ВАТАША

ВАТАША – село во Кавадаречко. Се наоѓа од двете страни на Ваташка Река, непосредно до Кавадарци, на надморска висина од околу 270 м. Како приградска населба на Кавадарци населението му е во постојан пораст. Во 1961 г. во него живееле 1.936 ж. Во 2002 г. тој број се наголемува на 3.502 ж. Од нив 3.224… Continue reading ВАТАША

ВАТАШКА ПЕЧАТНИЦА

ВАТАШКА ПЕЧАТНИЦА . (с. Ваташа, Кавадаречко, 1847–1848) ‡ една од првите печатници во Македонија, отворена од месниот учител и преродбеник Камче Наков Попангелов (в.), познат како Даскал Камче и неговиот финансиски ортак, ваташкиот трговец Јовко Марков. Идејата за отворање на печатницата ја добил од контактите со познатиот македонски печатар архимандритот Теодосиј Синаитски. Со парите на… Continue reading ВАТАШКА ПЕЧАТНИЦА

ВАТАШКИ МАСАКР

ВАТАШКИ МАСАКР (16. Ⅵ 1943) – стрелање на дванаесет ваташки младинци од бугарската фашистичка војска и полиција. Поради формирањето (Вишешница, 14. Ⅴ 1943) и дејноста на Тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов”, во Кавадарци и с. Ваташа пристигнал бугарскиот областен директор Димитар Раев и ја презел Јунската непријателска офанзива (7-16. Ⅵ 1943), која, по над 60… Continue reading ВАТАШКИ МАСАКР

ВАТИКАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ВАТИКАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Започнуваат со престојот на св. Кирил и Методиј во Рим (868/869). Се продлабочуваат преку присуство на ватикански претставници на крунисувањето на Самуил за цар (Преспа, 976). Водат кон унијатство (во втората половина на ⅩⅤⅠⅠ в. охридските архиепископи Порфириј Палеолог, Атанасиј И, Аврамиј и Мелетиј тајно го прифаќаат и спроведуваат католицизмот), односно,… Continue reading ВАТИКАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ВАФИЈАДИС, Маркос

ВАФИЈАДИС, Маркос (Кастамони/Ерзерум, Турција, 28. Ⅰ 1906 – Атина, 23. Ⅱ 1992) – комунистички и воен деец, функционер на КПГ. Во Грција се доселил во 1922 г. Бил член на младинската комунистичка организација (ОК НЕ). Учесник во антифашистичката борба, а во 1942 г. бил избран за член на ЦК на КПГ и на Македонското биро… Continue reading ВАФИЈАДИС, Маркос

ВГРАДЕНА НЕВЕСТА

ВГРАДЕНА НЕВЕСТА – . најрепрезентативна македонска народна балада од групата песни за вградувањето на живо битие во темелите на градба. Тоа е специфика кај сите народи на Балканот и има разни верзии со свои карактеристики. Во некои примери истиот мотив се трансформирал во предание или приказна, како во записите за кратовскиот Радин мост. Л. С.… Continue reading ВГРАДЕНА НЕВЕСТА

ВЕВЧАНИ

ВЕВЧАНИ – село во Струшко. Се наоѓа на западната страна на Струшката Котлина, во подножјето на планината Јабланица, на надморска висина помеѓу 800 и 900 м. Со регионален пат е поврзано со Струга. Има 2.433 ж. Голем број од нив се печалбари. Тоа е седиште на општина која зафаќа површина од 2.280 ха, но има… Continue reading ВЕВЧАНИ

ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ

ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ – обичаи под маски што се изведуваат на Василица (14/1 јануари). Со тие маскирања се испраќа старата и се дочекува новата (православна) година. Целта е да се обезбеди среќа и плодородие во претстојната година. Празнувањата траат два дена (13 и 14 јануари) и се посветени на св. Василиј Велики. Учесниците во обичајот се… Continue reading ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ

ВЕГЕТАЦИЈА НА Република Македонија

ВЕГЕТАЦИЈА НА Република Македонија – растителниот покривач, односно севкупноста на сите растителни заедници што се развиваат на територијата на Република Македонија . Претставува мозаик од најразлични растителни заедници што влегуваат во состав на различни вегетациски типови, од кои најзначајни се следните: Вегетација на ридски пасишта – се развива во висинскиот појас од 80–1000 (1200) м,… Continue reading ВЕГЕТАЦИЈА НА Република Македонија

ВЕГЕТАЦИСКА КАРТА

ВЕГЕТАЦИСКА КАРТА – цртеж на растителни асоцијации или поголеми и помали синтаксономски единици изработен во размер. Секоја карта се одликува со две суштествени карактеристики – содржина и размер. Според содржината, се разликуваат тотални и парцијални вегетациски карти. Почнувајќи од 1963 до 1992 г. во Македонија се изработуваше тотална вегетациска карта во размер 1:200.000. Во таа… Continue reading ВЕГЕТАЦИСКА КАРТА

ВЕГЕТАЦИСКИ ПОДРАЧЈА НА Република Македонија

ВЕГЕТАЦИСКИ ПОДРАЧЈА НА Република Македонија – општ поим за која било синхоролошка единица. Ј. Браунбланљует (1923) разликува 4 категории вегетациски подрачја: 1. Вегетациската регија е најкрупната синхоролошка категорија. Се карактеризира со поголем број климазонални фитоценози и ендемизам од повисок ранг (фамилии, секции и родови). Регијата се дели на провинции. 2. Провинцијата се одликува барем со… Continue reading ВЕГЕТАЦИСКИ ПОДРАЧЈА НА Република Македонија

ВЕЗЕНКОВ КОСАРИН, Александар Петровшичќ

ВЕЗЕНКОВ КОСАРИН, Александар Петровшичќ (Крушево, 9. Ⅻ 1867 – ?) – македонски деец, син од братот Петар на Стојан Везенков, пензиониран руски драмски артист во С.-Петербург. Преку Букурешт стигнува во С.-Петербург, но не успева да се запише на Военомедицинската академија (1889), па станува студент на Московскиот и веднаш е префрлен на Правниот факултет во Новорусискиот… Continue reading ВЕЗЕНКОВ КОСАРИН, Александар Петровшичќ

ВЕЗЕНКОВ, Владимир Стојановшичќ

ВЕЗЕНКОВ, Владимир Стојановшичќ (Крушево, 1866 – Софија, 18. Х 1933) – син на Стојан Везенков, студент во Москва со стипендија од Московското словенско друштво, руски офицер, како потпоручник учествува во Српскобугарската војна (1885), а како шесмесечен доброволец во Првата балканска војна е командир на Х прилепска дружина во бригадата на полк. Протогеров, којашто го запленува… Continue reading ВЕЗЕНКОВ, Владимир Стојановшичќ

ВЕЗЕНКОВ, Константин

ВЕЗЕНКОВ, Константин (Крушево, 1866 – Феодосија, Крим, 1878) – револуционер и брат на Стојан Везенков. Завршил Медицински факултет во Москва. Работел во Санитетот во Кишињев. Учествувал како доброволец во Руско-турската војна, во одредот на генералот Гурко, како командир на коњаничка чета. Во борбите бил тешко ранет. За покажаната храброст бил унапреден во „дворски советник”. За… Continue reading ВЕЗЕНКОВ, Константин

ВЕЗЕНКОВ, поп Ѓорѓи

ВЕЗЕНКОВ, поп Ѓорѓи (с. Врбени, Леринско, 1871 – с. Врбени, Леринско, 21. Ⅵ 1911) – учесник во Илинденското востание, лерински селски војвода. Поради учеството во македонското револуционерно движење, бил затворен и измачуван (1902). По амнестијата учествувал во Илинденското востание како селски војвода во четата на војводата Алеко Џорлев. ИЗВ.: ЦДА, ф.: 933, оп. 1, а.е.… Continue reading ВЕЗЕНКОВ, поп Ѓорѓи

