ГОЛЕМ КОРАБ

ГОЛЕМ КОРАБ (2.753 м) – највисок врв на планината Кораб и воедно највисок врв во РМ. Се наоѓа на границата со Република Албанија. Геолошкиот состав го прават филитоидни карпи, а во подножјето се јурски варовници. Врвот е остар, карпест, оголен и од него се протега извонреден панорамски видик. Т. Анд.

ГОЛЕМА АЛБАНИЈА

ГОЛЕМА АЛБАНИЈА – идеја и програма за обединување на сите Албанци во голема албанска држава на Балканот со насилно присоединување на делови од Македонија, Србија, Црна Гора и Грција. Оваа идеја, застапувана од Призренската лига (1878), барала во албанската држава да влезат и неалбански етничко-историски територии. Во функција на таа идеја, од 80-тите години на… Continue reading ГОЛЕМА АЛБАНИЈА

ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА

ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА -. христијански православен празник посветен на Успението на Пресвета Богородица (15/28 ав-густ). За подостоинствено празнување, на празникот му претходи двенеделен пост. Иако култот на Пресвета Богородица имал значајно место во христијанскиот свет уште од најстари времиња, сепак празникот на нејзиното успение отпрвин не се празнувал. Во почетокот се празнувал празникот Собор на Пресвета… Continue reading ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА

ГОЛЕМА БУГАРИЈА

ГОЛЕМА БУГАРИЈА (1870-1998) – руско-бугарски проект за создавање голема бугарска држава на Балканот, официјализиран со издејствувањето на актот за создавање Бугарска егзархија (11. Ⅲ 1870) под чија јурисдикција биле ставени македонската Велешка епархија и двете српски епархии – Нишката и Пиротската. Русија пристапила кон операционализација по победата во војната со Турција. Со прелиминарниот Санстефански договор… Continue reading ГОЛЕМА БУГАРИЈА

ГОЛЕМА РЕКА

ГОЛЕМА РЕКА – десна притока на р. Сатеска. Извира северозападно од Плакенска Планина, на н.в. од 1.880 м, а се слива на н.в. 759 м. Долга е 24,1 км, има вкупен пад од 1.121 м и просечен пад од 46,5 ‰. Сливот зафаќа површина 2 од 123,0 км . Во горниот дел има планински, а… Continue reading ГОЛЕМА РЕКА

ГОЛЕМА СРБИЈА

ГОЛЕМА СРБИЈА (1844-1999) – српски проект за „Голема Србија”. Првиот ваков проект, насловен како „Начертание” (од Илија Гарашанин, министер за внатрешни работи) се појавил во 1844 г., а владејачките кругови на Србија го прифатиле како трајна определба и како цел на српската државна политика. До создавањето на Балканскиот сојуз и со операционализацијата на проектот (1861-1912),… Continue reading ГОЛЕМА СРБИЈА

ГОЛЕМА ТУМБА

ГОЛЕМА ТУМБА . (с. Добромири) – неолитска населба. Се наоѓа во близина на Црна Река, на 1,5 км северно од селото. Висока е 3 м со основа од 210 х 100 м. Во 1977 г. Музејот во Битола извршил пробно сондирање при што биле констатирани два хоризонта на живеење со остатоци од изгорени куќи и… Continue reading ГОЛЕМА ТУМБА

ГОЛЕМАТА МАЈКА БОЖИЦА

ГОЛЕМАТА МАЈКА БОЖИЦА -. култен сад-жртвеник, теракота, откриена меѓу урнатините на објектот – светилиште од неолитската населба Тумба кај Маџари, Скопско (1981, В. Санев). Го претставува култот на плодородието, персонифициран во скулптурално обликуваното женско тело. Таа е заштитник на биолошката репродукција, мајчинството и пред с” на домот во кој човекот се раѓа, живее и умира.… Continue reading ГОЛЕМАТА МАЈКА БОЖИЦА

ГОЛЕМО ГРАДИШТЕ, КОЊУХ, КРАТОВСКО

ГОЛЕМО ГРАДИШТЕ, КОЊУХ, КРАТОВСКО – остатоци од голем антички град, претпоставената крајпатна станица Транупара, забележена на ТП, на левиот брег на Крива Река, северно од с. Коњух. Оформувањето и развојот на градот се должеле на особено значајната крстосница на старите патишта што воделе од Скупи (Скопје) кон Сердика (Софија) и од Стоби, преку Астибо (©тип)… Continue reading ГОЛЕМО ГРАДИШТЕ, КОЊУХ, КРАТОВСКО

