БИСЕРОВ, Димитар Јанакиев (Окујли) (Дупница, ден. Станке Димитров, 1840 – Дупница, 1886) – учител, општественик, публицист, преведувач, поет и собирач на народни песни за Стефан Верковиќ. Се школувал во родниот град и во Рилскиот манастир кај Неофит Рилски, а потоа бил учител во Дупница (1850-1860; 1868; 1870-1879), Берово, Малешевско и Горна Џумаја (ден. Благоевград, 1863-1864).… Continue reading БИСЕРОВ, Димитар Јанакиев
Tag: Б
БИСЛИМИ, Меџит
БИСЛИМИ, Меџит (с. Копаница, Скопско, 15. Ⅹ 1929) – политички работник. Завршил виша управна школа. Член на СКЈ (од 1947). Бил секретар на Општинскиот народен одбор, началник на одделение и шеф на Месната канцеларија, потоа пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ и член на Одборот за буџет и на Одборот за градежништво и… Continue reading БИСЛИМИ, Меџит
БИСТРА
БИСТРА – висока планина што се протега во Западна Македонија. Припаѓа кон западномакедон-Планината Бистра ските планини. Се издига помеѓу Кичевската Котлина на исток, длабоката долина на Мавровска Река и Радика на запад, со која е одделена од планините Кораб и Дешат, Мавровската Котлина на север и Мала Река, Гарска и Јам-ска Река и тектонскиот превал… Continue reading БИСТРА
БИСТРИЦА
БИСТРИЦА – река во Егејскиот дел на Македонија, Република Грција. Таа е втора по големина река во Македонија. Извира од југозападните делови на планината Вернон, западно од врвот Витои (2.128 м), а во Егејското Море се влева кај Солунскиот Залив и заедно со р. Вардар градат делта. Долга е 297 км, а сливот зафаќа површина… Continue reading БИСТРИЦА
БИСТРИЦА , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА
„БИСТРИЦА“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Синсинати, Охајо, САД, 1928) – организација на Македонците од Леринско, Преспанско и Битолско. Организацијата отворила училиште, активни биле и Младинската и Женската секција, а формирана била и Драмска секција што давала претстави, меѓу кои и „Македонска крвава свадба“. Сл. Н.-К.
БИСТРИЦА – река во Егејскиот
БИСТРИЦА – река во Егејскиот дел на Македонија, Република Грција. Таа е втора по големина река во Македонија. Извира од југозападните делови на планината Вернон, западно од врвот Витои (2.128 м), а во Егејското Море се влева кај Солунскиот Залив и заедно со р. Вардар градат делта. Долга е 297 км, а сливот зафаќа површина… Continue reading БИСТРИЦА – река во Егејскиот

БИСТРИЦА – село во Битолско.
БИСТРИЦА – село во Битолско. Се наоѓа во источното подножје на планината Баба, расположено од двете страни на Краешка Река на надморска височина меѓу 600 и 700 м. Во последните години населението е во опаѓање, и тоа од 1.140 ж. во 1981 г. се намалува на 1.015 ж. во 2002 г. Од нив 949 биле… Continue reading БИСТРИЦА – село во Битолско.

БИСТРИЦА – средновековна нас
БИСТРИЦА – средновековна населба, на ок. 4,5 км североисточно од Богомила. Се спомнува како посед на скопскиот манастир „Св. Георги–Горг“ во грамотите на Константин Асен (ок. 1258) и Милутин (1299/1300). Бистрица му се Коњска патека кон с. Бистрица, Баба Планина подарува на манастирот заедно со нивите, водениците, сенокосите, пасиштата, летовиштата и зимовиштата, кобилите и овците… Continue reading БИСТРИЦА – средновековна нас

