ИКОНОМОВ, Петар

ИКОНОМОВ, Петар (Скопје, 10. Ⅳ 1915 – Скопје, 2004) – основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал биологија на ПМФ во Софија (1942). Бил директор на Природонаучниот музеј на Македонија (1945–1958). Во 1946 г. бил избран за наставник на Групата за биологија на Филозофскиот факултет. До 1952 г. учествувал во наставата како предавач. Докторската… Continue reading ИКОНОМОВ, Петар

ИКОНОМОВА, Фанка

ИКОНОМОВА, Фанка (Велико Трново, Бугарија, 6. Ⅴ 1920) – оперска певица, сопран. Дипломирала на Софиската музичка академија (1944). Солист во Операта на МНТ (1948-1975). Дебитирала (1948) со улогата на Неда во операта Палјачи. Остварила повеќе од 30 улоги од кои позначајни се: Блонда (Грабнување од сарајот), Мизета (Боеми), Елизета (Таен брак), Марцелина (Фиделио), Ѓула (Еро… Continue reading ИКОНОМОВА, Фанка

ИЛАРИОН МЕГЛЕНСКИ, свети

ИЛАРИОН МЕГЛЕНСКИ, свети (Охрид, крајот на XI в. – ?, 1164) – светител, мегленски епископ и книжевен деец. Меѓу 1133 и 1142 г. охридскиот архиепископ Евстатиј го ракоположил за епископ мегленски. Бил жесток противник на еретичките движења и учења, со кои директно водел полемики и пишувал полемички текстови со антиеретичка содрСв. Иларион Мегленски жина, толкувајќи… Continue reading ИЛАРИОН МЕГЛЕНСКИ, свети

ИЛАРИОНОВ, Николај Александрович

ИЛАРИОНОВ, Николај Александрович (1844 – ?) – руски конзул во Солун. Од 1860 г. на конзулска служба на Балканот (Сараево, Мостар, Скадар), потоа во Солун (1874), Ерусалим и Одрин, како генерален конзул во Смирна и одново во Солун (1894), каде што на 19. Ⅳ 1892 г. (поради болест) е пензиониран. Бл. Р.

ИЛИЕВ, Атанас Тодоров

ИЛИЕВ, Атанас Тодоров (Валандово, 6. Ⅱ 1927 – Скопје, 12. Ⅶ 1990) – ветеринар. Докторирал на Ветер. ф. во Белград (1975). Научен советник во Ветеринарниот институт во Скопје и негов директор (1985-1987). Бил потпретседател на Собранието на Општина Валандово и секретар на Општинскиот комитет на СКМ во Валандово. Бил пратеник во Собранието на СРМ (1963-1965).… Continue reading ИЛИЕВ, Атанас Тодоров

ИЛИЕВ, Диме

ИЛИЕВ, Диме (Кавадарци, 19. IX 1952) – актер. Дипломирал на Отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје (1975). Член на Драмскиот театар е од 1975 г. Улоги: Момчето (Црнила); Јанез Митиќ (Карамазови); Наум (Р); Камиј (Смртта на Дантон); Креонт (Медеја); Фи-Диме Илиев лип (Вазна од порцелан); Танасие (Нажалена фамилија); Зард (Европа); Пјеро… Continue reading ИЛИЕВ, Диме

ИЛИЕВСКА, Красимира

ИЛИЕВСКА, Красимира (Скопје, 1. Ⅳ 1950) – филолог, редовен проф. на Фил. ф. (Катедра за славистика). Предмет на научни истражувања: историја на јазикот, историска ономастика, средновековна правна литература, јазици во контакт, меѓујазична интерференција, методика на наставата, формирање на говорниот израз кај малите деца, прашања од областа на руската граматика и лексикологија. Магистерска теза – „Топонимите… Continue reading ИЛИЕВСКА, Красимира

