БЕЛГИСКО МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

БЕЛГИСКО МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Започнуваат со Виенските (февруари 1903) и со Мирцштегските (октомври 1903) реформи на турската жандармерија, преку распоредување мал контингент меѓународни (вклучително и белгиски) воени сили. Претставници на македонското национално-ослободително движење од Белгија вршат снабдување со оружје на ВМРО. Значајни македонски интелектуалци престојуваат или студираат во Белгија (на пр., гемиџијата Павел шатев во 1912 г. дипломира на Правниот факултет во Брисел). Кралството Белгија ја признава РМ на 6. Ⅰ 1993 г. Дипломатски односи се воспоставуваат на 14. Ⅱ 1994 г. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Белгија во РМ е Гастон ван Луис-Адамс (Гастон ван Лоуис-Адамс). Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на РМ во Белгија е Јо-ван Теговски. Припадници на Армијата на Белгија доаѓаат во РМ како дел од УНПРОФОР/УНПРЕДЕП, од Косовскиот верификационен координативен центар, од Заднинскиот штаб на КФОР, од штабот на НАТО, од мисијата „Неопходна жетва”, од штабот на „Килибарна лисица” и од „Конкордија”. ЛИТ.: Ахил Тунте, Република Македонија -прва декада (1990–1999), Скопје, 2005. Т. Петр.