ФАКУЛТЕТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ

ФАКУЛТЕТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТСКОПЈЕ (ФМУ) – единствена високообразовна, уметничка и научна институција од областа на музиката во РМ, на која се образуваат кадри неопходни во сите алки на националната музичка култура и образование, Факултетот за музичка уметност, Скопје со што институцијата е од стратешки национален интерес. Основана е под името Висока музичка школа… Continue reading ФАКУЛТЕТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВООХРИД. Основан е со посебен закон (1977) како Факултет за туризам и угостителство, а подоцна е трансформиран во Факултет за туризам и организациони науки. Негов претходник е Вишата туристичка школа во Охрид, основана во 1970 г. Факултетот за туризам и угостителство – Охрид организира додипломски и постдипломски студии од… Continue reading ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО

ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА ВО СКОПЈЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА ВО СКОПЈЕ – високошколска институција основана со закон (1977). Матичната комисија од седум члена со претседател проф. д-р Ванчо Ковачев, го донесла Наставниот план, распишала конкурс и примила 86 редовни и 18 вонредни студенти на студии во прва година. Потоа објавила конкурс и избрала наста-Спортската сала на Факултетот за физичка култура… Continue reading ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА ВО СКОПЈЕ

ФАНЕЛА

ФАНЕЛА – волнена плетена поткошула со кратки ракави, делумно орнаментирана. Се носела под кошулата. Ј. Р.-П.

ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА – институција формирана во 1992 г. по иницијатива на Македонското фармацевтско друштво. Прв претседател бил Д. Туџаров (1992–1996). Основната задача е да ја заштитува и да ја унапредува стручноста на дипломираните фармацевти и етичките должности и права, да го подобрува квалитетот на здравствената заштита, да ги заштити интересите на професијата и… Continue reading ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ, Скопје

ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ, Скопје – научно-наставна институција, основана во 1977 г., како резултат на анализите за постојан дефицит на фармацевтски кадри во Македонија. Иницијативата потекнала од Фармацевтско–козметичката индустрија „Алкалоид“, Градските аптеки, Фармацевтското друштво на СРМ, УЦМН, Универзитетот „Кирил и Методиј“ и Извршниот со-вет на СРМ, со формирање Иницијативен одбор во состав Б. Никодиевиќ, А. Симов и… Continue reading ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ, Скопје

ФАУНА НА МАКЕДОНИЈА

ФАУНА НА МАКЕДОНИЈА – релативно добро е истражена, како според квалитетот на проучувањата, така и според опфатеноста на поодделни таксономски групи. Според последните анализи за богатството Пеперутка (Парнассиус аполо) на биолошката разновидност на земјите во рамките на европскиот континент, нашата земја е рангирана во самиот врв на листата на земји, кои претставуваат значајни центри на… Continue reading ФАУНА НА МАКЕДОНИЈА

ФАША

ФАША“ – албанска фашистичка организација (1941–1944), формирана од Италијанците за поддршка на воспоставувањето на окупаторската власт во окупираниот дел на Македонија. Учествувала во откривањето и ликвидирањето на лица и групи во единиците на Македонската војска. Во 1943 г. се присоединила кон Балистичката организација за заедничко дејствување. Се расформирала во ноември 1944 г. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски,… Continue reading ФАША

ФЕЛДСПАТ

ФЕЛДСПАТ – општ поим за групата силикатни минерали што се нарекуваат фелдспати. По хемискиот состав тоа се силикати на калиумот, натриумот и калциумот и претставуваат изоморфни смеши. Врз основа на хемискиот состав се поделени на две групи: алкални фелдспати (санидит, ортоклас и микроклин) и плагиокласи. Фелдспатите кристализираат мониклинично и триклинично. Влегуваат во составот на магматските… Continue reading ФЕЛДСПАТ

ФЕНИ ИНДУСТРИ

ФЕНИ ИНДУСТРИ“ – КАВАДАРЦИ – металуршки комбинат за производство на фероникел, составен од топилницата во близина на Кавадарци и рудникот за никел „’Ржаново“ на 40 км оддалеченост. Проектирана е во 1970тите, градена е и работи од 1980 г., првобитно како „ФЕНИ“ – Кавадарци, со два прекина во работењето. Со приватизирањето (2001) производството е стабилизирано и… Continue reading ФЕНИ ИНДУСТРИ

ФЕРАТИ-РУСИ, Игбале Османова

ФЕРАТИ-РУСИ, Игбале Османова (Дебар, 1932 – Тетово, 26. И 1975) – спец. гинеколог. Мед. ф. завршила во Скопје. Специјалист по гинекологија и акушерство и прва жена Албанка гинеколог во РМ. Работела во Тетово и има исклучителен придонес во здравственото просветување кај жените од албанска националност и популаризација на Црвениот крст. Д. С.-Б.

