ЗАЈАС

ЗАЈАС – село во Кичевско. Се наоѓа во источното подножје на планината Бистра, од десната страна на Тајмишка Река, на надморска висина од околу 800 м. Низ селото поминува магистралниот пат М–4, кој го поврзува со Кичево. Населено е со Албанци, а нивниот број изнесува 4.712 ж. Голем дел од населението се наоѓа на привремена… Continue reading ЗАЈАС

ЗАЈАСИ, Мефаил

ЗАЈАСИ, Мефаил (Еипов) (Зајас, Кичевско, 1919 – Тетовско, 1946) – организатор и водач на балистите во Западна Македонија во Втората светска војна (1941–1944). Бил водач на балистите во Кичевската околија кога Италијанците го унапредиле во чин капетан, а потоа Германците го исползувале за свои цели. Учествувал во сите оружени судири со македонските партизани на територијата… Continue reading ЗАЈАСИ, Мефаил

ЗАЈАЦИ

ЗАЈАЦИ (Лепоридае) – фамилија од зајакообразните цицачи (Лагоморпха), во која се вклучени средни по големина животни, со долги уши, со кратка опашка и со задни нозе прилагодени за скокање. Во Македонија се среќаваат два вида од оваа фамилија: див зајак (Лепус еуропаеус) и домашен зајак или куниќ (Орѕцтолагус цуницулус). Див зајак ЛИТ.: С. Петковски –Б.… Continue reading ЗАЈАЦИ

ЗАЈКОВ, Георги Николов

ЗАЈКОВ, Георги Николов (псевдоним: Гео Пирински) (с. Градот, Банско, 15. Ⅷ 1901 – Софија, Бугарија) – најактивниот културнонационален деец сред македонската прогресивна емиграција во САД. По завршувањето на гимназијата во ќустендил и учеството во марксистичките кружоци, веднаш по софискиот преврат од 9 јуни 1923 г., емигрира во САД и станува член на КП на САД… Continue reading ЗАЈКОВ, Георги Николов

ЗАКОН за забрана на македонскиот јазик во Егејскиот дел на Македонија

ЗАКОН за забрана на македонскиот јазик во Егејскиот дел на Македонија (септември 1936) – грчки закон за забрана да се зборува на македонски јазик не само во јавната комуникација и на јавни манифестации од секојдневниот живот (свадби, погреби и др.) туку и во семејството. За прекршувањето на забраната биле применувани сурови казни (плаќање на т.н.… Continue reading ЗАКОН за забрана на македонскиот јазик во Егејскиот дел на Македонија

ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ДРЖАВАТА на Кралството на СХС

ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ДРЖАВАТА на Кралството на СХС (1921 г.) – закон за заштита на јавната безбедност и поредок во државата. Особено биле прогонувани комунистите и националните политички организации и групи на подвластените и непризнатите народи во државата. ЛИТ.: Д-р Надежда Цветковска, Политичките партии во парламентарните изборни борби во вардарскиот дел на Македонија (1919–1929),… Continue reading ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ДРЖАВАТА на Кралството на СХС

ЗАКОН ЗА ПРОМЕНА НА ТОПОНИМИТЕ во Егејскиот дел на Македонија

ЗАКОН ЗА ПРОМЕНА НА ТОПОНИМИТЕ во Егејскиот дел на Македонија (1926) – државна мерка со која сите македонски топоними (имиња на реки, планини, села и градови) се заменувале со грчки. Топонимите што можеле да се преведат од македонски на грчки биле преведувани, а на оние што немало адекватна грчка замена им се давале нови грчки… Continue reading ЗАКОН ЗА ПРОМЕНА НА ТОПОНИМИТЕ во Егејскиот дел на Македонија

ЗАКОН СУДНИЈ ЉУДЕМ

ЗАКОН СУДНИЈ ЉУДЕМ – најстар словенски правен писмен споменик. Има повеќе теории за неговото авторство, време и мес-то на создавање. Поради моравизмите во јазикот, одделни правни поставки, паричните единици ка-Факсимил од „Закон судниј људем” ко и византиската Еклога што се наоѓа во основата, со голема доза на сигурност може да се тврди дека е создаден… Continue reading ЗАКОН СУДНИЈ ЉУДЕМ

ЗАКОНОДАВНА КОМИСИЈА ПРИ ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ

ЗАКОНОДАВНА КОМИСИЈА ПРИ ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ (2. Ⅷ 1944) – орган на Президиумот на АСНОМ. Основана со Решение на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944 г.) за да ги разгледува и да ги одобрува законодавните акти на АСНОМ или на Президиумот на АСНОМ пред да одат на седниците за конечно усвојување. Први нејзини членови… Continue reading ЗАКОНОДАВНА КОМИСИЈА ПРИ ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО – основен закон што ги регулира сите односи во земјоделското производство и за кој мнозина сметаат дека е устав во областа на земјоделството е Законот за земјоделството и руралниот развој. Овој законски акт е во владина процедура и се очекува да биде донесен во текот на 2007 г. Други поважни закони… Continue reading ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ЗАНАЕТЧИСТВО

ЗАНАЕТЧИСТВО – значајна стопанска дејност, особено пред Втората светска војна, во која вработување и егзистенција, за себе и за своите семејства, наоѓаЗанаетчија за изработка на музички инструменти ле илјадници занаетчии, калфи и чираци. Во минатото, македонските занаетчиски производи биле на добар глас и тие, освен на локалните, се продавале и на пазарите низ Европа и… Continue reading ЗАНАЕТЧИСТВО

ЗАНЕШЕВ, Димитар И

ЗАНЕШЕВ, Димитар И. (Воден, 21. Ⅰ 1876 – Софија, 24. Ⅰ 1962) – учесник во Илинденското востание, воденски војвода. Ја завршил Солунската егзархиска гимназија и егзистирал од трговија. Бил делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО (1903), член на штабот на Вториот солунски револуционерен реон во Илинденското востание. Од 1905 г. станал војвода на чета во… Continue reading ЗАНЕШЕВ, Димитар И

ЗАНИНОВИЌ, Јурај

ЗАНИНОВИЌ, Јурај (Стари Град, Хвар, Хрватска, 11. Ⅴ 1886 – Белград, Србија, 1969) – лекар. Дипломирал на Мед. ф. во Прага (1918). Кратко време работел во родниот град и во Битола (1924), а потоа преминал во Прилеп, како прв дипломиран лекар во градот. Во Прилеп работел без прекин до пензионирањето (1960). П. Б.