БИТИ, Олга
БИТИ, Олга (Солун, 1883 – Кибуц Гат, Израел, 1970) – писателка, ционистичка активистка. Била најактивен член на Светската женска ционистичка организација ЊИЗО во Скопје (до 1941). Го организирала целокупниот културен живот на младината во рам-ките на кенот на младинската организација „Хашомер Хацаир“. По нејзини драмски текстови, напишани на ладино, се изведувале бројни претстави, на кои… Continue reading БИТИ, Олга
БИТКАТА ЗА ЛЕРИН
БИТКАТА ЗА ЛЕРИН (1949) – една од најжестоките битки меѓу единиците на ДАГ и владината армија. На 12 февруари 1949 г. единиците на ДАГ го нападнале гр. Лерин. Во оваа битка учествувале 18., 14. и 107. бригада на ДАГ, во кои ок. 70% од војниците биле Македонци. По големите човечки загуби (1.200 убиени), единиците на… Continue reading БИТКАТА ЗА ЛЕРИН
БИТКАТА КАЈ АДРИЈАНОПОЛ
БИТКАТА КАЈ АДРИЈАНОПОЛ (14. Ⅳ 1205) – помеѓу Латините и Бугарите, помогнати од кумански одреди. Куманите го нападнале логорот на Латините кај Адријанопол и преправајќи се дека бегаат, ја намамиле латинската војска во заседа. Латините претрпеле страшен пораз. На бојното поле останале голем број рицари и барони, а царот Балдуин Ⅰ бил заробен и одведен… Continue reading БИТКАТА КАЈ АДРИЈАНОПОЛ
БИТКАТА КАЈ ГАВГАМЕЛА
БИТКАТА КАЈ ГАВГАМЕЛА (1. Ⅹ 331 г. од ст.е.) – битка на левиот брег на р. Тигар меѓу македонската војска предводена од Александар Ⅲ Македонски и персиската војска предводена од Дариј Ⅲ. Ударната сила на македонската војска на двете крилни позиции е коњицата, а на централната е фалангата. Александар применил одличен стратешки план со воведување… Continue reading БИТКАТА КАЈ ГАВГАМЕЛА
БИТКАТА КАЈ ГРАНИК во Пропонтида
БИТКАТА КАЈ ГРАНИК во Пропонтида (334 г. од ст.е.) – прва битка на Александар Ⅲ Македонски со Персијците. Војската на Персијците и хеленските наемници хоплити од позициите на стрмниот десен брег и возвишенијата околу реката лесно го следат движењето на македонската војска. Александар не го прифаќа советот на војсководецот Парменион да се повлечат за да… Continue reading БИТКАТА КАЈ ГРАНИК во Пропонтида
БИТКАТА КАЈ ЅВЕГОР
БИТКАТА КАЈ ЅВЕГОР (Царевоселско, 16. IX 1944) – битка за ослободување на Царево Село (Делчево). Учествувале и доброволци од Горноџумајско, а петмина од нив загинале. ЛИТ.: Безсмъртните 1922/1944. Зб.: Загинали в борба против капитализма и фашизма от Благоевградски окръг, София, 1971; Методи Петров и Асен Дерменджиев, Пирински соколи, София, 1970. В. Јот.
БИТКАТА КАЈ ИПСОС
БИТКАТА КАЈ ИПСОС (301 г. од ст.е.) – битка меѓу дијадосите (наследниците) на царството на Александар. Во Фригија, за превласт во Азија, војуваат Лисимах и Селевк против Антигон Едноокиот и Деметриј. Во битката Антигон загинува, а неговиот син Деметриј се повлекува кон Ефес. По оваа решавачка битка царството е поделено: Лисимах ја презема Мала Азија… Continue reading БИТКАТА КАЈ ИПСОС
БИТКАТА КАЈ ИСОС
БИТКАТА КАЈ ИСОС (333 г. од ст.е.) – битка меѓу македонската војска предводена од Александар Ⅲ Македонски и персиската предводена од перискиот цар Дариј Ⅲ Кодоман. Во теснецот кај р.Пинар генијалниот стратег Александар во од ја постројува војската во нов борбен ред за да оневозможи напад од грб. Македонската војска ја прегазува реката и во… Continue reading БИТКАТА КАЈ ИСОС
БИТКАТА КАЈ КИНОСКЕФАЛИ
БИТКАТА КАЈ КИНОСКЕФАЛИ (197 г. од ст.е) – последната битка во Втората македонскоримска војна (200–197 г.) меѓу македонската држава за време на кралот Филип Ⅴ и римските војски. И покрај првичните успеси, македонската фаланга е разбиена од здружените воени сили на Римјаните, Илирите, Дарданците и хеленските полиси; 8.000 војници загинуваат, а 5.000 се заробени. Филип… Continue reading БИТКАТА КАЈ КИНОСКЕФАЛИ
БИТКАТА КАЈ КЛОКОТНИЦА
БИТКАТА КАЈ КЛОКОТНИЦА (9. Ⅲ 1230) – помеѓу Бугарите, предводени од царот Иван Ⅱ Асен, и Епирците на чело со Теодор Ⅰ Ангел. Во жестокиот судир на р. Марица епирската војска претрпела тежок пораз. Теодор Ангел паднал во заробеништво, заедно со голем број негови роднини, војсководачи и други видни епирски благородници. По победата Бугарија воспоставила… Continue reading БИТКАТА КАЈ КЛОКОТНИЦА
БИТКАТА КАЈ КУРАПЕДИОН
БИТКАТА КАЈ КУРАПЕДИОН (281 г. од ст.е.) – последната голема битка во епохата на дијадосите; се одиграла во Лидија, меѓу Лисимах и Селевк, за кралскиот престол во Македонија. Во битката загинува Лисимах кој, како крал на Македонија (284–281), во овој период успева да ја наметне власта во Тесалија, Фокида и Етолија. Победникот Селевк (последниот од… Continue reading БИТКАТА КАЈ КУРАПЕДИОН