ГЕРОВ, Илија

ГЕРОВ, Илија (с. Л’ки, Неврокопско/Гоцеделчевско, 26. Ⅲ 1890 – с. Дабница, Неврокопско, 15. Ⅴ 1925) – хуманист, комунист, припадник на БКП(тс). На општинските избори (1920) власта во селото ја освоиле комунистите, а тој бил избран за претседател (кмет) на селската комуна. По негова иницијатива со доброволна работа биле градени куќи за сиромашните. Поради својата дејност бил убиен од ВМРО на Иван Михајлов. ЛИТ.: Безсмъртните 1922/1944, зб.: Загинали в борба против капитализма и фашизма от Благоевградски окръг, София, 1971. В. Јот.