ДЕЛЕГАТИ ОД МАКЕДОНИЈА НА ВТОРОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АВНОЈ

ДЕЛЕГАТИ ОД МАКЕДОНИЈА НА ВТОРОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АВНОЈ (Јајце, 29. XI 1943) – вкупно 42 избрани или кооптирани делегати, кои, поради отежнатите воени услови, не успеале да присуствуваат на Заседанието. До почетокот на Заседанието, по радио-врска биле пријавени само 7 избрани делегати, но и покрај нивното отсуство, Верификациониот одбор на АВНОЈ ги прифатил нивните мандати… Continue reading ДЕЛЕГАТИ ОД МАКЕДОНИЈА НА ВТОРОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АВНОЈ

ДЕЛЕГАТСКИ СИСТЕМ ВО СРМ

ДЕЛЕГАТСКИ СИСТЕМ ВО СРМ -. облик на остварување на правото на самоуправување на работниците и граѓаните и облик на поврзување на одлучувањето и управувањето со општествените работи, од дното до врвот на уставниот систем. Воведен е како изборен систем со Уставот на СРМ од 1974 г. Во СРМ се спроведени четири делегатски избори (1974, 1978,… Continue reading ДЕЛЕГАТСКИ СИСТЕМ ВО СРМ

ДЕЛИИВАНОВ, Петар

ДЕЛИИВАНОВ, Петар (Туше) Иванов (Кукуш, 13. Ⅹ 1869 – Софија, 14. Ⅰ 1950) – учител, деец на ТМОРО и публицист. Завршил гимназија во Солун, потоа бил учител во родниот град. Гоце Делчев го примил за член на ТМОРО (1894) и заедно учителствувале во Штип. Како претседател на Кукушкиот револуционерен комитет на ТМОРО, бил уапсен (1901),… Continue reading ДЕЛИИВАНОВ, Петар

ДЕЛИЏАКОВА СТРАЛА, Марија Периклова

ДЕЛИЏАКОВА СТРАЛА, Марија Периклова (Битола, 7. Ⅱ 1924 – Скопје, 5. Ⅻ 1991) – педијатар-неонатолог, вонреден проф. на Мед. ф. Студиите ги започнува во Софија, а дипломира во Бел-град. Специјализира на Детската клиника при Мед. ф. во Скопје, а хабилитира во 1961/62. Пионер е во откривањето на цистичната фиброза кај децата. Раководела со одделенијата за… Continue reading ДЕЛИЏАКОВА СТРАЛА, Марија Периклова

ДЕЛЈАН, Петар

ДЕЛЈАН, Петар (Ⅹ–XI в.) – син на Гаврил Радомир и на унгарска принцеза, водач на востание. Се родил во Унгарија, каде што се засолнила неговата бремена мајка кога била протерана од својот сопруг. Живеел на унгарскиот кралски двор, каде што се обучувал во воените вештини и станал многу вешт и опитен во војувањето. Во пролетта… Continue reading ДЕЛЈАН, Петар

ДЕЛЧЕВ, Георги Гоце

ДЕЛЧЕВ, Георги Гоце (Кукуш, 4. Ⅱ 1872 – с. Баница, Серско 4. Ⅴ 1903) – идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење во крајот на ⅩⅠⅩ и почетокот на ⅩⅩ в. Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887), во Солун, во Бугарската гимназија „Св. Кирил и Методиј” (1888– 1891)… Continue reading ДЕЛЧЕВ, Георги Гоце

ДЕЛЧЕВ, Димитар

ДЕЛЧЕВ, Димитар (Мицо) Николов (Кукуш, 1879 – с. Бајалци, Гевгелиско, 4. Ⅱ 1901) – комита, помлад брат на Гоце Делчев. Се школувал во родниот град и во егзархиската гимназија во Солун, каде што станал член на ТМОРО. Како организатор на бунтот на учениците против самоволијата на директорот, бил исклучен од гимназијата (1896), па со помош… Continue reading ДЕЛЧЕВ, Димитар

ДЕЛЧЕВ, Ѓорѓи Димитров

ДЕЛЧЕВ, Ѓорѓи Димитров (с. Давидово, Гевгелиско, 24. Ⅰ 1927 – ) – педагог, универзитетски професор. Завршил Учителска школа и Филозофски факултет во Скопје (1952). Докторирал на Универзитетот во Бордо, Франција (1974). Во 1948 г. бил учител во с. Долен, Неврокопско, Пиринска Македонија. Работел како професор во Учителската школа, а од 1966 г. како асистент и… Continue reading ДЕЛЧЕВ, Ѓорѓи Димитров

