ДРУШТВО ЗА ПАТИШТА НА РМ

ДРУШТВО ЗА ПАТИШТА НА Република Македонија(1953–1991). Најнапред работи во рамките на Југословенското друштво за патишта (ЈДП, подоцна СЈДП) како рамноправна членка. Од 1991 г. работи самостојно, а од 1998 г. е во состав на Инженерската институција на РМ. Го издава стручното информативно списание „Патишта”. ИЗВ.: Статут на Друштвото за патишта. Р. Д.

ДРУШТВО НА ВЕТЕРИНАРНИ ЛЕКАРИ И ТЕХНИЧАРИ НА РМ

ДРУШТВО НА ВЕТЕРИНАРНИ ЛЕКАРИ И ТЕХНИЧАРИ НА Република Македонија. Во 1950 г. е формирано Здружение на ветеринарните лекари и ветеринарните помошници, а 1959 г. Здружение на ветеринарните лекари и ветеринарните техничари на СРМ, кое во 1962 г. на ветеринарните лекари и ветеринарните техничари на СРМ. М. Д. – Ј. Б.

ДРУШТВО НА ГРАДЕЖНИТЕ КОНСТРУКТОРИ на Македонија

ДРУШТВО НА ГРАДЕЖНИТЕ КОНСТРУКТОРИ на Македонија. Масовно друштво, основано во Југославија, држи високо ниво и континуитет во активностите. Во периодот 1977–2005 г. организирало 11 меѓународни симпозиуми, повеќето со по над 100 реферати. Врши силно влијание врз конструкторството и градежништвото пошироко, врз формулирањето и воведувањето современа регулатива, поттикнува млади ис-тражувачи. Љ. Т. ДРУШТВО НА ИСТОРИЧАРИТЕ НА… Continue reading ДРУШТВО НА ГРАДЕЖНИТЕ КОНСТРУКТОРИ на Македонија

ДРУШТВО НА МАКЕДОНЦИТЕ

ДРУШТВО НА МАКЕДОНЦИТЕ (Цариград, 1918-1919) – друштво на Македонците во Цариград. Централниот комитет на Друштвото (18. Ⅰ 1919) испратил Мемоар до Мировната конференција во кој, по укажувањето на жалната положба на Македонија со повоената поделба, од Мировната конференција барал нејзино ослободување и обединување во независна држава, со центар во Солун. ЛИТ.: Международните конгреси и македонския… Continue reading ДРУШТВО НА МАКЕДОНЦИТЕ

ДРУШТВО НА МУЗИЧКИТЕ УМЕТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА

ДРУШТВО НА МУЗИЧКИТЕ УМЕТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА (Скопје, 1953) – асоцијација на академските музичари. Својот зародок го имало во Секцијата на македонските музичари при Друштвото на уметниците, научниците и журналистите (Скопје, 5. Ⅴ 1945) и подоцнешното Друштво на музичарите на НР Македонија (Скопје, 1947). Сега има околу 70 члена. С. Мл.

ДРУШТВО НА ПИСАТЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

ДРУШТВО НА ПИСАТЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА (Скопје, 13. Ⅱ 1947) – асоцијација на писателите на Република Македонијаи македонската дијаспора. Својот зародиш го имало во прераснува во Сојуз на друштвата Василие Поповиќ-Цицо: Друштвото на писателите на Македонија (карикатура) Друштвото на уметниците, научниците и журналистите (Скопје, 5. Ⅴ 1945). Негови први редовни членови биле Васил Иљоски, Славко Јаневски… Continue reading ДРУШТВО НА ПИСАТЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

ДУВАЛО

ДУВАЛО (липало) – најмала дрвена цевка преку која се вдишува воздух во мевот на гајдата, без да се враќа и издишува. На делот од дувалото што се наоѓа во внатрешноста на мевот, е прицврстена тенка еластична кожичка, која поради внатрешниот притисок на воздухот го затвора издишувањето. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија,… Continue reading ДУВАЛО