ИЛИЕВСКИ, Александар Ставрев

ИЛИЕВСКИ, Александар Ставрев (с. Сурдулци, Радовишко, 24. Ⅻ 1938) – педагог, универзитетски професор. Завршил учителска школа и Филозофски факултет во Скопје (1964). Постдипломските студии ги започнал на Филозофскиот факултет во Бел-град, а магистрирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1993), каде што и докторирал (1995). Работел како библиотекар на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет (1971–1995).… Continue reading ИЛИЕВСКИ, Александар Ставрев

ИЛИЕВСКИ, Димитар

ИЛИЕВСКИ, Димитар (Битола, 21. IX 1953 – Хималаи, 10. Ⅴ 1989) – алпинист. Член на Планинарско-скијачкото друштво „Пелистер” во Битола (од 1968), во кое е основана Алпинистичка секција. Ги освоил речиси сите најважни врвови во Југославија, во Грција, Бугарија како и врвовите на Алпите: Мон Блан (4.807 м), Мате-хорн (4.808 м) и Монте Роса (1980).… Continue reading ИЛИЕВСКИ, Димитар

ИЛИЕВСКИ, Методија

ИЛИЕВСКИ, Методија (псевд. Креола) (Битола, 20. Ⅳ 1914 – Скопје, мај, 1984) – оперски певец, бас. Пеење учел приватно кај Ст. Липша. Во Операта на МНТ е од 1948 до 1972 г.. Во почетокот како член на Хорот, а подоцна како солист, бил носител на басовскиот репертоар во првите две децении од дејноста на Операта.… Continue reading ИЛИЕВСКИ, Методија

ИЛИЕВСКИ, Митко Аксентиев

ИЛИЕВСКИ, Митко Аксентиев (с. Блатец, Кочанско, 27. Ⅴ 1924 – Скопје, 24. Ⅳ 1993) – доајен на македонската филозофија. Гимназиското образование го започнал во Кочани, а матурирал во Штипската гимназија (1945). Раководел со скоевската организација во гимназијата во Кочани (1942–1944), поради што бил затворен од бугарската полиција. На 20 август 1944 г. стапил во НОВ.… Continue reading ИЛИЕВСКИ, Митко Аксентиев

ИЛИЕВСКИ, Нанче Христов

ИЛИЕВСКИ, Нанче Христов (Бигор Доленци, Кичевско, 22. XI 1928 – Скопје, 20. Ⅻ 1979) – електротехнички инженер во рударството и металургијата. Основно образование завршил во родното место (1938), гимназија во Неготин-Краина (1939–1945), во Скопје (1946), Електротехнички факултет во Белград, еден семестар во Диселдорф (1947–1952). Работи како технички директор во Рудниците за олово и цинк „Злетово”… Continue reading ИЛИЕВСКИ, Нанче Христов

ИЛИЕСКУ Крушовену Ташку

ИЛИЕСКУ Крушовену Ташку . – автор од Крушево. Превел или адаптирал на влашки (аромански) јазик една окситанска народна песна („Ескривата”), која останува во трезорите на Националната библиотека во Париз близу стотина години. Ја откри проф. д-р Божидар Настев и ја преведе во проза на македонски јазик од јазикот на Окситанците (ланг д’ок). Пишувал поезија на… Continue reading ИЛИЕСКУ Крушовену Ташку

ИЛИН, Душица

ИЛИН, Душица (Тетово, 12. Ⅲ 1944) – новинар и поет. Се школувала во Битола и во Скопје и матурирала во гимназијата во Тетово (1982). Член е на ДПМ (1972). Преведувана е на англиски, полски, турски, романски и на други јазици. Живее и работи во Бел-град како дописник на македонските електронски и пишани медиуми од Србија.… Continue reading ИЛИН, Душица

ИЛИНДЕН

ИЛИНДЕН – село во Скопско. Се наоѓа источно од Скопје, во Скопско Поле, на надморска висина од 230 м. Со Скопје е поврзано со редовна градска автобуска линија. Има 4.931 ж., од нив 4.285 ж. се Македонци, 340 се од албанското малцинство и 176 се од српското малцинство. Седиште на општина што зафаќа површина од… Continue reading ИЛИНДЕН

ИЛИНДЕН , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО

ИЛИНДЕН“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Детроит, Мичиген, САД, 1979) – друштво на македонски доселеници во државата Мичиген од селото Рогачево, Тетовско (само во Детроит има триесетина семејства). Друштвото го слави верскиот и национален празник Илинден и селската слава Свети Спас во село Рогачево. Сл. Н.-К.

