ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО

ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО – фестивал на авторска песна во народен дух. Основан во 1985 г. За две децении на него се продуцирани над 700 песни од овој вид, од кои голем број се вброија во „новата антологија“ на македонската музика („Бисер балкански“; „Има ли песна“; „Лихнида кајче веслаше“; „Дали слушаш стара мајчице“; „Жал за Деспина“ и др.). Својата афирмација на овој фестивал ја стекнаа голем број млади авторски имиња (М. Барбаровски, Г. Копров, Љ. Трајковски-Фис, Т. Трајчески и др.), а своите први чекори тука ги направија и ѕвездите на естрадната сцена: С. Спасовска, Н. Петрески, Г. Арнаудов, П. Бавтировски, Е. Пупиновски и др.). М. Кол.