БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (17 IX 3 Ⅹ 1916)

БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (17. IX – 3. Ⅹ 1916) – битка помеѓу антантините и војските на централните сили. Српската војска ги нападнала бугарските утврдени позиции (17. IX) и се водела борба човек на човек. Бугарската војска извршила противнапад (26. IX) и повторно ги запоседнала позициите. Српската војска извршила нов силен напад (30. IX), го освоила… Continue reading БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (17 IX 3 Ⅹ 1916)

БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (1949)

БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (1949) меѓу единиците на ДАГ и грчката владина војска. На 4 јули 1949 г. владината војска започнала офанзива против единиците на ДАГ на планината Кајмакчалан. На 8 јули единиците на ДАГ биле поразени и принудени на повлекување. ЛИТ.: д-р Р. Кирјазовски, Народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија 1945–1949,… Continue reading БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (1949)

БИТОЛА

БИТОЛА – град во западниот дел на РМ, со 74.550 ж. (2002). Се наоѓа на преминот од источното подножје на пл. Пелистер и Пелагониската Котлина, од двете страни на р. Драгор. Зафаќа површина од 2.245 ха. Низ градот поминуваат магистралниот пат ОхридБитолаПрилеп (М-5) и железничката пруга, која од Велес, преку Прилеп и Битола, води за… Continue reading БИТОЛА

БИТОЛЈАНУ, Кочо

БИТОЛЈАНУ, Кочо (Крушево, 8.. Ⅰ 1924) – комунистички деец, првоборец и општественик. Како член на МК на СКОЈ е раководител на диверзантските групи во Скопје. Поради таа дејност бил осуден на доживотен затвор (1942-1944). По Ослободувањето бил повереник и секретар на Градскиот народен одбор, раководител на ОЗНА за Македонија и на УДБ за Југославија, државен… Continue reading БИТОЛЈАНУ, Кочо

БИТОЛСКА БИТКА

БИТОЛСКА БИТКА (16–19. XI 1912) – битка помеѓу српската и отоманската војска во Првата балканска војна. Се водела во реонот на с. Гопеш и кај преминот Ѓавато. Во борбите учествувале и македонските месни чети, кои ја ослабувале фронтовската линија на отоманската војска и $ овозможувале прегрупирање и полесно продирање на српската војска. Најтешки борби се… Continue reading БИТОЛСКА БИТКА

БИТОЛСКА ГУСЛАРСКА ШКОЛА

БИТОЛСКА ГУСЛАРСКА ШКОЛА – еден од најзначајните гусларски центри на Балканот. Бил особено познат уште пред доаѓањето на Османлиите. Најчесто се собирале околу црквите и манастирите. Биле здружени во еснаф и имале свои еснафски празници (Св. Петар, Св. Никола, Св. пр. Илија). Имале и свој таен говор. Повремено го обиколкувале целиот Балкан, на исток до… Continue reading БИТОЛСКА ГУСЛАРСКА ШКОЛА

БИТОЛСКА СИНАГОГА ВО ИЗРАЕЛ

БИТОЛСКА СИНАГОГА ВО ИЗРАЕЛ (Јагел Јааков во Ерусалим, во 30-тите год. на ⅩⅩ в.) – храм на Евреите од Битола. Претставувала центар на македонската еврејска заедница „Монастирлија“ формирана во населбата шама, на падините на брегот Ци-он во Израел. ЛИТ.: Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф а Сепхардиц Цоммунитѕ. Тхе Јењс оф Монастир 1839–1943, Нењ Ѕорк, 2003.… Continue reading БИТОЛСКА СИНАГОГА ВО ИЗРАЕЛ

БИТОЛСКА СИНАГОГА ВО САД

БИТОЛСКА СИНАГОГА ВО САД . (Њујорк–Менхетен, 1912) – храм на Евреите иселеници од Битола. Заедницата имала повеќе од 1.000 членови (1915) и до ок. 2.000 членови (1919), со организирана Талмуд Тора со 150 ученици (1919). Битолски еврејски заедници и синагоги имало и во Рочестер (1906). ЛИТ.: Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф а Сепхардиц Цоммунитѕ. Тхе… Continue reading БИТОЛСКА СИНАГОГА ВО САД

БИТОЛСКА СИНАГОГА ВО ЧИЛЕ

БИТОЛСКА СИНАГОГА ВО ЧИЛЕ (Темуко, 1919) – храм на Евреите иселеници од Битола. Првиот иселеник бил кројачот Алберто Леви Аруесте (1900). Во 1919 г. била основана Центро Мацедоницо во Темуко, со повеќе од 40 еврејски семејства што воделе бизнис со трговија на текстил. Еврејската заедница е многу активна. ЛИТ.: Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф а… Continue reading БИТОЛСКА СИНАГОГА ВО ЧИЛЕ

БИТОЛСКИ ВИЛАЕТ

БИТОЛСКИ ВИЛАЕТ . (тур. Манаст›р вилаѕети, 1873–1912) – административно-територијална единица во Османлиската Империја со седиште во Битола, формирана во 1873 г., со повремени територијални промени. Во почетокот го опфаќал речиси целиот Вардарски дел и западната територија од Егејскиот дел на Македонија, навлегувал длабоко на територијата на Албанија, а со помал дел и на грчка територија.… Continue reading БИТОЛСКИ ВИЛАЕТ

БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД (август 1944 – ноември 1944) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Учествувал во борбите за ослободување на Битолско, а потоа влегол во состав на Седмата македонска (битолска) НО бригада. ЛИТ.: Битолските народноослободителни партизански одреди, Битола, 1982; Владо Стрезовски – Ѓорѓи Димовски-Ласков, 7. македонска бригада и 49. дивизија на НОВЈ, Битола,… Continue reading БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ” . (кај с. Лавци, Битолско, септември 1942 – Битолско, крајот на март 1943). Бил наречуван и Народноослободителна партизанска чета. Извршил напад на бугарскиот екипаж кај железничката станица Српци–Беранци (10. XI 1942); поделен по групи, одржувал политички митинзи по битолските села (зимата 1942/43), а потоа влегол во состав на Битолско-преспанскиот… Continue reading БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДПЕЛИСТЕР”. (над с. Лавци, Битолско, 22. Ⅳ – Ореовска Планина, кај с. Ореово, Битолско, 3Ⅴ1942). Бил формиран од 19 борци и вршел главно обука на борците. Откако бил лоциран од бугарската војска и полиција (2. В), наредниот ден бил опкружен и наполно разбиен, со 5 загинати борци, а преостанатите успеале да… Continue reading БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

БИТОЛСКИ НАТПИС

БИТОЛСКИ НАТПИС – значаен македонски епиграфски споменик од 1015–1016, откриен при рушењето на битолската Чауш-џамија (1956) и се чува во Битолскиот музеј. Натписот е издлабен врз правоаголна мермерна плоча и содржи вкупно дванаесет реда. Дел од текстот е оштетен, бидејќи плочата долго време била користена како праг при влезот на џамијата. Натписот е испишан по… Continue reading БИТОЛСКИ НАТПИС

БИТОЛСКИ ТРИОД

БИТОЛСКИ ТРИОДмакедонски ракопис од Ⅻ в. Го пронашол Јордан Иванов во 1907 г. во Бугарското трговско претставништво во Битола, каде што бил доне-сен од околните села во 1898 г. Тој ги дава првите податоци за ракописот, а детален опис подоцна (1969) прави Христо Кодов во својот Опис на ракописите. Пишуван е на пергамент… Continue reading БИТОЛСКИ ТРИОД

БИТОСКИ, Крсте

БИТОСКИ, Крсте (с. Габреш, Костурско, 15. IX 1926 – Скопје, ?, 200?) – историчар, научен советник на Институтот за национална историја во Скопје. Завршил Филозофски факултет – Група историја (1956) и докторирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје со дисертацијата „Дејноста на Пелагониската митрополија (1878– 1912)” (1965). На-учната кариера до пензионирањето ја минал… Continue reading БИТОСКИ, Крсте

БИТРАКОВА ГРОЗДАНОВА, Вера

БИТРАКОВА ГРОЗДАНОВА, Вера . (Охрид, 19. Ⅶ 1939) – археолог, унив. професор. Гимназија завршила во Охрид (1958), а дипломирала на Отсекот за археологија на Филозофскиот факултет во Загреб (1963). Од 1963 до 1972 г. работела како кустос по античка археологија и нумизматика во Народниот музеј во Охрид. Во тој период вршела ископувања во Охрид и… Continue reading БИТРАКОВА ГРОЗДАНОВА, Вера

БИТУМЕНСКИ ПРОИЗВОДИ БИМ

БИТУМЕНСКИ ПРОИЗВОДИ БИМ“. – Свети Николе – фабрика за производство, пласман и вградување битуменски хидроизолациски материјали. Работи од 1957 г. Во 1976 г. е пуштена нова фабрика со 124 вработени, со капацитет од 25.000 тони изолациски материјали и асортиман од 100 производи. Приватизирана е од 1991 г. и оттогаш е акционерско друштво. Има сертификат ИСО… Continue reading БИТУМЕНСКИ ПРОИЗВОДИ БИМ

БИЦЕВСКА, Кита

БИЦЕВСКА, Кита (с. Малино, Светиниколско, 10. Ⅱ 1946) – филолог, редовен проф. на Филолошкиот факултет (Катедра за славистика) во Скопје. Основно училиште и гимназија завршила во Свети Николе (1965), а Филозофски/Филолошки факултет (славистика) во Скопје (1969). Магистрирала на темата „Јазичните особености на Карпинскиот апостол“ (1977), а докторирала на темата „Правописни и фонетски особености во македонските… Continue reading БИЦЕВСКА, Кита

БИЦЕВСКИ, Петре Ристов

БИЦЕВСКИ, Петре Ристов (с. Горно Пожарско, Воденско, 19. Ⅹ 1939) – раскажувач, романсиер, фолклорист и сликар. Во времето на Граѓанската војна во Грција со семејството го напуштиле родното село и се доселиле во с. Ерџелија, Светиниколско (1948). Завршил средно земјоделско училиште во Струмица (1964) и Виша педагошка школа во Скопје (1968). Работел како наставник по… Continue reading БИЦЕВСКИ, Петре Ристов

БИЦЕВСКИ, Трпко Ристов

БИЦЕВСКИ, Трпко Ристов (с. Пожарско, Воденско, Егејскиот дел на Македонија, 5. Ⅲ 1938) – етномузиколог, мелограф и композитор, научен советник и истражувач на вокалната народна музика во Одделот за народна музика во Институтот за фолклор „Марко Цепенков” во Скопје, во пензија. Во времето на Граѓанската војна во Грција, заедно со семејството, преминал во НРМ. Основно… Continue reading БИЦЕВСКИ, Трпко Ристов