АНДОНОВСКИ, Зоран (Скопје, 4. Ⅵ 1954) – новинар. Со новинарство почнал како соработник во в. „Нова Македонија”, потоа станува еден од успешните дописници од странство – во Атина (1988–1993) и уредник на Надворешно-политичката рубрика на весникот. Одговорен уредник на в. „Време” од основањето (2004) и уредник на неделникот „Неделно Зоран Андоновски време”, колумнист. Надвор од… Continue reading АНДОНОВСКИ, Зоран
Tag: А
АНДОНОВСКИ, Сотир
АНДОНОВСКИ, Сотир (Крчишта, Костурско 1918 – 1985) – деец на македонското ослободително движење. Учесник во антифашистичката борба (1943–1945), заменик командант на Костурскиот баталјон во Каракамен и командант на баталјон во Првата ослободителна бригада од Егејскиот дел на Македонија. ЛИТ.: Р. Кирјазовски, Македонски национални институции во Егејскиот дел на Македонија (1941–1961), Скопје, 1987. Ст. Кис.
АНДОНОВСКИ, Томе
АНДОНОВСКИ, Томе (Лазарополе, 5. IX 1940) – географ. Основно и средно образование завршил во Битола, а Природно-математички факултет, (Институт за географија) во 1964 г. во Скопје. Работел како професор по географија во гимназиите во Дебар и во Битола. Во 1971 г. бил примен за асистент на Институтот за географија при ПМФ во Скопје. Во 1977… Continue reading АНДОНОВСКИ, Томе
АНДОНОВСКИ, Христо
АНДОНОВСКИ, Христо (с. Цакони, Мегленско, 15. IX 1917 – Скопје, 1. Ⅶ 2002) – учител, деец на Македонското националноослободително движење во Егејскиот дел на Македонија, новинар, публицист и општественик. Завршил гимназија на грчки јазик во Воден, а дипломирал на Педагошката академија во Солун (1940). Неколку години работел како наставник во мегленските села и во градот… Continue reading АНДОНОВСКИ, Христо
АНДОНОСКИ, Александар Василев
АНДОНОСКИ, Александар Василев (Прилеп, 31. Ⅰ 1937) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа одгледување на шумите и за предметите дендрологија и шумарска генетика. Дипломирал на шумарскиот факултет во Скопје (1959). Специјализирал шумарска генетика на Високата национална школа за води и шуми во Нанси, Франција (1963–1964). Докторирал 1969 г. Бил декан… Continue reading АНДОНОСКИ, Александар Василев
АНДРАГОГИЈА
АНДРАГОГИЈА – наука (теорија) за образованието и учењето на возрасните, чии почетоци датираат околу средината на ⅩⅠⅩ в. Во Македонија се развива заедно со развојот на образованието на возрасните како практична општествена дејност. Забрзан развој добива по отворањето на работничките универзитети во почетокот на педесеттите години на ⅩⅩ в., особено по воведувањето на предметот Андрагогија… Continue reading АНДРАГОГИЈА
АНДРЕВСКИ, Драган Ванчев
АНДРЕВСКИ, Драган Ванчев (с. Обршани, Прилеп, 5. Ⅷ 1950) – генерал-мајор на АРМ. Завршил Воена академија во родот артилерија во ЈНА. Офицерската кариера ја започнал како командир на вод, потоа на батерија и на дивизион. Завршил Командноштабна академија и школа на народната одбрана. Од повисоките офицерски должности, бил началник на штаб на бригада, началник на… Continue reading АНДРЕВСКИ, Драган Ванчев
АНДРЕВСКИ, Јован Минев
АНДРЕВСКИ, Јован Минев (с. Турје, Охрид 14. Ⅰ 1942) – генералпотполковник, началник на Гене-ралштабот на АРМ. Завршил средно воено училиште, Воена академија, Командноштабна и школа на народната одбрана во ЈНА. Започнал како командир на инженериска чета, потоа ги извршувал должностите командант на инженериски баталјон, началник на штаб на инженериска бригада и командант на инженериски полк… Continue reading АНДРЕВСКИ, Јован Минев
