ГАВРИЛСКИ, Ѓорѓи Нацев

ГАВРИЛСКИ, Ѓорѓи Нацев (Св. Николе, 11. Ⅳ 1911 – Скопје, 17. Ⅻ 1987) – лекар-епидемиолог, примариус, општественик. По завршувањето на Мед. ф. во Бел-град (1937) работел како општ леЃорѓи Гаврилски кар во Македонија до 1943 г.; прогонуван и често затворан. Бил член на АСНОМ. По Ослободувањето извршувал повеќе општествени функции: пом. министер за народно здравјеContinue reading ГАВРИЛСКИ, Ѓорѓи Нацев

ГАВРОВСКИ-КАРА, Димо

ГАВРОВСКИ-КАРА, Димо (Тетово, 1921 – Гостиварско, 1944) – првоборец. Бил член на КПЈ и на МК на КПЈ во Тетово (1941), член на Окружниот (1942) и на Обласниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под италијанска окупација (1943), одговорен за Кичевскиот регион. Загинал во борба со балистите. ЛИТ.: Тетово и Тетовско во НОБ, 1941–1944,… Continue reading ГАВРОВСКИ-КАРА, Димо

ГАГАУЗИ

ГАГАУЗИ – турско население по потекло од старите турски племиња Огузи, единствена турска племенска групација што ја примила христијанската вера. Во средината на XI в. се населиле по брегот на Дунав. Пред примањето на христијанството нивната религија била многубоштвото. Во ⅩⅠⅠⅠ в., потиснати од Монголите, се населиле во христијанските земји, каде го примиле христијанството. На… Continue reading ГАГАУЗИ

ГАГОВ, Никола

ГАГОВ, Никола (Струга, 22. Ⅱ 1936) – оперски певец – тенор, првенец на Операта на МНТ. Му-зичкото образование го оформил на Средното музичко училиште во Скопје. Пеење учел кај П. Бог-данов-Кочко. Дебитирал како со-лист со улогата на Су-Чонг во оперетата Земја на насмевките. Настапувал во Операта на МНТ (1960-1996), а меѓувремено бил и в.д. директор… Continue reading ГАГОВ, Никола

ГАЈ МАКЕДОНЕЦ, апостол, св

ГАЈ МАКЕДОНЕЦ, апостол, св. (Солун, втора пол. на Ⅰ в.) – втор Епископ Солунски, по Аристарх, посведочени во Библијата придружници на апостолот Павле (Дела 19, 29), како и други Македонци, како Сосипатор Пиров од Бер (Дела 20, 4), Секунд од Солун (Дела 20, 14). ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Послание на светиот апостол Павле до Римјаните, Скопје,… Continue reading ГАЈ МАКЕДОНЕЦ, апостол, св

ГАЈДА

ГАЈДА (мешница) – народен дувачки музички инструмент. Содржи резервоар за воздух од овча или козја кожа, на кој се прицврстени дувалото, гајдарката, брчалото и слагарчето. Таа е најзастапен инструмент со повеќекратна функција и намена, како придружник на песните и ората, но и за исполнување на соло гајдарски мелодии. Според големината, мелодискиот регистар и регионалната распространетост,… Continue reading ГАЈДА

ГАЈДАРКА

ГАЈДАРКА (гајдурка, гајденица, сурла, клепарка, вражаљка, вигурка) – еден од најважните делови на гајдата: дрвена мелодиска цевка со мал додаток на долниот крај од рожена коска, свиткана о околу 120 С. На предниот дрвен дел од слагарката се издупчени седум мелодиски отвори и еден од задната страна за палецот. Првиот мелодиски отвор, наречен мрморец, и… Continue reading ГАЈДАРКА

ГАЈДАРЏИСКА ЈОСИФОВСКА, Марија

ГАЈДАРЏИСКА ЈОСИФОВСКА, Марија (Штип, 19. Ⅻ 1958) – физичар, ред. проф. (1996) на Универзитетот Висконсин во Милвоки, САД. Дипломирала (1981) на ПМФ. Магистрирала (1986) во Сиднеј и докторирала (1991) во Темпи, Аризона, со ис-тражување на структурата на кермети, односно електронска микроскопија на површини на тврди тела. Од 1987 г. е во САД, од 1994 е… Continue reading ГАЈДАРЏИСКА ЈОСИФОВСКА, Марија

