БАШТИНА

БАШТИНА -. наследство од татко, татковина во обичајното право. Посебно е карактеристична како наследен феудален имот во средновековјето или наследен земјиштен имот на едно христијанско раинско семејство на државна (мириска) земја во времето на османлиското владеење во Македонија. Големината била определувана според бонитетот на почвата: 70-80 дунуми – многу добра, 80-120 дунуми – средна и… Continue reading БАШТИНА

БДЕЕЊЕ

БДЕЕЊЕ -. намерно воздржување од сон во времето на најзначајните настани во семејниот живот (погреб, раѓање, свадба, во време на календарските празници – Божик, Велигден, Ѓурѓовден, Света Троица) или во одредено време на денот (при заоѓањето на сонцето, напладне и сл.). С. Мл. Неџбедин Беадини

БЕАДИНИ, Неџбедин

БЕАДИНИ, Неџбедин (Беадини Неџхбедин) (Тетово, 1963) – биолог, унив. професор. Дипломирал биологија на Универзитетот во Приштина (1990) и докторирал на Универзитетот во Загреб (1996). Тој е еден од основачите и ректор на Тетовскиот државен универзитет. Има објавено поголем број научни и стручни трудови од областа на биологијата, цитологијата, молекуларната физиологија и хистологијата. С. Мл. Беаз-куле,… Continue reading БЕАДИНИ, Неџбедин

БЕАЗ-КУЛЕ

БЕАЗ-КУЛЕ . (тур.: Бела кула) – кула во Солун, изградена во времето на османлискиот султан Сулејман Величествениот (1520-1566) врз темелите на постара кула подигната во времето на Латинското Царство (ⅩⅠⅠⅠ в.). Османлиите ја користеле како тврдина, гарнизон и затвор. Поради бројните егзекуции и мачења на затворениците во неа, била позната и како „Крвава кула”. Во… Continue reading БЕАЗ-КУЛЕ

БЕГАЛКА

БЕГАЛКА – .нерегуларно склучен брак со кршење на правото на родителите за избор на брачниот партнер, при што девојката самоволно бега за саканото момче, без волјата на родителите. Ј. Ц.

БЕГИНОВ, Борис

БЕГИНОВ, Борис (Велес, 18. Ⅰ 1911 – Велес, 15. Ⅰ 1996) – директор, актер и режисер на Народниот театар во Велес (1948–1952 и 1954–1966). Пред Втората светска војна работи како аматер. Еден од основачите на НТ од Велес (1948–1966). РЕЖИИ: „Длабоки корени”; „Печалбари”; „Бегалка”; „Ученик на ѓаволот”; „Расцветан јасмин”; „Легенда за Рацин” и др. УЛО.:… Continue reading БЕГИНОВ, Борис

БЕГОВСКА, Бедрија

БЕГОВСКА, Бедрија (Скопје, 22. Ⅰ 1951) – актерка од турската националност. Од 1971 г. работи во Театарот на народностите во Бедрија Беговска Скопје. Пишува драмски текстови за деца. УЛО.: Хасанагиница („Мајка Храброст”); Јерма во истоимените пиеси; Соња („Злосторство и казна”); Косен Султана („Лудиот Ибрахим”) и др. Р. Ст.

БЕГСТВО ОД ЛОГОРИТЕ И ЗАТВОРИТЕ ВО АЛБАНИЈА на политичките затвореници од Македонија

БЕГСТВО ОД ЛОГОРИТЕ И ЗАТВОРИТЕ ВО АЛБАНИЈА на политичките затвореници од Македонија (1943 г.) – по капитулацијата на Италија ослободените политичките затвореници биле прифатени од албанското народноослободително движење. Дел од нив заминале во албанските партизански единици и на територијата на Албанија од нив бил формиран баталјонот „Боро Вукмировиќ“, кој веднаш потоа заминал во Македонија и… Continue reading БЕГСТВО ОД ЛОГОРИТЕ И ЗАТВОРИТЕ ВО АЛБАНИЈА на политичките затвореници од Македонија

