ГРНЕТА (кларинет) – народен термин за фабрички произведениот дувачки музички инструмент. Во народната музичка практика е застапен во различни инструментални состави, а најчесто во инструменталниот состав наречен чалгија, каде што, заедно со виолината, ја изведува водечката мелодиска линија. Се смета за многу погоден за импровизирање, посебно во средишниот дел на изведбите. Ѓ. М. Ѓ.
Tag: Г
ГРНЧАРОВ, Георги
ГРНЧАРОВ, Георги (Горна Џумаја, 6. XI 1922 – с. Ѕвегор, Делчевско, 16. IX 1944) – антифашист, учесник во антифашистичкото партизанско движење (Ⅶ 1941). Учествувал во собирањето оружје од територијата на Вардарскиот дел на Македонија. Бил борецпартизан (1943). Се пријавил како доброволец во борбите против германскиот окупатор во Вардарскиот дел на Македонија (по 9. IX 1944).… Continue reading ГРНЧАРОВ, Георги
ГРНЧАРОВА-ИВАНОВА, Маслина
ГРНЧАРОВА-ИВАНОВА, Маслина (с. Загоричани, Костурско, 1874–1958) – учителка и деец на ТМОРО. Ја завршила Солунската женска гимназија. Како учителка во Димотика (Тракија), станала член на ТМОРО (1895). Потоа би-ла учителка во Сорович и Зеленич. Вршела курирски должности, а со учителката Елена Минасова го извезла знамето на Д’мбенската чета на ТМОРО. Во родното село имала средба… Continue reading ГРНЧАРОВА-ИВАНОВА, Маслина
ГРОБАРИ
ГРОБАРИ (Силпхидае) – сештојадни тврдокрилни инсекти. Живеат претежно на животински мрши со кои се исхрануваат. Имаат сплескано тело. Кога се во опасност испуштаат смрдлив секрет од аналните жлезди, со што се бранат од непри-Гробар – сештојад тврдокрилен инсект јателот. Познат вид во Македонија е обичниот гробар (Нецропхорус веспилло Л.). Единките од овој вид навлегуваат во… Continue reading ГРОБАРИ
ГРОЗДАНОВ, Мите
ГРОЗДАНОВ, Мите (Струмица, 14. Ⅻ 1943) – актер. Дипломирал на Театарската академија во Бел-град. Вработен во Драмски теа-тар од 1968 г. Го негува рецитирањето, а настапува и на естрадата, особено во проекти за деца. УЛО.: Мирон („Партитура на еден Мирон”), Војцек (во истоимената пиеса), Светозар Митиќ („Карамазови”), Карлос („Болва в уво”), Божин („Јане Задрогаз”), Капетанот… Continue reading ГРОЗДАНОВ, Мите
ГРОЗДАНОВ, Таско
ГРОЗДАНОВ, Таско (Белград, 24. Ⅱ 1951) – физичар, проф. истражувач (1992) на ПМФ во Бел-град. Дипломирал (1974) на Отсекот за техничка физика на ЕТФ во Белград. Магистрирал (1977) и докторирал (1981) на ПМФ во Белград со теми поврзани со судири на честички во атомската физика. Специјализирал во Ленинград и во Лос Анџелес, бил гостин-професор на… Continue reading ГРОЗДАНОВ, Таско
ГРОЗДАНОВ, Цветан
ГРОЗДАНОВ, Цветан (Охрид, 5. Ⅲ 1936) – историчар на уметноста, универзитетски професор и академик. Основно и средно образование завршил во Охрид, а студирал и дипломирал (1961) на Групата за историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Белград. Неговиот дипломски труд „Новооткриени средновековни портрети во Охрид” бил високо оценет и објавен (Зборник за ликовне уметности, бр.… Continue reading ГРОЗДАНОВ, Цветан
ГРОЗДАНОСКИ Ратомир
ГРОЗДАНОСКИ Ратомир (с. Брест, Мак. Брод, 15. Ⅴ 1959) – професор и протоѓакон. Завршил Богословија и Богословски факултет во Скопје. Бил на студии и во Солун, Атина и Даблин. Докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил секретар на САС на МПЦ; професор и декан на ПБФ. Близок соработник на поглаварите: Ангелариј, Гаврил, Михаил и Стефан.… Continue reading ГРОЗДАНОСКИ Ратомир
