БИОМАСА НА ПОДЗЕМНИ ОРГАНИ ВО ШУМСКИ ЕКОСИСТЕМИ

БИОМАСА НА ПОДЗЕМНИ ОРГАНИ ВО ШУМСКИ ЕКОСИСТЕМИ – варира во широки рамки. Во буковите екосистеми во Националниот парк Маврово изнесува 57 т/ха, а во дабовиот екосистем од плоскачи цер во Националниот парк Галичица изнесува 67 т/ха. Масата е составена од скелетни корени што ги држат стеблата исправени и од трофичен дел на корените, со кои… Continue reading БИОМАСА НА ПОДЗЕМНИ ОРГАНИ ВО ШУМСКИ ЕКОСИСТЕМИ

БИОСИСТЕМАТИКА

БИОСИСТЕМАТИКА – биолошка дисциплина што ја проучува разновидноста на живиот свет (растенијата, животните, микроорганизмите и габите), нивните сродствени односи, патиштата на нивната еволуција и ги систематизира во одредени класификациони системи. Биосистематските проучувања во Македонија се за почнати уште кон средината на ⅩⅤⅠⅠⅠ век (Фривалдскѕ, 1835, 1836; Грисебацх, 1843, 1844 и други) и со различен интензитет… Continue reading БИОСИСТЕМАТИКА

БИРМИНГЕМСКА ДЕКЛАРАЦИЈА

БИРМИНГЕМСКА ДЕКЛАРАЦИЈА – декларација за Југославија на Европскиот совет на ЕЗ за Југославија (16. Ⅹ 1992) која, во контекст на заканувачката човечка трагедија од широки размери на територијата на Југославија, се осврнува и на влошената економска ситуација во РМ и констатира потреба за преземање соодветни мерки за спречување на несаканите последици од санкциите на ОН… Continue reading БИРМИНГЕМСКА ДЕКЛАРАЦИЈА

БИРО ЗА МЕТРОЛОГИЈА

БИРО ЗА МЕТРОЛОГИЈА – основано во 2002 г. во рамките на Министерството за економија за да се воведе национален систем на мерните единици со цел да се одговори на меѓународните обврски и да се заштитат интересите на граѓаните преку соодветна законска метрологија. Во лабораториите поседува најсовремена опрема за калибрација и верификација на мерните уреди. РМ… Continue reading БИРО ЗА МЕТРОЛОГИЈА

БИРОКРАТИЈАТА ВО ДФМ/ НРМ/СРМ/РМ

БИРОКРАТИЈАТА ВО ДФМ/ НРМ/СРМ/РМ -. општествен слој што го сочинуваат административните службеници на сите рамништа на државната организација. Бирократскиот слој во Македонија во периодот 1946-1990 година нагло се ширеше преку државниот и еднопартискиот апарат и доби значително висок статус во хиерархијата на општествениот престиж и привелегии. Неговото учество во вкупното население се движеше меѓу 7,5… Continue reading БИРОКРАТИЈАТА ВО ДФМ/ НРМ/СРМ/РМ

БИСАЛТИ

БИСАЛТИ – население што живеело во Бисалтија, западно и ис-точно од р. Стримон, северно од Амфипол. Нивното населување на источниот брег на Стримон се случува, најверојатно, со освојувачките походи на Александар Ⅰ Македонски воⅤв. од ст.е. Нивни соседи се Едонците и Одомантите. Во 167 г. од ст.е. Б. биле припоени кон првата македонска об-ласт, која… Continue reading БИСАЛТИ

БИСАЛТИЈА

БИСАЛТИЈА – област во Македонија по долниот тек на р. Стримон. Населението Бисалти живее западно и источно од р. Стримон, област населена од Одомантите и Едонците. Според најстарото сведоштво кај Херодот, така се нарекува областа околу градот Аргила (западно од Стримон). Тукидид ја спомнува во контекст на освојувањата на македонскиот крал Александар Ⅰ Македонски и… Continue reading БИСАЛТИЈА

БИСЕРНИЦА

БИСЕРНИЦА -. најмал жичен трзачки музички инструмент, со четири жици, вид тамбура што има улога на водач на главната мелодиска линија во рамките на музицирањето на тамбурашките оркестри. ЛИТ.: Дарагослав Девић, Етномузикологија, Ⅲ део, (скрипта), Београд, 1977, 192. Ѓ. М. Ѓ.

