ГРУЕВСКИ, Томе

ГРУЕВСКИ, Томе (с. Смилево, Битолско, 1949) – новинар и унив, професор. Дипломирал на Филолошкиот факултет (1972) и докторирал на Правниот факултет (1995) во Скопје на тема „Современиот печат во Македонија (1944-1994)“. Уште од средношколските години се оддал на новинарство, во времето на студиите говски договори со повеќе од три-Премиерот Никола Груевски по изборот на Владата на Република Македонија(26. Ⅷ 2006) Томе Груевски бил соработник, уредник и главен уредник на в. „Студентски збор“, а подоцна и директор на НИП „Студентски збор“. Покрај тоа, бил и главен уредник на списанието за општествена теорија и критика „Дијалог“. Сега е редовен професор на Студиите по новинарство, медиуми и комуникации на Правниот факултет „Јустинијан И“ во Скопје и професор на постдипломските студии на Групата за комуникации при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Автор е на десетина книги од областа на историјата, теоријата на новинарството и комуникациите, како и пет публицистички трудови. БИБ.: Конгресите на младината на Македонија, Скопје, 1983; „Студентски збор“ (1949-1984), Скопје, 1984; Јавното информирање во Македонија, Скопје, 1991; Системот на јавното информирање во СР Македонија, Скопје, 1992; Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје 1993 (со коавтор Боро Мокров); Современиот печат во Македонија (1944-1994), Скопје, 1995 (две изданија); Историја на новинарството, кн. 1 и 2, Скопје, 1999; Теорија на новинарството, Скопје, 2000; Комуникациите и културата, Скопје, 2004; Историја на новинарството, Скопје, 2005; Култура на говорната комуникација, Скопје, 2006; Односи со јавноста, Скопје, 2007. С. Мл.