ДУМЕВ, Велко П

ДУМЕВ, Велко П. (Воден, 15. Ⅲ 1869 – Софија, 2. Ⅻ 1945 ) – учител, културен деец, револуционер. Завршил словенска филологија на Софискиот универзитет. Учителствувал во Одрин, во Велес, во Скопје, во Сер. Како делегат присуствувал на Солунскиот конгрес на ТМОРО (1896 и 1903). Бил член на Битолскиот ОРК (1905). Учествувал во редактирањето на весниците „Илинденъ” (1921–1926), „Македония” (1926– 1934) и „Независима Македония” (1932). ИЗВ. иЛИТ.: Г.Трайчев, Спомени от моето 40 годишно учителствуване (1889– 1929), Софи®, 1930, 19; Х. Сил®нов, Освободителните борби на Македони®, И, Софи®, 1983. Ал. Тр.