ЗАРОВ, Климент

ЗАРОВ, Климент (Охрид, 7. Ⅳ 1929) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот от-Климент Заров, хотелот „Инекс”, Горица, Охридско сек на Техничкиот факултет во Скопје (1967). Најголем период од работата поминал во Заводот за урбанизам и архитектура во Охрид и во Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање во Скопје. Се занимавал и со публицистика и со едукација во сферата на урбанизмот и архитектурата. Како архитект со широк дијапазон на творештво, најголемо внимание посветил на објекти од угостителската и станбената архитектура. Учествувал на повеќе анонимни архитектонски конкурси. Позначајни реализирани објекти: хотелот „Инекс” во Горица, Охрид (1971); хотелот „Силекс” во Охрид (1982); повеќе станбени згради и индивидуални семејни куќи во Охрид. Урбанистичко проектирање: ДУП за централното градско подрачје на Ох-рид со крајбрежјето (1994); ДУП за Горно Лисиче во Скопје (2000); ДУП за комплексот „Ренски центар” во Скопје (2000). Кр. Т.