ВОДНИ ЗМИИ (Натриџ) – род од фамилијата смокови (Цолубридае), кои живеат во близина на вода. Како добри пливачи, секогаш ло-ват активно. Македонија ја населуваат два вида: белоушка (Натриџ натриџ) и рибарка (Натриџ тесселлата). Воден цвет еднодневка
Tag: В
ВОДНИ ЦВЕТОВИ
ВОДНИ ЦВЕТОВИ – ЕДНОДНЕВКИ (Епхемероптера) – инсекти со два пара крилја. Предните крилја се посилни и поголеми од задните. Ларвите на овие инсекти живеат во водна средина по неколку години, додека возрасните живеат само од неколку часа до неколку недели. Познати се како воздушни играчи. Од оваа група инсекти се регистрирани преку 1.600 видови, од… Continue reading ВОДНИ ЦВЕТОВИ
ВОДНО
ВОДНО – средновисока планина што се протега во средишниот дел на Скопската Котлина. Се протега во напореднички правец запад – исток, а највисок врв е Крстовар (1.066 м), на кој се наоѓа и планинарски дом. Водно ја дели Скопската Котлина на два дела. На север од Водно е Скопско Поле или вистинската Скопска Котлина, а… Continue reading ВОДНО
ВОДНО, Маркови Кули
ВОДНО, Маркови Кули – рановизантиски кастрон подигнат на ридот Маркови Кули, крајниот источен изданок на планината Водно. Подоцна во средниот век тврдината била обновена и позната од изворите како средновековен град Чрнче, од каде што потекнува името на денешната населба Црниче, во неговото север-но подножје. Најстарата фаза претставува доцноантичка тврдина од првата половина на Ⅳ… Continue reading ВОДНО, Маркови Кули
ВОДОВОЗОВ, Василиј Василјевич
ВОДОВОЗОВ, Василиј Василјевич (С.-Петербург, 22. Ⅻ 1864 / 3. Ⅰ 1865 – Збраслав, Чехија, 7. Х 1933) – руски публицист, правник, економист, општествен и политички деец. Студирал на Историско-филолошкиот (од 1883) и на Правниот факултет (од 1885) на С.-Петербуршкиот универзитет. Се зближил со револуционерното движење и народњаците, па во 1887 г. бил уапсен и испратен… Continue reading ВОДОВОЗОВ, Василиј Василјевич
ВОДОЗЕМЦИ
ВОДОЗЕМЦИ (Ампхибиа) – најпримитивна класа ’рбетници на која $ припаѓаат дождовниците, мрморците (тритоните), жабите и црвовидните безножни водоземци (гимнофиони). Нивна основна карактеристика е што еден дел од својот живот го минуваат во водена, а другиот во терестрична средина (гр. ампхи – два, биос – живот). За разлика од другите ’рбетници, кои во целост се ослободиле… Continue reading ВОДОЗЕМЦИ
ВОДОЉУПЦИ
ВОДОЉУПЦИ (Хѕдропхилидае) – водни тврдокрилни инсекти. Нозете им се приспособени за веслање. Претежно се хранат со растителна храна. Ларвите живеат во вода. Во Македонија се познати 42 вида од кои, најпознат е големиот водољубец (Хѕдроус пицеус Л.). ЛИТ.: В., Георгиев, Цонтрибутион а ла цоннаиссанце дес Цолеоптерс Хѕдроцантхарес де Ѕоугославие, Ацта, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје,… Continue reading ВОДОЉУПЦИ
ВОДОЧА МАНАСТИР
ВОДОЧА МАНАСТИР – в. „Свети Леонтиј”.
ВОЕНА БОЛНИЦА И ВОЕН САНИТЕТ
ВОЕНА БОЛНИЦА И ВОЕН САНИТЕТ. Воената болница во Скопје започнува да работи во старата турска ВБ (од 1912 до 1914 работи АБ на српската војска; од 1914 до 1918 бугарска ВБ; од 1918 до 1941 е АБ на Кралство СХС; од 1941 до 1944 бугарска ВБ), а по преместувањето на Гш на НОВ и ПОМ… Continue reading ВОЕНА БОЛНИЦА И ВОЕН САНИТЕТ
ВОЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВОЈСКАТА НА АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА
ВОЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВОЈСКАТА НА АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА – македонскиот крал Филип Ⅱ (359– 336 г. пр.н.е.) ги продолжува и ги усовршува воените реформи од претходните македонски владетели (посебно од Архелај, крај на Ⅴ в. пр.н.е.) за создавање на професионална народна војска, обучена и дисциплинирана. Ја создава прочуената македонска фаланга од тешко вооружена пешадија (πε−… Continue reading ВОЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВОЈСКАТА НА АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА
ВОЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НОБ во Пиринскиот дел на Македонија
ВОЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НОБ во Пиринскиот дел на Македонија (1941–1944) – оружената борба била организирана и раководена од Окружниот комитет на БКП за Пиринскиот крај (до септ. 1941) на чело со Гроздан Николов. Одговорен по воените прашања бил Никола Калапчиев, а потоа Никола Парапунов (IX 1941–9. Ⅻ 1943). По формирањето на Востаничко-оперативните зони (ВОЗ) на… Continue reading ВОЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НОБ во Пиринскиот дел на Македонија
ВОЕНИ БАЗИ ВО РМ
ВОЕНИ БАЗИ ВО Република Македонија – организирани упоришта на домашна, странска или меѓународна воена сила во РМ. Прва воена база на меѓународни сили во Република Македонија (јануари Ⅴ 1993) е Абл Сентри на мировните сили на ООН – УНПРОФОР/УНПРЕДЕП во која се стационираат американскиот и нордиските баталјони – УСАБАТТ и НОРДБАТТ. Следува базата Талон, (26.XI… Continue reading ВОЕНИ БАЗИ ВО РМ
ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ВО ВОЈНАТА ВО РМ
ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ВО ВОЈНАТА ВО РМ. ВО 2001 г. – повреди на законите и обичаите на војувањето што опфаќаат, но не се ограничуваат на убиства, малтертирања, носења на принудна работа или за каква било друга потреба цивилно население, убивања или малтертирања воени заробеници, убивања заложници, пљачкосувања јавен или приватен имот, намерни рушења градови или села,… Continue reading ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ВО ВОЈНАТА ВО РМ
ВОЕНИ СУДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА
ВОЕНИ СУДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА – првпат биле предвидени во Правилата (Уставот) на Македонскиот востанички комитет (1878). Во времето на Крушевската Република (1903) бил формиран Револуционерен суд надлежен да им суди на предавниците. Во текот на НОБ биле донесени Наредба за формирање на заднинските воени власти и Наредба за устројство и надлежност на воените судови од… Continue reading ВОЕНИ СУДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА
ВОЕНО-ПОЛЕВ СУД во Македонија
ВОЕНО-ПОЛЕВ СУД во Македонија (1941-1944) – вонреден воен суд формиран од Министерството на војната на Царството Бугарија во времето на Втората светска војна. Судови биле организирани и на пониско рамниште, во единиците на бугарската армија. Суделе по скратена постапка за дела пропишани од бугарското вонредно законодавство. Под нивна јурисдикција се нашле и припадниците на НОБ… Continue reading ВОЕНО-ПОЛЕВ СУД во Македонија
ВОЗДУШЕН ПРИТИСОК ВО РМ
ВОЗДУШЕН ПРИТИСОК ВО РМ – притисокот што воздухот го врши со својата тежина на земјината површина. Воздушниот притисок зависи од надморската височина и од присуството на водена пареа во воздухот. Нормалниот воздушен притисок се одредува во секоја точка од атмосферата со масата на столбот на воздухот кој лежи над 2 неа, со основа која изнесува… Continue reading ВОЗДУШЕН ПРИТИСОК ВО РМ
ВОЗНЕСЕНИЕ, СВ
„ВОЗНЕСЕНИЕ, СВ.“–еднокорабна црква со полукружен свод, изградена на левиот брег на река Отиња (Штип). Средствата за градбата ги обезбедил војводата Димитрие во 1369 г. Градена е од делкан камен и од малтер. Непознатите мајстори-градители при изградбата особено внимание £ посветиле на северната фасада, обликувана со три длабоки ниши. Во средната ниша се наоѓа бифорен прозорец… Continue reading ВОЗНЕСЕНИЕ, СВ
ВОЗНЕСЕНСКИ, Андреј
ВОЗНЕСЕНСКИ, Андреј (Андрей Андреевич Вознесенский) (Москва, 5. Ⅻ 1933) – руски поет, слободен творец. Пишувал експериментална поезија што секогаш се потпирала врз традицијата на руската авангарда. Истражувал нови можности и употребувал звучни асоцијации и асоцијативни низи, гротескна и парадоксална метафорика, а исто така при градбата на своите стихови се потпира на архитектурата и сликарството. Во… Continue reading ВОЗНЕСЕНСКИ, Андреј
ВОЈВОДА
ВОЈВОДА -. а) властелин во средновековните држави во Македонија; административен или воен старешина; б) околиски поглавар во времето на османлиското владеење во Македонија, чин помал од паша, преземен од балканската традиција; в) предводник на ајдутска или комитска дружина или чета. Нашол широк одраз во народната поезија од сите периоди на македонското минато. На пр., меѓу… Continue reading ВОЈВОДА
ВОЈДАНОВ, Смиле
ВОЈДАНОВ, Смиле (с. Лактиње, Охридско, 1. Ⅱ 1872 – Понтијак, САД, 4. Ⅲ 1958) – илинденски реонски војвода и културно-национален деец сред македонската емиграција во САД. Учел во Ки-Смиле Војданов чевскиот манастир и потоа учителувал во родното село и во Сливово. Активно се вклучува во МРО (1897) и како реонски војода во охридска Дебрца води… Continue reading ВОЈДАНОВ, Смиле
ВОЈНИКА, Јусуф Мазлумов
ВОЈНИКА, Јусуф Мазлумов (Дебар, 7. Ⅱ 1938 – Дебар, 12. Ⅶ 2002) – хирург, примариус, основач и прв раководител на Хируршкото одделение во Дебар. Долгогодишен директор и создавач на современиот референтен Медицински центар во Дебар. Ал. Ставр.
ВОЈТЕХ, Ѓорѓи
ВОЈТКЕВИЧ, Луј
ВОЈТКЕВИЧ, Луј (Луис Њоѕткиењиецз) (ⅩⅠⅩ в.) – полски емигрант, мајор. Бил учител во Велес. Учествувал во Кресненското востание (1878/1879) како војвода на чета од 250 востаници и бил член на шта-бот на Македонското востание. По протерувањето од редовите на востаниците се вратил во Банско и станал член на Воениот совет и еден од раководителите на… Continue reading ВОЈТКЕВИЧ, Луј
ВОКА, Нуредин Реџеп
ВОКА, Нуредин Реџеп (Вока, Нуредин Реџхеп) (с. шипковица, Тетовско, 1847 – Истанбул, 1917) – илуминист. Основно училиште завршил во Тетово, медреса во Призрен, а дипломирал на Теолошкиот факултет во Истанбул. Објавил еден буквар на албански јазик и две читанки со турскоарапско писмо. Значајно е неговото дело „Мислења“ со филозофско-педагошка содржина. Во 1903 г. од страна… Continue reading ВОКА, Нуредин Реџеп