ГРОЗДЕВ, Љупчо Христов
ГРОЗДЕВ, Љупчо Христов (Штип, 27. Ⅴ 1930 – Скопје, 25. Ⅻ 1989) – спец. по патолошка анатомија, редовен проф. на Мед. ф. (1980). Дипломирал медицина во Скопје (1955), специјализирал патолошка анатомија (1968) и стручно се усовршувал во повеќе југословенски центри и во САД. Ја формирал и ја организирал Лабораторијата за електронска микроскопија на Институтот за… Continue reading ГРОЗДЕВ, Љупчо Христов
ГРОЗДИН, Христо
ГРОЗДИН, Христо . интерпретатор на најдолгата епска песна за Кузман Капидан. Врз основа на оваа епска творба Григор Прличев го создал својот „О арматолос” („Сердарот”). шапкарев ја објавува творбата во третата книга од својот „Сборник от българ-Наоди од Гропче, Кочанско ски народни умотворения. Песни от политичкия живот”, Софија 1891, 163-180. Поемата изнесува 1142 стиха. Полниот… Continue reading ГРОЗДИН, Христо
ГРОПА, Андреја
ГРОПА, Андреја (ⅩⅣ в.) – благородник, жупан, господар на Ох-рид (втора половина на ⅩⅣ в.), од албанско или од влашко потекло. Неговото издигнување започнало уште во времето на кралот Вол-кашин, а особено дошло до израз Монета на Андреја Гропа (1371&1380) по Маричката битка (1371). Се спомнува во ктиторскиот натпис во црквата „Мал Св. Климент“ (Ⅶ… Continue reading ГРОПА, Андреја
ГРОПЧЕ Кочани
ГРОПЧЕ – Кочани .-. средновековна некропола на 3 км североисточно од Кочани. Случајно е откриена во 1974 г., а потоа ископувана во 1982 и во 1984 г. Гробовите се христијански, ориентирани з-и. Забележано е покопување со слободен закоп, цисти од плочи и гробови со венец од кршени камења. Гробниот инвентар се состои од накит. Некрополата… Continue reading ГРОПЧЕ Кочани
ГРУБИ, Блерим Гани
ГРУБИ, Блерим Гани (Блерим Гани Груби) (Скопје, 27. Ⅲ 1965) – унив. професор. Завршил средно музичко училиште во Скопје, а потоа дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Магистрирал (1999) и специјализирал и посетувал мастер-класи Блерим Груби кај проф. Ј. Башмет, на Академијата „Цхигана“ во Сиена (Италија). Од 1991 до 2004 г. работи во… Continue reading ГРУБИ, Блерим Гани
ГРУЕВ, Владислав Ристов
ГРУЕВ, Владислав Ристов (Струга, 1. Ⅵ 1931 – Скопје, 22. Ⅵ 2007) – спец. хирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (1983). Мед. ф. и специјализација завршил во Скопје, а одбранил хабилитација во 1970. Бил директор на Градската болница во Скопје (1976-1988). Учествувал на повеќе конгреси во земјата и во странство и има објавено… Continue reading ГРУЕВ, Владислав Ристов
ГРУЕВ, Дамјан
ГРУЕВ, Дамјан (Даме) (с. Смилево, Битолско, 19. Ⅰ 1871 – врв Петлец, кај с. Русиново, Малешевско, 23. Ⅻ 1906) – национален деец и револуционер. Се школувал во родното село Смилево, Ресен и Битола, Солун и Белград (гимназија) и во Софија (студирал историја на Високата школа). Во Солунската егзархиска гимнзија „Св. Кирил и Методиј” (1887/1888) учествувал… Continue reading ГРУЕВ, Дамјан
ГРУЕВСКИ, Мате
ГРУЕВСКИ, Мате (с. Лазарополе, Дебарско, 18. Ⅲ 1932) – композитор, аранжер и кларинетист. Од 1964 г. продуцент во Музичката продукција на МРТ. Создал над 100 авторски песни и над 400 аранмжмани на народни песни. Најголеми хитови: „Туѓино, јабано”, „Јано, Јанинке”, „Друга љубов не сакам”, „Ах, вие луди млади години” и др. Соработувал со најпознатите македонски… Continue reading ГРУЕВСКИ, Мате
ГРУЕВСКИ, Никола
