ГРАШЕВ, Милан (Прилеп, 1880 – Софија, 26. Ⅴ 1924) – новинар и публицист. Како студент бил уредник на илустрираното сп. „Македония“ (Софија, март 1903 – декември 1904), кое во втората година излегувало под наслов „Македонска зора“. Имал негаторски став кон книгата „За македонцките работи“ на К. П. Мисирков и македонскиот национален сепаратизам. Станал еден од… Continue reading ГРАШЕВ, Милан
Архиви: Енциклопедија
Description.
ГРАШОК
ГРАШОК . (Писум сативум Л. ссп. сативум) – едногодишно растение од фам. Фабацеае. Потекнува од Југоисточна Азија, Закавказје и од Етиопија. Во светот се одгледува на околу 10.000.000 ха, најмногу во: Кина, Русија, САД, Англија, Холандија, Италија, Франција и во Белгија. Се консумира младото зрно (семе) во готвена состојба, конзервирано или смрзнато. Главно содржи протеини,… Continue reading ГРАШОК
ГРАШОК, ДОБИТОЧЕН
ГРАШОК, ДОБИТОЧЕН . (Писум сативум ссп. арвенсе Л.) – бил одгледуван за зрното 5.000–6.000 години пред н.е. Се одгледува за кабаста добиточна храна: зелена, сено, силажа, сенажа, се дехидрира и потоа се брикетира или за зрно во концентрати, на 1.708 ха, со 4.831 кг/ха сено, а во поново време површините се зголемуваат. Во Република Македонијане… Continue reading ГРАШОК, ДОБИТОЧЕН
ГРБИЌ, Миодраг
ГРБИЌ, Миодраг (Сремски Карловци, Србија, 25. Ⅻ 1901 – Бел-град, Србија 30. Ⅵ 1969) – археолог. Дипломирал и докторирал археологија на Карловиот универзитет во Прага (1925). Работел во Народниот музеј во Прага и во Археолошкиот институт, а од 1926 г. работел во Белград, Скопје и во Нови Сад. Го истражувал неолитот на Балканот, особено на… Continue reading ГРБИЌ, Миодраг
ГРБОВИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
ГРБОВИТЕ НА МАКЕДОНИЈА -. земски хералдички знаци на Македонија и македонската држава во минатото и во современоста, составени од цртани или релјефни елементи (лав, петокрака ѕвезда, житни класје, лента и сл.). Грбовите се среќаваат како самостојни апликации, но и на штитови, знамиња, печати, монети и сл. Најстариот познат грб е македонската осмокрака или шеснаестокрака ѕвезда… Continue reading ГРБОВИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
ГРДАНОСКИ, Стеван Спиров
ГРДАНОСКИ, Стеван Спиров (Прилеп, 14. XI 1934) – спец. епидемиолог, полковник. Дипломирал на Мед. ф. Скопје (1961), специјализирал на ВМА (1968) и примариус од 1975 г. Бил началник на Епидемиолошкото одд. во ИПМ, потоа управник на ИПМ и заменик-управник на ЦВЗУ во Скопје; претседател на МЛД (1983). Автор е на над 80 стручни публикации. Сл.… Continue reading ГРДАНОСКИ, Стеван Спиров
ГРИВЧЕВ, Васил
ГРИВЧЕВ, Васил (Александрија, Египет, 4. Ⅲ 1922 – 4. Ⅶ 1996) – економист, унив. професор и политичар. Завршил средно економско училиште и работел како книговодствен чиновник во „Треска“ А. Д. Скопје (1940), а потоа во Фабриката за килими во Скопје. Бил член на КПЈ (1941) и учесник во НОАВМ (1943). По Ослободувањето бил потпретседател на… Continue reading ГРИВЧЕВ, Васил
ГРИГОРИЈ Ⅱ охридски архиепископ
ГРИГОРИЈ Ⅱ – охридски архиепископ (1356-1378). Бил сведок на османлиските навлегувања на Балканот. Спомнат е во натпис над западната врата на капелата „Св. Климент” во Охрид (1364/ 1365), во натписот на капелата „Св. Григориј Богослов” во Перивлепта (1364/1365), во ктиторскиот натпис на црквичката „Мал (Стар) Свети Климент” (1378) и во судскиот акт на деспотот Углеша… Continue reading ГРИГОРИЈ Ⅱ охридски архиепископ