ИЛИНДЕНÃ

ИЛИНДЕНÃ . (Софија, 27. XI 1907 – 12. IX 1908) – весник. Излегувал двапати неделно, во среда и во сабота. Покрај уредникот и издавач В. Пасков, Редакцијата ја сочинувале и Глигор Василев, Пеју К. Јаворов, Данаил Крапчев, Никола Милев и Петко Пенчев. Објавени се вкупно 64 броја. Политички биле против раководството на ВМОРО избрано на… Continue reading ИЛИНДЕНÃ

ИЛИНДЕНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

ИЛИНДЕНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Софија, 1923–1934 и 1941– 1944) – емигрантска организација на македонските револуционери, учесници во Илинденското востание и во ослободителните борби на Македонија. Друштвото „Илинден” било основано во Софија, во пролетта на 1921 г., како доброволна и културно-просветна организација, независна од политичките партии. Друштвото имало свој орган, в. „Илинден”, кој од 30 јули 1921 г.… Continue reading ИЛИНДЕНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

ИЛИНДЕНСКИ ДЕМОНСТРАЦИИ

ИЛИНДЕНСКИ ДЕМОНСТРАЦИИ (Вардарски дел на Македонија, 1940) – масовни демонстрации во Прилеп, Скопје и во Охрид против српскиот режим. Демонстрантите повикувале на оружена борба за ослободување и државност. Во Скопје допатувал претседателот на Владата, кој признал дека во Југославија се појавува четврта нација и наредил да се применат остри мерки. ЛИТ.: Извори за историјата на… Continue reading ИЛИНДЕНСКИ ДЕМОНСТРАЦИИ

ИЛИНДЕНСКИ КАЈАК СЛАЛОМ

ИЛИНДЕНСКИ КАЈАК СЛАЛОМ – ИКАС – меѓународен кајакарски натпревар на диви води. Кајакарските работници во Скопје формирале Иницијативен одбор од 9 члена на чело со Мемед шакир за основање на традиционални меѓународни кајакарски натпревари на диви води на реката Треска посветени на Илинден, националниот празник на Македонија (ИКАС, 1969). Благодарение на квалитетните материјални и кадровски… Continue reading ИЛИНДЕНСКИ КАЈАК СЛАЛОМ

ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ

ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ (1903) – востание на македонскиот народ против османлиската власт. Конгресот на Македонската револуционерна организација (ТМОРО), одржан во Солун (2/15. – 4/17. Ⅰ 1896), донел одлука (16. Ⅰ 1903) напролет да се крене оружено востание. Започнувањето и водењето на Востанието биле препуштени на окружните комитети. Конгресот на Битолскиот револуционерен округ, одржан во Смилево (19-24.… Continue reading ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ

ИЛИЌ, Воислав И

ИЛИЌ, Воислав И. (с. Баништа, Дебарско, 1. Ⅴ 1916 – Белград, 21. Ⅳ 1988) – македонски славист и поет, литературен историчар и критичар, универзитетски професор по македонски јазик и литература. Основното и средното образование ги завршува во Битола (1922–1935), а по дипломирањето на Филозофскиот факултет во Белград (1935–1939) работи како коректор во в. „Правда” и… Continue reading ИЛИЌ, Воислав И

ИЛИЌ, Горан

ИЛИЌ, Горан (Куманово, 27. Ⅶ 1959) – актер. Дипломирал на отсекот за актерска игра на ФДУ во Скопје (1984). Од 1984 г. е член на Народниот театар во Куманово, чиј директор е од 2002 г. Настапувал и на други сцени низ Републиката. Улоги: Амлет (Амлет у Зелену Бару); Алфред (Не сме ние ангели); Љубо (Кога… Continue reading ИЛИЌ, Горан