ГРУЕВСКИ, Никола (Скопје, 31. Ⅷ 1970) – економист, политичар и државник. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп при Универзитетот „Св. Климент Охридски” -Битола (1994), а потоа работи во банкарскиот сектор. Се здобил и со квалификации за меѓународниот пазар на капитал на Лондонскиот институт за хартии од вредност (1996).… Continue reading ГРУЕВСКИ, Никола
ГРУЕВСКИ, Томе
ГРУЕВСКИ, Томе (с. Смилево, Битолско, 1949) – новинар и унив, професор. Дипломирал на Филолошкиот факултет (1972) и докторирал на Правниот факултет (1995) во Скопје на тема „Современиот печат во Македонија (1944-1994)“. Уште од средношколските години се оддал на новинарство, во времето на студиите говски договори со повеќе од три-Премиерот Никола Груевски по изборот на Владата… Continue reading ГРУЕВСКИ, Томе
ГРУИЌ, Радослав
ГРУИЌ, Радослав (1878–1955) – историчар. Завршил богословија во Карловци (1899), право во Виена (1908), Филозофски факултет во Загреб (1911), каде што и докторирал (1919). Работел како свештеник, гимназиски професор по богословија, а и како професор по историја на Филозофскиот факултет во Скопје (од 1920). Бил двапати декан на Филозофскиот факултет (1930–1933, 1935–1937), еден од основачите… Continue reading ГРУИЌ, Радослав
ГРУЈОСКИ, Борис
ГРУЈОСКИ, Борис (Кичево, 9. Ⅱ 1918 – Скопје, 2002) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за економика во шумарството. Дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Белград (1948). Раководел со шумарската служба на СРМ како помошник на министерот, директор на Главната управа и секретар на Секретаријатот за шумарство (1948–1963). Од 1963 г. работел како… Continue reading ГРУЈОСКИ, Борис
ГРУЈОСКИ, Трајче
ГРУЈОСКИ, Трајче (с. Раково, Леринско, 19. Ⅷ 1921) – општествено-политички деец, еден од организаторите на НОБ во Битолско, политичар, судија и унив. професор. Бил член на СКОЈ и на КПЈ (1939), член на МК на СКОЈ во Битола (1941) и секретар на Обласниот комитет на СКОЈ. Бил борец на Битолскиот НОПО „Јане Сандански” (1942), инструктор… Continue reading ГРУЈОСКИ, Трајче
ГРУНЕВСКА, Бојана Асенова
ГРУНЕВСКА, Бојана Асенова (с.Рајчиловци, Босилеградско, Србија, 28. IX 1926) – инфектолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (1985). Студирала на Мед. ф.во Софија, а дипломирала во Инсбрук, Австрија (1954). Како припадник на напредната младина, учествувала во повоената изградба на земјата и била активно вклучена во самоуправните органи. Специјализирала инфектологија (1962) и од 1983 г.… Continue reading ГРУНЕВСКА, Бојана Асенова
ГРУПЧЕ, Асен
ГРУПЧЕ, Асен (Софија, 1919 – Скопје, 2003) – универзитетски професор, правник. Основно училиште и гимназија завршил во Охрид и во Битола, а Правен факултет во Софија (1942). Докторирал на Правниот факултет во Белград, на тема „Одговорноста на државата и на другите јавни субјекти за материјалните штети“ (1964). Тој е еден од основачите на Правно-економскиот факултет… Continue reading ГРУПЧЕ, Асен
ГРУПЧЕ, Љупчо
ГРУПЧЕ, Љупчо (Охрид, 30. Ⅻ 1927) – биолог и екологист, унив. професор. По завршувањето на гимназијата (1946) се запишал на Групата по биологија на Скопскиот универзитет. Студиите ги завршил во 1951 г., кога е избран и за асистент. По докторирањето е избиран за доцент (1962), за вонреден (1967) и за редовен професор (1972). Учествувал на… Continue reading ГРУПЧЕ, Љупчо