АВСТРОУНГАРСКОРУСКА ТАЈНА КОНВЕНЦИЈА

АВСТРОУНГАРСКОРУСКА ТАЈНА КОНВЕНЦИЈА (Будимпешта, 3/15. Ⅰ 1877) – меѓудржавен договор за балканското владеење на Османлиската Империја. Со неа било договорено во случај на војна на Русија против Османлиската Империја и територијални промени Австро-Унгарија да ја окупира Босна и Херцеговина, а Русија да ја окупира Бесарабија. На Балканот се исклучувало создавање словен-ска или друга голема држава;… Continue reading АВСТРОУНГАРСКОРУСКА ТАЈНА КОНВЕНЦИЈА

АВТОМАТИЗАЦИЈА И МЕХАНИЗАЦИЈА НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА ВО Република Македонија

АВТОМАТИЗАЦИЈА И МЕХАНИЗАЦИЈА НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА ВО Република Македонија – интегрален дел на дрвноиндустриските технологии. Со нив човековиот труд се заменува со работа на високопроизводни машини, уреди и системи за контрола и управување. Како резултат на таа замена се овозможува самостојно течење на производните операции и процеси (без или со делумно учество… Continue reading АВТОМАТИЗАЦИЈА И МЕХАНИЗАЦИЈА НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА ВО Република Македонија

АВТОМОБИЛСКА БРИГАДА НА НОВ И ПОЈ ЗА МАКЕДОНИЈА

АВТОМОБИЛСКА БРИГАДА НА НОВ И ПОЈ ЗА МАКЕДОНИЈА (Скопје, XI 1944) – воена единица на НОВ и ПОЈ за Македонија. Во формацискиот состав имала 70 камиони. Ги опслужувала сите единици во снабдувањето со храна, муниција и др. В. Ст. Првиот број на в. „Автономија” (1898)

АВТОНОМИА

АВТОНОМИŒ (Софија, 10. Ⅴ 1898 – 23. Ⅹ 1899 и 7. Ⅻ 1901 – 30. Ⅲ 1902) – македонски весник. Во поднасловот првин се декларирал како орган на политичките интереси на христијанското население во Турција (бр. 1-5), потоа како независен орган на македонските интереси (бр. 6-19), како орган на политичките интереси на македонското население во… Continue reading АВТОНОМИА

АВТОНОМИА

„АВТОНОМИŒ (Софија, 1-16. Ⅷ 1903, ст. ст.) – задграничен весник на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. Излегувал на бугарски и француски јазик. Бил печатен во печатницата на Георги А. Ножаров, најавен дека ќе излегува секоја сабота, но излегле само три броја. Уводникот на првиот број има наслов „Пред револуцијата”, со напомена: „пред судбоносните настани што се… Continue reading АВТОНОМИА

АВТОНОМНА МАКЕДОНИА

„АВТОНОМНА МАКЕДОНИŒ (Софија, 1. Ⅻ 1920 – 26. Ⅰ 1923) – весник, орган на македонската емиграција во Бугарија, а од број 53 (15. Ⅻ 1921) орган на Македонската федеративна емиграција во Бугарија. Излегувал еднаш неделно, на бугарски јазик. Првиот број бил печатен во печатницата на в. „Право”, во тираж од 2.500 примероци, а подоцна во… Continue reading АВТОНОМНА МАКЕДОНИА

АВТОНОМНА МАКЕДОНИЈА

АВТОНОМНА МАКЕДОНИЈА (Ла Мацéдоине аутономе)” (Белград, 12. Х – 14. Ⅻ 1905) – неделен неофицијален орган на Македонскиот клуб во Белград. Поднасловно мото: „Балканот на балканските народи – Македонија на Македонците” (Гледстон). Главен уредник Григорие Хаџиташковиќ (од Воден), сопственик и одговорен уредник Ѓорѓе Ѓерѓиковиќ (од Гевгелија), а меѓу соработниците се и Ј. Велиќ, А. Атанасов… Continue reading АВТОНОМНА МАКЕДОНИЈА