ДЕЛЧЕВ, Никола,

ДЕЛЧЕВ, Никола, (Кољо) (Кукуш, 1844 – Горна Џумаја, 1920) – таткото на Гоце Делчев, од еснафско градско семејство. Бил меанџија, тргувал со жито и со стока (овци), поседувал земја во околината на Кукуш, произведувал сопствено вино и ракија, имал неколку стотини овци и сопствени мандра и пастрма. Бил активен во општествениот живот на Кукуш. Женет… Continue reading ДЕЛЧЕВ, Никола,

ДЕЛЧЕВ, Христо Николов

ДЕЛЧЕВ, Христо Николов (Кукуш, 1885 – Софија, 1927) – мануфактурист, најмлад брат на Гоце Делчев. Како член на ТМОРО, се обидел да стане комита во четата на војводата Крсто Асенов (1904), но поради загубата на неговите тројца браќа Мицо (1901), Гоце и Милан (1903), бил одбиен. ЛИТ.: Јован Павловски, Огнено семејство. Спомени на Лика Чопова,… Continue reading ДЕЛЧЕВ, Христо Николов

ДЕЛЧЕВА-НУРЏИЕВА, Султана Јованова

ДЕЛЧЕВА-НУРЏИЕВА, Султана Јованова (Мурарци, Кукушко, 1850 – Кукуш, 1907) – домаќинка, сопруга на Никола Делчев и мајка на девет деца вклучени во македонското револуционерно движење – пет ќерки и четири сина: Руша (родена во 1868 г.), Цоца (1870), Гоце (1872), Тина (1974), Велика (1876), Димитар/Мицо (1879), Елена (1881), Милан (1883) и Христо (1885). Тројца од… Continue reading ДЕЛЧЕВА-НУРЏИЕВА, Султана Јованова

ДЕЛЧЕВА-ЧОПОВА, Руша Николова

ДЕЛЧЕВА-ЧОПОВА, Руша Николова (Кукуш, 1868 – Софија, 9. Ⅵ 1945 ) – првата жена член на ТМОРО, ќерка на Никола и Султана Делчеви, постара сестра на Гоце Делчев и мајка на револуционерите Владимир, Тодор и Туше Чопови. Била член на Првиот револуционерен комитет на ТМОРО во Кукуш (од април 1895). По заминувањето од Кукуш, Г.… Continue reading ДЕЛЧЕВА-ЧОПОВА, Руша Николова

ДЕЛЧЕВО

ДЕЛЧЕВО – град во источниот дел на РМ: 11.500 ж. (2002 г.). Се наоѓа во Пијанечката Котлина, од двете страни на реката Брегалница, на надморска висина од 580 м. Зафаќа површина од 350 ха. Има умерено-континентална клима со просечна годишна температура на воздухот од 10,5°С и просечни годишни врнежи од 515 мм. Со магистралниот пат… Continue reading ДЕЛЧЕВО

ДЕМА, Галип

ДЕМА, Галип (с. Омежи, Албанија, 27. Ⅳ 1919) – правник, општественик и државник. Дипломирал на Правниот факултет во Бел-град. Пред Втората светска војна се вклучил во револуционерното движење и бил учесник во НОАВМ. Носител е на Партизанска споменица 1941. По Ослободувањето бил повереник на околиски и на окружен народен одбор за внатрешни работи, просвета и… Continue reading ДЕМА, Галип

ДЕМА, Хамди

ДЕМА, Хамди (с. Омеши, Пешкопеја, Албанија, ? – Западна Македонија, 1945) – приврзаник на албанскиот крал Зогу. Бил во служба на албанската квислиншка власт и на италијанските окупатори во Македонија (1941-1943). Како капетан на албанската милиција во окупирано Кичево (од 1942), формирал Национален албански комитет, кој соработувал со НОАВМ (29. Ⅵ 1943). Наскоро побарал да… Continue reading ДЕМА, Хамди

