АТАНАСОВ, Ангел (с. Крушево, Серско, 1879 – Крџали, Бугарија, 1952) – учител и револуционер. Завршил педагошко училиште во Сер (1900) и учителствувал во Ѓумурџина. Како директор на Серското класно училиште (1902) станал член на Серскиот ОК на ТМОРО. Во текот наⅤ1903 г. бил затворен и осуден на три години затвор. По амнестијата (1904) повторно стапил… Continue reading АТАНАСОВ, Ангел
Tag: А
АТАНАСОВ, Васил
АТАНАСОВ, Васил (Струмица, 16. Ⅳ 1957) – обоист. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје (1980), во класата на проф. К. Давидовски, кај кого ги завршува и постдипломските студии (1987). Од 1980 г. е прв обоист на Македонската филхармонија. Член е на Скопскиот дувачки квинтет и професор по обоа во МБУЦ „Илија Николовски-Луј” во… Continue reading АТАНАСОВ, Васил
АТАНАСОВ, Петар
АТАНАСОВ, Петар (с. Ума, Гевгелиско, 25. Ⅻ 1939) – лингвистроманист, универзитетски професор. Основно и средно образование завршил во Гевгелија. Студиите ги завршил во Скопје на Групата за романска филологија на Филозофскиот факултет. Магистрирал во 1975 г. во Белград, а докторирал во 1979 г. во Скопје на тема „Мегленороманскиот денес. Фонетика и фонологија”. На Катедрата за… Continue reading АТАНАСОВ, Петар
АТАНАСОВ, Сотир Јанакиев
АТАНАСОВ, Сотир Јанакиев (с. Клисура, Горноџумајско, 30. Ⅲ 1876 – с. Дражинци, Белоградишко, 7. IX 1940) – Штипски војвода, полковник во Бугарската армија. Завршил воено училиште во Софија (1900). Бил кочански, кратовски и Штипски војвода (1902– 1903) и учесник во Илинденското востание. Учествувал во Балканските и во Првата светска војна (во XI македонска дивизија) во… Continue reading АТАНАСОВ, Сотир Јанакиев
АТАНАСОВА, Јанка
АТАНАСОВА, Јанка (Дебар, 19. Ⅻ 1935 – Скопје, 1980) – балерина. Го завршува Балетското училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова. Ангажирана е во МНТ (1950-1961). Станува член на Балетот при Народното позориште во Белград (1961-1980). Изразито лирска балерина со добра класична балетска техника и убава развојна линија на движењето. УЛО.:… Continue reading АТАНАСОВА, Јанка
АТАНАСОВДЕН
АТАНАСОВДЕН -. празник посветен на големиот христијански светител св. Атанасиј Велики. Нашиот народ го празнува два пати во годината. На 31/18 јануари, со домашни служби, се празнува Атанасовден-зимен, како заеднички спомен на двајцата александриски архиепископи св. Атанасиј Велики и св. Кирил Александриски, за нивните заеднички заслуги во одбраната на православието од двете ереси: аријанството и… Continue reading АТАНАСОВДЕН
АТАНАСОВСКИ-БАРБАК, Томо
АТАНАСОВСКИ-БАРБАК, Томо (Битола, 9. Ⅳ 1929 – Попова шапка, 10. Ⅱ 1985) – унив. профессор по физичка култура, спортски работник. Дипломирал на Високата школа за физичка култура во Белград (1958). Бил професор по физичко воспитание во Битола (1958–1965), на Вишата школа за физичка култура во Скопје (1965–1980) и виш предавач по предметот кошарка на Факултетот… Continue reading АТАНАСОВСКИ-БАРБАК, Томо
АТАНАСОВСКИ-КРСТАНЧЕ, Славе Крстанов
АТАНАСОВСКИ-КРСТАНЧЕ, Славе Крстанов (Охрид, 1915) – резбар. Го завршил Резбарското училиште во Охрид (1935/1936). Бил ученик на академскиот вајар Бранислав Јованчевиќ од Крагуевац (1929-1932) и на Бранко шотра, се усовршувал во Белград кај познатиот чешки мајстор-резбар Антон Книха и кај резбарот-скулптор Анте Бихиќ. По Ослободувањето бил наставник во Резбарското училиште во Охрид (1947-1949) и во… Continue reading АТАНАСОВСКИ-КРСТАНЧЕ, Славе Крстанов
АТАНАСОВСКИ, Михо
АТАНАСОВСКИ, Михо (Скопје, 10. Ⅳ 1934) – поет, драмски автор, писател за деца и млади, баснописец. Работниот век го минал како новинар и уредник во Македонското радио. ДЕЛ: стихозбирки: Очите и измаглините, Ск., 1955; Никогаш не сум сам, Ск., 1957; Минуват пролети, Ск., 1959; Божурики, Ск., 1963; Отаде реката, Ск., 1985; книги за деца: Марко… Continue reading АТАНАСОВСКИ, Михо
АТАНАСОВСКИ, Санде
АТАНАСОВСКИ, Санде (с. Трново, Кривопаланечко, 22. Ⅴ 1949) – дипл. град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1996) по предмети од областа на бетонот, армиранобетонските и преднапрегнатите конструкции, декан (од Ⅹ 2003), претседател на Сојузот на градежните инженери на РМ. Магистрирал и докторирал (1987) на матичниот факултет. Објавил повеќе трудови и универзитетски учебник… Continue reading АТАНАСОВСКИ, Санде
АТАНАСОВСКИ, Тодор
АТАНАСОВСКИ, Тодор (псевд. Јане) (Кавадарци, 1925) – национално-политички деец, генералполковник на ЈНА во пензија и воено-политички коментатор. Бил активен учесник во работничкото движење спроти Втората светска војна и учесник во НОБ (1941), подоцна како политички комесар на баталјон и на бригада. По Ослободувањето завршил Виша воена академија и како активен офицер бил началник на штабот… Continue reading АТАНАСОВСКИ, Тодор
АТАНАСОСКИ, Пеце
АТАНАСОСКИ, Пеце (Долнени, Прилепско, 25. Ⅹ 1925 – Скопје, 14. IX. 1996) – играорец и инструменталист, најпознат македонски гајдаџија и еден од најпродуктивните собирачи на македонски народни песни и ора. Бил професионално ангажиран во Радио Скопје (1946) и во Државниот ансамбл за народни песни и игри Пеце Атанасоски „Танец” во Скопје (1950). Од 1959 г.… Continue reading АТАНАСОСКИ, Пеце
АТАНАЦКОВИЌ, Димитрие
АТАНАЦКОВИЌ, Димитрие (Цазин, БиХ, 5. Х 1914 – Риека, Хрватска, 27. Ⅶ 2004) – фармаколог, редовен професор и еден од првите наставници на Мед. ф. во Скопје (1947). Основоположник и прв директор на Институтот за фармакологија. Дипломирал на Мед. ф. во Белград и бил избран за асистент по фармакологија. Во Втората светска војна работел како… Continue reading АТАНАЦКОВИЌ, Димитрие
АТАСОЗУ
АТАСОЗУ (Атасљѕü) – пословица, што денеска се именува „Атасљѕü” или „аталар сöзü” („говор на предците”). Според најстариот речник на турскиот јазик и историјата на турската култура „Диванü Лугат-ит Тüрк”, турскиот термин за пословица е сав, а во литературата се среќаваат термините месел и дарбимесел. Денешните текстови се современи варијанти од најстарите записи. Така, на пр.,… Continue reading АТАСОЗУ
АТЕИЗАМ
АТЕИЗАМ – гледиште со кое се одречува постоењето на Бог, безбожништво, антитеизам. Атеизмот го прифаќаат и теоретски го застапуваат мнозина македонски интелектуалци, меѓу нив и оние од марксистичка провениенција. В. Г.-П.