БИСЕРОВ, Димитар Јанакиев

БИСЕРОВ, Димитар Јанакиев (Окујли) (Дупница, ден. Станке Димитров, 1840 – Дупница, 1886) – учител, општественик, публицист, преведувач, поет и собирач на народни песни за Стефан Верковиќ. Се школувал во родниот град и во Рилскиот манастир кај Неофит Рилски, а потоа бил учител во Дупница (1850-1860; 1868; 1870-1879), Берово, Малешевско и Горна Џумаја (ден. Благоевград, 1863-1864).… Continue reading БИСЕРОВ, Димитар Јанакиев

БИСЛИМИ, Меџит

БИСЛИМИ, Меџит (с. Копаница, Скопско, 15. Ⅹ 1929) – политички работник. Завршил виша управна школа. Член на СКЈ (од 1947). Бил секретар на Општинскиот народен одбор, началник на одделение и шеф на Месната канцеларија, потоа пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ и член на Одборот за буџет и на Одборот за градежништво и… Continue reading БИСЛИМИ, Меџит

БИСТРА

БИСТРА – висока планина што се протега во Западна Македонија. Припаѓа кон западномакедон-Планината Бистра ските планини. Се издига помеѓу Кичевската Котлина на исток, длабоката долина на Мавровска Река и Радика на запад, со која е одделена од планините Кораб и Дешат, Мавровската Котлина на север и Мала Река, Гарска и Јам-ска Река и тектонскиот превал… Continue reading БИСТРА

БИСТРИЦА

БИСТРИЦА – река во Егејскиот дел на Македонија, Република Грција. Таа е втора по големина река во Македонија. Извира од југозападните делови на планината Вернон, западно од врвот Витои (2.128 м), а во Егејското Море се влева кај Солунскиот Залив и заедно со р. Вардар градат делта. Долга е 297 км, а сливот зафаќа површина… Continue reading БИСТРИЦА

БИСТРИЦА , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

БИСТРИЦА“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Синсинати, Охајо, САД, 1928) – организација на Македонците од Леринско, Преспанско и Битолско. Организацијата отворила училиште, активни биле и Младинската и Женската секција, а формирана била и Драмска секција што давала претстави, меѓу кои и „Македонска крвава свадба“. Сл. Н.-К.

БИСТРИЦА – река во Егејскиот

БИСТРИЦА – река во Егејскиот дел на Македонија, Република Грција. Таа е втора по големина река во Македонија. Извира од југозападните делови на планината Вернон, западно од врвот Витои (2.128 м), а во Егејското Море се влева кај Солунскиот Залив и заедно со р. Вардар градат делта. Долга е 297 км, а сливот зафаќа површина… Continue reading БИСТРИЦА – река во Егејскиот

БИСТРИЦА – село во Битолско.

БИСТРИЦА – село во Битолско. Се наоѓа во источното подножје на планината Баба, расположено од двете страни на Краешка Река на надморска височина меѓу 600 и 700 м. Во последните години населението е во опаѓање, и тоа од 1.140 ж. во 1981 г. се намалува на 1.015 ж. во 2002 г. Од нив 949 биле… Continue reading БИСТРИЦА – село во Битолско.

БИСТРИЦА – средновековна нас

БИСТРИЦА – средновековна населба, на ок. 4,5 км североисточно од Богомила. Се спомнува како посед на скопскиот манастир „Св. Георги–Горг“ во грамотите на Константин Асен (ок. 1258) и Милутин (1299/1300). Бистрица му се Коњска патека кон с. Бистрица, Баба Планина подарува на манастирот заедно со нивите, водениците, сенокосите, пасиштата, летовиштата и зимовиштата, кобилите и овците… Continue reading БИСТРИЦА – средновековна нас

БИТИ, Олга

БИТИ, Олга (Солун, 1883 – Кибуц Гат, Израел, 1970) – писателка, ционистичка активистка. Била најактивен член на Светската женска ционистичка организација ЊИЗО во Скопје (до 1941). Го организирала целокупниот културен живот на младината во рам-ките на кенот на младинската организација „Хашомер Хацаир“. По нејзини драмски текстови, напишани на ладино, се изведувале бројни претстави, на кои… Continue reading БИТИ, Олга

БИТКАТА ЗА ЛЕРИН

БИТКАТА ЗА ЛЕРИН (1949) – една од најжестоките битки меѓу единиците на ДАГ и владината армија. На 12 февруари 1949 г. единиците на ДАГ го нападнале гр. Лерин. Во оваа битка учествувале 18., 14. и 107. бригада на ДАГ, во кои ок. 70% од војниците биле Македонци. По големите човечки загуби (1.200 убиени), единиците на… Continue reading БИТКАТА ЗА ЛЕРИН