ГЕОТЕКТОНСКИ ЕДИНИЦИ ВО Република Македонија – територијата на Република Македонија припаѓа на 5 геотектонски единици: Осоговско-малешевски масив, Вардарска зона, Пелагониски масив, Западномакедонска зона и Цукали-Краста зона. Сите единици имаат генерално с–ј до ссз–јји ориентација и ограничени се со раседи од регионален карактер. Осоговско-малешевски масив (познат и како Српско-македонски масив) ги опфаќа источните делови на Македонија… Continue reading ГЕОТЕКТОНСКИ ЕДИНИЦИ ВО РМ
Tag: Г
ГЕРАМИТЧИОСКИ, Тале
ГЕРАМИТЧИОСКИ, Тале (Прилеп, 4. IX 1962) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола. Дипломира (1987), магистрира (1989) и докторира (1993) на Машинскиот факултет во Скопје. Се вработува во фабриката „Еуроинвест – 11 Октомври” во При-Тале Герамитчиоски леп. Избран е за асистент на Техничкиот факултет во Битола (1987) и за редовен професор по предметите машински… Continue reading ГЕРАМИТЧИОСКИ, Тале
ГЕРАСИМОВ, Никола
ГЕРАСИМОВ, Никола (Охрид, 17. Ⅶ 1868 – Софија, 2. Ⅻ 1927) – учител, петрички војвода. Завршил историја на Универзитетот во Софија. Учителствувал во Пазарџик, Гевгелија, Штип, Трговиште. Бил учесник во Горноџумајското и во Разлошкото востание. Од 1903 г. бил секретар во четата на Александар Протугеров. Учествувал во Балканските и во Првата светска војна, во составот… Continue reading ГЕРАСИМОВ, Никола
ГЕРМАН
ГЕРМАН – средновисока планина што се наоѓа во крајниот североисточен дел на РМ, помеѓу Славишка Котлина на југ, долината на Пчиња на север, планината Козјак од запад и масивот Билино од исток. Највисок врв е Модра Глава (Герман) (1.390 м н.в). Височината на главното било кое има правец на протегање сз–ји е изедначена на околу… Continue reading ГЕРМАН
ГЕРМАН
ГЕРМАН Ⅱ ВОДЕНСКИ -. воденски митрополит и охридски архиепископ (8. Ⅴ 1688 – 8. Ⅷ 1691 и 1702 – првата четвртина на 1703). Неговиот избор за охридски архиепископ бил надвор од канонските правила, бидејќи бил извршен само од тројца синодални архиереи. Бил во ривалски односи со дотогашниот охридски архиепископ Григориј Ⅱ (ок. 15. Ⅹ 1679… Continue reading ГЕРМАН
ГЕРМАН Ⅱ ВОДЕНСКИ
ГЕРМАН Ⅱ ВОДЕНСКИ -. воденски митрополит и охридски архиепископ (8. Ⅴ 1688 – 8. Ⅷ 1691 и 1702 – првата четвртина на 1703). Неговиот избор за охридски архиепископ бил надвор од канонските правила, бидејќи бил извршен само од тројца синодални архиереи. Бил во ривалски односи со дотогашниот охридски архиепископ Григориј Ⅱ (ок. 15. Ⅹ 1679… Continue reading ГЕРМАН Ⅱ ВОДЕНСКИ
ГЕРМАН, Гаврил
ГЕРМАН, Гаврил (Ⅹ в.) – прв поглавар на Охридската архиепископија, поставен од царот Самуил, а го потврдил римскиот папа. Бил близок на владејачката фамилија на царот Самуил и уживал голема почит. Се смета дека по него го добил името царот Гаврил Радомир, првородениот син на Самуил. Бил на чело на Архиепископијата во првите децении на… Continue reading ГЕРМАН, Гаврил
ГЕРМАНСКИ ПРОЕКТ ЗА АВТОНОМНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА
ГЕРМАНСКИ ПРОЕКТ ЗА АВТОНОМНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА (1917). Кон крајот на 1916 г. Командата на групата армии во Македонија подготвила (во договор со сојузничката Турција) прогласување на автономна држава Македонија. Офицерите и војниците од турскиот полк во Македонија (И 1917) пред населението зборувале (со одобрение од командантот на германската група армии Фон Билов) дека „Македонија ќе… Continue reading ГЕРМАНСКИ ПРОЕКТ ЗА АВТОНОМНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА
ГЕРМАНСКО-БУГАРСКА ОФАНЗИВА
ГЕРМАНСКО-БУГАРСКА ОФАНЗИВА (1944) – офанзива против единиците на ЕЛАС во реонот на планините Пајак и Кајмакчалан (операција „Волф“). Започнала на 17 јануари 1944 г., настрадале селата Карасинанци, Бериславци, Купа, Мај Даг, а 180 лица го загубиле животот. Целта на операцијата била да се уништи антифашистичкото движење во регионот на Пајак и на Кајмакчалан. ЛИТ.: Историја… Continue reading ГЕРМАНСКО-БУГАРСКА ОФАНЗИВА
ГЕРМАНСКО-ИТАЛИЈАНСКА СПОГОДБА
ГЕРМАНСКО-ИТАЛИЈАНСКА СПОГОДБА (1941) – спогодба за поделба на Југославија и на Македонија. По капитулацијата на Југославија, Хитлер и Мусолини во Виена (24. Ⅳ 1941) го договориле новиот поредок на Балканот: Независна Држава Хрватска (без Далмација, што ја добила Италија) со можност за поврзување со Италија во персонална унија; поделба на Словенија; Независна Држава Црна Гора… Continue reading ГЕРМАНСКО-ИТАЛИЈАНСКА СПОГОДБА
ГЕРМАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
ГЕРМАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ -. се развиваат преку работата на светите Кирил и Методиј во Моравија и Панонија (IX в.) и претставниците на цар Самуил (Ⅹ в.) кај германскиот цар Отон Ⅰ во градот Кведлинбург (Ⅹ в.) во мисија за обезбедување признавање на македонската држава. Во втората деценија од XI в., во времето на крстоносните… Continue reading ГЕРМАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
ГЕРМОВ-шАќИР, Крсте
ГЕРМОВ-шАќИР, Крсте (Прилеп, 1875/6 – Скопје, 1962) – деец на ТМОРО, мариовски војвода и народен јунак. Дејствувал во Мариово, на пл. Ниџе и Кајмакчалан. Заедно со Толе Паша, ликвидирал неколку османлиски зулумџии во Мариовско. Со своја чета зел учество во Илинденското востание (1903). Османлиските власти го осудиле на 101 г. робија. Со своја чета учествувал… Continue reading ГЕРМОВ-шАќИР, Крсте
ГЕРОВ, Драган
ГЕРОВ, Драган (Тетово, 7. Ⅹ 1923 – Скопје, 22. Ⅵ 2004) – припадник на првата генерација македонски новинари. Во јули 1944 г. член на АГИТПРОП при Главниот штаб на НОВМ, кој го подготвувал Првото заседание на АСНОМ. Од 1950 г. еден од уредниците на „Спортски глас”, а наредната година преминал во Радио Скопје, каде што… Continue reading ГЕРОВ, Драган
ГЕРОВ, Илија
ГЕРОВ, Илија (с. Л’ки, Неврокопско/Гоцеделчевско, 26. Ⅲ 1890 – с. Дабница, Неврокопско, 15. Ⅴ 1925) – хуманист, комунист, припадник на БКП(тс). На општинските избори (1920) власта во селото ја освоиле комунистите, а тој бил избран за претседател (кмет) на селската комуна. По негова иницијатива со доброволна работа биле градени куќи за сиромашните. Поради својата дејност… Continue reading ГЕРОВ, Илија
ГЕРОВ, Матеј
ГЕРОВ, Матеј (Тетово, 14. XI 1871 – Софија, 20. Ⅷ 1918) – македонски деец, член на Женевската група, бугарски новинар. Студира на Правниот факултет во Софија. На 27. IX 1903 г. се пријавува да ги продолжи студиите во последниот семестар на Правниот факултет во Белград. Како член на МРО од крилото на „сарафистите“, испратен е… Continue reading ГЕРОВ, Матеј
ГЕРЏИКОВ, Михаил
ГЕРЏИКОВ, Михаил (Мишел) Иванов (Пловдив, 26. Ⅰ 1877 – Софија, 18. Ⅲ 1947) – учител, анархистички и револуционерен деец и војвода на ТМОРО (од бугарска националност). Како студент по право во Женева ги формирал т.н. Женевска група со анархистички идеи и Македонскиот таен револуционерен комитет. Како учител во Битолската гимназија, под името Тодор Луканов, бил… Continue reading ГЕРЏИКОВ, Михаил
