ЗДРАВЕВ, Петар (Тетово, 25. Ⅵ 1883 – Скопје, 1960) – професор на Мед. ф. (Катедра за оториноларингологија). Студирал во швајцарија на Универзитетот во Женева. Во есента 1915 г. со група други македонски студенти во Женева се организирале и основале Академско друштво „Македонија” со цел да го запознава јавното мислење со положбата на македонскиот народ и… Continue reading ЗДРАВЕВ, Петар
Tag: З
ЗДРАВЕВА, Милка П
ЗДРАВЕВА, Милка П. (Радовиш, 26. Ⅲ 1940) – научен советник и редовен професор во ИНИ во Скопје, во пензија. Дипломирала на Вишата педагошка школа – група Историја и географија (1964), на Природно-математичкиот факултет – група Географија (1967) и на Филозофскиот факултет – група Историја во Скопје (1973). Магистрирала на темата „Македонија во меѓународниот сообраќај и… Continue reading ЗДРАВЕВА, Милка П
ЗДРАВИЦА
ЗДРАВИЦА -. типична форма на реторичкиот жанр од усното народно творештво. Таа се кажува на многу народни празници и свечености – слави, крштевки, имендени, при вршењето на некои заеднички работи итн. Таа е кратка по форма, што произлегува од нејзината функција – не ја разработува фабулата, туку уверува, во неа се изрекуваат најубави желби за… Continue reading ЗДРАВИЦА
ЗДРАВКОВСКА, Смилка Пенкова
ЗДРАВКОВСКА, Смилка Пенкова (Скопје, 14. Ⅰ 1947) – математичар, уредник во списанието „Матхематицал Ревиењс”, САД (1980). Дипломирала во Москва (1969), а докторирала на Универзитетот во Манчестер (1973) со темата „Тополошки објекти во теоријата на хомотопијата”. Избрана за вонреден професор (1978) на Математичкиот факултет. Објавила научни трудови од областа на топологијата, теоријата на категориите и историјата… Continue reading ЗДРАВКОВСКА, Смилка Пенкова
ЗДРАВКОВСКИ, Драгиша
ЗДРАВКОВСКИ, Драгиша (Свети Николе, 12. Ⅹ 1952) – археолог. Дипломирал на Групата за историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје (1979). Магистрирал (2004) и докторирал (2006) на теми од неолитот во Македонија на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1981 г. работи како кустос во Музејот на Македонија, а во периодот 2001-2002 г.… Continue reading ЗДРАВКОВСКИ, Драгиша
ЗДРАВКОВСКИ, Зоран
ЗДРАВКОВСКИ, Зоран (Бел-град, 16. Ⅲ 1953) – редовен професор (2001) на ПМФ, Институт за хемија. Дипломирал (1975) како најдобар студент од својата генерација и магистрирал (1982) во Скопје, а докторирал (1989) во Љубљана (Словенија). Бил на двегодишен постдокторски престој во Њу Орлеанс (САД). Одржувал настава по неколку предЗоран Здравковски мети од областа на неорганската хемија… Continue reading ЗДРАВКОВСКИ, Зоран
ЗДРАВКОВСКИ, Цане
ЗДРАВКОВСКИ, Цане (Александар) (Врањевци, Битолско, 2. Ⅵ 1936) – професор по македонски јазик и литература, писател (раскажувач, романсиер и драмски автор) и книжевен критичар. Дипломирал на Филозофскиот факултет (Историја на книжевностите на народите на СФРЈ и македонски јазик) во Скопје (1962) и докторирал на тема „Животот и делото на Иван Точко“ (1980). Член е на… Continue reading ЗДРАВКОВСКИ, Цане
ЗДРАВСТВЕН ДОМ
ЗДРАВСТВЕН ДОМ -. здравствена установа што спроведува примарна и превентивна здравствена заштита во областа на општата медицина, итната медицинска помош, домашното лекување, заштитата на децата, младината, жените и работниците, пневмофтизиолошката и стоматолошката заштита, рендген и лабораториската дијагностика, поливалентната патронажа, епидемиолошката, санитарно-хигиенската и социјално-медицинската дејност, здравствената статистика и обезбедувањето со лекови. Здравствениот дом е организиран во… Continue reading ЗДРАВСТВЕН ДОМ
ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ / СИСТЕМ НА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА
ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ / СИСТЕМ НА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА .- збир од меѓусебно поврзани елементи во формална структура за задоволување на здравствените потреби на дефинирана популација чие финансирање, менаџмент, опсег и содржина на функциите и активностите се дефинирани со закони и друга регулатива. Тоа овозможува услугите што им се даваат на луѓето да придонесуваат за заштита на… Continue reading ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ / СИСТЕМ НА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА
ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА / УСТАНОВА
ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА / УСТАНОВА .- заеднички општ термин што се употребува да опише многу видови организации што даваат здравствени услуги. Законот за здравствена заштита на Република Македонијадава можност здравствените организации да се основаат како: јавни, задружни, мешовити и приватни, во зависност од основачот, односно според тоа кој ги обезбедува средствата потребни за основање и работа… Continue reading ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА / УСТАНОВА
ЗДРАВСТВЕНА СЛУЖБА
ЗДРАВСТВЕНА СЛУЖБА -. перманентен и широко распространет систем во Република Македонијаод воспоставени институции, организации и установи со повеќенасочни задачи, со цел да ги задоволи разните здравствени потреби и побарувања на населението и според тоа да обезбеди здравствена заштита на поединците и заедницата, вклучувајќи широк спектар на превентивни и куративни активности и искористувајќи ги во голема… Continue reading ЗДРАВСТВЕНА СЛУЖБА
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА УСТАВНО ПРАВО НА СРМ/РМ
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА УСТАВНО ПРАВО НА СРМ/РМ -. самостојна и доброволна организација на правниците, чии основни цели се унапредување на научната, наставната и издавачката дејност во областа на уставното право и усовршување на уставниот поредок на СРМ/РМ. Формирано е на Правниот факултет во Скопје (1982), како составен дел на Здружението за уставно право на СФРЈ. Од… Continue reading ЗДРУЖЕНИЕ ЗА УСТАВНО ПРАВО НА СРМ/РМ
ЗДРУЖЕНИЕ НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ од Егејскиот дел на Македонија
ЗДРУЖЕНИЕ НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ од Егејскиот дел на Македонија (Торонто, Онтарио, Канада, 1978). На првата средба (1978) било договорено организирањето на Светската средба на бегалците (1988), кои ја преживеале трагедијата на Граѓанската војна во Грција и егзодусот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Здружението помагало во акциите на македонските иселеници за признавање на независна… Continue reading ЗДРУЖЕНИЕ НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ од Егејскиот дел на Македонија
ЗДРУЖЕНИЕ НА ФАРМАКОЛОЗИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
ЗДРУЖЕНИЕ НА ФАРМАКОЛОЗИТЕ НА МАКЕДОНИЈА .- струкова асоцијација формирана во 1998 г. со цел да поттикнува и да развива стручна, научноистражувачка и едукативна работа од областа на базичната и клиничката фармакологија; да развива соработка меѓу неговите членови и да соработува со други стручни и научни организации од областа на медицината; да им помага на органите… Continue reading ЗДРУЖЕНИЕ НА ФАРМАКОЛОЗИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
ЗДУЊЕ
ЗДУЊЕ -. рановизантиска некропола Подградец, сместена на крајните западни ограноци на Сува Планина, каде што реката Оча се влива во Треска. Во две кампањи (1986 и 1998) се откриени 10 гробни целини од типот на цисти изведени од грубо обработени камени плочи од песочник, во кои е откриен накит: обетки (со териморфен завршеток, со полиедарски… Continue reading ЗДУЊЕ
ЗЕЈРЕНЕ
