ДИМОВА, Катица (Бачко Градиште, Војводина, 19. Ⅵ 1938) – унив. професор. Завршила Висока школа за физичко воспитание во Белград (1962). На Факултетот за физичка култура во Скопје е избрана за виш предавач и редовен професор по предметот Танци со ритмичко-спортската гимнастика (1978–1989). Магистрирала на Медицинскиот факултет во Скопје (1977) на тема: „Компарација на објективните фактори… Continue reading ДИМОВА, Катица
Tag: Д
ДИМОВСКА, Анастасија
ДИМОВСКА, Анастасија (Кичево, 4. Ⅹ 1928) – унив. професор, хистолог. Основното и средното образование го завршила во Скопје. Во учебната 1948/49 г. се запишала на Филозофскиот факултет во Скопје (Група биологија). Во текот на студиите била демонстратор на Зоолошкиот завод. Во 1953 г. е избрана за асистент. Докторската дисертација ја одбранила во 1965 г. Во… Continue reading ДИМОВСКА, Анастасија
ДИМОВСКИ, Александар
ДИМОВСКИ, Александар (Охрид, 1. Ⅲ 1928 – Скопје, 25. Ⅹ 2005) – унив. професор, зоолог. Основното и средното образование ги завршил во Охрид. Во 1946 г. се запишал на Групата биологија на Филозофскиот факултет во Скопје (индекс број 1 на Скопскиот универзитет). По дипломирањето (1951) бил избран за асистент на Зоолошкиот завод. Во 1960 г.… Continue reading ДИМОВСКИ, Александар
ДИМОВСКИ, Дончо Трајанов
ДИМОВСКИ, Дончо Трајанов (Битола, 1. Ⅹ 1954) – математичар, ред. проф. (1994) на ПМФ. Дипломирал (1976) на Факултетот за математика, магистрирал (1979), а докторирал (1983) со темата „Неедноставно сврзани Касонови рачки” на Универзитетот на Њујорк во Бингамтон (САД), каде што добил награда за најдобра докторска дисертација во 1983 г. Научно работи во неколку области: геометриско-комбинаторна… Continue reading ДИМОВСКИ, Дончо Трајанов
ДИМОВСКИ, Михаило
ДИМОВСКИ, Михаило (Ресен, 15. XI 1941 – Скопје, 11. XI 1979) – етномузиколог, прв школуван етнокореолог. Дипломира во првата генерација на Одделот за музички фолклор на Музичката академија во Белград (1967), а потоа беше асистент-етнокореолог во Институтот за фолклор во Скопје (1. XI 1968 – 11. XI 1979). При едногодишниот престој на Московскиот конзерваториум (1969)… Continue reading ДИМОВСКИ, Михаило
ДИМОВСКИ, Стојан
ДИМОВСКИ, Стојан (Еловец, Велес, 10. Ⅵ 1933) – политичар, дипломат и општественик. Во Велес работел како просветен работник; бил претседател во Општинскиот комитет на народната младина и претседател на Општинската конференција на ССРНМ; политички секретар на Општинскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија. Потоа станал генерален директор на Радиотелевизија Скопје (1977– 1985). Во тој… Continue reading ДИМОВСКИ, Стојан
ДИМОВСКИ, Томислав
ДИМОВСКИ, Томислав (Скопје, 12. Ⅶ 1929) – еден од најстарите и најистакнати македонски новински фоторепортери. Почнал во „Вардар-филм”, а од 1953 г. до пензионирањето (1989) во „Нова Македонија” и „Вечер” и во списанијата „Екран”, „Починка” и „Скок”. Б. П. Ѓ.