ГРИГОРИЈ Ⅲ охридски архиепископ
ГРИГОРИЈ Ⅲ – охридски архиепископ (1550 и 1557). Зачуван е негов потпис со зелено мастило на еден пергаментен запис во збирката на В. Григорович во Румјанцовиот музеј во Москва. ЛИТ.: Иван Снегаров, История на Охридската архоепископия, т. 2, От падането $ под турците до нејното униÈожение (1394– 1767), София, 1931; Јован Белчовски, Хронолошки список на… Continue reading ГРИГОРИЈ Ⅲ охридски архиепископ
ГРИГОРИЈ ПЕЛАГОНИСКИ
ГРИГОРИЈ ПЕЛАГОНИСКИ (втората половина на ⅩⅤⅠ в.) – епископ прилепски и пелагониски, автор на макед. превод на зборникот „Сокровиште” од Дамаскин Студит. Името му фигурира во насловот на две слова, за неделите на Митарот и фарисејот и за Блудниот син. Спомнат е и во еден натпис во олтарот меѓу апсидата и ѓакониконот на црквата од… Continue reading ГРИГОРИЈ ПЕЛАГОНИСКИ
ГРИГОРОВИЧ, Виктор Иванович
ГРИГОРОВИЧ, Виктор Иванович (1810-1876) – руски славист од украинско потекло, иницијатор во процесите на словенската пробуда и преродба на Македонците, професор и титулар на катедрите по словенска филологија на универзитетите во Казан, Одеса и Москва кон средината на ⅩⅠⅩ в., афирматор на словенската народонаука во Русија, сестран зналец на Словенскиот Југ, аниматор на кирилометодиевското прашање… Continue reading ГРИГОРОВИЧ, Виктор Иванович
ГРИГОРОВИЧЕВО ЕВАНГЕЛИЕ бр
ГРИГОРОВИЧЕВО ЕВАНГЕЛИЕ бр. 9 – македонски кирилски ракопис од 1301-1307 г. Се чува во РГБ – поранешна Ленинова (ГБЛ), во Москва под бр. 1691. Составено е од 38 л. пергамент и 20 л. бомбицина. Кодексот е заведен под бр. 9 во збирката на В. И. Григорович, кој го донел од своето патување низ европска Турција… Continue reading ГРИГОРОВИЧЕВО ЕВАНГЕЛИЕ бр
ГРИЗЕБАХ, Аугуст
ГРИЗЕБАХ, Аугуст (Аугуст Хеиндрицх Рудолпх Грисебацх) (1814– 1879) – германски ботаничар, еден од основоположниците на фитогеографијата. Во периодот од 29. Ⅵ – 21. Ⅶ 1839 г. престојувал во Македонија (ги посетил Пелистер и шар Планина), а на Пелистер (2. Ⅶ 1839) ја открил моликата – пелистерскиот бор Аугуст Гризебах (Пинус пеуце Грисеб.). На шар Планина… Continue reading ГРИЗЕБАХ, Аугуст
ГРИЗО, Александар
ГРИЗО, Александар (Солун, ? 1919 – Скопје, 2004) – истакнат универзитетски професор, научник и стопанственик. Гимназија завршил во Битола, а дипломирал и докторирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград. Неговата педагошка дејност е забележителна на универзитетите во Скопје и во Белград. Бил декан на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, основач на Институтот за хемиско инженерство, основоположник на… Continue reading ГРИЗО, Александар
ГРИЗО, Наум
ГРИЗО, Наум (Скопје, ? 1939) – универзитетски професор, правник. Основно и средно образование завршил во родниот град, каГригоровичев паримејник: заставки и иницијали Наум Гризо де што дипломирал (1965) и докторирал на Правниот факултет, на тема „Развој и облици на научната мисла за организациите“ (1975). На истиот факултет е избран за асистент (1971), а потоа и… Continue reading ГРИЗО, Наум
ГРЛИЧКОВ, Александар
ГРЛИЧКОВ, Александар (Штип, 18. Ⅰ 1923 – Струга, 26. Ⅶ 1989) – државник, политички деец, економист и теоретичар. Основно и средно образование завршил во родниот град (1941). Студирал на Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Софија. Поради учеството во НОБ од 1942 г. често бил затворан, па морал да ги напушти студиите. По Ослободувањето, и покрај… Continue reading ГРЛИЧКОВ, Александар
