БОГОЕСКИ, Крсте

БОГОЕСКИ, Крсте (с. Турје, Охридско, 2. IX 1943) – историчар и музеолог, редовен професор по музеологија во Заводот за етнологија при Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Завршил Филозофски факултет (Група историја) во Скопје (1968), а потоа работел во Музејот на град Скопје како кустос-историчар и музејски советник (1968-1995). На Загрепскиот универзитет магистрирал по музеологија на тема „Музејска мрежа у Македонији” (1978) и докторирал по музеологија од областа на информатичките науки на тема „Модел музеолоšке обраде повијесног раздоблја – на примјеру музеолоšке интерпретације аграрних односа у Скопској кази од 1839. до 1912. године” (1992). Во изминатиов период ја изведувал наставата по предметите етномузеологија, општа историја со историја на балканските народи и Историја на македонскиот народ. БИБ.: Етномузеологија (интерна скрипта), Скопје, 1996; Патописците за исхраната во Македонија, „Етнолог”, бр. 7&8, Скопје, 1997, 130 -136; Музеите во Македонија во периодот на транзиција. „Мусеологица Мацедоница”, Скопје, 1997, 14&20; Општа историја со историја на балканските народи (интерна скрипта), Скопје, 1998. С. Мл.