БОРБАТА НА НОЖОТ (1/14 Ⅶ 1907) – борба на пл. Бабуна помеѓу 54 македонски востаници и османлиска војска од 3.000 војници. Врвот Ножот бил опкружен од османлиските сили вечерта на 13 јули. Утрото четниците биле повикани да се предадат. По нивното одбивање, започнала жестока борба до попладневните часови. Кога им привршила муницијата, одлучиле сите заедно… Continue reading БОРБАТА НА НОЖОТ
Category: Енциклопедија
БОРБИТЕ ВО СТРУМИЧКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ОКРУГ
БОРБИТЕ ВО СТРУМИЧКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ОКРУГ (1903). Оружени судири меѓу четите на ТМОРО и османлиските војски и потери имало кај с. Владимирово (12/25. Ⅷ 1903) и кај с. Смилјанци, Радовишко, во истото време. Во април Христо Чернопеев со неколку чети имал повеќе судири со османлиските сили. Во мај била ликвидирана радовишката чета на Коста Мазнејков. Во… Continue reading БОРБИТЕ ВО СТРУМИЧКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ОКРУГ
БОРБИТЕ КАЈ АРЏАНСКОТО БЛАТО
БОРБИТЕ КАЈ АРЏАНСКОТО БЛАТО . (с. Аматово, Кукушко, Егејскиот дел на Македонија, јули 1903). Османлиска војска (три баталјона – 2.200 души) во јули ги опколила четите на ТМОРО на Крсто Асенов, Трајко Јотов, Гоце Нисторов и Гоно Бигинин (110–115 комити). По 20-дневна опсада четите се извлекле без загуби, ноќта помеѓу 3–4/16–17. Ⅶ 1903 г., пред… Continue reading БОРБИТЕ КАЈ АРЏАНСКОТО БЛАТО
БОРБИТЕ КАЈ ЃУРИШКИОТ МАНАСТИР, Светиниколско
БОРБИТЕ КАЈ ЃУРИШКИОТ МАНАСТИР, Светиниколско (18. Ⅷ 1903) – водени помеѓу две македонски востанички чети, од една страна, и османлиската војска и башибозукот, од друга страна. По целодневната жестока борба, ноќта востаниците се извлекле од обрачот на воените единици и башибозукот од Штип, Велес и Куманово. Во битката загинал еден востаник (Тодор Мирасчиев од Штип),… Continue reading БОРБИТЕ КАЈ ЃУРИШКИОТ МАНАСТИР, Светиниколско
БОРДУН
БОРДУН (бурдон) – тон што звучи на една непроменлива тон-ска висина, типична за музицирање на изворните народни инструменти (гајда, кавал, зурла, тамбура, гусле). Кај двогласното народно пеење „со слагање“, вториот глас почесто бордунира на една тонска висина, но понекогаш бордунски промени се јавуваат преку честите зафаќања на долниот соседен тон. Ѓ. М. Ѓ.
