ФОКУС

„ФОКУС“ – влијателен и тиражен политички седмичник „на внатрешниот и надворешен непријател“, како што му стои во ло-гото. Првиот број излегол на 23 јуни 1995 г. Основач е Никола Младенов, директор Билјана Младенова, главен и одговорен уредник Јадранка Костова. „Фокус“ ја негува традицијата да би-Неделникот „Фокус“ де жесток критичар на секоја власт. Б. П. Ѓ.

ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО

ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО – фестивал на авторска песна во народен дух. Основан во 1985 г. За две децении на него се продуцирани над 700 песни од овој вид, од кои голем број се вброија во „новата антологија“ на македонската музика („Бисер балкански“; „Има ли песна“; „Лихнида кајче веслаше“; „Дали слушаш стара мајчице“; „Жал за Деспина“ и… Continue reading ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО

ФОЛКЛОРИЗАМ

ФОЛКЛОРИЗАМ – специфична архитектонска стилска формација создадена во периодот меѓу двете светски војни. Се појавил како отпор и однос кон модерната архитектура во границите на Кралството СХС и резултирал со нагласен интерес кон фолклорните архитектонски традиции и нивните локални и амбиентални вредности. К. Гр. Настапот на дуетот Селимова-Желчевски, први победници според гласовите од публиката и… Continue reading ФОЛКЛОРИЗАМ

ФОНД ЗА МАГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА НА РМ, СКОПЈЕ

ФОНД ЗА МАГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА НА РМ, СКОПЈЕ. Основан е под тоа име во 1996 г. Од Технички секции (1948 г.), прераснува во Републичка дирекција за патишта (1957), Републички фонд за патишта (1962), СИЗ (Самоуправна интересна заедница) за патишта (1974), РСИЗ за патишта (1980), а од 1996 г. станува Фонд за магистрални и регионални… Continue reading ФОНД ЗА МАГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА НА РМ, СКОПЈЕ

ФОНД ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДЕПОЗИТИ

ФОНД ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДЕПОЗИТИ – институционален механизам за заштита на депозитите на населението. Формиран е во јануари 1997 г. под името Фонд за осигурување на штедните влогови. На почетокот, Фондот има статус на акционерско друштво во сопственост на сите 17 банки и 15 штедилници. Во јуни 2000 г., тој се трансформира во Фонд за… Continue reading ФОНД ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДЕПОЗИТИ

ФОРМАНЕК, Едвард

ФОРМАНЕК, Едвард (Едуард Форманек) (1845 – 1900) – чешки ботаничар, професор на Универзитетот во Брно. Патувал и ботанизирал во многу балкански земји, вклучувајќи ја и Македонија. Објавил неколку трудови во периодот од 1890 до 1900 г., во кои се наведуваат податоци за флората на Македонија. Најголем дел од тие податоци подоцна се ревидирани од страна… Continue reading ФОРМАНЕК, Едвард

ФОРМИ НА БИЗНИС-ОРГАНИЗАЦИИ

ФОРМИ НА БИЗНИС-ОРГАНИЗАЦИИ. Поаѓајќи од трите основни форми на бизнис-организациите (фирма во индивидуална сопственост, партнерство и корпорација), Законот за трговски друштва ги изведува соодветните еквиваленти на бизнис-организациите во РМ: трговец-поединец – физичко лице регистрирано да врши трговска дејност определена со закон, при што за своите обврски сноси неограничена одговорност со сиот свој имот; јавно трговско… Continue reading ФОРМИ НА БИЗНИС-ОРГАНИЗАЦИИ

ФОРТИФИКАЦИОНА АРХИТЕКТУРА

ФОРТИФИКАЦИОНА АРХИТЕКТУРА – безбедносни градби. На територијата на Македонија се јавува во предисторијата. Во античкиот период е поразвиена (Св. Еразмо крај Охрид, Скупи). Во доцноантичкиот период градовите се заштитувани со ѕидови, зајакнати со кули (Стоби, Хераклеја Линкестис, Лихнидос). Од Ⅴ в. егзистираат мали градови-тврдини (Баргала, Коњух и др.). Во текот на средниот век се градат… Continue reading ФОРТИФИКАЦИОНА АРХИТЕКТУРА