ГЕШОСКА, Нада
ГЕШОСКА, Нада (Прилеп, 24. Ⅴ 1930 – Скопје, 6. Ⅰ 2003) – драмска и филмска актерка. Кариерата ја започнала во Народниот театар во Прилеп (1951). Член на Драмата на МНТ (1958-1964), потоа на Драмскиот театар во Скопје (1964-1984). Реализирала повеќе значајни улоги во дела од домашни и од странски автори. Улоги: Магда („Пат во злостор”;… Continue reading ГЕШОСКА, Нада
ГЕШОСКИ, Димитар
ГЕШОСКИ, Димитар (Прилеп, 14. IX 1928 – Скопје, 29. Ⅹ 1989) – драмски актер. Кариерата ја започнал во Народниот театар во Прилеп (1951). Член на Драмата на МНТ (1958-1964), потоа работи во Драмскиот театар во Скопје (1964-1989). Неговата игра се сос-тоеше во едноставноста на гестот, во топлината и непосредноста со кои ги обојуваше своите ликови.… Continue reading ГЕШОСКИ, Димитар
ГИГА
ГИГА (Гѕгаиа) – македонско женско божество кое, според атрибутите, претставува македонската Атена (Атена Алкидемнос), на која $ принесува жртви кралот Персеј (171 г. пр.н.е.) во Кѕррхос. Епитетот „гѕгаиа” значи домародна, а кај Македонците (и Фригите) многу често се среќава како име на жени (сестрата на Александар Ⅰ се вика Гѕга). Во Пела е најдена статуа… Continue reading ГИГА
ГИГОВ-АНДРО, Страхил
ГИГОВ-АНДРО, Страхил (Велес, 16. IX 1909 – Скопје, 19. Ⅴ 1999) – припадник на работничкото, синдикалното и комунистичкото движење, учесник во НОБ, партиски и државен раководител, народен херој. Член на Месниот синдикален совет во Велес (1928), на КПЈ (од 1929) и на МК на КПЈ за Велес (од 1932). Кон крајот на 1934 г. бил… Continue reading ГИГОВ-АНДРО, Страхил
ГИЕВА, Анка
ГИЕВА, Анка (Скопје, 1938) – интерпретаторка на македонски народни песни. Била професионално вработена во Македонскиот народен театар, а потоа во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец” во Скопје. Снимила голем број антологиски песни за потребите на Радио Скопје, меѓу кои и „Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо”, „Пилето ми пее рано на сабајле”,… Continue reading ГИЕВА, Анка
ГИЛВИК, Ежен
ГИЛВИК, Ежен (Еугèне Гуиллевиц) (Карнак, 5. Ⅷ 1907 – Париз, 19. Ⅲ 1997) – француски поет. Уште со првата книга (од 1942 г.) го свртува вниманието кон себе како нов глас во современата француска поезија. За време на окупацијата на Франција објавува поезија за отпорот под псевдоним. Неговата поезија е тешка, густа и натопена со… Continue reading ГИЛВИК, Ежен
ГИЛЕВСКИ, Паскал
ГИЛЕВСКИ, Паскал (Сетома, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 1939) – поет, раскажувач, романсиер, есеист, критичар, преведувач. Поминал низ егзодусот на децата бегалци по Граѓанската војна во Грција (1946-1949); се школувал во Унгарија. Во Скопје завршил средно уметничко училиште и Филозофски факултет. Бил директор на Народната и универзитетска библиоте-Скопје, претседател на Советот на Струшките вечери на… Continue reading ГИЛЕВСКИ, Паскал
ГИМБУТАС, Марија
ГИМБУТАС, Марија (Мариа Гимбутас) (Вилнус, Литванија, 23. Ⅰ 1921 – Лос Анџелес, САД, 2. Ⅱ 1994) – проф. по археологија. Докторирала на Универзитетот во Тибинген (1946). Во 1949 емигрирала во САД, каде што до 1955 г. работела на Харвардскиот универзитет, а во 1963 била избрана за професор на УКЛА (УЦЛА) во Лос Анџелес. Била раководител… Continue reading ГИМБУТАС, Марија