БОРЕАЛНИ РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА Република Македонија
БОРЕАЛНИ РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА Република Македонија – еволутивно стари растителни видови што се развиваат во иглолисните шуми на територијата на РМ, а се населиле во глацијалниот и во интерглацијалниот период. По терциерот биле распространети во бореалната зона, во најсеверните делови на Холарктикот (Евроазија и Северна Америка), а во текот на глацијалниот период мигрирале на… Continue reading БОРЕАЛНИ РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА Република Македонија
БОРЕЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА
БОРЕЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА. Овој спорт датира од 1958 г., кога во Штип е формирана Боречка секција во слободен стил, еден од видовите боречки спортови, чиишто натпревари се одвиваат според правилата на Меѓународната боречка федерација (ФИЛА). Првиот натпревар во борење во грчко-римски и во слободен стил е одржан на Тримечот меѓу Скопје, Тетово и Штип (1960).… Continue reading БОРЕЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА
БОРИМЕЧКОВ, Александар
БОРИМЕЧКОВ, Александар (с. Градиште, Кумановско, 1883 – Софија, 28. Ⅳ 1925) – учесник во Илинденското востание (1903). По Балканските војни (1912–1913) се преселил во Софија. Бил член на БКП(т.с.) (1919). По атентатот во Катедралната црква „Св. Недела“ (15. Ⅳ 1925) во Софија, во акција на полицијата бил откриен и, не сакајќи да падне жив во… Continue reading БОРИМЕЧКОВ, Александар
БОРИС Ⅰ
БОРИС Ⅰ (? – 907) – бугарски кан и кнез (852–889), последен паган-ски и прв христијански владетел на средновековна Бугарија. Ги продолжил освојувањата на татко му Пресијан, ги приклучил кон Бугарија териториите на Централна и на Западна Македонија, како и делови од Албанија. Го прифатил христијанството како официјална религија во бугарската држава (864/865) и го… Continue reading БОРИС Ⅰ
БОРИС Ⅲ
БОРИС Ⅲ (30. Ⅰ 1894 – 28. Ⅷ 1943) – монарх на Царството Бугарија. На власт дошол на 3. Ⅹ 1918 година. Објавил манифест (21. Ⅳ 1935) и ја презел целокупната надворешна и воена политика, ориентиран за ревизија на версајските граници и за создавање голема Бугарија. На средбата со Хитлер (18. XI 1940) дал согласност… Continue reading БОРИС Ⅲ
САРАФОВ, БОРИС
БОРНМИЛЕР, Јозеф
БОРНМИЛЕР, Јозеф (Борнмüллер, Јосеф Фридерицх Николаус) (1862– 1948) – германски ботаничар, одличен познавач на флората од јужните делови на Балканскиот Полуостров и во Мала Азија. Ав-тор на голем број трудови за флората на Македонија, од кои посебно е значаен „Беитраге зур Флора Мазедониенс, И-Ⅲ” (1925–1928). Опишал околу 30 видови од територијата на Македонија, нови за… Continue reading БОРНМИЛЕР, Јозеф
БОРО ПЕТРУШЕВСКИ Државно автосообраќајно училиште, Скопје
„БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ Државно автосообраќајно училиште, Скопје – започнува како нижо училиште за автомеханичари (1947), а по серија измени и дополнувања се верифицира за давање општостручен степен на образование од областа на патниот сообраќај. Со помош од „Фаре“ е овозможена генерална промена на училишниот идентитет и денес се образуваат: техничари за патен сообраќај и транспорт, автомеханичари,… Continue reading БОРО ПЕТРУШЕВСКИ Државно автосообраќајно училиште, Скопје
БОРОЕВИЌ, Владимир
БОРОЕВИЌ, Владимир (Скопје, 4. Ⅻ 1947) – дизајнер, карикатурист, сликар. Дипломирал на Вишата педагошка академија во Скопје (1972). Бил графички уредник во „Остен”, сценограф во Вардар филм во Скопје, раководител на Студиото за дизајн и пропаганда во Јака 80, Радовиш. Самостојно излагал (слики) во Скопје, Валево, Нови Сад, Битола. Учествувал на меѓународни фестивали за карикатура… Continue reading БОРОЕВИЌ, Владимир
БОРОЗАНОВ, Владимир Василев
БОРОЗАНОВ, Владимир Василев (Битола, 20. Ⅰ 1945) – интернист-кардиолог, редовен професор на Мед. ф. Дипломирал на Мед. ф. во Белград (1968), а специјализација и субспецијализација на Мед. ф. во Скопје. Има објавено (со соработници) над 300 стручно-научни трудови и апстракти. БИБ.: Кардиологија (коавтор), Белград, 2000; Терапевтско-дијагностички прирачник за лекарите по општа медицина, Скопје, 2002; Интерна… Continue reading БОРОЗАНОВ, Владимир Василев
БОСАНАЦ, Томо
БОСАНАЦ, Томо (Стари Плавници, РХ, 15. Ⅴ 1918 – 12. Ⅷ 2003) – ел. инж., д-р на технички науки, ред. проф. на ЕТФ во Загреб, Хрватска. Тој е член на ЈАЗУ (ХАЗУ) и член на МАНУ надвор од работниот состав (1994). Работејќи во фабриката „Раде Кончар” (каде што еден период бил и директор) реализирал голем… Continue reading БОСАНАЦ, Томо
БОСАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
БОСАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Ги воспоставуваат богомилите во средниот век, продолжуваат со вклучување на територијата на Босна во Самуиловото Царство и се одржуваат како интензивни трговски и културни (преку работата на македонскиот градител Андреја Дамјанов од Велес во изградба и фрескоживописување на цркви и други објекти). Македонски доброволци учествуваат во Босанско-херцеговското востание против османлиската власт… Continue reading БОСАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
БОСБОКИЛАС, Георги
БОСБОКИЛАС, Георги (Истанбул, 1923 – Скопје, 1986) – основач и директор на првата дистрибутер-ска куќа во земјата „Македонијафилм”, формирана во 1950 г. Во репертоарот грижливо го одржуваше квалитативниот баланс меѓу високо вреднуваните антологиски дела, популарните жанрови и остварувањата од помалку афирмираните кинематографии. Г. В.