ГАЈДИК-СЛАВКО, Роберт

ГАЈДИК-СЛАВКО, Роберт (Злин, Чехословакија, 1923 – Липљан, Косово – 14. Ⅰ 1942) – комунистички деец и борец (од чешко потекло). По окупацијата на Чехословакија (1938) се доселил кај своите родители во Скопје, го завршил Среднотехничкото училиште (Градежен отсек) и станал член на СКОЈ (1939). По налог на МК на КПЈ за Скопје, се вработил во… Continue reading ГАЈДИК-СЛАВКО, Роберт

ГАЈДОВ, Стефан

ГАЈДОВ, Стефан (Велес, 8. Ⅵ 1905 – Охрид, 18. Ⅵ 1992) – композитор, диригент и музички педагог. Средно музичко образование завршува (1929) во Белград. Еден период (1929-1932) предава музика во Гимназијата во Велес и го води хорот „Јека са Вардара”. Потоа работи како професор на Гимназијата во Вуковар (1932-1941), каде ги води училишниот хор и… Continue reading ГАЈДОВ, Стефан

ГАЈТАН

ГАЈТАН – правоаголно парче платно, украсено со богат вез во техниката сокаечко, со стари метални пари, монистра, каури школки, како и со богат поткит од црни, црвени или бели волнени реси. Се носел на денот на свадбата како составен дел на сокајот, поради својата тежина, закачен со јадица за невестинскиот клашеник. Сл. Ѓ.

ГАЈТАНИ, Адем

ГАЈТАНИ, Адем (Адем Гајтани) (Абдурамани, Адем) (Подуево, Косово, Југославија, 21. Ⅷ 1935 – Скопје, 19. Ⅲ 1982) – поет и преведувач. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1961). Со книжевна дејност се занимавал од 1955 г. Соработувал во весниците и списанијата на албански јазик („Зани и ринис” и др.), бил новинар на в. „Рилиндја” и… Continue reading ГАЈТАНИ, Адем

ГАЛЕБИ

ГАЛЕБИ (Ларус) – род средно големи птици со должина на телото од 30 до 60 цм, кои во Македонија главно се јавуваат во периоди на миграција и преку зима. Досега кај нас се регистрирани шест вида галеби. ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус. Цамбридге, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге, 2004;… Continue reading ГАЛЕБИ

ГАЛЕВ, Гале

ГАЛЕВ, Гале (с. Сачево, Струмичко, 11. Ⅱ 1943) – правник, универзитетски професор. Основно образование завршил во родното место, а учителска школа во Штип (1963). Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1968), каде што магистрирал (1979) и докторирал на тема „Слободата на договарањето како еден од основните принципи на договорното (облигационо) право во социјалистичка Југославија“ (1989).… Continue reading ГАЛЕВ, Гале

ГАЛИ

ГАЛИ (Келти) – палеоевропска популација (етнички супстрат на европските народи) од индоевропско потекло. Првобитно живееле по Горна Рајна (ги нар. Келти), од каде воⅤв. пр. н.е. се преселиле во Иберија, Британија и во Галија (Грците ги нар. Галати, а Римјаните Гали). Во Ⅳ в. пр. н.е. го нападнале Балканот (310 г. пр. н.е., кралот КасандарContinue reading ГАЛИ

ГАЛИ, Бутрос Бутрос

ГАЛИ, Бутрос Бутрос (Боутрос се оформени во неколку музејски икони од византискиот период со Боутрос Гхали) (Каиро, 14. XI 1922) институции, во градски цркви и во исклучително значење – дваесе– египетски унив. професор и дипманастири. Од богатата колекци-тина скапоцени икони со релатиломат. Професор по Меѓународја на Музејот на Македонија се из-вен историски и стилски континуно… Continue reading ГАЛИ, Бутрос Бутрос