БЕГСТВОТО НА ПЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ОД ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО крај Скопје

БЕГСТВОТО НА ПЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ОД ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО крај Скопје (29. Ⅷ 1944 г.) – во текот на јули – август 1944 г. затворскиот Комитет на партиската организација и Градскиот комитет на КПМ на Скопје подготвиле организирано бегство од затворот. На 29 август 1944 г. повеќе од 350 политички затвореници избегале и им се приклучиле на… Continue reading БЕГСТВОТО НА ПЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ОД ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО крај Скопје

БЕДЕРИЈАНА

БЕДЕРИЈАНА . ( Ⅵ в.) – византиско утврдување, кастел, кое се наоѓало во близина на селото Таурисиум, родното место на византискиот император Јустинијан И (525– 565), и на градот Јустинијана Прима. Како што известува историчарот Прокопиј Кесариски, Јустинијан го обновил кастелот од темел и многу добро го утврдил. Се споменува и како родно Археолошки раскопки… Continue reading БЕДЕРИЈАНА

БЕДУА

БЕДУА (Беддуа) – клетвата е поврзана со верувањето во разни натприродни појави, како: претскажувања, баења, предодреденост на случките и настаните, што довело до верувањето во натприродната сила на говорот. Се верувало дека меѓу случките во животот и зборовите со кои тие се именуваат постои тесна врска и органска зависност, дека зборовите, како израз на една… Continue reading БЕДУА

БЕЗИСТЕН

БЕЗИСТЕН (Скопје, ⅩⅤ в.) – изграден во центарот на Скопската чаршија од Исхак-бег, вториот Безистен, Скопје османлиски заповедник на градот. Имал правоаголна форма, засводена со систем од куполи, со површина од 775 м². Уништен во пожарот од 1689 г., обновен во текот на 1899/1900 г., со иста површина, кога му бил даден денешниот изглед, многу… Continue reading БЕЗИСТЕН

БЕЗИСТЕН

БЕЗИСТЕН – трговски куќи градени во Македонија во периодот на турското владеење, во кои се продавало платно и скапоцена стока. Најчесто биле градени од камен, покриени со кубиња и полуцилиндрични сводови и изгледале масивно. Биле лоцирани во склоп на чаршиите. Во однос на архитектонската композиција на основата, можеле да бидат поделени во помали дуќани со… Continue reading БЕЗИСТЕН

БЕЗИСТЕН

БЕЗИСТЕН (Скопје, ⅩⅤ в.) – изграден во центарот на Скопската чаршија од Исхак-бег, вториот Безистен, Скопје османлиски заповедник на градот. Имал правоаголна форма, засводена со систем од куполи, со површина од 775 м². Уништен во пожарот од 1689 г., обновен во текот на 1899/1900 г., со иста површина, кога му бил даден денешниот изглед, многу… Continue reading БЕЗИСТЕН

БЕЗИСТЕН

БЕЗИСТЕН – трговски куќи градени во Македонија во периодот на турското владеење, во кои се продавало платно и скапоцена стока. Најчесто биле градени од камен, покриени со кубиња и полуцилиндрични сводови и изгледале масивно. Биле лоцирани во склоп на чаршиите. Во однос на архитектонската композиција на основата, можеле да бидат поделени во помали дуќани со… Continue reading БЕЗИСТЕН

БЕЈАС ТЕПЕ

БЕЈАС ТЕПЕ – средновисока планина (1.348 м) што се наоѓа во Беровско-делчевскиот ров. Претставува типичен хорст кој ги издвојува Малеш и Пијанец или Беровска и Делчевска Котлина. Геолошкиот состав е претставен со палеозојски шкрилци, гранитоиди и плиоцени седименти кои се доста еродобилни. Тоа овозможило развој на рецентната ерозија на почвата. Т. Анд. Јахја Кемал Бејатли… Continue reading БЕЈАС ТЕПЕ