ДУГАНОВА, Васка

ДУГАНОВА, Васка (Гевгелија, 6. Ⅲ 1922 – Скопје 14. Ⅻ 1996) – комунистички деец, првоборец, правник и политичар. Како припадник на комунистичкото движење (1938) и член на КПЈ (од март 1942), во НОАВМ била борец (од април 1943), политички комесар на баталјон и член на ПК на СКОЈ за Македонија (од ав-густ 1944). По Ослободувањето… Continue reading ДУГАНОВА, Васка

ДУГЛАЗИЈА

ДУГЛАЗИЈА – .(Псеудотсуга мензиесии Францо, фам. Пинацеае) – многу високо (до 100 м) и брзорастечко иглолисно дрво од пацифичките подрачја на Северна Америка. Листовите се игловидни, меки, со сочна зелена боја. шишарките се провиснати, кафеави, со покривни лушпи подолги од плодните. Вид со квалитетно дрво и со многу голем растежен потенцијал. Досегашните резултати од нејзината… Continue reading ДУГЛАЗИЈА

ДУДУК

ДУДУК -. музички народен дувачки инструмент од типот надолни блок флејти. Се среќава во две димензии – како помал (дудуче, сворче) од 240 до 400 мм и поголем (понекогаш е наречен кавал) од 700 до 780 мм. Најчесто се изработува од јасеново или јаворово дрво. На горниот дел има посебен засвирач, а по должината на… Continue reading ДУДУК

ДУЗМЕ МУСТАФА

ДУЗМЕ МУСТАФА (Лажен Мустафа) (Ⅻ–ⅩⅣ в.) – водач на востание во Румелија во 1416 г. Се претставувал како син на султанот Бајазид (1389–1402). Од Влашко, со војска, се спуштил во Македонија, но бил поразен, по што пребегнал кај Византијците, кои го пренеле на островот Лемнос. По смртта на султанот Мехмед И (1421) се вратил и… Continue reading ДУЗМЕ МУСТАФА

ДУКА, Ана

ДУКА, Ана (XI–Ⅻ в.) – помлада ќерка на Марија и на Андроник Дука, внука на Трајан, синот на ца-рот Јован Владислав, сестра на царицата Ирина, жената на императорот Алексиј Ⅰ Комнин. Се омажила за византискиот благородник Георги Палеолог, кој, како баџанак на императорот, вршел високи должности во Византија. ЛИТ.: Ана Комнина, Алексиада. Вступителъная статъя, перевод,… Continue reading ДУКА, Ана

ДУКА, Ирина

ДУКА, Ирина (XI – Ⅻ в.) – византиска царица, жена на императорот Алексиј Ⅰ Комнин, постара ќерка на Марија и на Андроник Дука, по мајка била внука на Трајан, синот на царот Јован Владислав. Убава, паметна и амбициозна. Во бракот со Алексиј Комнин имала три деца: синот Јован и ќерките Ана и Теодора. ЛИТ.: ш.… Continue reading ДУКА, Ирина

ДУКОВСКИ, Владимир Јованов

ДУКОВСКИ, Владимир Јованов (Скопје, 29. XI 1945) – машински инженер. Дипломирал на Факултетот за механичка технологија на Љвовскиот политехнички институт во Љвов (Украина, 1969). Магистрирал во 1973, а докторирал во 1975 г. на Факултетот за машинство и бродоградба во Загреб. На Машинскиот факултет во Скопје се вработил во 1969 г. како асистент, а од 1984… Continue reading ДУКОВСКИ, Владимир Јованов

ДУКОВСКИ, Дејан

ДУКОВСКИ, Дејан (Скопје, 25. Ⅳ 1969) – драмски автор. Дипломирал на ФДУ во Скопје, на Отсекот за драматургија (1990). Бил вработен во РТВ Скопје (1990– 1993). Истата година е избран за асистент на ФДУ по предметот филмско и ТВ сценарио, а од 1996 г. е доцент на Катедрата за драматургија. Драмски текстови: „Балканот не е… Continue reading ДУКОВСКИ, Дејан

ДУЛГЕРЗАДЕ Мехмед ефенди

ДУЛГЕРЗАДЕ Мехмед ефенди ( . (Скопје, ? – Истанбул, 1569) – османлиски поет родум од Скопје. Се школувал во родниот град и во Истанбул. Долги години бил професор во Тир, Бурса, во Софија и во Едрене, а во 1559 г. бил назначен за професор на Сахнмедресата во Истанбул, највисоката образовна институција во Османлиската Империја. Се… Continue reading ДУЛГЕРЗАДЕ Мехмед ефенди

ДУЛЈАН, Димитар

ДУЛЈАН, Димитар (Ресен, 11. Ⅶ 1907 – Скопје, 1975) – стоматолог. Студиите ги завршил во Кан (Франција) во 1934 г., а потоа работел во Прилеп (1934-1944). За време на бугарската окупација бил интерниран во Бугарија, од каде што избегал и им се приклучил на партизаните. По Ослободувањето работел во Здравствениот дом „Идадија” во Скопје до… Continue reading ДУЛЈАН, Димитар

ДУМА , Алексеј Христов

ДУМА , Алексеј Христов (Битола, 16. IX 1948) – спец. по судска медицина, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал медицина во Скопје (1973), докторирал на тема за хуманата серумска холинестераза од форензичен аспект (1986). Од 1988 г. е директор на Институтот за судска медицина и криминалистика и шеф на Катедрата; претседател на Лекарската… Continue reading ДУМА , Алексеј Христов

ДУМА, Александар Христов

ДУМА, Александар Христов (Битола, 19. Ⅷ 1879 – Битола, 21. Ⅴ 1958) – интернист. Дипломирал во Вирцбург (Германија) во 1904 г. Кусо време работел во Битола, пред да оди во Виена на специјализација. По враќањето работел во болницата, во својата приватна ординација и како лекар на железничарите. По ослободувањето бил училиштен лекар во Здравствениот дом.… Continue reading ДУМА, Александар Христов

ДУМА, Христо Александаров

ДУМА, Христо Александаров (Битола, 28. XI 1919) – педијатар, генетичар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал на Мед. ф. во Белград (1946), каде што завршил специјализација по педијатрија (1953). Престојувал во Париз (1953-54), а хабилитирал во 1957 г. Бил шеф на Катедрата по педијатрија и директор на Клиниката за детски болести (1962-1975). Продекан… Continue reading ДУМА, Христо Александаров

ДУМЕВ, Велко П

ДУМЕВ, Велко П. (Воден, 15. Ⅲ 1869 – Софија, 2. Ⅻ 1945 ) – учител, културен деец, револуционер. Завршил словенска филологија на Софискиот универзитет. Учителствувал во Одрин, во Велес, во Скопје, во Сер. Како делегат присуствувал на Солунскиот конгрес на ТМОРО (1896 и 1903). Бил член на Битолскиот ОРК (1905). Учествувал во редактирањето на весниците… Continue reading ДУМЕВ, Велко П

ДУМУРЏАНОВ, Никола

ДУМУРЏАНОВ, Никола (с. Саракиново, Воденско, Грција, 8. Ⅵ 1937) – редовен професор на Рударско-геолошкиот факултет во Штип. Дипломирал геологија на Масариковиот универзитет – Брно, Чешка (1960), а докторирал на Рударско-геолошкиот факултет – Белград (1980). Педагошка дејност на факултетот вршел од 1979 до 2001 г., кога се пензионирал, а во периодот 1989–93 бил и декан. На… Continue reading ДУМУРЏАНОВ, Никола

ДУНАВСКО ДРУШТВО

ДУНАВСКО ДРУШТВО (Ла Социéтé Данубиенне) (Париз, 1904) – друштво на студентите од подунавските земји: Србија, Бугарија и Романија, но и од Македонија, формирано со цел да дејствува за зближување на балканските држави и за автономија на Македонија, како најправилно и единствено можно решение на македонското прашање. Таа определба на студентите била содржана во програмата за… Continue reading ДУНАВСКО ДРУШТВО