ФЕРОЛЕГУРИ

ФЕРОЛЕГУРИ – легури на железото и на некој друг метал во кои железото е застапено со повеќе од 50%. Во Република Македонијасе произведуваат феросилициум, ферохром и др. во „Силмак“ (поранешен ХЕК „Југохром“) во Јегуновце; фероникел во „Фени-индустриес“ (поранешен „ФЕНИ“, т.е. „ФЕНИ-Мак“) во Кавадарци; фероманган и феросилициум во „Скопски легури“ (поранешна Топилница на Рудници и железарница… Continue reading ФЕРОЛЕГУРИ

ФЕС

ФЕС – дел од машката народна носија во периодот на турското владеење. Мажите најчесто носеле црвен фес, околу кој се обмотувала долга бела крпа, во вид на чалма. Крпата била изработена од подебело платно и се носела навртена и преврзана, над ушите, околу фесот, за да се гледа неговиот горен дел или пак се носела… Continue reading ФЕС

ФЕСАЦ аранжман

ФЕСАЦ аранжман (Финанциал анд Ентерприсе Струцтурал Адјустмент Цредит), и двата наменети за реструктурирање на реалниот и финансискиот сектор. Во април 1997 г. ММФ $ одобрува на Македонија т.н. ЕСАФ аранжман (Енханцед Струцтурал Адјустмент Фацилитѕ), а во мај 1997 г., со Светската банка е склучен т.н. САЛ аранжман (Струцтурал Адјустмент Лоан), наменет за финансирање на структурните… Continue reading ФЕСАЦ аранжман

ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИНСТРУМЕНТИ ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ

ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИНСТРУМЕНТИ „ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ“ . (Спасовден, месност Рудина во с. Долнени, Прилепско, 1974–) – традиционален меѓународен дводневен годишен фолклорен фестивал. Во 2007 г. се одржа ЏЏЏИИИ фестивал со учество на 34 фолклорни групи со околу 400 учесници. Неговото отворање започнува со дефиле на учесниците по улиците на Прилеп, а во наредните… Continue reading ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИНСТРУМЕНТИ ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ

ФИГУРАТИВНА УМЕТНОСТ

ФИГУРАТИВНА УМЕТНОСТ. Почетоците на современата македонска уметност се поврзани за фигуративните претстави што имаат свој континуиран развој во текот на целиот ⅩⅩ в. Се појавуваат повеќе стилски изрази, почнувајќи од импресионизмот и експресионизмот (Д. А. Пандилов, Н. Мартиноски, Л. Личеноски), а во 50-тите години интимизмот, фовизмот, надреализмот (В. Ѓорѓиевски, В. Коџоман, С. Куновски). Во 60-тите… Continue reading ФИГУРАТИВНА УМЕТНОСТ

ФИДАНОВА, Славка

ФИДАНОВА, Славка (Тетово, 1. Ⅱ 1920) – првоборец, историчар, унив. професор. Била припадничка на прогресивното младинско и студентско движење, организатор и учесник на Летната студентска колонија во Охрид (1939/40), член на КПЈ (1940), учесник на Покраинската конференција на КПЈ во Македонија (8. Ⅸ 1940) и секретар на МК на КПЈ за Тетово (1941). Поради полициски… Continue reading ФИДАНОВА, Славка

ФИДАНОСКИ, Никола

ФИДАНОСКИ, Никола (Кочо) (с. Битуше, Кичевско, 19. Ⅹ 1946) – сликар и графички дизајнер. Завршил училиште за применета уметност во Скопје (1961&1966), а потоа дипломирал (1971) и магистрирал на Академијата за ликовна уметност во Белград (1971&1973). Се посветил на графичкиот дизајн како ликовен уредник на ревијата „Просветена жена“ (1974&1980), на издавачките куќи „Мисла“ (1980& 1990)… Continue reading ФИДАНОСКИ, Никола

ФИЗИКА МАКЕДОНИКА

ФИЗИКА МАКЕДОНИКА“ („Пхѕсица Мацедоница“) – научно списание што го издава Институтот за физика, во кое се публикуваат главно неговите членови. Излегува од 1998 г. како наследник на „Годишен зборник – физика“. Објавени се 7 тома. В. Ур.

ФИЗИОЛОШКИ ГРУПИ БАКТЕРИИ

ФИЗИОЛОШКИ ГРУПИ БАКТЕРИИ – бактерии што живеат во почвата и во водата и учествуваат во кружењето на биогените елементи во природата. Физиолошките групи бактерии претставуваат група бактерии, чија заедничка особина е да покажуваат одредена физиолошка активност – без оглед на нивната системска припадност. Се работи за бактерии што поседуваат екстрацелуларни ензими за разградување на одреден… Continue reading ФИЗИОЛОШКИ ГРУПИ БАКТЕРИИ