БОГДАНОВА-ИКОНОМОВА, Нада Миланова

БОГДАНОВА-ИКОНОМОВА, Нада Миланова (псевд. Стојна) (Солун, 3. Ⅷ 1914 – Скопје, 20. Ⅲ 1987) – правник, комунистички деец, првоборец, новинар. Како студент во Белград станала член на КПЈ (1940). Во времето на НОАВМ била член на МК на КПЈ во Скопје (1942), врска на ПК на КП за Македонија и на ЦК на КПМ со… Continue reading БОГДАНОВА-ИКОНОМОВА, Нада Миланова

БОГДАНОВСКИ, Драган

БОГДАНОВСКИ, Драган (с. Клечовце, Кумановско, 19. IX 1929 – шведска, 1. Ⅶ 1998) – македонски публицист, писател, политички емигрант и политзатвореник, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ. Завршил Средно земјоделско училиште (Битола и Скопје), студирал на Земјоделскиот факултет во Земун (1949), каде што за политичка активност бил осуден на четиримесечна казна затвор во Белград. Во 1951… Continue reading БОГДАНОВСКИ, Драган

БОГДАНОВСКИ, Игнатие Богданов

БОГДАНОВСКИ, Игнатие Богданов (с. Радибуш, Крива Паланка, 14. Ⅻ 1938) – специјалист по стоматолошка протетика, редовен професор на Ст. ф., каде што и хабилитирал (1977), а докторирал во Сараево (1989). Публикувал 130 статии. Уредник на едицијата „За стоматолошката болка”. Директор на Стоматолошкиот клинички центар (1978–1998) и организатор на собири (1987 и 1991) и конгреси на… Continue reading БОГДАНОВСКИ, Игнатие Богданов

БОГДАНОВСКИ, Русомир

БОГДАНОВСКИ, Русомир (Ниш, 11. Ⅹ 1948) – драмски автор, тематски свртен кон отсликување на карактерите и менталитетот низ хумористичко согледување на човечките слабости. Дипломирал драматургија на Академијата за театар и филм во Белград, каде што и магистрирал. Драматург во МТВ и професор во ФДУ во Скопје, на Катедрата филмско и ТВ сценарио и драматургија. Изведени… Continue reading БОГДАНОВСКИ, Русомир

БОГДАНЦИ

БОГДАНЦИ – град во јужниот дел на Република Македонија : 6.011 ж. (2002). Се наоѓа на источниот крај на Гевгелиската Котлина, од десната страна на Стара Река, на надморска височина од околу 80 м. Преку Б. води регионален пат кој на југозапад го поврзува со Гевгелија, а на североисток со Нов Дојран и Дојранското Езеро.… Continue reading БОГДАНЦИ

БОГОВИНСКО ЕЗЕРО

БОГОВИНСКО ЕЗЕРО – постглацијално езеро на шар Планина. Се наоѓа во долината на Боговинска Река (Езерска Река), на надморска височина од 1.936 м и е најголемо од овој тип езера во РМ. Настанато е во терминалниот базен, на местото каде што се топел планинскиот ледник, зад челните морени, и е протечно. Во правец јз-си е… Continue reading БОГОВИНСКО ЕЗЕРО

БОГОВИЊЕ

БОГОВИЊЕ – село во Тетовско. Се наоѓа на преминот на шар Планина во Полошката Котлина, на надморска височина од околу 550 м. Со регионален пат е поврзано со Тетово. Има 6.328 ж. сите од албанското малцинство. Тоа е седиште на општина, која зафаќа површина од 14.555 ха, има 14 населени места со 28.997 ж. Во… Continue reading БОГОВИЊЕ

БОГОЕВ, Ксенте

БОГОЕВ, Ксенте (с. Леуново, 20. Ⅹ 1919 – Скопје, 20. Ⅳ 2008) – економист, универзитетски професор, општественик, академик. Основно училиште завршил во Гостивар, гимназија во Скопје (1937), а Економскиот факултет во Белград (1951). Докторирал економски науки на Универзитетот во Белград (1962). За професор на Економскиот факултет во Скопје е избран во 1952 г. На редовните… Continue reading БОГОЕВ, Ксенте

БОГОЕВ, Милчо Ксентев

БОГОЕВ, Милчо Ксентев (Скопје, 4. Ⅹ 1948) – интернист, ендокринолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Мед. ф. во Скопје. Бил директор на Клиниката за ендокринологија, шеф на Катедрата по интерна медицина и декан на Мед. ф. во Скопје. Автор на 13 книги од областа на ендокринологијата и носител… Continue reading БОГОЕВ, Милчо Ксентев

БОГОЕВ, Ратко Милентиев

БОГОЕВ, Ратко Милентиев (Гостивар, 20. Ⅲ 1922 – Скопје, 5. Ⅲ 1990) – деец на КП, првоборец. Средно образование завршил во Скопје (1939/40), студирал на Електро-машинскиот факултет во Белград (1940), каде што станал член на СКОЈ, а потоа и член на КПЈ (1941) и на МК на КПЈ во Скопје. Наскоро бил уапсен и осуден… Continue reading БОГОЕВ, Ратко Милентиев

БОГОЕВИЌ, Гавро С

БОГОЕВИЌ, Гавро С. (Тетово, 1884 – Скопје, 1948) – фармацевт. Дипломирал во Виена (1906), ја нострифицирал дипломата на цариградскиот Мед. ф., отворил своја аптека во Скопје (1907-1908), со лабораторија за производство на фармацевтски препарати. Претседател на Дисциплински суд во Секцијата на Аптекарската комора на Кралството Југославија. Л. П.-Т. Владимир Богоев БОГОЕВСКИ, Владимир (Скопје, 1. Ⅻ… Continue reading БОГОЕВИЌ, Гавро С

