ЧЕЛЕНКА – невестински украс за на глава, изработен од чаталесто дреново дрво, обвиткано со шарени крпи. Се придржувала на главата со ремче под гушата, а со други ремчиња се прикачувала за рамото на горната облека. Од неа се спуштале Челенка надолу низи од пари или монистра што ѕвонеле при одењето. Престанала да се носи кон… Continue reading ЧЕЛЕНКА
Category: Енциклопедија
ЧЕЛИКУ, Емин Калош
ЧЕЛИКУ, Емин Калош (с. Црвица, Кичевско, 13. Ⅱ 1951) – поет, раскажувач, романсиер, драмски писател и писател за деца. Основно образование завршил во родното место, а образованието го продолжил во Учителската школа во Скопје. Студирал книжевност и дипломирал на Филозофскиот факултет во Приштина. Еден период работел како учител и наставник во Скопско, а потоа како… Continue reading ЧЕЛИКУ, Емин Калош
ЧЕЛИЧНИ МОСТОВИ И КОНСТРУКЦИИ
ЧЕЛИЧНИ МОСТОВИ И КОНСТРУКЦИИ. Кај нас датираат од крајот на ⅩⅠⅩ в., кога се во изградба двете железнички линии: Скопје–Солун и Солун–Битола. Позначајни мостови се: на р. Вардар во Скопје, Градец и Удово, на р. Црна во Стоби и на р. Бошава во Д. Капија (најдолг мост, 171 м). На р. Србиновачка (1970) е изграден… Continue reading ЧЕЛИЧНИ МОСТОВИ И КОНСТРУКЦИИ
ЧЕЛОПЕК
ЧЕЛОПЕК – село во Гостиварско. Се наоѓа во горнополошката рамнина, од десната страна на р. Вардар, на надморска висина од околу 500 м. Со Гостивар е поврзано со локален асфалтен пат. Тоа е населено со Албанци, чиј број е во постојан пораст. Во 1953 г. во него живееле 2.825 ж., а во 2002 г. тој… Continue reading ЧЕЛОПЕК
ЧЕМЕРСКИ-ЈАНУШ, Ангел
ЧЕМЕРСКИ-ЈАНУШ, Ангел (Кавадарци, 31. Ⅲ 1923 – Скопје, 18. Ⅺ 2003) – економист, комунистички деец, првоборец и државник. Бил член на СКОЈ (1938), секретар на Бирото на СКОЈ во Трговската академија во Битола (1940), член на МК на СКОЈ во Кавадарци (1942–1943) и на КПЈ (1942), а потоа борец на Тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“ (од… Continue reading ЧЕМЕРСКИ-ЈАНУШ, Ангел
ЧЕМЕРСКИ, Глигор
ЧЕМЕРСКИ, Глигор (Гиче) (Кавадарци, 9. Ⅲ 1940) – сликар, особено значаен претставник на новата фигурација во шеесеттите години, заслужен за афирмацијата на македонската култура во светот. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Бел-град (1965). Во штафелајното сликарство создава експресионистички дела, проникнати со поет-ски реализам и фантастика („Лудата Грета“, 1962/63, „Чувар на гнездо“, 1964, „Инстинкт… Continue reading ЧЕМЕРСКИ, Глигор
ЧЕМПРЕС
ЧЕМПРЕС . (КИПАРИС) (Цупрессус Л., фам. Цупрессацеае) – род со 10-15 вида зимзелени дрвја од Северната хемисфера. Леторастите се покриени со ситни, спро-Г. Чемерски: „Охриѓанки“ (1997) Медитерански чемпрес тивно поставени лушпести листови, на напречниот пресек четвороаголни. шишарките се колку орев, одрвенети. Во РМ се култивираат следниве видови: Ц. семпервиренс Л. – чемпрес (кипарис) од Медитеранот,… Continue reading ЧЕМПРЕС
ЧЕМРЕН
ЧЕМРЕН – средновековен град/ тврдина кај влезот на Црна Река во Мариово. Единствените изворни вести се зачувани кај биографот на Стефан Душан, кој вели дека градот Чемрен потпаднал под српска власт истовремено со српското освојување на градовите Охрид и Прилеп, при Душановиот воен налет на југ (1334). ЛИТ.: Т. Томоски, Македонија низ вековите. Градови, тврдини,… Continue reading ЧЕМРЕН
ЧЕМЧЕВ, Вангел
ЧЕМЧЕВ, Вангел (Лаки) (Воден, Егејскот дел на Македонија, Р.Гр., 4. Ⅳ 1937) – филмски и телевизиски монтажер, режисер и сценарист. Во „Вардар филм“ се вработува во 1959 г. како асистент-монтажер. Како монтажер на игран филм дебитира со филмот „Македонска крвава свадба“ (1967). Реализирал повеќе од 100 филма, од кои 11 се играни. Автор е (како… Continue reading ЧЕМЧЕВ, Вангел
