АНДРЕЕВСКИ, Страхил

АНДРЕЕВСКИ, Страхил (Скопје, 19. Ⅲ 1910) – боксер. Бил на печалба во Египет (од 1924) каде што станал трикратен државен првак во бокс (1930–1933). За Репрезентацијата на Египет боксувал против Алжир, Тунис, Либија и Грција. Од 30 професионални борби имал 24 победи, 4 нерешени и 3 порази. Се вратил во Македонија (1946) и бил организатор и тренер на неколку скопски клубови и на Македонската репрезентација. Д. С. Цане Андреевски