ТРПОВСКИ-ЦРНИОТ, Лазо (с. Д’мбени, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 1900 – с. Имере, Кожанско, 11. Ⅳ 1943) – член на КПГ и припадник на Македонското националноослободително движење. Во 1928 г. емигрирал во Канада и се активирал во организираното македонско иселеништво, а по протерувањето емигрирал во СССР, каде што ја завршил Високата политичка школа. Лазо Трповски-Црниот… Continue reading ТРПОВСКИ-ЦРНИОТ, Лазо
Category: Енциклопедија
ТРПОСКИ, Иван Наумов
ТРПОСКИ, Иван Наумов (с. Волино, Охридско, 21. Ⅵ 1942) – македонски поет и публицист. Иселеник од Македонија (од 26. Ⅷ 1968) во Нов Јужен Велс во Австралија. Член е на Македонското литературно друштво во Австралија „Григор Прличев“ во Сиднеј (од 1979) и негов библиотекар и член на Издавачкиот одбор на сп. „Повод“. Учесник на Струшките… Continue reading ТРПОСКИ, Иван Наумов
ТРПЧЕВА ЦРКВА
ТРПЧЕВА ЦРКВА (с. Дуње, Мариово) – доцноантичка населба со ранохристијанска базилика и средновековна некропола. Доцноантичката населба е во непосредна близина на ранохристијанскиот сакрален објект, подигнат кон крајот на Ⅴ в., користен и во поголемиот дел на Ⅵ в. Врз и околу остатоците од базиликата е формирана средновековна некропола на редови. Истражени се 142 гробни целини.… Continue reading ТРПЧЕВА ЦРКВА
ТРПЧЕСКИ, Симон
ТРПЧЕСКИ, Симон (Скопје, 18. Ⅸ 1979) – пијанист, унив. профессор. Дипломирал на ФМУ во Скопје (Б. Романов, 2002), каде што и магистрирал (Б. Романов, 2004). Од 2002 г. е професор на оваа институција. По лауреатството на Светскиот милениумски натпревар во Лондон (2000), реализирал исклучително активна и успешна меѓународна концертна кариера. Настапувал во рецитали и како… Continue reading ТРПЧЕСКИ, Симон
ТРСТЕНА, шабан
ТРСТЕНА, шабан (Скопје, 1. И 1965) – борач. Бил член на Боречкиот клуб „Лирија“ во Скопје. Тој е повеќекратен младински и сениорски првак на Југославија и државен репрезентативец. На младинските балкански првенства настапил двапати и еднаш за кадети и освоил два златни и еден бронзен медал. На Европското првенство за младинци настапил во Лајпциг (Германија,… Continue reading ТРСТЕНА, шабан
ТРУДБЕНИК Градежно претпријатие, Охрид
„ТРУДБЕНИК“ Градежно претпријатие, Охрид. – формирано е во 1958 г. Организирано е во неколку основни организации и една работна заедница: Ателје за студии, проектирање и инженеринг; Производство и продажба на градежни материјали; Градежништво; Механизација; Општествен стандард и Работна заедница – Заеднички служби. Станува комплетен изведувач од проект до градење. Изведува станбени, индустриски, спортски, културни, здравствени,… Continue reading ТРУДБЕНИК Градежно претпријатие, Охрид
трум вулгаре Л
трум вулгаре Л., фам. Олеацеае) – листопадна грмушка од Средна и Јужна Европа и од Северна Африка. Листовите се спротивно поставени, елипсовидни, на врвот заос-Прасика трени. Цветовите се бели, собрани во метлести соцветија, а плодовите се црни бобинки. Кај нас е застапена во дабовиот регион на повлажни станишта. Ценета грмушка за создавање живи огради. Ал.… Continue reading трум вулгаре Л
ТРУХЕЛКА, ќиро
