АНКЕТНИ КОМИСИИ ВО РМ

АНКЕТНИ КОМИСИИ ВО Република Македонија – привремени работни тела на Собранието на РМ. Тие се формираат со одлука на Собранието на Република Македонија за извршување посебни задачи. Наодите на анкетните комисии се основа за поведување постапка за утврдување на одговорноста на носителите на јавните функции. По исклучок, акетната комисија се јавува и како постојано работно… Continue reading АНКЕТНИ КОМИСИИ ВО РМ

АНЛИТИЧКА ХЕМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

АНЛИТИЧКА ХЕМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА – како наставен предмет во Македонија започнала во 1948 г. Прв предавач на Катедрата за хемија при Филозофскиот факултет бил д-р Крсто Ставриќ, кој ги организирал и ги опремил првите лаборатории за квалитативна и квантитативна хемиска анализа. Од 1960 г. настава по Аналитичка хемија редовно се изведува и на Технолошкиот оддел… Continue reading АНЛИТИЧКА ХЕМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

АНСКА РЕКА

АНСКА РЕКА – лева притока на р. Вардар. Извира од западната страна на пл. Беласица, на височина од 1.260 м, а се слива во Вардар на височина од 58 м. Долга е 28,6 км, има вкупен пад од 1.202 м, а просечниот пад изнесува 42,03‰. На височина од 550 м од десната страна ги прима… Continue reading АНСКА РЕКА

АНТЕВСКИ-ДРЕН, Васил

АНТЕВСКИ-ДРЕН, Васил (с. Оморани, Велешко, 28. Ⅹ 1904 – Софија, 18. Ⅷ 1942) – активист во Националноослободителното движење. Од 1915 до 1919 г., како малолетник, престојувал во Франција, каде што го завршил основното училиште. Во Велес завршил гимназија, а во Белград Правен факултет. Работел како адвокат во Скопје, Велес и Куманово. Поради својата револуционерна дејност… Continue reading АНТЕВСКИ-ДРЕН, Васил

АНТЕВСКИ-СМОК, Илија

АНТЕВСКИ-СМОК, Илија (Тетово, 25. Ⅶ 1919 – Тирана, 16. Ⅴ 1943) – припадник на напредното студентско и комунистичко движење. Бил вработен во монополот во Тетово, вонреден студент на Правниот факултет во Бел-град (1939), член на КПЈ и на МК (1941) и инструктор на Окружниот комитет на КПЈ за делот на Споменик на Илија Антевски-Смок во… Continue reading АНТЕВСКИ-СМОК, Илија

АНТИ

АНТИ – група словенски племиња, главни предци на источните Словени. Името не е словенско. Од почетокот на Ⅵ в., сами или заедно со Словените, започнале да напаѓаат на Византија. Во Ⅵ в. меѓу Антите и Словените немало поголеми разлики. Изворите ги опишуваат заедно и им припишуваат заеднички јазик, верувања и обичаи. Околу 560 г. биле… Continue reading АНТИ

АНТИГОН Ⅰ Едноокиот

АНТИГОН Ⅰ Едноокиот (Пела, 382 – ?, 301 пр.н.е.) – македонски војсководец од благородничко потекло, учесник во походот на Александар Македонски, еден од владетелите (дијадоси). Бил сатрап на Голема Фригија, потоа (331) и на Памфилија и Ликија. Војува во Мала Азија со остатоци од персиските војски и ја освојува Ликаонија. Тој и неговиот син Деметриј… Continue reading АНТИГОН Ⅰ Едноокиот

АНТИГОН Ⅱ Гонат

АНТИГОН Ⅱ Гонат (277–239 пр.н.е.) – основач на династијата Антигониди, кои владеат од 277 до 168 г. пр.н.е. Син на Деметриј Ⅰ Полиоркет и на Фила, ќерка на Антипатар. Го презема македон Антигон Ⅱ Гонат, монета, аверс/реверс скиот престол по победата над Келтите кај Лисимахеја. Добар војсководец и вешт дипломат; војува со Пир, кој во… Continue reading АНТИГОН Ⅱ Гонат