БЕКТАШИ

БЕКТАШИ . (ⅩⅠⅠⅠ в. – 1826 г.) – хетеродоксен дервишки ред. Основан од Хаџи Бекташ Вели, официјално укинат (1826) од султанот Махмуд Ⅱ (1808–1839). Биле сметани за заштитници на јаничарите. Се карактеризира со мистицизам, заснован врз еретички елементи од предисламскиот период, со занемарување на верските обврски, вклучувајќи ја и задолжителната молитва. Тајните учења им се… Continue reading БЕКТАШИ

БЕЛ ТЕРОР

БЕЛ ТЕРОР – државен терор по поделбата на Македонија (1913), кога балканските монархии спроведувале политика на жесток терор против македонското население. Македонското име и македонскиот јазик биле забранети и прогонувани, како и секакво јавно изразување на македонската етничка свест (јазикот, традициите и народните обичаи). Разни терористички организации („Грчко-македонска тупаница”, „Здружение против бугарските бандити”) го тероризирале… Continue reading БЕЛ ТЕРОР

БЕЛА КНИГА ЗА ТЕРОРИЗМОТ НА ОНА

БЕЛА КНИГА ЗА ТЕРОРИЗМОТ НА ОНА -. книга на Министерството за внатрешни работи на РМ за тероризмот на „Ослободителната национална армија“ на албанското малцинство во Македонија во периодот од 22. Ⅰ до 10. Ⅷ 2001 г. и хронологија на настаните од 1. Ⅱ 2001 до 11. Ⅰ 2002 г. Книгата содржи список на загинатите и… Continue reading БЕЛА КНИГА ЗА ТЕРОРИЗМОТ НА ОНА

БЕЛАЗЕЛКОСКА, Златанка Кирилова

БЕЛАЗЕЛКОСКА, Златанка Кирилова (Скопје, 26. Ⅲ 1948) – спец. по болести на устата и пародонтот, редовен професор на Ст. ф. во Скопје. Магистрирала (1981) и докторирала (1989) на истиот. Публикувала 100 статии. Автор на учебникот „Орална патологија”. Ја истражува улогата на ензимите во етиопатогенезата на прогресивната пародонтопатија. Е. М. Панорама од Планината Беласица

БЕЛАСИЦА

БЕЛАСИЦА – планина во крајниот југоисточен дел на Република Македонија . Се издига помеѓу Струмичката и Петричката Котлина на север, Дојранската, Бутковската и Валандовската Котлина на југ и малата котлина – ровот Костурино на запад, а на исток доБеласичката битка на Самуила со Василиј Ⅱ (1014) лината на реката Струма. Најголемата височина изнесува 2.029 м.… Continue reading БЕЛАСИЦА

БЕЛАСИЧКА БИТКА

БЕЛАСИЧКА БИТКА (29. Ⅶ 1014) – решавачката битка на цар Самуил со Василиј Ⅱ. За да го соп-ре катагодишното пробивање на византискиот император Василиј Ⅱ, царот Самуил поставува преграда кај Клучката Клисура. Како тактички маневар, за да го принуди императорот да ја раздвои војската, го испраќа Несторица со војска кај Солун, но не успеал. Во… Continue reading БЕЛАСИЧКА БИТКА

БЕЛГИСКО МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

БЕЛГИСКО МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Започнуваат со Виенските (февруари 1903) и со Мирцштегските (октомври 1903) реформи на турската жандармерија, преку распоредување мал контингент меѓународни (вклучително и белгиски) воени сили. Претставници на македонското национално-ослободително движење од Белгија вршат снабдување со оружје на ВМРО. Значајни македонски интелектуалци престојуваат или студираат во Белгија (на пр., гемиџијата Павел шатев… Continue reading БЕЛГИСКО МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