ТРУХЕЛКА, ќиро (Осиек, Хрватска, 1864 – Загреб, ? 1942) – класичен филолог, археолог, кој се занимава со проучување на праисторијата, антиката и раното христијанство на Балканот. Еден од основачите на Земаљскиот музеј во Сараево, каде што работи до 1922. Во 1925 г. именуван е за професор по археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Ја организирал… Continue reading ТРУХЕЛКА, ќиро
ТУЈА
ТУЈА (Тхуја Л., фам. Цупрессацеае) – родот содржи шест зимзелени вида дрвја од Источна Азија и од Северна Америка. Се одликуваат со пирамидален хабитус, лушпести листови, густо прилегнати врз сплесканите леторасти. шишарките се мали и дрвенести. Кај нас, како декоративни видови, се одгледуваат: Тх. ориенталис Л., источна туја од Источна Азија; Тх. оцциденталис Л., западна… Continue reading ТУЈА
ТУЛЕВСКИ, Владимир
ТУЛЕВСКИ, Владимир (Скопје, 5. И 1948 Скопје, – 21. Ⅹ 2008) – новинар. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Во „Нова Македонија“ од 1975 г. како соработник и уредник на Внатрешно-политичката рубрика. Дописник од Софија (1989), известувал за драматичните настани во Романија и паѓањето на Чаушеску. По враќањето е директор на Радио НОМА. Главен и… Continue reading ТУЛЕВСКИ, Владимир
ТУМАНИ
ТУМАНИ – машка долна облека, изработена од клашна. Би-ла долга до глуждовите, а од страна на колковите имала џепови. Дополнително била декорирана со гајтани. Ј. Р.-П.
ТУМБА
ТУМБА (с. Караман, Битолско) – праисториска населба. Се наоѓа на 1,5 км источно од селото, покрај брегот на р. Драгор. Висока е 6 м, кружна во основата со пречник од 250 м и е една од најголемите тумби во Пелагонија. Делумно е оштетена со ровови од Првата светска војна. Со сондажното ископување во 1974 г.… Continue reading ТУМБА
ТУНИЌ , Младен
ТУНИЌ , Младен (Призрен, 9. Ⅲ 1930 – Скопје, 30. Ⅷ 1985) – ликовен уметник, сликар, илустратор и дизајнер, еден од доајените на современата илустрација за деца во Македонија. Илустрирал сликовници и книги за деца, учебници и списанија, со лесен, лирски и распеан цртеж и богат колорит. Цртал и стрипови. Учествувал на изложби и саеми… Continue reading ТУНИЌ , Младен
ТУНТЕВ, Борис
ТУНТЕВ, Борис (Охрид, 21. Ⅲ 1911 – Скопје, 29. Ⅹ 1977) – професор по геодезија. Средно техничко училиште завршил 1931 г. во Белград. Во ГУЦ „Здравко Цветковски“ – Скопје работел како професор од формирањето до пензионирањето (1949–1971). Ги напишал учебниците „Геодетски пресметувања“ и „Применета геодезија“. Р. Риб. Васил Тупурковски
ТУПУРКОВСКИ, Васил
ТУПУРКОВСКИ, Васил (Скопје, 8. Ⅳ 1951) – унив. професор, правник, политичар. Дипломира на Правниот факултет во Скопје (1972), магистрира на Правниот факултет на Универзитетот во Мичиген, САД (1972) и докторира на Правниот факултет во Скопје (1976). Вработен е на Правниот факултет во Скопје (1974–). Бил претседател на ССМЈ (1979–1980), член на ПЦК на СКМ (1982–1986),… Continue reading ТУПУРКОВСКИ, Васил
ТУРБЕ
ТУРБЕ – исламски надгробен споменик, мавзолеј. Турбињата се градат покрај џамии и на гробишта. Најчеста форма им е квадратна и полигонална, од затворен и од отворен тип со купола. Градени се од камен и од тули, а се среќаваат и обложени со мермер. Позначајни турбиња се на Мустафа-паша, турбето во дворот на Алаџа џамија, на… Continue reading ТУРБЕ
ТУРБЕ НА АШИК-ПАША ЧЕЛЕБИ