АНТИГОН Ⅲ Досон

АНТИГОН Ⅲ Досон (229–221 пр.н.е.) – трет македонски владетел од династијата Антигониди, одличен воен стратег и дипломат. Во почеток владее како регент на осумгодишниот син на Антигон Гонат, Филип В. Прогласен е за легитимен крал откако се жени со мајката на Филип и го посинува младиот крал. Ги зацврстува границите на Македонија, повторно воспоставува македонска… Continue reading АНТИГОН Ⅲ Досон

АНТИГОНЕА

АНТИГОНЕА – антички град, се спомнува како соседен град на Стоби на 12 римски милји на патот за Тесалоника (сп. Табула Пеутенгериана), можеби кај Тремник на Вардар (ок. 20 км низводно од Стоби), каде што се најдени траги од населба. Според некои историчари, еден е од трите истоимени града основани од Антигон Гонат. ЛИТ.: Дие… Continue reading АНТИГОНЕА

АНТИГОНИДИ

АНТИГОНИДИ (277–168 пр.н.е.) – втора македонска династија владетели. Основач е Антигон Гонат (277–239); следните владетели се: Деметриј Ⅱ (239–229), Антигон Досон (229–222/1), Филип V (221– 179) и Персеј (179–168), последниот владетел во Македонија кој, заедно со Филип V,  ги води Македонско-римските војни. Во нивно време уредувањето на државата е традиционална монархија, како во времето на… Continue reading АНТИГОНИДИ

АНТИПАТАР

АНТИПАТАР (398–319 г. пр.н.е.) – еден од дијадосите што управуваат со Царството по смртта на Александар Ⅲ Македонски, основач на династијата Антипатриди, која владее во Македонија кон крајот на Ⅳ и поч. на Ⅲ в. пр.н.е. Бил истакнат војсководец и дипломат уште во времето на Филип Ⅱ; во времето на Александар Македонски е именуван за… Continue reading АНТИПАТАР

АНТИЌ, Милорад

АНТИЌ, Милорад (с. Долни Нерадовац, Врањско, 1. Ⅷ 1926 – Скопје, 31. Ⅲ 1997) – лекар примариус, унив. професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Основно образование завршил во Скопје, средно образование во ќуприја и Врање, а Медицински факултет во Белград (1953). Последните години од студиите работел како демонстратор на факултетот. Специјализирал гинекологија и акушерство на… Continue reading АНТИЌ, Милорад

АНТИФАШИЗАМ

АНТИФАШИЗАМ (1936–1945) – движење против фашизмот на различните општествено-политички сили, од граѓанските либерали и демократи, до комунистите. Антифашистичкото движење во Македонија се пројавило во 1936 г. со учеството на Македонците доброволци во борбата против фашизмот во шпанија. Во Втората светска војна антифашизмот влегува во нова одлучувачка фаза и до создавање Антифашистичка коалиција предводена од САД,… Continue reading АНТИФАШИЗАМ

АНТИФАШИСТИЧКА КОАЛИЦИЈА

АНТИФАШИСТИЧКА КОАЛИЦИЈА (1941 – 1945) – сојуз на држави, ослободителни движења и организации што се бореле против силите на Тројниот пакт во Втората светска војна. На 12 јули 1941 владите на Велика Британија и СССР во Москва потпишале договор со кој се обврзале за меѓусебна помош во војната и да не склучуваат сепаратни примирја без… Continue reading АНТИФАШИСТИЧКА КОАЛИЦИЈА

АНТИФАШИСТИЧКИ ФРОНТ НА ЖЕНИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

АНТИФАШИСТИЧКИ ФРОНТ НА ЖЕНИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (АФЖ, 1945 – 1949) – македонска политичка организација формирана на 23. Ⅳ 1945 г. На 29. Ⅳ 1948 г., со учество на 420 делегати, во с. Трново, Леринско, бил одржан првиот конгрес. Организацијата била активна во 220 села и во 4 града. Во единиците на ДАГ… Continue reading АНТИФАШИСТИЧКИ ФРОНТ НА ЖЕНИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