ВЕЗЕНКОВ, Стојан

ВЕЗЕНКОВ, Стојан (Крушево, 1828 – Одеса, Русија, 19. Ⅰ 1897) – познат мајстор-градежник, еден од првите дејци за организирање македонско-албанска соработка за ослободување од турското господство и активен учесник во антитурските војни на Балканот. Како заможен градежен претприемач (устабашија), 25 години е на високо платена турска државна служба и изведува клучни градежни објекти во БитолаContinue reading ВЕЗЕНКОВ, Стојан

ВЕЈСЕЛИ, Џемаил

ВЕЈСЕЛИ, Џемаил (с. Гајре, Тетовско, 15. XI 1927) – политичар. Бил член на СКОЈ, учесник во НОАВМ (1944) и член на КПМ (1948). По Ослободувањето завршил гимназија и првин бил учител, а потоа работел во ресорот за внатрешни работи во Тетово и како секретар на Општинскиот комитет на КПМ во с. шипковица. Како студент и… Continue reading ВЕЈСЕЛИ, Џемаил

ВЕЈСИ

ВЕЈСИ – Ефенди (Увеис бин Мехмнед), (Алашехир, 1561 – Скопје, 1628) – кадија, поет и прозаист. Во периодот 1605–1627 г. седум пати бил назначуван за кадија на Скопје. Важи за еден од најголемите уметници на турската средновековна проза, со исклучителен стил. Напишал 11 книжевни и поетски дела. Негово најпознато дело е книгата за Мухамед „Сиѕери… Continue reading ВЕЈСИ

ВЕЛА, Хусни

ВЕЛА, Хусни (с. Гајре, Тетовско, 1926) – учител и политички деец, од албанско потекло. Завршил нижа гимназија во Тетово и Учителска школа во Скопје. Бил инспектор за просвета при Околискиот совет за просвета во Тетово, а потоа пратеник во Републичкиот собор на Народното собрание на НРМ (1950). С. Мл.

ВЕЛБУЖДСКА БИТКА

ВЕЛБУЖДСКА БИТКА (28. Ⅶ 1330) – битка помеѓу бугарската војска, предводена од царот Ми-хаил шишман и српската војска на чело со кралот Стефан Дечански. Бугарите, во договор со Византија, ја нападнале Србија од исток. Решавачката битка се одиграла северно од Велбужд (ден. ќустендил) кај р. Каменча (ден. Соволштица). Текот на битката не е познат. Бугарската… Continue reading ВЕЛБУЖДСКА БИТКА

ВЕЛЕВ, Илија

ВЕЛЕВ, Илија (с. Добрејци, Струмичко, 7. Ⅲ 1959) – книжевен историчар, научен советник во Институтот за македонска литература во Скопје, поет и раскажувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје (1982), каде што магистрирал на тема „Лесновскиот книжевен центар” (1988), а потоа и докторирал на тема „Развојот на македонската книжевност во ⅩⅣ век” (1994). Објавува поезија,… Continue reading ВЕЛЕВ, Илија

ВЕЛЕВСКИ, Драгољуб Александров

ВЕЛЕВСКИ, Драгољуб Александров (с. Селце, Крушево, 20. XI 1946) – спец. по стоматолошка протетика, редовен проф. на Ст. ф. Магистрирал во 1982 г. и докторирал во 1988. Публикувал околу 100 статии и коавтор е на учебникот „Клиника на тоталното протезирање”. Бил директор на Клиничкиот центар; претседател на Стоматолошката комора и член на советот на „Балканската… Continue reading ВЕЛЕВСКИ, Драгољуб Александров

ВЕЛЕВСКИ, Зоран

ВЕЛЕВСКИ, Зоран (Пеќ, 16. Ⅻ 1954 – Скопје, 1. IX 2005) – балетски играч. Нижо и средно балетско училиште завршил во МБУЦ „Илија Николовски-Луј” во Скопје, во класата на Т. Петковска. Член на балетскиот ансамбл при МНТ (1973–2002). Од почетокот на кариерата се истакнува со својот талент и по исклучителниот танцов сензибилитет. Брзо ги презема… Continue reading ВЕЛЕВСКИ, Зоран