ЦВЕТКОСКИ, Бранко

ЦВЕТКОСКИ, Бранко (с. Слатино, Охридско, 21. Ⅵ 1954) – поет, литературен критичар, есеист, преведувач, новинар, издавач. Повеќе години ја водел културната рубрика на в. „Нова Македонија“. Бил главен уредник во издавачката куќа „Култура“, редактор на литературното списание „Стремеж“ од Прилеп, директор-сопственик на издавачката куќа „Макавеј“ во Скопје. БИБ.: Свиок, поезија, 1981; Високи ветрови, поезија, 1985;… Continue reading ЦВЕТКОСКИ, Бранко

ЦВЕТНИЦИ

ЦВЕТНИЦИ – христијански православен празник што се чествува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и народот береле цвеќе и врбови гранки од дрвјата и со нив и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Познат е и како Цветоносна недела или Врбица. Се празнува во неделата пред… Continue reading ЦВЕТНИЦИ

ЦВЕЌАРСТВОТО ВО РМ

ЦВЕЌАРСТВОТО ВО РМ. Организирано се развива од седумдесттите години на ⅩⅩ в., во заштитени простори и на отворено (вкупно на околу 20 ха). Се произведуваат околу 20 вида цвеќе: режен цвет (каранфил, гербера, стрелиција, кала, трендафили, хризантема, крин, гладиола, ирис, алстроемерија, еустома); саксиски цвеќиња; луковици и клубени (гладиола, крин, лијатрис, ирис); едногодишни и двегодишни сезонски… Continue reading ЦВЕЌАРСТВОТО ВО РМ

ЦВИИЌ, Јован

ЦВИИЌ, Јован (Лозница, Србија, 12. Ⅹ 1865 – Белград, 16. И 1927) – српски географ, унив. професор, академик. Основно образование завршил во Лозница, а гимназија во Белград. Дипломирал на Групата за географија на Високата школа во Белград (1888). Една година работел како професор во Втората белградска гимназија, потоа заминал на специјализација на Универзитетот во Виена,… Continue reading ЦВИИЌ, Јован

ЦВРСТ КОМУНАЛЕН СМЕТ

ЦВРСТ КОМУНАЛЕН СМЕТ – градовите и селата се дефинираат како урбани и рурални екосистеми, кои се одликуваат со промет на материи и енергија неопходни за исхрана на граѓаните и за производството. По нивното искористување не се добиваат само производи, туку и отпадоци што се исфрлаат во животната средина. По искористувањето на ендогената енергија од прехранбените… Continue reading ЦВРСТ КОМУНАЛЕН СМЕТ

ЦЕКИЌ, Душан

ЦЕКИЌ, Душан (псевд. Лешак) (Лесковац, 28. Ⅱ 1878 – Скопје, 5. И 1939) – социјалистички деец. Во 1909 г. ја основал и бил секретар на скопската Социјалдемократска организација. Во 1910 г. учествувал на Првата социјалистичка конференција во Белград. Во 1919 г. е областен секретар на КПЈ за Македонија, а во 1920 пратеник во Парламентот. По… Continue reading ЦЕКИЌ, Душан

ЦЕКОВ, Јордан

ЦЕКОВ, Јордан (Дане) Денков – (Куманово, 15. Ⅶ 1921) – комунистички деец, првоборец, воен командант и артилериски полковник на ЈНА, општественик и публицист. Бил член на СКОЈ (1938), а по Априлската војна учествувал во прибирањето оружје и муниција (12. Ⅹ 1941) за вооружување на Козјачкиот и Карадачкиот НОПО и работел во партиската техника на МК… Continue reading ЦЕКОВ, Јордан

ЦЕЛАКОСКИ, Наум Китев

ЦЕЛАКОСКИ, Наум Китев (с. Мешеишта, Охридско, 24. ⅩⅠⅠ 1937) – математичар, ред. проф. (1984) на Машинскиот факултет. Дипломирал (1960) на ПМФ, магистрирал (1970) во Белград и бил (1971/72) на специјализација во САД. Докторирал (1977) на Факултетот за математика со одбрана на дисертацијата „Прилог кон теоријата на алгебарските структури со асоцијативни операции“. Тој е автор или… Continue reading ЦЕЛАКОСКИ, Наум Китев

ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ

ЦЕМЕНТАРНИЦА „УСЈЕ“ – СКОПЈЕ – индустрија за произЦЕНЕВСКИ Цементарницата „Усје“, Скопје водство на цемент и производи од цемент и друго. Проектирана, градена и пуштена во работа во 1950тите години. Лоцирана е во индустриската зона и е наречена според некогашното село Усје. Цементот се добива со мешање на измелен клинкер и гипс. Клинкерот е производ што… Continue reading ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ

ЦЕНЕВСКИ, Кирил

ЦЕНЕВСКИ, Кирил (Крива Паланка, 28. И 1943) – филмски режисер и сценарист. Студирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје. Со киноаматеризам се занимава уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално е ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот „Цената на градот“ (1970). Го режира филмот „Црно семе“ (1971). По ус-пешното деби, со… Continue reading ЦЕНЕВСКИ, Кирил

ЦЕНТАР ЖУПА

ЦЕНТАР ЖУПА – населба во Дебарско. Се наоѓа на западните падини на планината Стогово, на надморска височина од околу 800 м. Преку локален пат е поврзана со Дебар. Има 800 ж., од кои 714, според статистиката, се регистрирани како Турци и 80 Македонци, сите со македонски како мајчин јазик. Значаен број од населението се наоѓаат… Continue reading ЦЕНТАР ЖУПА

ЦЕНТАР ЗА ИСПИТУВАЊЕ И КОНТРОЛА НА ЛЕКОВИТЕ

ЦЕНТАР ЗА ИСПИТУВАЊЕ И КОНТРОЛА НА ЛЕКОВИТЕ – единица на Фарм. ф. што врши наставно-научна и апликативна дејност во областа на испитувањето и контролата на лековите, по овластување од Министерството за здравство. Во ноември 2006 добива сертификат за акредитација од Институтот за акредитација на РМ, за потврда дека се исполнети барањата на стандардот МКСЕНИСО/ИЕЦ 17… Continue reading ЦЕНТАР ЗА ИСПИТУВАЊЕ И КОНТРОЛА НА ЛЕКОВИТЕ

ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕНА НА РАДИОИЗОТОПИ ВО НАУКАТА И СТОПАНСТВОТО

ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕНА НА РАДИОИЗОТОПИ ВО НАУКАТА И СТОПАНСТВОТОСКОПЈЕ – формиран е во 1964 г. за потребите на науката и стопанството и функционира до 2003 г. кога паѓа во стечај. Во лабораториите имало опрема за спектроскопија и за следење на радиолошката состојба на околината, во значителен дел обезбедена од Меѓународната агенција за атомска… Continue reading ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕНА НА РАДИОИЗОТОПИ ВО НАУКАТА И СТОПАНСТВОТО

ЦЕНТРАЛЕН ДЕПОЗИТАР ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, АД СКОПЈЕ

ЦЕНТРАЛЕН ДЕПОЗИТАР ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, АД СКОПЈЕ – институција на пазарот на капитал, која врши две главни активности: (1) регистрација на сопственоста на хартиите од вредност и (2) порамнување, т.е. размена на хартии од вредност и пари, врз основа на склучените трансакции со хартии од вредност. Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ) е… Continue reading ЦЕНТРАЛЕН ДЕПОЗИТАР ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, АД СКОПЈЕ

ЦЕНТРАЛЕН МАКЕДОНСКИ СИЛОГОС

ЦЕНТРАЛЕН МАКЕДОНСКИ СИЛОГОС (Атина, 1902). Формиран од браќата Теохарис и Маврудис Геројанис. Развил пропагандна дејност за претставување на грчките гледишта за состојбите во Македонија, особено во времето и по Илинденското востание; организирал и испраќал чети во Македонија. Од 1905 г. го издавал весникот „Александар Велики“. Заедно со неколку други здруженија, се обединил во Панмакедонскиот силогос… Continue reading ЦЕНТРАЛЕН МАКЕДОНСКИ СИЛОГОС

ЦЕНТРАЛИЗАМ

ЦЕНТРАЛИЗАМ (1893–) – идеологија и систем за организирање на дејствувањето на МРО и за уредување на проектираната независна македонска држава. Идејно осмислен и вграден во Уставот (1896) и применет во практичното револуционерно дејствување на МРО, при организирањето на „Крушевската Република“ (1903) и во Уставот и уставното уредување на македонската држава – НР/СР/ РМ. Централизмот на… Continue reading ЦЕНТРАЛИЗАМ

ЦЕР

ЦЕР – село северозападно од Крушево, со повеќе маалски црквички: „Св. Спас“ (ⅩⅤⅠⅠ в.), „Мицево Црквиче“, „Св. Петка Црквиште“ (сите од доцниот среден век) и „Св. Никола“ (ⅩⅠⅩ в.). Селото Цер, Крушевско ЛИТ.: Т. Смиљаниђ, Кичевија. Насеља и порекло становништва, СКА/СЕЗ, ЛИ, Београд, 1935, 480. М. М.