БОСИЛОВО
БОСИЛОВО – село во Струмичко. Се наоѓа во средишниот дел на Струмичката котлина, на надморска височина од околу 215 м. Низ селото поминува магистралниот пат М–6 кој го поврзува со Струмица. Има 1.698 ж. Населението главно се занимава со одгледување на раноградинарски култури. Тоа е седиште на општина која зафаќа површина од 16.199 ха, има… Continue reading БОСИЛОВО
БОТАНИКА ВО МАКЕДОНИЈА
БОТАНИКА ВО МАКЕДОНИЈА. Во Македонија развитокот на ботаниката се одвива доцна, поединечно и изолирано во некои од достапните подрачја. Првиот пишуван податок со флористички белешки е од Ами Буе (Ами Боуé) во неговото истражување Ла Турљуие д’Еуропе (1840) и од А. Гризебах (А. Грисебацх) со трудот Специлегиум флорае Румелицае ет Бѕтхѕницае (1843). Следуваат повремени, а… Continue reading БОТАНИКА ВО МАКЕДОНИЈА
БОТАНИЧКА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ
БОТАНИЧКА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ – формирана во 1951 година, во состав на Ботаничкиот завод со ботаничка градина на Институтот за биологија при ПМФ во Скопје. Се простира на површина од 14 ха и претставува единствен објект од ваков вид во Скопје и во РМ. Во неа се застапени над 200 видови од дендрофлората со различно… Continue reading БОТАНИЧКА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ
БОТИАЈА
БОТИАЈА – античка област во средишниот дел на Македонија меѓу Пиерија и Елимеја на југ, Еордаја на запад, Алмопија на север и Амфакситида на исток. Долниот тек на Халијакмон (ден. Бистрица) и пл. венци на Бермион и Пајак претставуваат нејзини природни граници. Кај античките автори најчесто се спомнува како посебна област и тоа како област… Continue reading БОТИАЈА
БОТКО
БОТКО (Бојко) (? – Софија, 1041) – благородник на чело на екипажот во софиската тврдина Бојана. При задушувањето на последните отпори од востанието на Петар Делјан (есента 1041) бил предводник на „угледни и силни воини“, кои, бра-нејќи се од нападите на царот Ми-хаил Ⅳ и на норвешките наемници (Харолд Хардрад), излегле од ѕидините, но биле… Continue reading БОТКО
БОТУШАНОВ, Иван
БОТУШАНОВ, Иван (Јакоруда, Разлошко, 9. Ⅲ 1874 – с. Ладжене, Черпинско, Бугарија, 2. IX 1919) – револуционер, учесник во Илинденското востание. Од 1898 г. станал член на ТМОРО. Бил секретар на Стефо војвода во Леринско (1902), а по смртта на војводата ја предводел четата и дејствувал во Леринско и во Воденско. Учествувал во Илинденското востание… Continue reading БОТУШАНОВ, Иван