЈА СЕРСКИ
ИСАЈА, Јон
ИСАЈА, Јон (Тетово, 5. Ⅰ 1915 – Скопје, 13. Ⅻ 1993) – актер. Завршил Театарска академија во Букурешт, Романија (1942). Станува член на Драмата на МНТ (1951-1964). Кариерата ја продолжува во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал на филм и ТВ. Го негуваше сценскиот говор и се залагаше за строго психолошко обликување на ликовите. Улоги: д-р… Continue reading ИСАЈА, Јон
ИСАКУ, Мурат
ИСАКУ, Мурат (Мурат Исаку) (с. Гајре, Тетовско, 1928 – Тетово, 2005) – писател и преведувач. Основно училиште завршил во Тетово, средно во Елбасан и во Ѓаковица, а студии по албански јазик и книжевност во Белград. Првин работел како наставник, а потоа како новинар и уредник во МРТ (во Редакцијата на албански јазик). Првите песни ги… Continue reading ИСАКУ, Мурат
ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ во Канада
ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА „ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ“ во Канада (Торонто, 28 4 1959) – македонска национална организација што развива национална културна и просветна дејност и ги афирмира македонскиот национален идентитет и припадноста кон МПЦ, верските обреди и македонските на-Амблемот на „Обединетите Македонци“ родни традиции, работи за национално и духовно обединување на Македонците во Канада. Има гранки во Хамилтон… Continue reading ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ во Канада
ИСЕЛЕНИЧКО ПРЕСПАНСКО ДОБРОТВОРНО ДРУШТВО
ИСЕЛЕНИЧКО ПРЕСПАНСКО ДОБРОТВОРНО ДРУШТВО (Торонто, Канада, 1961) – друштво на Македонците по потекло од Преспанско. Друштвото било регистрирано кај државните власти (1983). Во статутот е со име Преспанско-ресенско добротворно друштво „Преспа“. Сл. Н.-К.
ИСЕЛУВАЊЕ НА ТУРЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА
ИСЕЛУВАЊЕ НА ТУРЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА (1912–). На почетокот од ⅩⅩ в. турското население во Македонија (според една статистика) претставувало 22,14 % или 499. 304 жители. Кога војските на сојузените балкански држави ја окупирале Македонија (1912) масовно било протерано или се иселило пред нивното настапување голем дел од турското население. Со Лозанската конвенција (30. Ⅰ 1923)… Continue reading ИСЕЛУВАЊЕ НА ТУРЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА
ИСЛАМИ, Абдулазис
ИСЛАМИ, Абдулазис (Абдулазис Ислами) (с. Гајре, Тетовско, 29. Ⅶ 1930 – Тетово, 2005) – поет, раскажувач, драмски автор, преведувач. Основно училиште завршил во родното место, средно образование во Тетово, а Педагошка академија во Скопје. Бил новинар и уредник на Културната рубрика во емисиите на албански јазик во Радио Скопје. Првото литературно остварување го објавува во… Continue reading ИСЛАМИ, Абдулазис
ИСМАИЛ, Ѓунер
ИСМАИЛ, Ѓунер (Битола, 27. IX 1951) – издавач, публицист, општественик, политичар. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Со пишување почнал во студентските денови, со театарски рецензии за МОТ и фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп. Првите публицистички трудови ги објавил во весникот „Комунист”, а кон крајот на осумдесеттите години соработувал и во „Млад борец”. Во наредната деценија… Continue reading ИСМАИЛ, Ѓунер
ИСМАИЛ, Исмаил
ИСМАИЛ, Исмаил (Битола, 2. Ⅲ 1923 – Скопје, 28. Ⅳ 1999) – новинар. Бил директор на основното училиште „Никола Тесла” во Битола, новинар во весникот „Бирлик” и уредник на списанието „Културен живот”. Од доаѓањето во Македонската радио-телевизија бил прв уредник на емисиите на турски јазик (1969-1987). Учествувал во подготовката и уредувањето на програмата на турски… Continue reading ИСМАИЛ, Исмаил
ИСМАИЛИ, Марсел
ИСМАИЛИ, Марсел (Гостивар, 8. XI 1929) – лекар. Завршил Мед. ф. Член на СКЈ (од 1958). Бил лекар и управник во Здравствениот дом, а потоа началник на Болничката служба и директор на Медицинскиот центар во Гостивар. Бил член и на Општинскиот синдикален совет и пратеник во Социјално-здравствениот собор на Собранието на СФРЈ (1970). С. Мл.… Continue reading ИСМАИЛИ, Марсел
ИСТИБАЊСКА КЛИСУРА
ИСТИБАЊСКА КЛИСУРА – се протега помеѓу Делчевска Котлина (од утоката на Овчеполска Река во Брегалница), па сè до влезот во Кочанска Котлина, с. Истибања, помеѓу планините Голак од југ и Осоговските Планини од север, во должина од 39 км. Во овој дел Брегалница изградила повеќе меандри. Истибањската Клисура е епигентска. Првиот дел од клисурата е… Continue reading ИСТИБАЊСКА КЛИСУРА
ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. По доаѓањето на Словените на Балканскиот Полуостров е создаден првиот словенски книжевен јазик, познат како старословенски (IX в.). Во неговата основа е земен македонскиот говор од Солунско. Св. Кирил ја создал првата словенска азбука – глаголицата (863) и заедно со брат му св. Методиј ги направил првите преводи од грчки на… Continue reading ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА ШУМСКАТА ВЕГЕТАЦИЈА ВО РМ
ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА ШУМСКАТА ВЕГЕТАЦИЈА ВО РМ. Вегетацискиот покривач во Република Македонијазапочнал да се формира уште во стариот терциер-палеоген. Палеогена Македонија претставувала архипелаг од острови во океанот Тетис. Палеогените седименти во вид на лапори денес се распространети во централна Македонија. Во нив Ф. Паџ (1951) во Скопско и Н. Пан-тиќ (1956) во Овче Поле нашле… Continue reading ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА ШУМСКАТА ВЕГЕТАЦИЈА ВО РМ
ИСТОЧНА ГРУПА ЈАЗИЦИ ОД СЛОВЕНСКО ПОТЕКЛО
ИСТОЧНА ГРУПА ЈАЗИЦИ ОД СЛОВЕНСКО ПОТЕКЛО. Носителите на источнословенските дијалекти во средината на Ⅰ в. од н.е. се шират на поголема територија на Источна Европа и веќе во крајот на Х-XI в. настанува старорускиот литературен јазик под силно влијание од писменоста на Охридскиот културен центар. Од ⅩⅤ в. во писменоста се изразуваат особености карактеристични за… Continue reading ИСТОЧНА ГРУПА ЈАЗИЦИ ОД СЛОВЕНСКО ПОТЕКЛО
ИСТРАЖУВАЧКИ ЦЕНТАР ЗА ГЕНЕТСКО ИНЖЕНЕРСТВО И БИОТЕХНОЛОГИЈА
ИСТРАЖУВАЧКИ ЦЕНТАР ЗА ГЕНЕТСКО ИНЖЕНЕРСТВО И БИОТЕХНОЛОГИЈА (ИЦГИБ) – научна единица на МАНУ, формирана во 1986 г. Во состав на Центарот е Националната референтна лабораторија за хемоглобинопатии формирана во 1970 г. на Клиниката за детски болести при Мед. ф. во Скопје, која од 1995 г. претставува Меѓународна референтна лабораторија за хемоглобинопатии и Меѓународен информативен центар… Continue reading ИСТРАЖУВАЧКИ ЦЕНТАР ЗА ГЕНЕТСКО ИНЖЕНЕРСТВО И БИОТЕХНОЛОГИЈА
ИСХАК БАХАР ШАМУЕЛ АДРАБИ
ИСХАК БАХАР ШАМУЕЛ АДРАБИ (Солун, 1520 – ?) – рабин, автор на 30, главно филозофски трудови, од кои најзначаен е во почетокот „Дивре Салом” („Зборови на мир”), отпечатен во Венеција (1586). Трудот претставува филозофско дело, во кое авторот докажува дека светот произлегол од хаос. Пишувал и други филозофски дела за суштината на душата и за… Continue reading ИСХАК БАХАР ШАМУЕЛ АДРАБИ
ИСЧЕЗНАТИ ВИДОВИ ОД ФЛОРАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ИСЧЕЗНАТИ ВИДОВИ ОД ФЛОРАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – видови што во минатото биле присутни на територијата на РМ, но од најразлични причини, најчесто поради антропогени активности (интервенции во природните екосистеми, мелиорации на мочуришта, изградба на водни акумулации, потопување клисури, добивање нови обработливи површини и сл.), се исчезнати од нејзината флора. Таков е случајот со видовите:… Continue reading ИСЧЕЗНАТИ ВИДОВИ ОД ФЛОРАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ИТАЛИЈА Италијанска окупациона војска во Македонија
ИТАЛИЈА Италијанска окупациона војска во Македонија (1941) ИТАЛИЈА И МАКЕДОНИЈА (1876–2008). Италија имала активно учество за решавање на кризата на Балканот (1876/1877), за прашањето за Македонија на Цариградската конференција (1876– 1877) и на Берлинскиот конгрес (1878). Со Берлинскиот договор (1878) османлиската држава била обврзана на Македонија да $ даде статус на автономна провинција уредена со… Continue reading ИТАЛИЈА Италијанска окупациона војска во Македонија
ИТАЛИЈАНСКА ЛЕГЕНДА
ИТАЛИЈАНСКА ЛЕГЕНДА -. Основа на ова дело претставува писмото на Анастасиј Библиотекарот до еп. Гаудерик Велетриски за откривањето на моштите на св. Климент Римски во Херсон од Константин – св. Кирил Философ на пат за Хазарската мисија, а 868 г. донесени од Браќата во Рим. Напишана е веројатно меѓу 870-882 г., кога Гаудерик можел да… Continue reading ИТАЛИЈАНСКА ЛЕГЕНДА
ИТАР ПЕЈО
ИТАР ПЕЈО (Итар Петре, Пејо Итроманецот) – јунак од народните приказни, шегобиец и итроман, претставник на македонската шегобијна мудрост. Според народните верувања, потекнувал од мариовското село Градешница. Нема историски потврди за неговото постоење и веројатно се појавил како противтежа на османлискиот итроманец и шегаџија Насрадин Оџа во духовниот отпор на македонскиот народ против османлиското угнетување.… Continue reading ИТАР ПЕЈО
ИЦЕВ, Александар
ИЦЕВ, Александар (Кавадарци, 11. Ⅵ 1921) – металостругар, првоборец и политичар. Ги завршил Градежното училиште во Кавадарци и Военото занаетчиско училиште при Воено-техничкиот завод во Крагуевац. Како истакнат член на работничкото движење, станал член на КПЈ (1940). Бил учесник во НОАВМ (1941) во илегална партиско-политичка работа како член на МК на СКОЈ и секретар на… Continue reading ИЦЕВ, Александар