ИКОНОМОВ, Петар

ИКОНОМОВ, Петар (Скопје, 10. Ⅳ 1915 – Скопје, 2004) – основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал биологија на ПМФ во Софија (1942). Бил директор на Природонаучниот музеј на Македонија (1945–1958). Во 1946 г. бил избран за наставник на Групата за биологија на Филозофскиот факултет. До 1952 г. учествувал во наставата како предавач. Докторската дисертација ја одбранил во 1959 г. Доцент бил до 1960 г., вонреден професор до 1965 и потоа редовен професор. Заминал во пензија во 1981 г. Се занимавал со проучувањето на систематиката, екологија, распространувањето и зоогеографската припадност на Епхемероптера и Плецоптера во Македонија. Публикувал повеќе од 45 научни труда. Д. Пр.