ДИМОСКИ, Славе Ѓорго
ДИМОСКИ, Славе Ѓорго (с. Велестово, Охридско, 1959) – поет за деца и за возрасни, есеист, преведувач. Гимназија завршил во Охрид, а Филолошки факултет во Скопје. Работи како професор по литература во Охридската гимназија. Поетската реч на Славе Ѓорго Димоски се одликува со разиграна имагинација и префинетост на раздиплената мисла, со допадлива анимација на фантазијата за… Continue reading ДИМОСКИ, Славе Ѓорго
ДИМУШЕВСКИ, Никола
ДИМУШЕВСКИ, Никола (Кокан) (Скопје, 26. Ⅳ 1958) – клавијатурист, аранжер, композитор и продуцент. Кариерата ја започнал како клавијатурист на групата „Леб и сол”. Напишал над 200 аранжмани за различни автори и изведувачи во Македонија и во Европа. Автор е на музика (околу 1.500 мин.) за голем број театарски претстави во Европа и во САД. Создавал… Continue reading ДИМУШЕВСКИ, Никола
ДИМЧЕВ, Димо Н
ДИМЧЕВ, Димо Н. (Доброшани, Штипско, 9. Ⅶ 1952) – поет, раскажувач и преведувач од влашката националност во Македонија. Завршил Економски факултет во Скопје. Работи во Македонското радио. Основач е и уредник на весникот „Феникс”. На влашки го превел Сердарот од Прличев и други дела од македонски автори. Член е на ДПМ. БИБ.: Клукајдрвецу море клукајдрвецу,… Continue reading ДИМЧЕВ, Димо Н
ДИМЧЕВСКИ, Благоја
ДИМЧЕВСКИ, Благоја (Скопје, 27. Ⅷ 1950) – виолинист. Дипломирал на Конзерваториумот „П. И. Чајковски” во Москва (Е. Чугаева, И. Јанкелевич, 1975), каде што и магистрирал (Е. Чугаева, 1977). Еден од најекспонираните виолинисти во поранешна Југославија. Од 1982 г. живее и работи во Тулуз (Франција), каде што е концертмајстор и солист при Националниот оркестар, како и… Continue reading ДИМЧЕВСКИ, Благоја
ДИМЧЕВСКИ, Ѓорѓи
ДИМЧЕВСКИ, Ѓорѓи (Скопје, 18. Ⅳ 1924 – Скопје, 16. Ⅰ 2006) – инструменталист (виолинист), фолклорист, мелограф, аранжер, композитор и диригент. Бил учесник во НОАВМ (од 9. IX 1944). По Ослободувањето бил референт за работата на културно-уметничките друштва на Поверенството за култура при Градскиот одбор во Скопје, директор на Нижото музичко училиште (1948/1949), раководител на хорот… Continue reading ДИМЧЕВСКИ, Ѓорѓи
ДИНЕВ, Ангел
ДИНЕВ, Ангел (с. Смоквица, Гевгелиско, 1. Х 1891 – Скопје, 17. Ⅱ 1952) – македонски културно-национален деец, револуционер, публицист и општественик. Ангел Динев По завршувањето на основното училиште во селото, слугува како овчар, а во црквата учествува како псалт. Кон крајот на 1909 г. се вработува во Егзархиската митрополија во Солун, се самообразува и влегува… Continue reading ДИНЕВ, Ангел
ДИНЕВСКИ, Вукан
ДИНЕВСКИ, Вукан (Гостивар, 22. Ⅳ 1927 – Скопје, 27. IX 2006) – актер, режисер, педагошки работник, бележит интерпретатор на народната и на уметничката поезија. Завршил Средна државна театарска школа и Филозофски факултет во Скопје и Театарска академија во Загреб. Член е на Драмата на МНТ (1952–1964 и 1966–1973). Во меѓувреме, (1964– 1966), член на Драмскиот… Continue reading ДИНЕВСКИ, Вукан
ДИНКОВА, Славка Костадинова
ДИНКОВА, Славка Костадинова (Солун, 1850 – Солун, 1869) – првата позната учителка, новинарка и феминистка во Македонија. ќерка на преродбеничкото семејство на Костадин и Велика Држиловци и сестра на Георги Динката. По завршувањето на грчкото и на француското училиште во родниот град, го води првото женско училиште „на нашиот прероден мајчин јазик” (1866–1868) и објавува… Continue reading ДИНКОВА, Славка Костадинова
ДИЊА