АНТИФАШИСТИЧКО И НАЦИОНАЛНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ ВО ПИРИНСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

АНТИФАШИСТИЧКО И НАЦИОНАЛНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ ВО ПИРИНСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (1941–1944). Македонскиот народ во Пиринскиот дел на Македонија предводен од македонските комунисти, во времето на Втората светска војна борбата за национална слобода ја водел заедно со борбата на бугарските комунисти против фашистичкиот режим. До септември 1941 г. на чело на Окружниот комитет на БКП за Пиринскиот… Continue reading АНТИФАШИСТИЧКО И НАЦИОНАЛНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ ВО ПИРИНСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

АНТИФАШИСТИЧКО СОБРАНИЕ (ВЕќЕ) НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА

АНТИФАШИСТИЧКО СОБРАНИЕ (ВЕќЕ) НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА (Бихаќ, 26–27. XI 1942 – Јајце, 28–29. XI 1943) – политичко претставничко тело на југословенските народи. Првото заседание било одржано на иницијатива на Јосип Броз Тито, командант на Врховниот штаб на НОВ И ПОЈ и секретар на КПЈ, со цел да го прејудицира возобновувањето и идното уредување… Continue reading АНТИФАШИСТИЧКО СОБРАНИЕ (ВЕќЕ) НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА

АНТИФАШИСТИЧКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

АНТИФАШИСТИЧКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА (манастир „Св. Прохор Пчињски“, 2. Ⅷ 1944 – Скопје, 28–30. Ⅻ 1944; 14–16. Ⅳ 1945) – врховно претставничко и извршно тело, највисок орган на државната власт на ДФ Македонија. На Собранието учествувале над 60 делегати. Заседанието започнало во вечерните часови на 2 август 1944 г. и го отворил… Continue reading АНТИФАШИСТИЧКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

АНТИФАШИСТИЧКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

АНТИФАШИСТИЧКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА (манастир „Св. Прохор Пчињски“, 2. Ⅷ 1944 – Скопје, 28–30. Ⅻ 1944; 14–16. Ⅳ 1945) – врховно претставничко и извршно тело, највисок орган на државната власт на ДФ Македонија. На Собранието учествувале над 60 делегати. Заседанието започнало во вечерните часови на 2 август 1944 г. и го отворил… Continue reading АНТИФАШИСТИЧКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА

АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА – (со области: Пиерија, Ботиаја, Алмопија, Амфакситида, Мигдонија, Анатемунт, Ботика, Крусида, Бисалтија, Крестонија, Пиерија, Едонида, Еордаја, Тимфаја, Параваја, Дасаретида, Орестида, Линкестида, Пелагонија, Дериоп, Пајонија, Парорбелија, Синтика и Одомантика) – го опфаќа североисточниот дел на Балканскиот Полуостров: на север од хеленската област Тесалија, со која се граничи со р. Пенеиос (Пенча), пл. Олимп и… Continue reading АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА

АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА

Карта на Античка Македонија до смртта на Филип Ⅱ (336 г. пр.н.е.)

АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА. Според географско-етничките и историските карактеристики, Античка Македонија  го опфаќала североисточниот дел на Балканскиот Полуостров. Античките автори ја опишуваат како планинска земја, со голем број реки, богати полиња, шу-ми и езера и со рудни богатства. Етничката и јазичната граница помеѓу македонската и хеленската територија на југ е: планината Олимп, реката Пенеј (Пенеиос, Пенча) и… Continue reading АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА

АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ

АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ – палеобалканска популација од индоевропско потекло; посебен ет-нос што се формира во Ⅷ в. пр.н.е. од популации што уште во Ⅲ милениум го населуваат Централниот Балкан. Во етногенезата на Македонците влегуваат повеќе етноси што живееле на територијата на античка Македонија: Бриги (Фриги во Мала Азија), Пајонци, Пелагонци, Линкести, Енгелани, Дасарети, Орести, Еордаи, Елимеи,… Continue reading АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