БОГОЕВСКИ, Мите

БОГОЕВСКИ, Мите (Димитар) Пандев (с. Болно, Ресенско, 31. Ⅹ 1919 – с. Болно, 12. IX 1942) – поет и револуционер, народен херој. Основно училиште завршил во родното село, прогимназија во Ресен (1935) и Трговска академија во Битола (1935-1937). Како поет Мите Богоевски се пројавил уште во прогимназијата во Ресен со песните: „Осамотен патник”, „Покрај река”,… Continue reading БОГОЕВСКИ, Мите

БОГОЕСКИ, Крсте

БОГОЕСКИ, Крсте (с. Турје, Охридско, 2. IX 1943) – историчар и музеолог, редовен професор по музеологија во Заводот за етнологија при Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Завршил Филозофски факултет (Група историја) во Скопје (1968), а потоа работел во Музејот на град Скопје како кустос-историчар и музејски советник (1968-1995). На Загрепскиот универзитет магистрирал… Continue reading БОГОЕСКИ, Крсте

БОГОМИЛ, поп

БОГОМИЛ, поп (Ⅹ век) – основоположник на дуалистичкото (еретичко) духовно движење и учење наречено според неговото име богомилство, а приврзениците се нарекле богомили. Своевремено поразена духовна и филозофска идеологија и социјално движење, при што сите извори за него и неговите книжевни дела биле уништени. За неговиот живот и дејност посредно се дознава од зачуваните антибогомилски… Continue reading БОГОМИЛ, поп

БОГОМИЛА

БОГОМИЛА – село во Велешко. Тоа е главна населба во областа Бабуна. Се наоѓа од двете страни на реката Бабуна на надморска височина од околу 500 м. Со Велес е поврзано со железничка линија и локален асфалтен пат. Во историјата е познато како центар на богомилското движење, по кое и го добило името. Неговото население… Continue reading БОГОМИЛА

БОГОМИЛИ

БОГОМИЛИ – приврзаници на богомилското движење, следбеници на поп Богомил. Учеле дека постојат два бога, од кои Господ е творец на духовниот, а Ѓаволот на материјалниот свет. Христијанската црква ја сметале за дело на Ѓаволот и ги отфрлале црковните култови и обреди. Ја признавале само молитвата „Оче наш“. Не ги прифаќале свештениците како посредници помеѓу… Continue reading БОГОМИЛИ

БОГОМИЛСТВО

БОГОМИЛСТВО – општествено и религиозно дуалистичко учење и движење во периодот меѓу Ⅹ и ⅩⅤ век, проникнато од просторот на Македонија и проширено низ Византија и во другите јужнословенски средини. Именувано по основоположникот поп Богомил. Неговите протагонисти се нарекувале богомили. Сведоштвата за неговата идеолошка и верска особеност се наоѓаат во богомилските и во антибогомилските книжевни… Continue reading БОГОМИЛСТВО

БОГОМОЛКИ

БОГОМОЛКИ (Мантоидеа) – месојадни инсекти. Имаат преден пар грабливи нозе снабдени со трновидни хитински израстоци за фаќање на пленот. Името го до-биле по карактеристичната полени услови (по спарувањето) има појава на канибализам, кога женката го јаде мажјакот. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр. Св. Богородица Пелагонитиса,… Continue reading БОГОМОЛКИ

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА (Богоротка, Богомајка, Божја Мајка, Дева Марија) – според Библијата, Божја мајка, мајка на Спасителот Исус Христос. Кон неа народот има изградено посебен однос на почит. Се верува дека таа е народна застапничка пред нејзиниот син Исус и дека му ги пренесува молитвите и желбите. Присутна е и во баењата. Таа е заштитничка на леунките,… Continue reading БОГОРОДИЦА

БОГОСЛОВЕЦ

БОГОСЛОВЕЦ – ниска планина што се наоѓа 10 км западно од Штип. Највисок врв е Св. Јовански Рид (755 м), а малку понизок е Тиски Врв (747 м). Богословец е познат по експлоатацијата на азбест, која е вршена до половината на ⅩⅩ век. Богословец е гол, без шумска вегетација, со исклучок на осамените дрвенести стебла.… Continue reading БОГОСЛОВЕЦ

БОГОСЛОВИЈА Св Јован Богослов

БОГОСЛОВИЈА – Св Јован Богослов (. (Битола, 1922 – 1941) – основана од српското Министерство за вера, како државно училиште. Започнала со работа на 1. Ⅰ 1922 г., како петтокласно интернатско богословско училиште. Од учебната 1928/29 г. била подигната во ранг на више училиште. Во Богословија со богословско образование се здобиле тројца од поглаварите на… Continue reading БОГОСЛОВИЈА Св Јован Богослов

БОДИН, Константин

БОДИН, Константин (? – 1101) – крал на Зета (1081–1101), син и наследник на кралот Михаил, водач на востанието на Ѓорѓи Војтех (1072–1073). Востаниците го прогласиле за цар под името Петар. По извесни успеси, во решавачката битка со Византијците, што се одиграла кај Пауни на Косово, бил поразен и заробен. Со помош на венецијански трговци… Continue reading БОДИН, Константин

БОДЛЕВ, Георги

БОДЛЕВ, Георги (Охрид, 1813 – 1882) – шивач, учител и културен деец. Бил учител во Охрид (ок. 1855–1856). Имал особен интерес кон историското, посебно кон културното минато на Македонија и на македонскиот народ. Располагал со голема библиотека со книги и ракописи со историско значење. Бил соработник на професорот на Казанскиот универзитет Виктор И. Глигорович при… Continue reading БОДЛЕВ, Георги