ГОЛЕМО ПЕЛИСТЕРСКО ЕЗЕРО

ГОЛЕМО ПЕЛИСТЕРСКО ЕЗЕРО – постглацијално езеро. Се наоѓа во изворниот дел на Езерска Река, лева притока на р. Сапунчица, источно од врвот Вртешка, на н.в. од 2.218 м. Настанато е со заемно дејство на ерозивните и акумулативните глацијални процеси, во преиздлабениот дел на циркот, кој од јужната и источната страна е заграден со моренски бедем,… Continue reading ГОЛЕМО ПЕЛИСТЕРСКО ЕЗЕРО

ГОЛЕМОСРПСКА ПРОПАГАНДА ВО МАКЕДОНИЈА

ГОЛЕМОСРПСКА ПРОПАГАНДА ВО МАКЕДОНИЈА (1844-1912). Владата на Кнежевството Србија основала Одделение за пропаганда (1844), именувано „Тајна дејност”. Бил формиран „Одбор за просвета” (1868) за пропагандна дејност во земјите под власта на османлиската држава, задолжен за отворање и дејност на српски училишта. Во времето на војната на Србија со Турција (1876-1878) и по неа српската пропагандна… Continue reading ГОЛЕМОСРПСКА ПРОПАГАНДА ВО МАКЕДОНИЈА

ГОЛЕШНИЦА

ГОЛЕШНИЦА – средновисока планина што се наоѓа во средишниот дел на РМ. Всушност му припаѓа на источниот дел од масивот Јакупица, но од него е морфолошки одвоена. Се наоѓа помеѓу горните делови од речните долини на Кадина Река и Тополка, со правец на протегање запад–исток. Зафаќа површина од 197 км². Највисоки точки се врвовите Лисец… Continue reading ГОЛЕШНИЦА

ГОЛИ ОТОК

ГОЛИ ОТОК – еден од затворите за политички затвореници во периодот на судирот на КПЈ со КП СССР што функционирал по донесувањето на Резолуцијата на Информбирото (1948) сè до 1955 г. Првите казнети лица биле примени на 6. Ⅶ 1949 г. Во овој логор издржувале казна и голем број политички затвореници од Македонија. Не е… Continue reading ГОЛИ ОТОК

ГОЛИНИ

ГОЛИНИ – обесшумени, потполно голи или слабо обраснати шумски земјишта, настанати со уништување на шумите. Истовремено претставуваат поројни подрачја, од каде пороите го загрозуваат другиот животен и производен простор. По Втората светска војна Македонија наследи 337.217 ха голини или 31.7% од вкупната шумска површина, групирани во три географски подрачја и во 12 реони: Географски Број… Continue reading ГОЛИНИ

ГОЛОМБ, Збигњев

ГОЛОМБ, Збигњев (Збигниењ Го—,б) (Нови Тарг, Полска, 24. Ⅲ 1923 Чикаго, САД, 24. Ⅲ 1994) – пол-ски и американски лингвист, индоевропеист, балканист, славист-македонист. По одбраната на магистерската дисертација на Полскиот универзитет во Вроцлав (1947) и докторатот на Јагелоњскиот универзитет во Краков (1958), бил професор по словенска лингвистика на Католичкиот универзитет во Лублин (1952&1954) и на… Continue reading ГОЛОМБ, Збигњев

ГОЛОСЕМЕНИ ДРВНИ ВИДОВИ

ГОЛОСЕМЕНИ ДРВНИ ВИДОВИ (класа Гѕмноспермае) – дрвја, поретко грмушки, филогенетски постари (мезозоик) од покриеносемените. Во актуелната земјина флора, останати се само околу 800 вида. Заеднички карактеристики им се: моноподијален раст, дрво изградено од трахеиди (нема трахеи), еднополови расплодни органи, еднодомно или дводомно распоредени, семениот заметок е откриен (гол) во пазувата на плодната лушпа, анемофилни. Во… Continue reading ГОЛОСЕМЕНИ ДРВНИ ВИДОВИ