АВТОПАТ

АВТОПАТ – највисока сообраќајна класа на јавни патишта, со два раздвоени коловоза, градени за брзини од 80 до 120 км/час. Првата делница што е реконструирана и изградена како автопат е Куманово – Миладиновци, со 21,8 км (1978). Комплетно нов автопат е изграден на делницата Велес – Мотел Македонија (коридор 10), со должина од 600 км… Continue reading АВТОПАТ

АГАТАНГЕЛ БИТОЛСКИ, св

АГАТАНГЕЛ БИТОЛСКИ, св. (? – Битола, 11. Ⅲ 1727) – новомаченик, Македонец – настрадал како жртва на присилното исламизирање (со меч му била отсечена главата). За неговите страдања и праведниот живот се ширело усно предание во Битола и низ Македонија. Првото житие го напишал јеромонахот Атанасиј од манастирот „Симонопетра” на Света Гора. Дел од неговите… Continue reading АГАТАНГЕЛ БИТОЛСКИ, св

АГАТАНГЕЛ, митрополит

АГАТАНГЕЛ, митрополит (Атанас Станковски) (Скопје, 11. Ⅲ 1955) – архиереј на Македонската православна црква. Пред да прими монаштво бил свештеник на парохиска должност. Завршил Македонска православна богословија (1975/76) и дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје (1995), ракоположен за ѓакон на 7. И, на 9. Ⅰ 1979 г. за свештеник, а за протоереј бил произведен во… Continue reading АГАТАНГЕЛ, митрополит

АГАТИЈ

АГАТИЈ (ќАгаљаз) ??? (ок. 536–582) – византиски историчар и поет, родум од Мала Азија. По завршувањето на студиите по книжевност во Александрија и право во Бејрут, се занимава со адвокатура во Цариград. Автор е и на историското дело во пет книги За Јустинијановото владеење, коешто содржи единствени вести за настаните од 552–558 г. ИЗВ.: Византиски… Continue reading АГАТИЈ

АГЕНТ НА Република Македонија ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

АГЕНТ НА Република Македонија ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА – лице што Република Македонија го ополномоштува да ја застапува пред Европскиот суд за човекови права (Стразбур, РФ). Прв владин агент на Република Македонија пред овој суд е д-р Цветан Цветковски (19. Ⅹ 1998 – 20. Ⅹ 2001). ИЗВ.: Архива на Министерство за правда на… Continue reading АГЕНТ НА Република Македонија ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА Република Македонија

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА Република Македонија – служба основана од страна на Владата на СФРЈ (1952) што го помага вработувањето. Од 1960 г. прераснува во Државен завод за вработување на НРМ, по што нејзиното име е менувано во повеќе наврати. Од 2004 г. се трансформира во Агенција за вработување на Република Македонија . Организационо, Агенцијата… Continue reading АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА Република Македонија

АГЕНЦИЈА ЗА САНАЦИЈА НА БАНКА

АГЕНЦИЈА ЗА САНАЦИЈА НА БАНКА – специјализирана институција основана за спроведување на процесот на санација на банкарскиот систем на РМ. Формирана е во почетокот на 1994 г. од страна на македонската влада, со почетен капитал обезбеден од буџетот. Основна задача на Агенцијата е да управува со лошите пласмани отстранети од билансите на банките. Нејзиното портфолио… Continue reading АГЕНЦИЈА ЗА САНАЦИЈА НА БАНКА

АГИС

АГИС (? – 359 г. пр.н. е.) – пајонски крал, современик на Филип Ⅱ, претендент на македонскиот цар-ски престол во периодот на политичка нестабилност во Македонија. Бил во сојуз со Атина против македонскиот цар Филип Ⅱ. Заговорот пропаднал. По смртта на стариот пајонски крал, Филип Ⅱ ги покорил Пајонците. ЛИТ.: Е. Петрова, Пајонија, Скопје, 1999.… Continue reading АГИС