ЦЕРМАНОВИЌ-КУЗМАНОВИЌ, Александрина

ЦЕРМАНОВИЌ-КУЗМАНОВИЌ, Александрина (1928 – 2001) – професорка по класична археологија на Филоз. фак. во Белград. Многу нејзини студии од античкиот период на Балканот, почнувајќи од оние за проблемите на Требенишката култура, како и за многуте некрополи, градови и натписи, за стаклото, керамиката и накитот, а особено за култовите од римско време се актуелни и за… Continue reading ЦЕРМАНОВИЌ-КУЗМАНОВИЌ, Александрина

ЦИГАНСКИ ГРОБИШТА

ЦИГАНСКИ ГРОБИШТА (с. Радолишта) – некропола и ранохристијанска базилика на 0,5 км источно од селото, 5 км западно од Струга, во близина на трасата на Виа Егнатиа. На овој локалитет во 1957, 1959, 1976 и 1980 г. целосно била откриена трикорабна ранохристијанска базилика, при што во првите години на истражувањата се откриени петнаесет, а потоа… Continue reading ЦИГАНСКИ ГРОБИШТА

ЦИГАНСКИ РИД

ЦИГАНСКИ РИД (Кочани) – средновековна некропола сместена на возвишение над Кочанска Река, североисточно од центарот на градот. Ископувањата се изведени во 1971 и 1974 г. Зачуваните гробови се камени цисти конструирани од делкани плочи. Откриениот накит – единствениот гробен инвентар – припаѓа на вообичаената продукција за широка употреба од Ⅺ–ⅩⅤⅠⅠⅠ в. ЛИТ.: Е. Манева, Средновековен… Continue reading ЦИГАНСКИ РИД

ЦИЈАНОТОКСИНИ

ЦИЈАНОТОКСИНИ – голема група токсини продуцирани од сино-зелените алги (Цѕанопхѕта) поделени на: циклични пептиди, кои се главно хепатотоксични (пример: микроцистини и нодуларини), алкалоиди со големо невротоксично дејство (пример: анатоксина и сакситоксини), циклични гванидински алкалоиди, кои ја спречуваат синтезата на протеините (пример: цилиндроспермопсин), липополисахариди што предизвикуваат инфламаторни процеси (најчесто се нарекуваат ЛПС токсини) и дерматотоксични алкалоиди… Continue reading ЦИЈАНОТОКСИНИ

ЦИКЛЕВ, Глигор

ЦИКЛЕВ, Глигор (с. Горни Стибол, ПробиШтипско, ? – ќустендил, 1941) – војвода на ВМРО. По Првата светска војна со својата чета го ограбувал населението во источниот Вардарски дел на Македонија. Во 1922 г. ја напуштил ВМРО и се приклучил кон МФРО. Во 1923 г. преминал во Вардарскиот дел на Македонија и соработувал со властите на… Continue reading ЦИКЛЕВ, Глигор

ЦИКОРИЈА

ЦИКОРИЈА (Цицхориум интѕбус) – едногодишно растение од фам. Астерацеае што се одгледува главно заради листовите богати со витамин С, бета-каротин и минерални материии. Се консумира како свежа салата. Интензивен вегетативен раст има при температура на 16–20оС. Се одгледува претеж-Цикорија но со расадување, но и со директна сеидба. Има два сортни типа: лиснати и главичести. Д.… Continue reading ЦИКОРИЈА

ЦИОНИСТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

ЦИОНИСТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА (Битола, 1923) – првата младинска еврејска организација од Македонија што се зачленила во СЖОУ би-ла организацијата „Хатехија“ од Битола (ноем. 1923). По неа во текот на една година се зачлениле сите други еврејски младински здруженија. ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993; Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф а Сепхардиц Цоммунитѕ.… Continue reading ЦИОНИСТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА