ЦЕЛАКОСКИ, Наум Китев

ЦЕЛАКОСКИ, Наум Китев (с. Мешеишта, Охридско, 24. ⅩⅠⅠ 1937) – математичар, ред. проф. (1984) на Машинскиот факултет. Дипломирал (1960) на ПМФ, магистрирал (1970) во Белград и бил (1971/72) на специјализација во САД. Докторирал (1977) на Факултетот за математика со одбрана на дисертацијата „Прилог кон теоријата на алгебарските структури со асоцијативни операции“. Тој е автор или коавтор на повеќе од 40 научни трудови од областа на алгебрата, на четириесетина учебници за високото, средното и основното образование и на значителен број стручни трудови. Бил претседател на СДМИ, продекан на Математичкиот факултет, главен уредник на списанието „Сигма“, соработник во Републичкиот завод за школство. БИБ.: Г. Чупона, Б. Трпеновски, Н. Целакоски, Предавања по виша математика, книга И–Ⅲ, Скопје, 1971–73; Б. Трпеновски, Н. Целакоски, Елементи од нумеричката математика, Скопје, 1978; Диференцијални равенки, кн. И, Скопје, 1982; Дидактика на математиката, Скопје, 1993; Б. Трпеновски, Н. Целакоски, Ѓ. Чупона, Виша математика, кн. И-Ⅳ, Скопје, 1993-1995. ЛИТ.: Развој и состојба на математичките науки во СР Македонија, МАНУ, 1987. Н. Ц. Дневниот весник „Целокупна Б’лгарија“ (1941&1944) „ЦЕЛОКУПНА Б’ЛГАРИЈА“ (Скопје, 24. Ⅴ 1941 – 31. Ⅷ 1944) – единствениот дневен информативно-политички весник на бугарски јазик што излегувал во Скопје во времето на бугарската окупација на Македонија. Директор: Никола Коларов, познат бугарски пропагандист. Во импресумот не е назначено кој е издавач на весникот, но јасно е дека бил орган на окупаторската власт со силна антимакедонска ориентација. Б. П. Ѓ.