АГЈЕЈ, Сачидананд Хирананд Ватсјајан

АГЈЕЈ, Сачидананд Хирананд Ватсјајан (Сацхидананд Хѕрананд Ватсѕаѕнан Агеѕ) (Лакно, Индија, 7. Ⅴ 1911 – Њу Делхи, 8. Ⅲ 1989) – најзначаен индиски поет на хинд-ски јазик; во литературата влегува со прекарот Агјеј (незнајниот или оној што не може да се долови). Автор е на 15 книги поезија, три романи и повеќе збирки есеи. Бил уредник… Continue reading АГЈЕЈ, Сачидананд Хирананд Ватсјајан

АГО, Ариф

АГО, Ариф (Ариф Аго) (Охрид, 1935) – универзитетски професор од турската националност во РМ. Завршил Филолошки факултет во Белград, докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел како професор на ПедагоАриф Аго шката академија „Климент Охридски” во Скопје. Бил главен и одговорен уредник на редакцијата „Бирлик”. Од 1979 г. до пензионирањето е во наставнички звања предавач,… Continue reading АГО, Ариф

АГОВСКИ, Иван Серафимов

АГОВСКИ, Иван Серафимов (Дебар, 24. Ⅵ 1887 – Софија, прва половина на 1925) – револуционер, просветен деец и публицист. Основно училиште завршил во родниот град. Поради членство во социјалистички кружок, бил исклучен од Педагошкото училиште во Скопје (1905). По завршувањето на вишото образование, учителствувал во Кичево и учествувал во тамошниот учителски бунт (1908). Бил активист… Continue reading АГОВСКИ, Иван Серафимов

АГОЛИ, Кемал

АГОЛИ, Кемал (Дебар, 1918 – Голи Оток, по 1948) – комунистички деец од албанско потекло. Како апсолвент по филозофија и педагогија, станал член на диверзантска група (октомври 1941), член на КПА и борец на партизански одред во Албанија (1942). Како заднински активист во Дебар (од крајот на 1942) бил уапсен и спроведен во затворот во… Continue reading АГОЛИ, Кемал

АГОЛИ, Неџат

АГОЛИ, Неџат (Дебар, 1914 – Голи Оток, 1949) – правник, комунистички деец од албанско потекло. Завршил право во Рим и бил судија во Тирана, но поради комунистичка дејност бил преместен на служба во Ѓаковица (Косово), каде што станал борец на партизански одред (1942). Наскоро се вратил во Дебарско и бил началник на штабот на Првата… Continue reading АГОЛИ, Неџат

АГРАРЕН МАКСИМУМ ВО ДФМ,НРМ,СРМ

АГРАРЕН МАКСИМУМ ВО ДФМ,НРМ,СРМ. – воведен со Законот за аграрна реформа и колонизација од 23. Ⅷ 1945 г. Врз основа на овој закон, земјишниот посед на земјоделските семејства беше ограничен од 20 до 35 ха, а на црквата до 10 ха обработливо земјиште. За неземјоделците земјишниот максимум изнесуваше три ха. Со Законот за земјишниот фонд… Continue reading АГРАРЕН МАКСИМУМ ВО ДФМ,НРМ,СРМ

АГРАРНА ПЛИТИКА

АГРАРНА ПЛИТИКА – дел од економската политика што се применува во земјоделското производство од одредена држава или заедница. Во Република Македонија , сћ до нејзиното осамостојување како држава, се водеше аграрна политика што се однесуваше за цела Југославија. Од 1991 г. Република Македонија води сопствена аграрна политика. Со потпишувањето на билатералните договори за слободна трговијаContinue reading АГРАРНА ПЛИТИКА

АГРАРНА РЕФОРМА

АГРАРНА РЕФОРМА – промена во земјишните имотни односи и на имотната структура со интервенција на државата. Една од најзначајните мерки на аграрната политика, затоа што ги решава клучните прашања на аграрната структура. Се јавува во услови на стопанска неразвиеност и аграрна пренаселеност. Со Законот за аграрна реформа и колонизација (1945) се изврши ликвидирање и експропријацијаContinue reading АГРАРНА РЕФОРМА