ЧЕПИНЧИЌ, Мирослав
ЧЕПИНЧИЌ, Мирослав (Стари Трг, 18. Ⅳ 1941) – филмски критичар и телевизиски режисер. По дипломирањето на Филозофскиот факултет во Скопје, се занимава со филмска критика и публицистика. Извесен период работи во Македонската телевизија како режисер, а од 1984 г. до пензионирањето работи во Кинотеката на Македонија, каде систематски го истражува домашното филмско наследство. Автор е… Continue reading ЧЕПИНЧИЌ, Мирослав
ЧЕПРЕГАНОВ, Методие Василев
ЧЕПРЕГАНОВ, Методие Василев (Штип, 28. Ⅵ 1936) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Скопје (1964) и се вработил на Нервната клиника (1964–2001), каде што бил и директор (1988– 1995). Специјализирал (1968) и докторирал (1984) од областа на неврофизиологијата. Еден од најеминентните претставници на неврофизиологијата кај нас, епилептолог и… Continue reading ЧЕПРЕГАНОВ, Методие Василев
ЧЕПРЕГАНОВ, Михаил
ЧЕПРЕГАНОВ, Михаил (Штип, 8. Ⅲ 1929) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1984 до пензионирањето во 1989 г.) по групата предмети Организација, технологија и економика на градбата. Специјализирал монтажна станбена изградба во СССР (1966). Пред изборот за доцент (1974) работел во Заводот за станбено-комунално стопанисување. Магистрирал во ИЗИИС (1972), докторирал… Continue reading ЧЕПРЕГАНОВ, Михаил
ЧЕПРЕГАНОВ, Тодор
ЧЕПРЕГАНОВ, Тодор (Штип, 20. Ⅸ 1955) – историчар, научен советник и директор на Институтот за национална историја во Скопје. Основно училиште завршил во Штип, гимназија во Скопје, а дипломирал на Филозофскиот факултет (Група историја, 1979). Откако се вработил како асистент во ИНИ (1979), магистрирал на тема „Одгласот на Ослободителната војна и револуција во Ју-Тодор Чепреганов… Continue reading ЧЕПРЕГАНОВ, Тодор
ЧЕРЕПНАЛКОВСКИ, Илија Софрев
ЧЕРЕПНАЛКОВСКИ, Илија Софрев (Галичник, 2. Ⅷ 1932) – машински инженер. Дипломирал на Машинскиот факултет во Бел-град (1959). Работел во Свиларниот комбинат во Велес (1959 –1961), во Ремонтниот завод за локомотиви – Скопје (1961–1964), во Енергетика на Рудници и железарница – Скопје (1964–1970) и на Машинскиот факултет во Скопје (1970–1997). Во 1962 г. е избран за… Continue reading ЧЕРЕПНАЛКОВСКИ, Илија Софрев
ЧЕРНОДРИНСКИ, Војдан
ЧЕРНОДРИНСКИ, Војдан (с. Селци, Дебарско, 2. И 1875 – Софија, 8. И 1951) – основоположник на македонската драмска литература и на македонската театарска дејност, поет, драмски автор, општественик, публицист. Во 1894 г., заедно со неколкумина соученици Македонци во Првата машка гимназија во Софија, ја формира театарската група „Македонски зговор“, за чиј репертоар ги пишува едночинките… Continue reading ЧЕРНОДРИНСКИ, Војдан
ЧЕРНОЗЕМСКИ, Владо
ЧЕРНОЗЕМСКИ, Владо (с. Каменица, Велинградско во РБ, 19. Х 1897 – Марсеј, Франција, 9. Х 1934) – атентатор на михајловистичката ВМРО, ликвидатор на истакнати македонски дејци, како и на југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Вистинското име му е Величко Димитров Керин, Бугарин, шофер и саатчија во Софија, познат во ВМРО како „Владо шоферот“, со фалсификувани документи… Continue reading ЧЕРНОЗЕМСКИ, Владо
ЧЕРНОПЕЕВ, Христо
ЧЕРНОПЕЕВ, Христо (с. Дерманци, Плевенско, Бугарија, 16. Ⅶ 1869 – Криволак, Неготинско, 5. Ⅺ 1915) – Бугарин, подофицер во бугарската армија (до 1899), илинденски војвода. Во ТМОРО бил придобиен од Г. Делчев, станал близок соработнк на Сандански, потоа кукушки војвода (од 1900) и војвода во Горноџумајско (1901–1902). Учествувал во пленувањето на мис Елен Стон и… Continue reading ЧЕРНОПЕЕВ, Христо