ЗЕЈРЕНЕ (Зеирене) – Афродита кај античките Македонци, според Хесихиј (Хесѕцхиус). По долината на Вардар, Афродита е почитувана во Ⅱ и Ⅰ в. во Стоби, Демир Капија, Вардарски Рид, што се заклучува според пластичните претстави во теракота и во мермер.ЛИТ.: В. Битракова-Грозданова, Религија и уметност во антиката во Македонија, Скопје, 1999; Еадем, Скулптурата од Вардарски Рид,… Continue reading ЗЕЈРЕНЕ
ЗЕКЕРИЈА, Неџати
ЗЕКЕРИЈА, Неџати (Зекериѕа, Нецати) (Скопје, 1923-1988) – поет, раскажувач, писател за деца, преведувач и литературен критичар од турската националност во РМ. Стекнал високо образование, бил кратко време учител, работел како новинар, уредник на турските детски сп. „Севинч”, „Томурџук”. Еден мандат бил главен и одговорен уредник на в. „Бирлик” во Скопје. Повеќе години бил соработник на… Continue reading ЗЕКЕРИЈА, Неџати
ЗЕКИР, Рамиз
ЗЕКИР, Рамиз (Охрид, 24. XI – 1933) – кајакар, заедно со Усни Доко. Биле членови на ВК „Стрмец” во Охрид. Во Охрид (1948) учествувале со успех на првенствата на Југославија во кајак-двосед (К-2) на мирни води; освоиле прво место на 1000 м (1952), три први места на 500, 1000 и 10 000 м, а во… Continue reading ЗЕКИР, Рамиз
ЗЕКМАНОВА-ЈАКИМОВА, Нада
ЗЕКМАНОВА-ЈАКИМОВА, Нада (Скопје, 2. Ⅵ 1917 – октомври 2002) – учителка и писателка за деца. Завршила Учителска школа во Скопје. Член е на ДПМ (1972). Пишува исклучиво за деца – раскази, сказни, скици и новелети. Првите раскази ги објавила во дневниот и периодичниот печат пред Втората светска војна. БИБ.: Лет на Марс, Скопје, 1972; Пролетни… Continue reading ЗЕКМАНОВА-ЈАКИМОВА, Нада
ЗЕЛЕНИКОВО
ЗЕЛЕНИКОВО – село во Скопско. Се наоѓа во Таорската клисура, од десната страна на р. Вардар, на надморска височина од околу 230 м. Со Скопје е поврзано со регионален пат и железничка линија. Има 771 ж. од кои 706 се Македонци, а 61 ж. се Роми. Тоа е седиште на општина која зафаќа површина од… Continue reading ЗЕЛЕНИКОВО
ЗЕЛКОВИ КУЛТУРИ
ЗЕЛКОВИ КУЛТУРИ – група растенија од фам. Брассицацеае, со голем полиморфизам и со широк ареал на распространетост. Сите зелкови култури според потеклото се поделени во три групи: средоземна (медитеранеа), европска Афродита од Вардарски Рид (ИV в. пр.н.е.) зелка карфиол брокола алабаш кељ (еуропеа) и азиска (ориенталис). Во исхраната се користат главиците (зелка, кељ, кељ-пупчар), неразвиените… Continue reading ЗЕЛКОВИ КУЛТУРИ
ЗЕМЈИШТЕ
ЗЕМЈИШТЕ -. поимот често се идентификува со поимот почва. Почвата, како природноисториско тродимензионално тело на површинскиот слој од земјината кора, кое се одликува со свои морфолошки, физички, хемиски, и биолошки својства, е само една од компонентите што го сочинуваат предметот означен како земјиште. Земјиштето се дефинира како географски специфичен простор на земјината површина, а го… Continue reading ЗЕМЈИШТЕ
ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА – според податоците од Статистичкиот годишник на Република Македонијаод 2005 г., вкупниот број деловни субјекти во земјоделскиот сектор изнесува 2.111, при што 1.218 се приватни претпријатија, 529 се друштва со ограничена одговорност, 277 се задруги, 14 се задружни претпријатија, 11 се акционерски друштва итн. Во нив работат 5.332 лица. Индексот на производство (1960=100)… Continue reading ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ / ФАКУЛТЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО СКОПЈЕ
ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ / ФАКУЛТЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО СКОПЈЕ (есен 1947) – факултет формиран како посебен отсек на Земјоделско-шумарскиот факултет, кој подоцна се поделил на два самостојни факултета – Земјоделски факултет и шумарски факултет (1975). Во хронологијата на рабосица. Д. Ј. Земјоделскиот факултет во Скопје тата на Факултетот посебно се издвојуваат првата диплома… Continue reading ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ / ФАКУЛТЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО СКОПЈЕ