ФОРУМ

ФОРУМ“ – двонеделен политички магазин што почна да излегува во Скопје на 30. ⅩⅠⅠ 1997 г. Основачи се Ѓунер Исмаил, Сашо Ордановски и Ванчо Ордановски. Форматот и динамиката на излегувањето ги задржа до 1. Ⅲ 2004 г., кога се трансформира во месечник – следејќи ги принципите на лајф-магазините. Од 17 септември 2005 г. Неделникот „Форум“… Continue reading ФОРУМ

ФОТЕВ, Богоја

ФОТЕВ, Богоја (с. Герман, Егејскиот дел на Македонија, 14. Ⅷ 1900 – с. Бистрица, Битолско, 27. И 1993) – револуционер, државник, носител на Партизанска споменица 1941. Пред Војната се вклучил во Антифашистичкото движење и потоа во Народноослободителната борба на македонскиот народ. Како забележан борец, бил предложен за делегат на АСНОМ – претставник од Битолскиот и… Continue reading ФОТЕВ, Богоја

ФОТЕВ, Методија

ФОТЕВ, Методија (с. Љубојно, Преспа, 14. Ⅲ 1932) – современ македонски раскажувач и романсиер, тематски врзан како своевиден хроничар на Преспанскиот регион и за периодот врамен во настаните на Втората светска војна. Си ја пробал среќата и во областа на поезијата, оставајќи траги на неуверлива авантура. Како романсиер го привлекол вниманието на литературната критика и… Continue reading ФОТЕВ, Методија

ФОТЕВ, Минчо

ФОТЕВ, Минчо (с. Рупишта, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 30. Ⅸ 1922 – Скопје, 28 Ⅴ 1987) – припадник на Македонското националноослободително движење, учесник во Антифашистичкиот отпор во Грција (ЕЛАС). Бил член на раководството на НОФ (од 23. Ⅳ 1945), одговорен за НОМС за Егејскиот дел на Македонија. Во 1949 г. е обвинет од КПГ… Continue reading ФОТЕВ, Минчо

ФРАГМЕНТИ НА КИРИЛИЧКИ СТАРОСЛОВЕНСКИ ТЕКСТОВИ ОД МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО

ФРАГМЕНТИ НА КИРИЛИЧКИ СТАРОСЛОВЕНСКИ ТЕКСТОВИ ОД МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО. Покрај глаголицата, типична за најстариот период на македонската писменост, во старите македонски литерарни центри паралелно се употребувала и кирилицата, за што сведочат некои зачувани фрагменти од Ⅺ в. Меѓу нив спаѓаат: Листови на Ундолски – одломка од кратко изборно евангелие од Ⅺ в., 2 л., Москва, РГБ,… Continue reading ФРАГМЕНТИ НА КИРИЛИЧКИ СТАРОСЛОВЕНСКИ ТЕКСТОВИ ОД МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО

ФРАГМЕНТИ ОД ГЛАГОЛСКИ СТАРОСЛОВЕНСКИ ТЕКСТОВИ

ФРАГМЕНТИ ОД ГЛАГОЛСКИ СТАРОСЛОВЕНСКИ ТЕКСТОВИ – дел од литерарна продукција поврзана со најстариот период на македонската писменост предводена од Охридската школа. Меѓу нив спаѓаат: Бојански палимпсест – одломка од кратко изборно евангелие од крајот на Ⅺ в., 26 прочитани страници што се наоѓаат на 42 палимпсестни листа под кирилското ев. од ⅩⅤⅠⅠⅠ в. пронајдено од… Continue reading ФРАГМЕНТИ ОД ГЛАГОЛСКИ СТАРОСЛОВЕНСКИ ТЕКСТОВИ

ФРАНЦУСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ФРАНЦУСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Најстарото спомнување на нешто македонско во културната ризница на Франција е „ла гент де Самуел“ – народот на Самуил во најстарата француска песна од Роланд (Цхансон де Роланд, ⅩⅠⅠ в.). Прв патописец што ја спомнува Македонија е Бертрандон де ла Брокиер (Бертрандон де ла Брокиер) во „Патување преку морето“ (ⅩⅤ в.).… Continue reading ФРАНЦУСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ФРИДМАН, Виктор А