ЧЕРУПКАРИ
ЧЕРУПКАРИ (Острацода) – многу ситни ракчиња. Живеат на дното, поретко планктонски, во мориња и во копнени води. Името го добиле од зборот остраеон гр. черупка, бидејќи телото им е заштитено со черупка од два капака. Претставени се со 2.000 рецентни и околу 12.000 фосилни видови. Од оваа група ракчиња во Македонија има 172 вида, од… Continue reading ЧЕРУПКАРИ
ЧЕТВОРКА
ЧЕТВОРКА (чифтелија) – жичен бордунски музички инструмент од персиско-арапско потекло, од фамилијата тамбури. Според обликот не се разликува од другите тамбури. Има четири жици, наштимани двогласно во два пара. На првите жици се свири главната мелодија, а на другиот чифт се бордунира. На неа се музицира соло, но почесто ги придружува народните песни. ЛИТ.: Д-р… Continue reading ЧЕТВОРКА
ЧЕТВОРОЕВАНГЕЛИЕ ОД МАНАСТИРОТ СЛЕПЧЕ
ЧЕТВОРОЕВАНГЕЛИЕ ОД МАНАСТИРОТ СЛЕПЧЕ – македонски ракопис од 1548 год. Од 1950 год. се чува во Народната библиотека на Србија (Белград), сигн. Рс 102 (И + 263 хартиени листови). Јазичните особености упатуваат на западномакедонско потекло на ракописот. На последниот 263 л. писарот го забележал своето име Висарион. Истиот писар во Златоустот во НБКМ, бр. 187,… Continue reading ЧЕТВОРОЕВАНГЕЛИЕ ОД МАНАСТИРОТ СЛЕПЧЕ
ЧЕТВРТА ЗЕМСКА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КПЈ
ЧЕТВРТА ЗЕМСКА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КПЈ (Љубљана, 24–25. ⅩⅠⅠ 1934). Одржана е по сугестија на Коминтерната. Била донесена и резолуција за националното прашање, во која на национално потиснатите народи во Југославија им се признава правото на самоопределување до отцепување, кое може да се реализира со заедничка борба. Било донесено и решение за формирање национални комунистички партии… Continue reading ЧЕТВРТА ЗЕМСКА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КПЈ
ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА МЕРИДА
ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА МЕРИДА – автономна област, формирана по паѓањето на Македонија под римска власт (168 г. пр. н.е.), со одлука на римскиот Сенат. На претставниците на македонските градови одлуката им ја соопштил римскиот конзул Емилиј Павел на Собранието во Амфиполис (167 г. пр. н.е.). Ги зафаќала западните делови на Македонија (Горна Македонија), до Епир и… Continue reading ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА МЕРИДА
ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА
ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (Лисец, на пл. Плачковица, 24. Ⅶ 1944 – 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од Плачковичкиот НОПО, делови од Втората и Третата македонска НОУ бригада и од новопристигнати борци. Водела борби против бугарските сили кај с. Митрашинци, Беровско (14. Ⅷ), на пл. Плачковица (16. Ⅷ), кај Берово… Continue reading ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА
ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА ШИПТАРСКА
ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА ШИПТАРСКА (АЛБАНСКА) УДАРНА БРИГАДА (позната и како Седма македонско-шиптарска НО бригада) (пл. Караорман, Струшко, 26. Ⅷ 1944 – 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од шиптарскиот НОПО и од новопристигнати борци од албанска националност од Девенија, Хрватска и Македонија. Борците на Четвртата македонска народноослободителна бригада (1944) Борци на Четвртата… Continue reading ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА ШИПТАРСКА