„БРАТСТВО“ (Тетово, 17–23. Ⅷ 1942) – весник, орган на Окружниот комитет на КПЈ, на македонски јазик. Го уредувал Крсте Црвенковски, а бил растуран и во Гостивар, Кичево и Дебар. Објавени се два броја, умножени на окружната партиска техника. Во уводниот напис, меѓу другото, се вели дека весникот „треба да е расклинка целокупната лажна фашистичка пропаганда… Continue reading БРАТСТВО
Tag: Б
БРАЧ
БРАЧ -. народен жичен инструмент од три удвоени жици, првенствено наменет за оркестарско музицирање, при што брачот има придружничка улога. Се свири со удирање на жиците со перце. Со својот прилично јак и продорен звук, има примена кај чалгиските состави, во улога на придружник на главната мелодија. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во… Continue reading БРАЧ
БРАШНАРИ
БРАШНАРИ (Тенебрионидае) – тврдокрилни инсекти. Имаат силно хитинизирано голо или влакнесто тело; нозете им се долги или кратки, но силни. Се хранат, главно, со габи, со гнили растителни материи и со листови. Името го добиле според начинот на исхраната на ларвите. Се среќаваат во човечки живеалишта. Ги има и во магацините за брашно и за… Continue reading БРАШНАРИ
БРАШНАРОВ, Христо
БРАШНАРОВ, Христо (Прилеп, 27. Ⅻ 1918) – гинеколог, акушер, учесник во НОБ. Мед. ф. во Бел-град го завршил во 1946 г. Работел во Битола и во Скопје (1947), каде што специјализирал гинекологија (1952) и бил директор на Средното медицинско училиште. Примариус станал во 1966 г. Како гинеколог работел во Струмица, Прилеп и Скопје (1971–1981), каде… Continue reading БРАШНАРОВ, Христо
БРВЕНИЦА
БРВЕНИЦА – село во Тетовско. Се наоѓа во средишниот дел на Полошката Котлина, на надморска височина од околу 436 м. Со регионален пат е поврзано со Тетово. Има 2.918 ж. од кои 2.834 се Македонци и 68 Срби. Населението се занимава со одгледување житни и градинарски култури и овоштарство, посебно со производство на јаболка. Тоа… Continue reading БРВЕНИЦА
БРЕГАЛНИЦА
БРЕГАЛНИЦА – река, лева притока на Вардар. Извира во западните падини на Малешевските Планини, под врвот Ченгино Кале, на височина од 1.720 м, а во Вардар се слива на височина од 137 м. Вкупната должина на речниот тек изнесува 225 км, има вкупен пад од 1.583 м, со просечен пад од 7,04‰. Сливот зафаќа по2… Continue reading БРЕГАЛНИЦА
БРЕГАЛНИЧКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ
БРЕГАЛНИЧКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ (1959) – формирана како наследничка на Злетовско-струмичката и е една од трите најстари епархии во Македонската православна црква. Под името Злетовско-струмичка постоела и во периодот на возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Тогаш, покрај сегашните, епархијата ги опфаќала и општините: Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Валандово, Дојран… Continue reading БРЕГАЛНИЧКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ
БРЕГАЛНИЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ОДРЕД ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
БРЕГАЛНИЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ОДРЕД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ (месност Пчеларник, Штипско, 19. Ⅴ 1943 – месност Врши Дол, Виничко, 21. Ⅴ 1943) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. По интензивните подготовки за формирање, Вера Ацева, член на ПК на КПЈ за Македонија, го известила ПК дека е определено оперативното раководство и зоната на дејствувањето на Одредот (8.… Continue reading БРЕГАЛНИЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ОДРЕД ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
БРЕГАЛНИЧКО-СТРУМИЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН КОРПУС
БРЕГАЛНИЧКО-СТРУМИЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН КОРПУС (3. Ⅹ–Ⅻ 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Во формацискиот состав влегле 50. и 51. дивизија со придружните единици. Борбените дејства за ослободување на територијата од граничната линија кон Бугарија до реката Вардар и од реката Брегалница до реката Струмица ги започнал на 15. Ⅹ 1944 г. Ги ослободил сите… Continue reading БРЕГАЛНИЧКО-СТРУМИЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН КОРПУС
БРЕЗЈАНИН, Ристо Трифунов
БРЕЗЈАНИН, Ристо Трифунов (с. Брезно, Тетовско, 1907 – Скопје, 1968) – инфектолог. Мед. ф. завршил во Букурешт, Романија (1934). Како општ лекар работел во Тетово. Подоцна доаѓа во Скопје и од 1944 г. е лекар на Интерното одделение на Земската болница. Го формирал Инфективното одд., кое подоцна прераснува во Инфективна клиника на Мед. ф. во… Continue reading БРЕЗЈАНИН, Ристо Трифунов
БРЕЗОСКИ, Славко
БРЕЗОСКИ, Славко (Галичник, 10. Ⅵ 1922) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград (1950). Работел во проектантската организација „Проектант” (1950–1961), „Пелагонија” (1961–1963) и „Македонијапроект” (1963–1966); во странство: во Бразил (1962–1963) и во Либија (1966–1969). Професор е на Архитектонскиот факултет во Скопје на Катедрата за архитектонско проектирање – општествени згради (1970–1987).… Continue reading БРЕЗОСКИ, Славко