ДЕМЕТРИЈ Ⅰ Полиоркет

ДЕМЕТРИЈ Ⅰ Полиоркет (294– 287 г. пр.н.е.) – македонски крал, најмлад меѓу дијадосите, вешт војсководец. Син на Антигон Ⅰ Едноокиот и на Стратоника. Активно му помага на својот татко во борбите со другите дијадоси. По смртта на Александар учествува во воени походи во: Хелада, Палестина, Кипар, Хелеспонт и кај Бабилон. Ја освојува Атина (307), ја… Continue reading ДЕМЕТРИЈ Ⅰ Полиоркет

ДЕМИР КАПИЈА

ДЕМИР КАПИЈА – град во Повардарјето: 3.275 ж. (2002 г.). Се наоѓа на влезот во Демиркаписката Клисура, на местото каде што р. Бошава се влева во Вардар, на надморска висина од околу 100 м. Зафаќа површина од 160 ха. Има променетомедитеранска клима со средна годишна температура на воздухот од 13,6°С и просечна годишна количина на… Continue reading ДЕМИР КАПИЈА

ДЕМИР ХИСАР

ДЕМИР ХИСАР – град во западниот дел на РМ: 2.593 ж. (2002 г.). Се наоѓа во јужниот дел на областа Демир Хисар, на патот БитолаКичево. Зафаќа површина од 250 ха. Се развил од поранешното село Мургашево. За градска населба е прогласен во 2004 г. Населението го составуваат Македонци и сосема мал број Албанци… Continue reading ДЕМИР ХИСАР

ДЕМИР, Фируз Назим

ДЕМИР, Фируз Назим (Штип, 16. Ⅹ 1923 – Скопје, 1988) – комунистички деец, политичар и општественик, од турска националност. Како ученик во Ⅵ клас гимназија, станал член на СКОЈ и илегален организатор на НОБ (1941), поради што бил исклучен од гимназијата, без право на упис во друго училиште. Подоцна станал член на КПЈ и член… Continue reading ДЕМИР, Фируз Назим

ДЕМИР, Хамди Таир

ДЕМИР, Хамди Таир (Скопје, 25. Ⅴ 1917 – 15. Ⅱ 1976) – работник, првоборец и политички деец. Бил член на скоевска група од припадници на турската и албанската националност (крај на ноември 1939). Подоцна и самиот станал секретар на скоевска група (средина на јануари 1941). Наскоро потоа станал и член на КП во партиска ќелија… Continue reading ДЕМИР, Хамди Таир

ДЕМИРЕВ, Стефан

ДЕМИРЕВ, Стефан (Плевен, Бугарија, 15. Ⅹ 1917 – Скопје, 15. Ⅹ 1968) – оперски певец, баритон. Пеење учел приватно кај проф. К. Трпков. Во Операта на МНТ (1948-1968) во почетокот е како член на хорот, а неколку години подоцна како солист. На оперската сцена на МНТ остварил повеќе од 40 улоги од кои поголеми и… Continue reading ДЕМИРЕВ, Стефан

ДЕМНИЕВА КУЗМАНОВСКА, Благојка

ДЕМНИЕВА КУЗМАНОВСКА, Благојка (Велес, 1920 – Скопје, 1999) – наставник, комунистички деец и борец. Како студент на Белградскиот универзитет, била член на КПЈ (1940), на МК на КПЈ и на МК на СКОЈ во Велес (есента 1941). Била уапсена од бугарската полиција (декември 1941), а по шестмесечното иследување е интернирана во Златоград (Бугарија), до почетокот… Continue reading ДЕМНИЕВА КУЗМАНОВСКА, Благојка

ДЕМНИЕВСКИ, Алекса

ДЕМНИЕВСКИ, Алекса (псевд. Бауман) (Велес, 1905 – Белград, 5. IX 1961) – припадник на работничкото и комунистичкото движење, учесник во шпанската граѓанска војна, генерал-потполковник на ЈНА. Бил член на КПЈ (од 1926). Во 1928 г. отишол во СССР, каде што го завршил Комунистичкиот универзитет (1932). Бил на разни должности во Московската об-ласт, а во 1934… Continue reading ДЕМНИЕВСКИ, Алекса

ДЕМОГРАФИЈА

ДЕМОГРАФИЈА – наука за населението. Таа се дефинира како општествена наука за развојот на населението (популацијата). Ги опфаќа како компонентите на природното и механичкото движење, така и промените во структурата на населението. На некои факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” (Економски, Филозофски, Медицински и др.) таа е застапена во наставните планови како предмет формална… Continue reading ДЕМОГРАФИЈА