ГРМУШАРКИ или коприварчиња
ГРМУШАРКИ или коприварчиња (Сѕлвиа) – род ситни птици од фамилијата грмушарки (Сѕлвидае), кои населуваат отворени терени со џбунеста вегетација. Во Европа се регистрирани 12 вида, од кои 8 се среќаваат и кај нас: пегаво копривар£е (Сѕлвиа нисориа), орфејово копривар£е (Сѕлвиа хортенсис), градинарско копривар£е (Сѕлвиа борин), црноглаво копривар£е (Сѕлвиа атрицапилла), мало црноглаво копривар£е (Сѕлвиа меланоцепхала), црвеногушесто… Continue reading ГРМУШАРКИ или коприварчиња
ГРНАРОВ, Аксенти
ГРНАРОВ, Аксенти (Кратово, 17. Ⅲ 1948) – ред. проф. на ЕТФ во Скопје. Докторирал на ЕТФ во Белград. Работел во Институтот „М. Пупин” во Белград на развојот на хибриден компјутер. Тој е основач и раководител на Институтот за компјутерска техника и информатика на ЕТФ во Скопје. Предавал на Универзитетите во Ниш и во Белград и… Continue reading ГРНАРОВ, Аксенти
ГРНЕТА
ГРНЕТА (кларинет) – народен термин за фабрички произведениот дувачки музички инструмент. Во народната музичка практика е застапен во различни инструментални состави, а најчесто во инструменталниот состав наречен чалгија, каде што, заедно со виолината, ја изведува водечката мелодиска линија. Се смета за многу погоден за импровизирање, посебно во средишниот дел на изведбите. Ѓ. М. Ѓ.
ГРНЧАРОВ, Георги
ГРНЧАРОВ, Георги (Горна Џумаја, 6. XI 1922 – с. Ѕвегор, Делчевско, 16. IX 1944) – антифашист, учесник во антифашистичкото партизанско движење (Ⅶ 1941). Учествувал во собирањето оружје од територијата на Вардарскиот дел на Македонија. Бил борецпартизан (1943). Се пријавил како доброволец во борбите против германскиот окупатор во Вардарскиот дел на Македонија (по 9. IX 1944).… Continue reading ГРНЧАРОВ, Георги
ГРНЧАРОВА-ИВАНОВА, Маслина
ГРНЧАРОВА-ИВАНОВА, Маслина (с. Загоричани, Костурско, 1874–1958) – учителка и деец на ТМОРО. Ја завршила Солунската женска гимназија. Како учителка во Димотика (Тракија), станала член на ТМОРО (1895). Потоа би-ла учителка во Сорович и Зеленич. Вршела курирски должности, а со учителката Елена Минасова го извезла знамето на Д’мбенската чета на ТМОРО. Во родното село имала средба… Continue reading ГРНЧАРОВА-ИВАНОВА, Маслина
ГРОБАРИ
ГРОБАРИ (Силпхидае) – сештојадни тврдокрилни инсекти. Живеат претежно на животински мрши со кои се исхрануваат. Имаат сплескано тело. Кога се во опасност испуштаат смрдлив секрет од аналните жлезди, со што се бранат од непри-Гробар – сештојад тврдокрилен инсект јателот. Познат вид во Македонија е обичниот гробар (Нецропхорус веспилло Л.). Единките од овој вид навлегуваат во… Continue reading ГРОБАРИ
ГРОЗДАНОВ, Мите
ГРОЗДАНОВ, Мите (Струмица, 14. Ⅻ 1943) – актер. Дипломирал на Театарската академија во Бел-град. Вработен во Драмски теа-тар од 1968 г. Го негува рецитирањето, а настапува и на естрадата, особено во проекти за деца. УЛО.: Мирон („Партитура на еден Мирон”), Војцек (во истоимената пиеса), Светозар Митиќ („Карамазови”), Карлос („Болва в уво”), Божин („Јане Задрогаз”), Капетанот… Continue reading ГРОЗДАНОВ, Мите
ГРОЗДАНОВ, Таско
ГРОЗДАНОВ, Таско (Белград, 24. Ⅱ 1951) – физичар, проф. истражувач (1992) на ПМФ во Бел-град. Дипломирал (1974) на Отсекот за техничка физика на ЕТФ во Белград. Магистрирал (1977) и докторирал (1981) на ПМФ во Белград со теми поврзани со судири на честички во атомската физика. Специјализирал во Ленинград и во Лос Анџелес, бил гостин-професор на… Continue reading ГРОЗДАНОВ, Таско