ФРИДМАН, Виктор А. (Вицтор А. Фриедман) (Чикаго, САД, 18. Ⅹ 1949) – американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар, социолингвист, член на МАНУ надвор од работниот состав (1994). Ученик на Голомб, Виктор Фридман еден од основачите на американската македонистика, работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Голем дел од неговата богата библиографија претставуваат позиции… Continue reading ФРИДМАН, Виктор А

ФРОВИК, Роберт Холмс

ФРОВИК, Роберт Холмс (Роберт Холмс Фроњицк) (Дес Моинес, Ајова, САД 12. ⅩⅠⅠ 1929 – Санта Роза, Роберт Фровик Калифорнија, САД 18. И 2007) – американски дипломат. шеф на мониторинг мисијата на КЕБС во Република Македонија(1992); прв шеф на мисијата на ОБСЕ во БиХ (1995–1996); вршител на работите во амбасадата на САД во Тирана (1999); координатор… Continue reading ФРОВИК, Роберт Холмс

ФРОСИНА

ФРОСИНА“ – прв македонски игран филм, снимен во 1952 г., во режија на Воислав Нановиќ. Дејството временски е лоцирано во периодот на окупацијата и деновите на Ослободувањето. Главниот лик е една храбра и осамена мајка, која ја дели судбината со македонските жени, чија острина на болката на која се осудени, издржливоста и храброста досегнуваат величие… Continue reading ФРОСИНА

ФРЧКОСКИ, Љубомир Данаилов

ФРЧКОСКИ, Љубомир Данаилов (Скопје, 2. ⅩⅠⅠ 1957) – правник, унив. професор. Дипломира (1981) и магистрира (1986) на Правниот факултет во Скопје. Докторира (1989) на Факултетот за политички науки, социологија и новинарство во Љубљана. Професор по меѓународно право на Правниот факултет во Скопје (од 1984). Бил министер без ресор во Владата на Република Македонија(1990–1992), министер за… Continue reading ФРЧКОСКИ, Љубомир Данаилов

ФУДБАЛОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ФУДБАЛОТ ВО МАКЕДОНИЈА – најмасовен спорт во Македонија. Се јавува кон крајот на ХИХ и во почетокот на ХХ в. во поголемите градови. Прв натпревар бил одигран помеѓу два тима од турското Воено училиште во дворот на Ислахане во Идадија во Скопје (на Велигден 1909). Во Битола екипата на конзулите го победила тимот на турскиот… Continue reading ФУДБАЛОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ФУЕРЕ, Ерван

ФУЕРЕ, Ерван (Ерњан Фоуере) (Ренс, Р Франција, 5. Ⅵ 1946) – ирски и европски дипломат. Правник (1967); прв шеф на Делегацијата на ЕЗ за Мексико и Куба (1989-1994); прв шеф на Делегацијата на ЕЗ во Јужна Африка (1994-1998); шеф на Делегацијата на ЕЗ во Р Словенија во периодот кога Р Словенија станува членка на ЕУ… Continue reading ФУЕРЕ, Ерван

ФУКАРА, Харалампие

ФУКАРА, Харалампие (Прилеп, 12. Ⅷ 1900 – Скопје, 12 Ⅴ 1966) – маш. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1964 г.) по предметите: механизација во градежништвото и греење и проветрување (на Архитектонскиот факултет). Завршил во Белград (1927) и до изборот за доцент на Техничкиот факултет (1949) работел во Југословенските железници. Предавал и… Continue reading ФУКАРА, Харалампие

ФУЛОН-ХРИСТОВА, Јорданка Николова

ФУЛОН-ХРИСТОВА, Јорданка Николова (Јорданка Фоулон-Христова) (Скопје, 14. Ⅺ 1930) – романист, професор по македонски јазик, литература и цивилизација на ИНАЛЦО во Париз. Гимназијата и Филозофскиот факултет (Група романистика) ги завршува во Скопје (1949–1953). Се вработува како гимназијален професор по француски јазик првин во Скопје (1954), а во следната учебна година во Охрид (1955/56), по кое… Continue reading ФУЛОН-ХРИСТОВА, Јорданка Николова