АТЛАНТСКА ПОВЕЛБА
АТЛАНТСКА ПОВЕЛБА (14. Ⅷ 1941) – заедничка изјава на Факсимил од Атлантската повелба (1941) премиерот на Обединетото Кралство Велика Британија Винстон Спенсер Черчил и претседателот на САД Франклин Делано Рузвелт, потпишана на состанокот на Атлантскиот Океан во близина на Њу Фаудленд. Декларирале откажување од какви било територијални проширувања; проширувања да не се дозволат ако не… Continue reading АТЛАНТСКА ПОВЕЛБА
АТЛЕТИКА ВО МАКЕДОНИЈА
АТЛЕТИКА ВО МАКЕДОНИЈА – спортски натпреварувања во одење, трчања, скокања, фрлања и вишебој. Во вид на современо трчање се спомнува во Скопје (1902). Атлетиката била застапена со некои елементи во предметот гимнастика и во гимнастичките организации (1908– 1941), како и во наставата по физичко воспитание (1945–2006). Во повеќето спортски клубови биле формирани атлетски секции (по… Continue reading АТЛЕТИКА ВО МАКЕДОНИЈА
АТРО
АТРО –„Пролетер“ ја пушти првата автобуска линија на релација Скопје – Битола, а првото претпријатие за превоз на патници –„ФАП“ е формирано во 1945г. Денес има вкупно 32 АП. На 8. ИВ 1953 г. е создадено Здружението за јавен автобуски сообраќај. Изградени се над 190 автобуски стојалишта, како и автобуски станици низ РМ. При формирањето… Continue reading АТРО
АФЕРАТА МИС СТОН
АФЕРАТА МИС СТОН (1901– 1902) – афера што настанала со пленувањето на американската протестантска мисионерка мис Елен Стон и нејзината придружничка Катерина Цилка Стефанова од четите на ТМОРО (Јане Сандански, Христо Чернопеев и Крсто Асенов). Пленувањето би-ло извршено на 21. Ⅷ / 3. IX 1901 г. во Пиринскиот дел на Македонија помеѓу Банско и Горна… Continue reading АФЕРАТА МИС СТОН
АХИЛ, Преспански и Лариски, св
АХИЛ, Преспански и Лариски, св. (се упокоил 330 г.) – епископ во Преспа и во Лариса. Учесник на Првиот вселенски собор во Никеја (325). Покровител на Охридската архиепископија и патрон на цар Самуил. Самуил ги донел неговите мошти на островот Свети Ахил во Преспанското Езеро, во истоимената црква наречена „Голема црква”, каде што еден период… Continue reading АХИЛ, Преспански и Лариски, св
АХМЕД Ⅲ
АХМЕД Ⅲ (Хаџиоглу Пазари, 31. Ⅻ 1673 – Истанбул, ?. Ⅵ 1736) – дваесет и третиот османлиски султан, кој владеел (и со Македонија) 27 години (23. Ⅷ 1703 – 1. Ⅹ 1730). Во неговото време владеела бунтовна состојба, изразена со ајдутски напади во Империјата. Јаничарите биле незадоволни од реформите и го симнале од престолот. ЛИТ.:… Continue reading АХМЕД Ⅲ
АХМЕД, Октај
АХМЕД, Октај (ОктаѕАхмед) (Скопје, 1967) – поет и научен работник од турската националност во РМ. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Магистрирал во 2001, а докторирал во 2004 година од областа на турската лингвистика. Вработен е на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје со звање доцент. Покрај научните и стручните трудови од областа на турскиот јазик,… Continue reading АХМЕД, Октај
АХМЕДОВ, Мехмед
АХМЕДОВ, Мехмед (с. Кочица, Штипско, 1918) – работник, борец и општественик. Завршил турско верско училиште во родното село. Како учесник во НОАВМ (од август 1944), бил заменик-командант на баталјон, а по демобилизацијата резервен капетан на ЈНА. По Ослободувањето бил член, секретар и претседател на Околискиот народен одбор во Штип. Како работник во Фабриката „Македонка” во… Continue reading АХМЕДОВ, Мехмед
АХМЕТИ, Гафур Џабир
АХМЕТИ, Гафур Џабир (Гафур Џхабир Ахмети) (с. П’ршевце, Тетовско, 29. Ⅹ 1945) – писател, публицист и преведувач. Основно образование завршил во родното место, учителска школа во Тетово, а потоа дипломирал на Групата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел како новинар во в. „Флака е велазеримит”, а потоа како дописник на… Continue reading АХМЕТИ, Гафур Џабир