АНДРЕЕВ-РОНКАТА, Бане
АНДРЕЕВ-РОНКАТА, Бане (Велес, 12. Ⅷ 1905 – Скопје, 3. XI 1980) – комунистички деец, затвореник, борец, политичар и државник. Како член на СКОЈ (1922) и на КПЈ (1923), бил член на МК на СКОЈ, на МК на КПЈ во Велес, член на ПК на СКОЈ за Македонија (1924), делегат и учесник на Покраинските конференции на… Continue reading АНДРЕЕВ-РОНКАТА, Бане
АНДРЕЕВ, Андреј
АНДРЕЕВ, Андреј (Дамјан) Дамев (1847-1921) – градител и живописец од тајфата на Рензовци. Син на А. Дамјанов, еден од последните претставници на рензовските градители и еден од најплодните автори, чие дејствување ќе го означи и крајот на градителските тајфи во Македонија. Црквата „Св. Кирил и Методиј” во Тетово (1885, осветена во 1925) претставува еден од… Continue reading АНДРЕЕВ, Андреј
АНДРЕЕВ, Благој
АНДРЕЕВ, Благој (Велес, 27. Ⅲ 1932) – првиот дипломиран режисер вработен во Радиото (19571963), а потоа во Македонската телевизија (1964-1996). Значајни остварувања му се режијата на емисиите од циклусот „Распеани градови”, драмата „Залез над езерската земја”, што е наша прва телевизиска серија во шест епизоди, детските серии „Курирот на Гоце”, „Јуначко колено”, „Малиот одред”, „Едно… Continue reading АНДРЕЕВ, Благој
АНДРЕЕВ, Никола
АНДРЕЕВ, Никола (с. Мокрени, Костурско, 1889 – кај с. Мокрени, април 1911) – костурски реонски војвода на ТМОРО/ВМОРО и учител. Завршил шести клас во Битолската класична гимназија, а потоа Воено училиште во Софија. Како војвода на чета, зел учество во Илинденското востание (1903) и посебно се истакнал при ослободувањето на Невеска и Клисура. По востанието… Continue reading АНДРЕЕВ, Никола
АНДРЕЕВА, Катина
АНДРЕЕВА, Катина (Тина) Кузманова (псевд. Цвета) (с. Мокрени, Костурско, 1928 – врв Кулкатурје, над Црноглава Падина, на Неретската Планина, меѓу селата Нерет и Трсје, Леринско, 13. Ⅴ 1949) – воен командир и херој на ДАГ. Во времето на Втората светска војна била член на Грчката антифашистичка младинска организација ЕПОН. Псевдонимот Цвета го добила поради толкувањето… Continue reading АНДРЕЕВА, Катина
АНДРЕЕВСКА, Јана
АНДРЕЕВСКА, Јана (Скопје, 27. Ⅳ 1967) – композитор. Студиите по композиција (1990) и постдипломските (1999) ги завршува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Т. Зографски. Добитник е на Специјалната награда на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” за најдобар студент (1989-1990). Подоцна посетува три композиторски работилници во Охрид (19992001). Доцент на… Continue reading АНДРЕЕВСКА, Јана
АНДРЕЕВСКИ, Александар Димитров
АНДРЕЕВСКИ, Александар Димитров (с. Кожле, Скопско, 9. Ⅱ 1922 – Скопје, 28. Ⅹ 2005) –спец. по ОРЛ, редовен професор на Мед. ф., академик. Дипломирал на Мед. ф. во Загреб (1948). Специјализирал ОРЛ во Загреб и во 1953 го положил спец. испит по што бил избран за асистент за предметот ОРЛ на Мед. ф. во Скопје.… Continue reading АНДРЕЕВСКИ, Александар Димитров
АНДРЕЕВСКИ, Благое Димитров
АНДРЕЕВСКИ, Благое Димитров (Скопје, 22. Ⅰ 1927) –машински инженер. Дипломирал на Машинскиот факултет во Загреб (1954). Потоа работел во Фабриката за чоколади и кекси „Јосип Краш” во Загреб (1954–1955); во Југопроект во Скопје (1955–1962); во органско-хемиската индустрија „ОХИС” – Скопје (1961–1969); на Машинскиот факултет во Скопје (1969–1988). Во 1962 е избран за хонорарен доцент, од… Continue reading АНДРЕЕВСКИ, Благое Димитров
АНДРЕЕВСКИ, Иван