БРЕЈЛСФОРД, Хенри Ноел
БРЕЈЛСФОРД, Хенри Ноел (Х. Н. Браилсфорд) (Мирфилд, ВБ, 25. Ⅻ 1873 – Лондон, 23. Ⅲ 1958) – Насловната страница од делото на Хенри Ноел Брејлсфорд виден британски лабуристички новинар, публицист, писател, унив. професор и експерт за Балканот. По завршувањето на високото образование во Глазгов, извесно време предава на Колеџот на Кралицата Маргарита во Глазгов, но… Continue reading БРЕЈЛСФОРД, Хенри Ноел
БРЕКЛИНКА
БРЕКЛИНКА . (Сорбус торминалис Л., фам. Росацеае) – дрво до 25 м високо, со ареал во Средна и во Јужна Европа, но и во Северна Африка. Во Република Македонија се појавува како единечна или групна примеса во дабовиот регион. Листовите се прости, длабоко врежани. Цветовите се бели, собрани во штитести соцветија, а плодовите се мали… Continue reading БРЕКЛИНКА
БРЕСТ
БРЕСТ . (род Улмус Л., фам. Улмацеае) – род со околу 20 вида, застапени во умерениот појас на Северната хемисфера. Високи дрвја со јајцевидни и асиметрични листови со назабен раб, со косо пресечена основа и со кратка дршка. Цветаат рано пред пролистувањето, а плодовите се сплескани, крилести оревчиња, кои зреат многу рано (април). Имаат квалитетно… Continue reading БРЕСТ
БРЕФАЛКА
БРЕФАЛКА -. орнаментирано парче ткаенина, составен дел на невестинската носија. Се носела прикачена за невестинската скутина, на колковите и тоа по неколку на број. Подоцна овие орнаментирани ткаенини, кои жените самите ги изработувале, биле заменети со индустриски шарени шамии. Ј. Р.-П.
БРИГИ
БРИГИ – индоевропска популација, која во Ⅱ и Ⅰ милениум од ст.е. го населува балканскиот простор, од пл. Пангај (источно од р. Аксиос) до централниот, југоисточниот и јужниот дел од денешниот албански простор, Епир, Охридскиот регион и Пелагонија. Тие се содржат во етногенезата на античките Македонци и на Пајонците. Бригите ги сметаат за најстар народ… Continue reading БРИГИ
БРИОНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА
БРИОНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА (1991) – декларација за мирно решавање на југословенската криза. Заедничка декларација од состанокот (7. Ⅶ 1991) на членовите на Претседателството, претседателот на Сојузниот извршен со-вет, министрите за надворешни работи и одбрана на СФР Југославија и државни раководители од Словенија и од Хрватска со претставниците на ЕУ (министрите за надворешни работи на Холандија, на… Continue reading БРИОНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА
БРИСАЛКА
БРИСАЛКА -. памучна ткаенина, шамија. Ј. Р.-П.
БРИТАНСКА ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО ГРЦИЈА
БРИТАНСКА ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО ГРЦИЈА (Ⅻ 1944) – антикомунистичка воена интервенција на британската Влада. На 18. Ⅹ 1944 г. во ослободена Атина пристигнала грчката коалициона Влада на чело со премиерот Папандреу. Пред крајот на месецот кулминирала кризата во Владата. На 1 декември минис-трите на ЕАМ поднеле оставка и го повикале народот на масовни демонстрации, кои… Continue reading БРИТАНСКА ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО ГРЦИЈА
БРИТАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
БРИТАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Почеток на политичките односи е првата британска мисија на овој простор – генерален конзулат во Солун (1715). Следуваат вицеконзулати во Серез (1934), Битола (1851), Кавала (1857) и Скопје (1883). Британија учествува во разврската на Источната криза (1875–1878). Слоганот на македонската ослободителна борба „Македонија на Македонците” прв пат е употребен во писмо… Continue reading БРИТАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
БРКИЌ, Светозар
БРКИЌ, Светозар (Обровац на Зрмања, Хрватска, 1916 – Бел-град, 1993) – истакнат српски познавач на американската литература и нејзин пројавен преведувач, коментатор и афирматор на српски јазик; критичар, есеист и литературен историчар. Се занимавал и со македонската литература, во текот на својот престој во Скопје како професор по англиска и американска литература на Филолошкиот факултет… Continue reading БРКИЌ, Светозар
БРНОБИЌ, Јосип
БРНОБИЌ, Јосип (Хум, Истра, Хрватска, 5. XI 1894 – с. Брнобиќи, Риека, 1984) – диригент, композитор, музички педагог и музички рецензент. Завршува (1924) Конзерваториум во Љубљана (Ј. Равник, пијано; К. Јерај, виолина; Ј. Михел, композиција и диригирање). Живее во Скопје (1930– 1938), каде што работи како диригент на Градскиот мешан хор „Мокрањац” (1930–1936) и на… Continue reading БРНОБИЌ, Јосип
БРОДАЛИЈАТА ЃОРЃИ в
БРОДАЛИЈАТА ЃОРЃИ – в. Радев, Георги.
БРОДСКА КЛИСУРА
БРОДСКА КЛИСУРА – клисура во долината на Треска. Се протега меѓу с. Преглово во Кичевската Котлина и Македонски Брод во должина од 7,5 км. Клисурата е всечена меѓу планините Песјак од север и Бушева Планина од југ, во палеозојски шкрилци. Двете долински страни се доста стрмни. Бродската Клисура нуди оптимални услови за изградба на брана… Continue reading БРОДСКА КЛИСУРА