ТУРБЕ НА АШИК-ПАША ЧЕЛЕБИ (Гази Баба) (Скопје, на ридот Гази Баба, ⅩⅤⅠ в.) – место на кое бил погребен поетот и лите-рат АШИК Челеби со вистинско име Мехмед Али ел Натаи, познат како Гази Баба или Кади Баба. Починал како кадија на Скопје (1571/1572). Обновено кон крајот на ⅩⅠⅩ в., добило форма на затворено турбе… Continue reading ТУРБЕ НА АШИК-ПАША ЧЕЛЕБИ
ТУРБЕ НА ИСХАК-БЕГ
ТУРБЕ НА ИСХАК-БЕГ (Скоп-је,ⅩⅤ в.) – подигнато во близина на Султан Муратовата џамија, место на кое е погребен Исхакбег, вториот османлиски заповедник на Скопје и на Скопското краиште. Од турбето се зачувани саркофагот на Исхак-бег и долните делови од шестоаголната камена основа на турбето. ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998, 122-123; Александар… Continue reading ТУРБЕ НА ИСХАК-БЕГ
ТУРИЗАМ
ТУРИЗАМ – економска дејност насочена кон организирање патувања и привремено сместување луѓе надвор од нивното постојано место на живеење, не подолго од една календарска година, заради одмор, забава, рехабилитација, посета на културни и спортски настани, природни атракции, историски споменици и сл., но не и заради стекнување доход. Туризмот може да биде: рекреативен, забавен, културен, конгресен,… Continue reading ТУРИЗАМ
ТУРИЈА
ТУРИЈА – вештачка акумулација изградена на истоимената р. Турија, во Струмичката Котлина. Се наоѓа 16 км северно од Струмица. Браната е земјено-насипна, со глинено јадро преку кое е нафрлан чакал и камен. Круната е долга 417,3 м, широка 8 м, и висока над теренот 78 м. Должината на заезерениот дел изнесува 4,5 км, широчината 500… Continue reading ТУРИЈА
ТУРИМАНЏОСКИ ГОРСКИ Диме Панев
ТУРИМАНЏОСКИ ГОРСКИ Диме Панев . (Кавадарци, 19132001 74130 16158 21,8 57972 78,2 Кралево, Србија, 19. Ⅹ 1945) – при2002 73985 16230 21,9 57755 78,1 падник на комунистичкото движење, учесник во НОБ, воен раково2003 72059 16033 22,2 56026 77,8 дител. Член на КПЈ од 1941. Од 2004 72276 16171 22,4 56105 77,6 1943 г. е борец… Continue reading ТУРИМАНЏОСКИ ГОРСКИ Диме Панев
ТУРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
ТУРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Датираат од Маричката битка 1371 г. по која Османлиите почнуваат да навлегуваат на територијата на Македонија. До 1430 г. на вкупната територија на Македонија е воспоставен османлиски административен и воено-полициски систем што функционира до поделбата на Македонија (1913). По Втората светска војна односите меѓу Македонија и Турција се одвиваат во рамките… Continue reading ТУРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
ТУРУНЏОВ, Александар
ТУРУНЏОВ, Александар (с. Горно Врбени, Леринско, 18. Ⅴ 1871 – Битола, 30. Ⅷ 1905) – учесник во Илинденското востание, лерински војвода. Бил во четата на војводата Г. Попанчев (1902). Како војвода (1903) учествувал во Илинденското востание во Леринско. По предавството бил заробен (1904) во с. Ај-ЛИТ.: К. Битоски, Континуитетот на македонските националноослободителни борби во ⅩⅠⅩ… Continue reading ТУРУНЏОВ, Александар
ТУРЦИТЕ ВО РМ
ТУРЦИТЕ ВО Република Македонија– етничка заедница во РМ. По Маричката битка (1371) Македонија постепено потпаднала под османлиското владеење (1371–1912) и започнал процес на населување на турско население. Со тоа етничката карта на Македонија забележува промени, но не и суштински измени. Се забележуваат процеси на внатрешна миграција (повлекување на македонското население од низините во планините), процеси… Continue reading ТУРЦИТЕ ВО РМ