ГОЛТАК, ГОЛЕМ

ГОЛТАК, ГОЛЕМ (Лимаџ маџи-мус Л.) – најкрупен претставник од голите полжави. Долг е 12-15 см. Живее во близина на човечки населби и во шуми. Се среќава под камења, штици, стебла, во подруми или под шумска стела. Се храни со растенија и габи. ја и механизација во градежништвото. Дипломирал на Техничкиот факултет во Загреб. Тој е… Continue reading ГОЛТАК, ГОЛЕМ

ГОЛУБОВСКИ, Димитрие

ГОЛУБОВСКИ, Димитрие (Скопје, 15. Х 1945) – архитект. Дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет, Архитектонски оддел во Скопје (1971). Кратко време по дипломирањето работел во Градскиот завод за урбанизам и архитектура во Скопје. Истата година е избран за асистент, а потоа и во другите наставнички звања. Редовен професор е по предметот Основи на проектирање (од 1998). Освен… Continue reading ГОЛУБОВСКИ, Димитрие

ГОНЧАРОВ, Василие

ГОНЧАРОВ, Василие (Варшава, 1. Ⅱ 1905 – Скопје, 1962) – вонр. проф. на Техничкиот факултет во Скопје, Градежен оддел (1959– 1962) по предметите проектирање и градење патишта и организациско), Ⅱ, „Македонски јазик”, 13-14, 1963, 173Класа ГОЛОСЕМЕНИ (Гѕмноспермае) 276; Тхе Проблем оф Вербал Моодс ин Славицс Лангуагес, ИЈСЛП, 8, 1964,1-36; Етногенезата на Поткласа Ред Фамилија Претставници… Continue reading ГОНЧАРОВ, Василие

ГОПЧЕВИЌ, Спиридон

ГОПЧЕВИЌ, Спиридон (Трст, 1855 – Виена, 1936) – српски бродосопственик, етнограф, историчар, патописец и публицист. Како доброволец бил учесник во Херцеговското востание (1875) и во Црногорско-турската војна (1876), а потоа стапил во српска дипломатска служба како аташе во Берлин (1886-1887) и во Виена (1887-1890). Автор е на повеќе публицистички дела од современата балканска историја, се… Continue reading ГОПЧЕВИЌ, Спиридон

ГОРАЗД

ГОРАЗД . (Моравија, IX в.) – Кирило-Методиев ученик и словен-ски рамноапостол од редот на христијанските светители „Седмочисленици“. Пред смртта св. Методиј го назначил за свој архиепископски наследник во Моравија, избран меѓу 200-те поистакнати ученици-свештеници, ѓакони и подѓакони. Го знаел словенскиот, но ги знаел и грчкиот и латинскиот јазик. По смртта на св. Методиј не бил… Continue reading ГОРАЗД

ГОРАЗД, митрополит

ГОРАЗД, митрополит (Богољуб Димитриевски) (с. Стрезовце, Кумановско, 21. IX 1936) – архиереј на Македонската православна црква. Завршил Богословија во манастирот Раковица (кај Бел-град) и Богословски факултет во Белград (1964). Бил службеник во Македонската архиепископија, а потоа парохиски свештеник во црквите „Св. Петка” и „Св. Ѓорѓи”, Криви Дол. На 26. Ⅶ 1977 г. бил замонашен и… Continue reading ГОРАЗД, митрополит

ГОРАЧИНОВА, Катерина Донева

ГОРАЧИНОВА, Катерина Донева (Скопје, 29. Ⅴ 1962) – фармацевт, редовен проф. на Фарм. ф. во Скопје, раководител на Институтот по фармацевтска технологија. Има објавено над 70 научни и стручни труда и над 30 соопштенија на симпозиуми и конгреси во и надвор од земјата. Раководител и учесник на научноистражувачки проекти. Автор на едно поглавије во „Фармакотераписки… Continue reading ГОРАЧИНОВА, Катерина Донева

ГОРНИК, Рудолф

ГОРНИК, Рудолф (Сремска Митровица, Војводина, 1. Ⅳ 1898 – Загреб, 19. Ⅱ 1980) – инженер-агроном, основоположник на тутунската наука во Република Македонијаи во Југославија, посебно во областа на селекцијата. Дипломирал на Земјоделскиот факултет во Прага (1923). Заедно со други колеги, пред Управата на државните монополи го иницирал отворањето на првата експериментална станица за подобрување на… Continue reading ГОРНИК, Рудолф