ЗАНКОВ, Георги

ЗАНКОВ, Георги (Самоков, Бугарија, 25. Ⅰ 1886 – Софија, 12. Ⅶ 1949) – деец на македонското револуционерно движење. Завршил гимназија во Софија (1904), стапил во МРО и бил војвода во Серскиот револуционерен округ. Учествувал во Балканските војни, бил пратеник во Бугарското народното собрание (1914–1918). По Првата светска војна бил помошник-кмет на Софија и претседател на… Continue reading ЗАНКОВ, Георги

ЗАПАДЕН БАЛКАН

ЗАПАДЕН БАЛКАН – географска и политичка одредница, првпат дефинирана на Виенскиот самит на ЕУ (11–12. Ⅻ 1998), ги опфаќа Р Македонија, Р Хрватска, Р Србија, Р Црна Гора, Р Босна и Херцеговина и Р Албанија – нестабилни европски држави со идентични или слични потреби што бараат групно, регионално третирање од страна на ЕУ преку консеквентна… Continue reading ЗАПАДЕН БАЛКАН

ЗАПАДНОСЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ

ЗАПАДНОСЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ -. гранка од словенското јазично семејство. Предците на денешните носители на западнословенските јазици по распаѓањето на прасловенската јазична заедница тргнале на северозапад од претпоставената прататковина и ја зазеле територијата по реките Одра и Лаба (герм. Елбе). Оваа територија низ вековите се намалила поради германската експанзија кон исток. За еден од западнословенските дијалектни комплекси,… Continue reading ЗАПАДНОСЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ

ЗАПИСИ

ЗАПИСИ -. белешки што ги запишувале разни лица на почетокот или на крајот од книгата, врз одделни празни листови, на маргините на листовите, врз внатрешната страна на кориците и сл. Записите можат да бидат современи на ракописот или од подоцнешно време. Ако се пишувани во времето на настанувањето на ракописот, тие најчесто се пишувани од… Continue reading ЗАПИСИ

ЗАПРОВ, Запро

ЗАПРОВ, Запро (Пиперево, Струмичко, 3. Ⅹ 1947) – хорски диригент и композитор. Дипломирал на ФМУ во Скопје (1982). Магистрирал на ФМУ во Белград (Д. Матиќ – Маровиќ, 1997). Од 1987 г. професор на Педагошкиот факултет во Скопје. Долгогодишен диригент на детските хорови „Изворче”, „Развигорче” и на Женскиот младински хор при До-мот за млади. Во 1995… Continue reading ЗАПРОВ, Запро

ЗАРЕВСКИ, Бранко

ЗАРЕВСКИ, Бранко (Битола, 19. XI 1920 – Скопје, 4. Ⅴ 1979) – најистакнат претставник на првата генерација македонски новинари. Основач, главен и одговорен уредник на „Единство”, орган на НОФ на Скопје (1946). Од 1949 г. до смртта, во НИП „Нова Македонија” како: уредник на Внатрешно-политичката и на Културната рубрика, основач и главен уредник на неделните… Continue reading ЗАРЕВСКИ, Бранко

ЗАРОВ, Климент

ЗАРОВ, Климент (Охрид, 7. Ⅳ 1929) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот от-Климент Заров, хотелот „Инекс”, Горица, Охридско сек на Техничкиот факултет во Скопје (1967). Најголем период од работата поминал во Заводот за урбанизам и архитектура во Охрид и во Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање во Скопје. Се занимавал и со публицистика… Continue reading ЗАРОВ, Климент

ЗАРОВ, Климент

ЗАРОВ, Климент В. (Охрид, 1848 – Дебарско, 1915) – деец на преродбенското и револуционерното движење, член на Ученичкото просветно друштво „Св. Климент” (1885), член на Охридскиот таен револуционерен кружок (1886–1891) и на Македонскиот таен комитет во Софија, издавач и (веројатно) автор на „Карта на Охрид и на неговата околина” (Софија, 1887) и борец за обновување… Continue reading ЗАРОВ, Климент

ЗАРОВ, Климент В

ЗАРОВ, Климент В. (Охрид, 1848 – Дебарско, 1915) – деец на преродбенското и револуционерното движење, член на Ученичкото просветно друштво „Св. Климент” (1885), член на Охридскиот таен револуционерен кружок (1886–1891) и на Македонскиот таен комитет во Софија, издавач и (веројатно) автор на „Карта на Охрид и на неговата околина” (Софија, 1887) и борец за обновување… Continue reading ЗАРОВ, Климент В

ЗАРЧЕВ, Димитри

ЗАРЧЕВ, Димитри (Охрид, 17. XI 1940) – архитект. Дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1966). Најголем дел од својата професионална активност ја минал во ГП „Трудбеник” како директор. Проектирал и реализирал разновидни објекти во кои е присутна тенденцијата за синтеза на старата охридска архитектура со модерната. Работел и во сферата на урбанистичкото планирање. Бил претседател… Continue reading ЗАРЧЕВ, Димитри