ЕСТРЕЈА, Овадија Хаим .- Мара-в. Овадија – Мара, Естреја Хаим.
Tag: Е
ЕТАИ
ЕТАИ -. Здружение за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика на РМ, основано во 1980 г. На секои две години ги организира „Националната конференција ЕТАИ”, Меѓународниот симпозиум ААС, „Применетите автоматски системи”, како и симпозиумите ЛЕОС (Ле-тен симпозиум за електроника и обработка на сигнали). Член е на Инженерската институција на Македонија. Др. М.
ЕТАТ НА ШУМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
ЕТАТ НА ШУМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – дрвната маса или површина од шумата предвидена за сеча со Посебниот план за стопанисување со шумите. Кога планот е за една година, станува збор за годишен етат, а за одреден период, за периодичен етат. Етатот може да се изрази со кубни метри, со површина, со број на стебла и… Continue reading ЕТАТ НА ШУМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
ЕТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА
ЕТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА -. а) наука за моралот и за вредноста на живеењето, најразвиена практична филозофска дисциплина; б) наставно-научна дисциплина на Филозофскиот факултет во Скопје. Првите етички учења на почвата на Македонија се тесно поврзани со појавата на словенската писменост, чии духовни творци биле и првите големи етичари. Св. Кирил (Константин) Филозоф во делото „Учењето… Continue reading ЕТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА
ЕТНОКОРЕОЛОГИЈА
ЕТНОКОРЕОЛОГИЈА . (грч. кореос – оро) – наука што се занимава со проучување на народните ора и орската традиција. Во втората половина на ⅩⅩ в. започнала да се издвојува од етномузикологијата како посебна гранка. Нејзиниот развој го отежнува комплицираната кинетографска нотација, со која треба да се запишат сите позиции и движења на деловите од човечкото… Continue reading ЕТНОКОРЕОЛОГИЈА
ЕТНОЛОШКА МУЗЕОЛОГИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
ЕТНОЛОШКА МУЗЕОЛОГИЈА ВО МАКЕДОНИЈА -. специјална музеологија што го проучува, го заштитува и го презентира етнолошкото културно наследство на Македонците и на етничките заедници во Македонија, имајќи ги предвид категориите време, простор и општествена средина. Практичниот аспект на активностите поврзани со етнолошкото материјално и нематеријално културно наследство се вршат во мрежата на институции – етнолошките… Continue reading ЕТНОЛОШКА МУЗЕОЛОГИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
ЕТНОМУЗИКОЛОГИЈА
ЕТНОМУЗИКОЛОГИЈА -. наука што се занимава со проучување на музичкото народно творештво. Нејзиниот поевидентен развој започнал кон осумдесеттите години на ⅩⅠⅩ в., а пресудно значење имало започнувањето со техничките мерења на интервалите и појавата на фонографот и тонските снимања. Со појавата и употребата на магнетофонскиот апарат уште поизразито се прошириле разните етномузиколошки истражувања. До Втората… Continue reading ЕТНОМУЗИКОЛОГИЈА
ЕУТРОФИКАЦИЈА
ЕУТРОФИКАЦИЈА – процес на природно или антропогено внесување хранливи материи (главно азотни и фосфорни соединенија) за примарните продуценти, што резултира со интензивен развиток на алгите и промена на физичко-хемиските услови на екосистемот и, најчесто, интензивно искористување на кислородот со појава на делумна или трајна анаеробија. Во Македонија се евидентирани голем број еутрофни речни (целиот долен… Continue reading ЕУТРОФИКАЦИЈА
ЕФИКАСНОСТ
ЕФИКАСНОСТ – еден од основните принципи на економското работење и значаен дел од менаџментот. Ефикасноста е употреба на минимум ресурси (физички, финансиски, материјални, човечки и организациски) за да се произведе саканиот обем на производство. На пр.: ако се добие поголем излез за даден влез, тогаш станува збор за зголемување на ефикасноста. Исто така, ако се… Continue reading ЕФИКАСНОСТ
ЕФТИМОВА, Катја
ЕФТИМОВА, Катја (Пазарџик, Бугарија, 31. Ⅴ 1910 – Скопје, 1996) – една од првите македонски сликарки, претставничка на постимпресионизмот и реализмот. Дипломирала на Уметничката академија во Софија (1932). Самостојно излагала во Битола (1945), Гостивар (1954), Тетово (1954 и 1997) и Скопје (1959, 1965, 1973, 1975, 1985 и 1997). Учествувала и на повеќе групни изложби. Посебно… Continue reading ЕФТИМОВА, Катја
ЕФТИМОВА, Милка
ЕФТИМОВА, Милка (Радовиш, 23. Ⅱ 1936) – оперска и концертна певица, мецосопран, првенка на Операта на МНТ. Пеење учела кај Милка Ефтимова проф. К. Трпков, а дипломирала и магистрирала на Музичката академија во Љубљана (кај проф. Ј. Бетето). Во 1966 г. специјализирала во Италија (Рим и Сиена), во 1961 дебитирала на оперската сцена на МНТ… Continue reading ЕФТИМОВА, Милка