ШАРЕСКИ, Тихомир

ШАРЕСКИ, Тихомир (с. Леуново, Гостиварско, 15. Ⅳ 1921 – Скопје, 02. Ⅱ 2004) – првоборец и генерал-полковник на ЈНА. Основно училиште завршил во родното село и во Гостивар, а со средно образование се здобил во Тетово и Охрид. Бил припадник на работничкото и комунистичкото движење. Во времето на НОАВМ бил член на МК (1941) и… Continue reading ШАРЕСКИ, Тихомир

ШАРЕЦ

ШАРЕЦ – митски шарен коњ во епските народни песни за Марко Крале, со необично потекло и особини. Според народните преданија, тој него го добил од самовилите или го купил од кираџиите како грбаво ждребе. Претставен и со многу човечки особини: зборува (дури и турски), пие вино, плаче со солзи и сл. Тој ја предосетува и… Continue reading ШАРЕЦ

ШАРПЛАНИНСКИ КУП

ШАРПЛАНИНСКИ КУП (Попова шапка, 21. Ⅲ 1947) – куп во спуст. На првиот натпревар зеле учество репрезентациите на Бугарија, Југославија, Романија и Унгарија. Победил Унгарецот Силко Петер, а најдобро пласираниот скијач од Македонија бил Рамадан Насип, кој го зазел 32. место. Со текот на времето програмата на натпреварите била проширена и со слалом и велеслалом,… Continue reading ШАРПЛАНИНСКИ КУП

ШАТЕВ, Павел

ШАТЕВ, Павел (Кратово, 15. Ⅶ 1882 – Битола, 30. И 1951) – револуционер, национален деец, публицист и државник. Ја завршил егзархиската гимназија во Солун (1900), каде што се вклучил во терористичкиот кружок на гемиџиите. Учествувал во неуспешниот обид за кревање во воздух на Отоманската банка во Цариград и во диверзијата на францускиот патнички брод „Гвадалкивир“… Continue reading ШАТЕВ, Павел

ШАТКИ или ПАТКИ

ШАТКИ или ПАТКИ (Анатинае) – бројна потфамилија средно големи, до големи водни птици од ре-дот гусковидни птици (Ансериформес), со должина на Диви шатки телото од 40 до 70 цм. Најчесто се гнездат во северна Европа, а презимуваат во Средна и Јужна Европа, како и во Северна Африка. Кај нас се регистрирани 5 рода со вкупно… Continue reading ШАТКИ или ПАТКИ

ШАФАРИКОВ ТРИОД

ШАФАРИКОВ ТРИОД – кирилски ракопис од крајот на ⅩⅠⅠ и почетокот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в., од македонска редакција. Се чува во Руската национална библиотека во Санкт-Петербург под сигн.: РНБ, Ф.н.И.74. Има 157 пергаментни листа. Според јазичните особености, потекнува од Охридската книжевна школа. Текстот е многу архаичен, во него се наоѓаат цели редови испишани со глаголица. По… Continue reading ШАФАРИКОВ ТРИОД

ШТИП

ШТИП град во источниот дел на РМ со 43.652 ж. (2002). Се простира на ридест терен помеѓу р. Брегалница и повремениот водотек Отиња, на надморска височина помеѓу 260 и 320 м. Зафаќа површина од 2.080 ха. Со магистралниот пат М–5 на запад е поврзан со Велес, а на исток со Кочани и Делчево, а со… Continue reading ШТИП

Јосип Јурај ШТРОСМАЕР

ШТРОСМАЕР, Јосип Јурај (Осиек, Хрватска, 4. Ⅱ 1815 – Ѓаково, Хрватска, 8. Ⅳ 1905) – хрватски епископ и многузаслужен словен-ски великан на духот и хуманата акција. Во име на почит, Констатин Миладинов во посветата на зборникот од македонски и бугарски песни (БÍлгарски народни песни, Загреб, 1861) пишува: „епископ босански, ѓаковачки и сремски на неговата светост,… Continue reading Јосип Јурај ШТРОСМАЕР