ДИЊА . (Цуцумис мело Л.) – едногодишно растение од фам. Цуцурбитацеа. Потекнува од Африка, кај нас пренесена преку Турција и Грција. Се одгледува заради зрелиот плод, кој содржи шеќери (10– 12%), минерални материи, витамини и органски киселини. Се одгледува на отворено и во заштитени простори на околу 2.500 ха, со вкупно производство од околу 30.000… Continue reading ДИЊА
ДИОН
ДИОН (Диос) – македонско врховно божество. Во книжевните списи и на епиграфските натписи е забележано со теонимот Хетаиреиос (името е поврзано со македонската институција хетајри) или Хѕперберетас (етимолошки поврзан со македонскиот месец Хѕперберетаиос и со празникот посветен на Дион – Хиперберетаиа). Засведочено е (натпис во с. Дебреште, Кавадаречко) и со епитет на божеството Хѕпераиретес. Д.… Continue reading ДИОН
ДИОН
ДИОН – свет град на Македонците во Пиерија, во подножјето на Олимп, центар на верскиот и културниот живот на Македонија. Кралот Архелај И (413–399 г. пр. н.е.) тука воспоставува одржување Олимиски игри. „Светиот град” за време на Римјаните има поголемо значење од другите градови во областа. Единствен град во Пиерија спомнуван во доцноантичките извори. Градот… Continue reading ДИОН
ДИОН
ДИОН (Диос) – македонско врховно божество. Во книжевните списи и на епиграфските натписи е забележано со теонимот Хетаиреиос (името е поврзано со македонската институција хетајри) или Хѕперберетас (етимолошки поврзан со македонскиот месец Хѕперберетаиос и со празникот посветен на Дион – Хиперберетаиа). Засведочено е (натпис во с. Дебреште, Кавадаречко) и со епитет на божеството Хѕпераиретес. Д.… Continue reading ДИОН
ДИОН
ДИОН – свет град на Македонците во Пиерија, во подножјето на Олимп, центар на верскиот и културниот живот на Македонија. Кралот Архелај И (413–399 г. пр. н.е.) тука воспоставува одржување Олимиски игри. „Светиот град” за време на Римјаните има поголемо значење од другите градови во областа. Единствен град во Пиерија спомнуван во доцноантичките извори. Градот… Continue reading ДИОН
ДИОНИС
ДИОНИС – најпочитуваното божество кај Македонците, попознато како Бакхос (Еврипидовата драма Бакхос е посветена на ова божество); бригиско-едонско божество на вегетацијата со оргијастички ритуали што ги изведуваат бакхите – Макети и Менадите, кои во Македонија се нарекуваат Клодонки и Мималонки (сп. Плутарх). Кај Пајонците Дионис се нарекува Дијалос. Една од претставите на божеството е вотивната… Continue reading ДИОНИС
ДИОНИСИЈ Ⅱ
ДИОНИСИЈ Ⅱ (од Хиос) – охридски архиепископ (меѓу 1706 и мај/август 1707 и вторпат од 4. Ⅵ 1709 – 16. Ⅶ 1714), фанариот. Се спомнува во списокот на Хрисант (1706). Во едно писмо, како архиепископ барал материјална помош од рускиот император Александар (26. Ⅻ 1706). Во тој период можно е извесно време да архиепископувал и… Continue reading ДИОНИСИЈ Ⅱ
ДИОНИСИЈ Ⅲ охридски архиепископ
ДИОНИСИЈ Ⅲ – охридски архиепископ (18. Ⅳ 1752 – 1757). За црквите и манастирите во Охрид и Охридско побарал книги на словенски јазик од рускиот двор (1757). ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архоепископиџ, т. 2. От падането $ под турците до нејното униќожение (1394–1767), Софиџ, 1931; Јо-ван Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската… Continue reading ДИОНИСИЈ Ⅲ охридски архиепископ
ДИОНИСИЈ И
ДИОНИСИЈ И (крајот на ⅩⅤⅠ или почетокот на ⅩⅤⅠⅠ в. – Влашко, 1665) – охридски архиепископ (22. Ⅶ 1651 – 8. Ⅵ 1656). Негова грамота во Русија однел гребенскиот митрополит Висарион (11. Ⅷ 1652), а и самиот тој како архиепископ престојувал во Русија (ок. 14. Ⅳ 1653). ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архоепископиџ, т.… Continue reading ДИОНИСИЈ И