АНДРЕЕВСКИ, Иван (Доленци, Демирхисарско, 25. Ⅵ 1947) – новинар. Завршил студии по политички науки во Белград и од 1971 г. стапил на работа во Македонската радиотелевизија, како нејзин стипендист. Работел на репортажи, документарни филмови, фељтони и др. Бил директор и одговорен уредник на Телевизија Скопје (1986-1990); ангажиран од Ројтерс, Слободна Европа, Јутел и како претседател… Continue reading АНДРЕЕВСКИ, Иван
АНДРЕЕВСКИ, Петре М
АНДРЕЕВСКИ, Петре М(иланов) (с. Слоештица, Демирхисарско, 25. Ⅵ 1934 – Скопје, 25. IX 2006) – поет, романсиер, раскажувач, драмски автор. Долги години работи како уредник во Македонската радиотелевизија. Член е на МАНУ од мај 2000 г. Член е на ДПМ (1964) и на Македонскиот ПЕН-центар. Пишува стихови, раскази, романи, драми и филм-ски сценарија. Андреевски создаде… Continue reading АНДРЕЕВСКИ, Петре М
АНДРЕЕВСКИ, Страхил
АНДРЕЕВСКИ, Страхил (Скопје, 19. Ⅲ 1910) – боксер. Бил на печалба во Египет (од 1924) каде што станал трикратен државен првак во бокс (1930–1933). За Репрезентацијата на Египет боксувал против Алжир, Тунис, Либија и Грција. Од 30 професионални борби имал 24 победи, 4 нерешени и 3 порази. Се вратил во Македонија (1946) и бил организатор… Continue reading АНДРЕЕВСКИ, Страхил
АНДРЕЕВСКИ, Цане
АНДРЕЕВСКИ, Цане (Кратово, 10. Ⅶ 1930) – поет, раскажувач, писател за деца. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како новинар и уредник во Радио Скопје. Член на ДПМ од 1957 год. Неговата поезија се одликува со исповедност и лирска рефлексивност. БИБ.: Сончева порака, поезија за деца, Ск., 1951; Јаготки, раскази за деца, Ск., 1955; Добрина,… Continue reading АНДРЕЕВСКИ, Цане
АНДРОНИК Ⅱ ПАЛЕОЛОГ
АНДРОНИК Ⅱ ПАЛЕОЛОГ (1259/60 – 1332) – византиски император (1282–1328). Спровел даночни реформи и ги зголемил државните приходи. Се откажал од унијата со Римокатоличката црква. За борба против Османлиите во Мала Азија повикал платеници од Каталонија (1303). Последните години ги поминал во борба со внук му Андроник Ⅲ, кој го принудил да абдицира. Починал како… Continue reading АНДРОНИК Ⅱ ПАЛЕОЛОГ
АНЃЕЛКОВИЌ, Драган
АНЃЕЛКОВИЌ, Драган (с. Полјана, Крушевац, Србија, 5. Ⅻ 1926) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката велика школа во Бел-град (1953). Се занимава со архитектонско проектирање и изведба на објекти. Работел во ГП „Трудбеник“ во Белград, во ГП „Бетон“ во Скопје и во проектантските организации „Проектант“ и „Пелагонија“. Се занимава главно со проектирање и… Continue reading АНЃЕЛКОВИЌ, Драган
АНЃЕЛКОВИЌ, Милорад Ж
АНЃЕЛКОВИЌ, Милорад Ж. (Меѓухана, Прокупле 16. XI 1927) – геолог, универзитетски професор. Дипломирал геологија на Природно-математичкиот факултет во Белград (1951), докторирал од областа на геолошките науки (1956), повеќе години бил шеф на Геолошкиот отсек и станал редовен професор (1967), продекан и декан на Рударско-геолошкиот факултет на Белградскиот универзитет. Објавил околу 170 научни и стручни статии… Continue reading АНЃЕЛКОВИЌ, Милорад Ж
АНИМИРАН ФИЛМ
АНИМИРАН ФИЛМ – сите видови цртани, куклени и филмови со анимирани предмети, најчесто без живи актери и без природен амбиент. Го одликува фантастичност со хумористична или сатирична означеност, со музичка придружба. Најпопуларен е цртаниот филм. Денес анимацијата најчесто се прави компјутерски. Прв извел снимање слика по слика (24 кадри во секунда) Џејмс Блектон (1906). Најуспешен… Continue reading АНИМИРАН ФИЛМ