ГАЛИЌ, Ристо

ГАЛИЌ, Ристо (Скопје, 25. Ⅴ 1925 – Скопје, 1. Ⅳ 1985) – дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград (1951), магистрирал на Економскиот факултет во Скопје (1973) и докторирал на Архитектонскиот факултет во Белград хитектонскиот факултет во Бел-град по предметот урбано зонирање. Се занимавал со урбанистичко и архитектонско проектирање и со научноистражувачка… Continue reading ГАЛИЌ, Ристо

ГАЛИЧИЦА

ГАЛИЧИЦА – висока планина сместена во крајниот југозападен дел на Република Македонија која во форма на типичен хорст се издига помеѓу Охридската Котлина на запад и Преспанската на исток. На север продолжува во планините Петри-но и Исток, а со превалот Буково (1.207 м) морфолошки е одвоена од Плакенска Планина. Има меридијански правец на протегање со… Continue reading ГАЛИЧИЦА

ГАЛИЧКА СВАДБА

ГАЛИЧКА СВАДБА -. традиционална годишна народна манифестација во с. Галичник. Во ова село во минатото свадбите се правеле главно на Петровден (12 јули) и поретко на Голема Богородица (28 август). За Петровден обично се враќале печалбарите, дури и од најоддалечените земји. Свадбите траеле и по цела недела. Собирачите на македонски народни (1976). Редовен професор на… Continue reading ГАЛИЧКА СВАДБА

ГАЛИЧНИК

ГАЛИЧНИК – село во Мијачкиот крај. Се наоѓа на западните падини на планината Бистра на надморска висина од околу 1.400 м. Со Маврово е поврзано преку локален асфалтен пат. Во минатото Г. било голема населба и административен центар. Се смета дека е формирано од сточарите доселени од реката Галик во Солунската Котлина, кои доаѓале со… Continue reading ГАЛИЧНИК

ГАЛОГАЖА, Стефан

ГАЛОГАЖА, Стефан (Пониква кај Топуско, 20. Ⅱ 1893 – логор Јасеновац, по 1. Ⅹ 1944) – хрватски писател и публицист. Завршил правен факултет во Париз (1919), а подоцна му пристапил на комунистичкото движење (1928), поради што повеќе пати бил апсен. Како уредник на литературното сп. „Критика“ (Загреб, 1928), ги објавил првите Рацинови текстови – прозниот… Continue reading ГАЛОГАЖА, Стефан

ГАЛТОН, Херберт

ГАЛТОН, Херберт (Херберт Гал-тон) (Виена, 1. Ⅹ 1917 – Виена, 9. Ⅻ 2004) – лингвист, славист од еврејско потекло. Автор на неколку стотици трудови посветени на фонолошките и граматичките системи на словенските јазици. МАНУ во 1976 му ја објави книгата Тхе маин фунцтионс оф тхе Славиц вербал аспецт. З. Т.

ГАМБУЗИИ

ГАМБУЗИИ (Поецилидае) – фамилија живородни рипки, природно распространети во водите на Америка. Кај нас е интродуциран С. Галичник видот гамбузија (Гамбусиа аффинис), како биолошко средство за борба против маларијата. ЛИТ.: М. Беазлеѕ, Гуиде то Фресхњатер Фисх оф Бритаин анд Еуропе, Лондон; Ј. Цривелли, Тхе Фресхњатер фисх ендемиц то тхе Нортхерн Медитерранеан Регион, Тоур ду Валат… Continue reading ГАМБУЗИИ

ГАМЕТОГЕНЕЗА, РИБИ

ГАМЕТОГЕНЕЗА, РИБИ – созревање на машки и женски поло-ви клетки, гамети. Половите клетки кај рибите се развиваат во тек на еден репродуктивен циклус, период во кој една генерација на герминативни клетки се оформува во функционални гамети. Морфолошките одлики на гаметогенезата и развојот на гонадите во текот на репродуктивниот циклус се изучувани кај повеќе видови риби… Continue reading ГАМЕТОГЕНЕЗА, РИБИ